Не знам каде има тоа што бараш но имам еден совет за тебе-Ако сакаш брзо да се заврши работата, одете спогодбено, без тужби.
Причини за развод на македонски брак: Прво за свекрва, а потоа за љубовница Просечната македонска жена попрво би се развела поради свекрвата отколку поради љубовницата на мажот, пишува порталот Убавина и здравје, повикувајќи се на последните истражувања на психолозите и на социјалните работници. Присуството на две семејства под ист покрив значително ја зголемува веројатноста дека бајката „среќно си живееја до крајот на животот” ќе заврши со судско рочиште. Непремостливите разлики во карактерите, ставовите и очекувањата на сопружниците се грутките што најчесто се тркалаат од првиот ден на бракот и се претвораат во бракоразводни лавини. Социјалните работници што посредуваат при развод на бракот велат дека партнерите најчесто се разведуваат во првите години од бракот. Со животот во заедница, младите луѓе немаат можност да го развиваат својот брак. Четиричлено семејство со просечни примања одвај може да опстане, па со тоа родителите економски помагаат и автоматски им се мешаат во животот на младите, со што, всушност, одмагаат. Статистиката покажува дека неверството сè уште е мала причина за почнување бракоразводна постапка, зашто, како што велат социјалните работници, особено во помалите места кај нас, жените сè уште се водат од стереотипите. Што се однесува до односите во македонското семејство, слободно може да се каже дека, колку што младите имаат непочитување кон родителите, толку и родителите не им ги даваат слободата и правото на свое размислување, особено кога се работи за заеднички прашања. Со класичниот пример на доминантност, јас ти давам услови, но имам и право да се мешам во нив, родителите, а најчесто свекрвите, во своите излагања неретко наидуваат на недоразбирања со младата брачна двојка. Освен тоа, младите се принудени буквално преку ноќ да се приспособат кон многуте нови животни улоги – сопружник, зет, дома-зет, домаќинка, мајка и татко. http://kumanovskimuabeti.mk/prichin...i-brak-prvo-za-svekrva-a-potoa-za-ljubovnica/
Мoрaм и тукa дa се oбрaтaм.. Пoднесoв тужбa зa рaзвoд пред 6 месеци.Екс сoпругoт инсистирa дa јa пoвлечaм дoкoлку сaкaм дa ги пуштиме децaтa нa oдмoр и турнејa инaку немa дa дaде денaр.. Упoрнo тврди декa ќе требaлo кaкo тужен дa плaти oд 300-500 еур зa рoчиштетo и плус aдвoкaтски трoшoци. Нaпoменувaм декa несaкa рaзвoд,сегa ги кoристи турнејaтa и oдмoрoт дa ги сврти децaтa прoтив мене(еве мaјкa ви ме тужи и еве кaј ќе зaвршaт ВАШИТЕ пaри..) Прaшaњетo ми е :Кoлку вooпштo кoштa рaзвoдoт?Кoи се трoшoците нa тужениoт? Мoјoт aдвoкaт ме сoветувaше дa пoднесеме тужбa,дa бaрaм aлиментaцијa и aкo е сoглaсен мм судoт ќе не рaзведи нa првoтo рoчиште. Сoцијaлнoтo гo пoминaвме.
Според мојот развод ; Ако не е вработен минимална алиментација е 2000 денари.. Ако тужиш ти може да ги сносиш и неговите трошкови..( зависи ако достави дека не е вработен) (има адвокати на форум ќе ти објаснат и подетално чим си заинтересирана) 20 илјади ти, 20 тој, и плус 800 беа заборавив за што беа ги плаќа тој што поднесува за развод.. ваљда беа судски трошоци но двајцата по 20 илјади плативме . Толку е.. Иначе слободно кажи им на децата што прави таткоим а ти терај си со развод, нема причина зошто да се лутат со убаво ќе им објасниш и така..
Јас не знам ништо околу сметките, ама можам да ти кажам следново: ако си цврсто решена и си ја започнала постапката, затни ги ушите, сопри ги мислите и терај понатаму. Не дозволувај да паѓаш на такви фори да те манипулира со децата. Децата веќе се знаат и си го прегурала најлошото заедно со нив.
Фaлa@rose60.. Јaс тужев,тoј земa пензијa,мислaм декa 4000.00 мкд пoбaрaв aлиментaцијa. Ми спoмнувaaт спoгoдбен рaзвoд или дa се пoднеселo предлoг зa рaзвoд.. Јaс искренo нaпрaвив кaкo штo ми рече aдвoкaтoт-семеен пријaтел и се пoднесе тужбa. Децaтa се гoлеми и oд "живoтнa"вaжнoст нa едниoт му е oдмoрoт или упис нa фaкултет a нa другиoт турнејaтa. Пaрите им се мнoгу вaжни вo oвoј мoмент и ете приликa кoнечнo дa ме oцрни мм.. Тие 800.00 мкд се тaксa јaс сaмo тoa плaтив дo сегa.
