Кога ќе биде разводот, можеш да го спориш на суд за колата, да не смее да ја вози додека не ти ја исплати. Ако го видиш дека ја вози, одма пријавувај. Еее маженца, ќе се женат, и оп, нова гардероба, оп заличил на човек, оп нова количка.... абе мераци.... а жена му дома незнае дали ратата од кредитот да му ја плати прво или храна за децата да купи. Пфффф. Арно пееше Миле Ќитич По џепу мала олупи га Једино то боли га
Од старт ни беа на купче, ама се враќам од работа гледам фалат 100 евра. Дал на мајка му, ајде викам еднаш е. Втор пат, трет пат и си реков доста е. Од тогаш посебно ни се парите. Некоја членка спомна старите дали не помагаат (така би требало), епа кај нас, тие од нас бараат.
@KiT Неудобна вистина која мора да ја сфатиме е дека ако сакаме нов живот, мора буквално секој ден активно да се трудиме и да работиме за да стасаме до таа цел. Тоа можеби ќе значи 2 години стиснати заби, но е ништо во споредба со наградата - среќен остаток од животот. Ти посакувам целосна среќа и на тебе и децата
Сега и ти си читаш како ти одговара. Јас те советувам не купувај, ти ми викаш како да му забраниш да ја јаде храната, што ти викам да не ја купуваш. Си пишала и децата може доле да јадат, остај ги па ќе видиш. Ама мора заби да покажеш, изгледа те моткаат таму сите фамилијарно затоа ти рекле да се дели на 3. А за одмор секако дека ќе одиш ама не со маж ти.
Морам да купувам за децата, тие долу не јадат, ама додека сум на работа баба им знае да се качи и да им даде нешто од горе, не од кај неа. Сега за сега, невозможно е да одам сама со децата на одмор, после разводот да. И тогаш ќе треба дозвола за излегување од земјава т.е да потпише.
Сериозно Одморот ти е побитен од мирот? Аман жено знаеш дека нема да им се сопре животот на децава ако една две години не одат на одмор... одмор па одмор. Пак нека бидам контраш ама ти не сакаш да се разведеш, свесна си дека треба ама не сакаш.
Ако немаш горе, нема да им дадат од доле? Децата од сабајле ќе јадат во училиште, попладне дома со тебе манџа и готово. Овде едно чудо жени ти рековме исто, ти бараш само мислења каде што ти одговара.
На море прв пат ко заработив, ко дете Охрид, дека роднини таму па секое лето, ама мама кога грмеше дома, за мал кикс на чале, ми остави аманет ни ја да не трпам. Не сакаш да се напнеш малку во животот, не ти е до друго. Одмор та одмор, утре ко ќе ти се жали керка, син од партнер, ќути сине бар на море одите. Ох мори мајко.. Децата не ти се среќни, задоволни може, ама среќни не ти се.
Ех колку многу те нападнаа,многу малку те разбраа .Ти пишав порака во инбокс.За твој живот се работи,секогаш можеш и да промениш мислење ,и да не се правдаш никому за себе.
Да се разведе ама да и падне лото да не изгуби комоција. А во меѓувреме жена се враќа од втора работа истоштена зашто мора да прехрани деца со кои избегала од пекол и ја чита овде како нема да може одмор да има да се банјкаат..
Имам заклучок каква личност си, читајќи те по темиве. Ама од култура, нема да го кажам. Имаш деца ти? Не е сега моментот да се расправаме, само ќе кажам дека твоето мислење ич не ми е битно.
Боже нено а што мислиш ти дека ако се разведе дека треба да стане партал? За да си ги одгледа децата во мир. И како се дрснуваш на жена што има семеен проблем да се исмејуваш? Види кармата е бич.
А ние што бевме деца 90тите, никакво море со очи не сме биле во можност да видиме па израснавме, завршивме факултет и после сами си овозможивме да одиме на море, да шетаме низ Европа. За се има време и начин во животот. Да не и додавам сол на раната на членката па нема да дискутирам понатаму зошто мислам и дека повеќе дојде да си ги искаже маките и да и олесни отколку да најде начин да се разведе. Не само што и е мажот тежок манипулатор туку и таа е отфрлена од нејзините па и во таа куќа гледа свое прибежииште и како жртва на психичко насилство не верувам дека лесно ќе излезе од таму и ќе се одлучи на развод. Ама ако побара помош од стручно лице психијатар/психолог може би ќе и помогне да ги согледа работите пореално, зошто она што и е предочено во темава го отфрла. Со лесно нека и е и само да знае деца влечат трауми од детството цел живот и им влијае понатаму многу повеќе на личноста отколку споменот од 7 дена на море.
Не сум во брак, благдарение на тоа што на мајка ми касно и текна да се разведе и не сакам да се мажам, не сакам да помислам на брак зашто и она како тебе лизнеше мазнеше за на крај да се реши да се разведе откако мене ме уништија. Па сега размисли си дали е побитен одморот или децата. За тоа каква личност сум ич да не те занима, само се надевам дека со твоите одлуки нема да и го сјебеш животот како мене моите што ми го сјебаа. Жена што има семеен проблем нема да и се одењата на одмор битни. Вервај ме.
Мене не ми е јасно само дали тој од секогаш бил ваков или нешто се има сменето па одеднаш вака се однесува… За мене не е нормално татко да не учествува во семејниот буџет. Извини ама сметките се само една третина од трошоците. Каде е се останато, да не набројувам. Што всушност добиваш ти од него? Учествува ли во одгледувањето на децата, помага ли со обврски дома, воспитување, незнам како функционирате ако веќе е видна намерата барем на едниот родител за развод. Се надевам ќе најдеш излез од оваа ситуација, мораш да бидеш малку по храбра, и малку тактички да почнеш да менуваш некои работи за во твоја корист.
Он е како татко ми што беше. Мајка ми теглеше се за мене. Он сметки плаќал, а мајка ми сите пари ги даваше дома. И пред сите лизни мазни, а дома хорор. Па сега нека си ја акне главага оти јас лошата овде од искуство и кажувам каде греши. Он си плаќа сметки на пола со татко му, она дошла во нивна куќа, реновирала со нејзини пари во туѓо, секој денар го давала дома за бели да биде се ок, и сега... е па сега. Им купувала на децата работи да не осетат што се дешава ( а како само знаат и осеќаат).. ама ете ќе се првадаме и ќе седиме.
Тоа де. И видов некаде Нена ја нападна дека контраџија била.. Епа сесре бегај Ако нејкеш децата ко Нена да ти се Нена од искуство збори No offense @nena2010 Ама мислам ме сваќаш
Па обично ние што аме поминале сме контраџии, лоши, оштроконџи... ама навикната сум. Ако не па не се мои деца па да се секирам дали ќе ги заебе.