Ако немаш сведоци дека ти го земал детето сосила, џабе ти е. Акп решиш да си заминеш од кај него, обавезно земи го детето со тебе. Ако му го оставиш детето тој ќе го искористи тоа на суд за да те обвини за напуштање на детето и така ќе има поголеми шанси да го добие.
мислам дека не ме разбра снимките судот не ги признава само сведоци не е ебитно дали се твои родители или другарки ке ти бидат сведоци на суд и ке сведочат што виделе што ти прави ако нешто ти прави а то асо фб и други глупости не се надевај ке каже не го користев јас тој профил хакнат ми е и ???? детето со тебе кај ти и оно со тебе ако сака да ти го земе ке повикаш полиција они го оставаат ос мајката се до судењето ако се за*биш да заминеш а детето да го оставиш со него толку не се надевај дека некогаш ке биде ос тебе значи кај ти и детето с тебе ако почне да те тегне малтертира викај полиција со се записник да има
Тој живее во моја кука,но ке направам се детето да си биде со мене,вака сега ке почне детето во градинка,и ја да им кажам на воспитачките оти ке го зимаме само јас и мајка ми,ако он иде и им го земе сосила,што ке правам тогаш?Абе јас ке повикам полиција ама финтата е шо брат му е командир у полиција(не во нашето место)а он се има со сите полицајци,што ако не направат записник?што ако му дозволат да си го земе и да си оди?
Не можеш да му забраниш да го зема детето од градинка. Само со документ дека не смее да има пристап кон детето можеш да забраниш такво нешто. Он може да те пријави дека му забрануваш да го гледа детето. И после ќе си имаш проблеми.
Ќе го пријавиш во социјално и во полиција. Откако ќе си заминеш од дома отиди кај адвокат и во социјално. Таму ќе кажеш дека се оставаш со мажот и дека детето ќе биде кај тебе. Поднеси тужба за спогодбен развод и пробај некако да се договорите околу детето.
Не си го губи времето на бош муабети...појди веднаш на адвокат и дознај ги правните лекови и права кои ги имаш...тој најубаво ќе те упати во законските стапици кои можеш да влезеш а воедно и ќе те упати во предностите на спогодбениот развод, кој е најпрактично решение. Долгите разводи и судења може да бидат и болни и скапи и напорни... И треба да си свесна пред време дека нема да можеш да имаш 100% право над детето...
Зошто да немам па нели детето и припага на мајката,јас го гледам по цел ден се грижам за него а тој ке си дојде ке го погледне 5 минутки и толку
Законот не вика така...таткото ќе има право да го гледа детето на начин како што ќе биде законски определено... Колку што прочитав, не се работи за криминалец, алкохоличар, наркоман...туку само за неверен маж на кој семејството не му е приоритет. Тој ќе плаќа алиментација и ќе си го гледа детето
@Mateica мислам дека премногу си избрзала. Си требала да се консултираш со адвокат и убаво да го разгледаш законикот пред да го снимаш бившиот и да правиш принтскринови. Не студирам право, не сум запознаена, чисто лаички ти зборам дека снимки не се земаат предвид, а можеби можеш да добиеш и приватна тужба за тонско снимање, нарушување приватност (фб). А идејата со детективот не ти била лоша, баш напротив. Сега засега гледај да најдеш стабилна работа, и да го префрлиш имотот на свое име. Да не испадне дека не си способна да си го изгледаш детето. А шврљачот со заканите може да си се слика.
За доказите знам само јас и никој друг,не сум ги дала на адвокат,би се консилтирала со него па ако њ можно би ги прикажала на суд,а детектив ке најмам за да имам валидни докази,а тоа со имотот и работата е решен проблем
Не се тоа докази...односно се докази за домашна употреба. Пред судот немаат никаква тежина. Ти треба сведочење од сведок, ако сопругот не го признава тоа .... може ќе се согласи на тоа ти да го добиеш детето и без долго судење... Сепак, разговарај со адвокат
Поднесов тужба за развод,мм го информирав.Од тогаш мир немам од пораки,повици..Не одбира време ноќе,дење..Различна аконотација се пораките од "помогни ми те молам умирам,се гушам,напад на паника имам,тахикардија,неконтолирано повраќам со крв..." до ужасни пораки со крајно навредлива содржина и закани дека ќе ме уништел. Почна да доаѓа на работа и кај моите каде што моментално живеам,нема страв ни кога се заканувам дека ќе го пријавам во полиција.Сите заедно сме негови заложници,го поремети животот и на моите а сега и заканата дека ќе доаѓа и на работа.Во кавгите се замешани и неговите па сега имам плус непријатели за борба.Постојано бара комуникација,излегвање на кафе и кога го пресекувам тоа со едно НЕ веднаш почнува со инвазија од пораки и повици.Ако го блокирам,игнорирам уште полошо е.Разговарав со социјалниот работник и тој ме посоветува да го пријавам во полиција за малтретирање.Се заканува дека ќе ми го одземел детето и немало да имаме спогодбен развод доколку одбијам комуникација со него која е наводно "ради децата"a веднаш ТОЈ има некоја желба,потреба итн..
@evangelina.ina според пишаново човекот ми заличи на психички нестабилен и растроен човек. Велиш час се моли, колни извинува, час му пука филм и те малтретира, лошо многу лошо. Знам дека е тешко, премногу тешко за да превземеш малку подрастичен чекор нанапред за тебе и твоето најмило, но, во овој случај МОРАШ да стиснеш заби и да гледаш напред, напред за вашата иднина.. Направи што е најпотребно за тебе и детето, заштити се.. не ги одолговлекувај работите за да не дај боже бидне и полошо, а тој нека оди по патот кој што започнал бидејки верувам дека од збор не разбира.. па може и тој ќе се свести, возрасниот, дека му треба соодветна помош и средување на неговиот живот. Колку и да изгледа се тешко во моментот и недостижно,верувај дека еден ден се ќе се среди, коцките ќе се наместат како што е редот, стисни заби, жена си, јака си и продолжи да се бориш.