Ако не ти се брза за развод тогаш гледај децата да исполниш тоа што очекуваат .. Ти знаеш сепак , но бидејќи пензија има ќе платите по пола 20/20 нема да се сноси се на тебе, ако ти е навистина важен разводот тогаш продолжи децата мора да разберат.. Сепак ти знаеш ситуација најдобро, размисли па продолжи понатаму..
Какви 20.000 илјади за развод. Па 800 ден е такса. Плус застапување и судски трошоци.Спогдбено е најдобро, најбрзо и најефтино. Делите трошоци на пола. Со тужба, тужениот односно оној што губи плаќа. Ама околу 10000 ден би ве коштало. И зависи колку ќе ти земе адвокатот, ама за развод не би требало многу.Од ск си? Таму се поскапи.
@evangelina.ina Твојот пријател адвокат ако сакал да те поштеди финансиски би ти предложил спогодбен развод, секако ако твојот екс се согласува (а ти спомна дека ти предложиле спогодбен само не сфатив кој, дали сопругот). Така мислам најефтино и најбрзо. Во спротивно колку што знам оти плус деца имате, многу поскапо и подолго ќе е.
Неможев да се редактирам, значи и со спогодбен се плаќа вредноста е околу 40 и нешто и плаќаат по половина а на тој што нема му се прогледнува низ прсти зависи судијата, мене ми беше адвокат Жаре С. Уште на првото беше потпишано .( На сс дека толку плаќа едната странка и на двајцата ви стасува исто и уплаќате..) Нека не те лажат тука дека ќе те фати сето околу 10 илј. Се надевам ќе одлучиш што е најдобро за тебе и твоите деца
@JuLleE не сум oд СК. Плaтив 800.00 зa тaксa и aдвoкaтoт нaпишa тужбa(јaс мислев декa тaквa е пoстaпкaтa),мм oдбивa дa ми дaде рaзвoд и aдвoкaтoт сметa декa не требa дa јa пoвлечaм тужбaтa бидејќи мoжел мм тoгaш дa тужи дa се спaси oд пaри дaвaње.Еднoстaвнo ме интересирaше кoлкaвa е тaa сумa нa пaри штo мм ми јa чукa oд глaвa..
Јас не лажам, само што додека бев на стаж кај адвокат никој не плати 20 000 илјади за спогодбен развод. Не верувам дека има измени. Туку ти ставил адвокатот судски трошоци, застапување и сл. па судот це задолжил да плаќате по толку. Баш ќе се распрашам и ќе видам има ли измени во ЗПП. Штом мт несака развод во право е адвокатот. Тогаш се оди со тужба.
Вредноста на спорот е 20.000, а не дека се плаќа таа сума. @evangelina.ina колкави ти се децата? Претпоставуам под 18 штом барате алиментација. Како погоре што напоменаа, ако си решена да се разведеш ќе си ја платиш сумата, ништо не е повредно од здравјето и мирот кој што ќе го добиеш со разводот. Кога се оди со адвокат тој се плаќа зависно колку пати ќе излезе на рочиште, а штом ви е семеен пријател нема да му се скусат парите ако не ти ги наплати неговите такси. Спогодбен развод е по 2.000 денари двајцата, ако не се лажам.
Ако сопругот не се согласува нема да потпише спогодбен. инаку тужбата е веќе поднесена, ти ке си го платиш твојот адвокат колку сте се договориле, а тој не мора да ангажира адвокат некаде оди сам на суд и нема да плати ни еден денар. на крај се плаќа такса за пресуда исто 800 ден. и ја плаќаш ти. така да ако тој не ангажира адвокат нема ни да има никакви трошоци, а ако ангажира адвокат треба да му го плати застапувањето на рочиштето што е околу 2000 ден.за едно застапување.
@Мрчатор Конкретно за мојот случај сега баш се зачудив зошто уплатив 20 илјади и зошто и сопругот , дали во тоа е наплатено и тоа што доаѓаше дома полиција и извршител да проценува колку е вредноста на работите ?бидејќи делевме по половина , и вклучен бил и патот до струмица, хм
дали се зема во предвид ако жената работи со договор на дело или морам да сум пријавена како вработена за да ми го доделат детето? тоа ме интересира бидејќи не можам официјално да поднесам тужба за развод бидејќи со договор на дело сум примена, а за решение не знам дали ќе ми дадат.....
Па вие сте имале и делба на имот. За развод, да, обично се става вредност на спор 20.000 ден. Ама не се плаќа толку. Пишав јас. Требаше и друг да потврди. Инаку лажга ќе испаднав. Поделбата на имотот оди и во посебна граѓанска постапка.
Здраво Ангелина, и јас сакам да поднесам тужба за развод. Со мојот сопруг не живееме заедно веќе 3 год. Се силеше дека тој ќе поднесе тужба но сега никаде го нема бидејќи ќе треба да плаќа алиментација за двете малолетни деца. Те молам прати ми урнек за тужба за да ги преземем работите во свои раце, сакам јас да поднесам и да завршам со агонијава.