Си се развела, притоа со деца и да немаш поддршка од твоите? Викаш лесно е? Секогаш си бучна на теми кои немаат допирна точка со тебе и моментален твој живот и ќе ти кажам, појма си немаш. Бла бла бла. Јас би рекла дека е многу тешко. Изводливо, но тешко. Не сфаќам само што бара, бидејќи од една страна сакам да се разведам, од друга страна милион причини зошто да не. Кој може да ти даде совет? Реши се. Разведена со мирна психа и скромно живеење или неразведена, уништена со повеќе пари. Буквално твој живот и твоја одлука. А муабетот за одмор ти е толку банален, дури и смешен. Мислам дека голем дел од нас или никогаш не отишле на море или имало години кога се немале пари и пак сме си седеле дома. Башка за некоја година поголемиот ќе може и да си работи во лето. Ќе си заработува сам.
Леле ама се фативте за одморот, а одморот е нешто многу подлабоко од само “бањкање”. Одморот е време поминато со семејството, сите заедно на куп. Каде што може се гаи некоја и мала надеж таму подалеку од сите. Утре да престанеме да одиме по одмори ќе поминам низ сериозна фаза на прежалување. Дали се преживува? Да, ќе преживее, ко и сите ние, ама оставете простор да испроцесира. Има премногу за процесирање а вие го дрвите одмор ко одмор. И динајал е фаза низ која мора да помине, прифаќање на реалноста е најтешката фаза, собирањето на себе си. Многу е лесно да се збори од удобно место ама таф лаф не е за во секоја ситуација. Велат дека жените ги поминуваат сите фази уште додека се во брак, кога се решаваат на развод, нема веќе назад. И треба време и треба процесирање и прифаќање на работите дека мора да е тешко пред да стане полесно и тоа е тоа.
Бара иден богат сопруг ама таквите се истрошиле. Убаво и пиша членка младиве се изитрија ловат само такви, ама и од повозрасниве имало курнази на времето кога биле млади џапнале ваков. Сега само чорбаџијава може за швалер да и служи, жена му ќе си трпи и мижи Мислам озбилно на ваква тема развод вакви прашања, па и потсмевања и осуда. Ај да не знаев некои нешта можеби и јас ќе распалев со осуди ама да не се спуштам на тоа ниво. Се фативте за одморите, од кај знаете зошто баш се неопходни? Мора за се да ви се објаснува и црта? Секави дечиња има со секакви потреби, одење на море не е луксузирање, аманте потреба е. Е сега ќе ја чека период на оскудација. @KiT ако добро те разбрав работиш во здравство, сите со малку искуство знаат како е тука со плати и можности ако немаш вујко владика и имаш, но во странство независно од каков вујко имаш- немаш можеш многу повеќе да постигнеш. Треба да размислиш на што ќе ти биде примарниот фокус, а многу членки што дадоа контруктивни совети ти пишаа пред се да тргаш пари настрана. Тоа ама подолго време ќе ти треба, побрзо со кредит, само не наведе имате ли земено па немаш право на нов или планови за работно унапредување тука или надвор. На почеток ќе ти е тешко со таа плата и две деца (пред се тоа се тинејџер и пред влез во тинејџ период другово) и се околу нив на твој грб, но не е невозможно. Како и да е доби убави совети. Најдобар беше само од една членка ти лично да одиш на психотерапија. Психолог ќе те сослуша, ќе ти дава задачи и полека ќе разбистриш мисли и спремаш план. За семејна терапија со дибеков како што го нарекоа јас не би. Тој како што го опишуваш не се ни осеќа, ни понаша дека е во брак и има деца. Јаде и живее си мама и тато, а каде спие? Кај неговите? Од кога ти е ова вака од сам старт?
Togas treba da mu naplakjas za cistenje,za jadenje,za peglanje. Pola smetki plakja,a se drugo mu e gratis. Idiot. Sobiraj pari i baraj pomos ako mozes od tvoite da ti pomognat za smestuvanje. Ako ne e nasilen tip ostaj mu gi decata nekoj mesec a ti iseli se. Sam ke bara posle alimentacija da ti plakja,ke mu bide poevtino
Како одмор е потреба а не луксузирање, не разбирам. Еве јас не сум била не памтам од кога, ама тоа се многу многу години у прашање, а исто имам дете. Дали моето дете помалку вреди од некои шо одат и по 3 пати на море во лето? Не, ама и не сме умреле за одмор, здрави прави и двајцата, фала.
@KiT жал ми е за ситуацијата и со сопругот и со родителите твои. Бидејќи сум сам со две деца, мислам дека 600 700 евра месечно и притоа кирија, се малку за независно да функционираш. Претпоставувам и дека кај тинејџери е трошокот поголем што уште помалку ти оди во прилог. Ти посакувам да ти се среди бракот. Пробајте советувалиште, разговор со свештено лице. Дистанца од родителите ваши. Напоменете си дека им требате на децата и двајцата здрави и физички и психички
Што се случува доколку не се почитува решение на ЦСР за видување на дете од страна на баба по татко кој е починат?
Било кое непочитување на решение се пријавува во ЦСР и МВР. По три пријави за непочитување во МВР, следи кривична пријава.
Здраво Ми треба совет. Во брак сме година ипол со едногодишно бебе и поради психичко малтретирање, огромни кавги, мешање од страна на свекрва која сака да биде мајка и на внучето и живот во заедница, обиди за физичко насилство со закани и подигање на рака сме пред развод. Денес после караница ме врати дома и ми кажа дека ќе праша адвокат за развод. Ме контактира и ме праша дали сакам спогодбен развод или со тужба. Јас одговорив дека ако не се боре за старателство да биде спогодбено иако по се што имам преживеано требаше да биде со полиција и пријави. Ме интересира како е постапката за спогодбен развод, колку време отприлика трае процесот, за време на разводот дали има право да го гледа бебето каде и колку време?
Има право да го гледа детето, и он е родител колку што си и ти. Детето ви е премногу мало па 99,99% ќе припадне кај тебе. И да одите спогодбено мислам дека ти е потребен адвокат. Најдобро е да се консултираш со адвокат.
И јас мислам адвокат обавезно, особено кога типот имал веќе обиди за насилство, тоа обавезно да се спомене. И не знам дали насилник треба да има еднакво право да гледа дете како и еден нормален татко?!
Ако одат спогодбено насилството нема воопшто да биде споменето. Ако се тужат, онда мора да докаже. Слики, видеа, извештај од доктор, сведоци… дека бил физички насилен а од психолог потврда за психичко малтретирање.. долг процес