@Biljana2130 Мoјaтa тужбa ми јa сoстaви aдвoкaт.Сaмo ми јa прoчитa,јa пoтпишaв и тoј пoнaтaму си јa вoдеше рaбoтaтa. Пoздрaв.
Најглуп коментар за разведена жена?? Ами ја изгуби работата - оти е сама! Ја мајката! Дури и неспособни ги прат разведените
Тоа е малограѓанско гледање, иако од мое искуство ми има дадено отказ раководител откако имам одбиено интимна понуда од него, откако сите во фирма дознаа дека се разведов(конкретно јас си го вратив моминското иако има опција да не си го смениш и молчиш дека си разведена,но сепак се се дознава а и мислам дека не е нешто што треба да се крие сепак и разводот е дел од животот). Сепак отказното ми беше врачено дека не исполнувам норма ко што било планирано. Така да разведена сум и без работа зошто сум неспособна нели?!
ДА, дефинитивно...немаше да се измачувам во пропаднат брак кога би се развела веднаш кога во 3от месец брак потпијанет со пиво фати да ми става раце околу врат зошто се вратив подоцна од тоа што тој планирал за да има секс со мене,а јас бев на концерт и тоа со мајка ми бидејќи не смеев да излегувам со неиедна пријателка.Story of my life...
Здр. Ве читам подолго време и еве собрав храброст да се зачленам и да ви пишам. Немам кому ако не тука да се искажам и да очекувам искрен коментар. Од каде да почнам, ова моето изгледа како шпанска сапуница. Во брак сум една година. Пред бракот имав сериозна врска во која добивав неизмерна почит, не знам што се случи до денеска не можам да сватам. Се појави маж ми ме заведе и убеди дека можам да живеам среќно со него, дека животот ќе ми биде сон. Го засакав премногу, пола година бевме во врска и ме запроси. До тој ден се беше во ред, но натаму следува пеколот, почна да ме малтетира психички,најпрвин ги изгубив сите другарки, никаде не излегувам постојано сум внатре, сите роднини ми префрлаат што сеуште немам појдено кај нив. Живееме сами со мм, не ме советувајте да разговарам со него не вреди. Мн пати сакав да си заминам да оставам се, реков не, ајде ке имаме дете ке имам надеж, додека јас ги гледам плодните денови тој ме вреѓа, дури и ме има удрено мн пати. Страв ми е за мајка ми таа мисли дека сум среќна, кутрата не е добра со здравјето да кажам се не знам како ке поднесе. Сеуште сум млада жал ми е што животот ќе му до дадам на некој безвредник,не го сакам и никогаш нема да го сакам, кога го гледам го гледам човекот кој оди накај мене со шлаканица и навредливи зборови. Сакав да се самоубијам за да не знам што ке се случи по тоа.... Се мразам себе си, и Господ ме заборавил.... Мн боли.....
Razvedi se i toa pod itno. Ti mislis na takov manjak dete da mu rodis??? na majka ti ubo ke i objasnis i nema nisto da i bidi. Spakuvaj se i zamini si. Jas sum partakes. Imav kratok brak i edno nesrekno dete od toj brak imam. Kako ke mu objasnam zosto se razvediv ne znam. Odma na lekar da proveris dali si trudna i pravec kaj majka ti. Drugoto ne go komentiram. Toj ke go tepa i deteto i tebe na eden kup i gajle ke mu e. Ne gresi kako mene. Ako sakas pisi mi i lp. Begaj od toj covek smesta
Бегај што подалеку пред да останеш бремена, после потешко ќе е. Немаш никаква иднина освен ако сакаш да те осакати или убие. Твоите немаат дете за фрлање ништо нема да им биде, што порано тоа поарно.
Добро жено. Зарем навистина мислиш дека решение за твојот несреќен и трауматски брак е дете?! Ова сериозно?! Дај освести се. Како бе можете да размислувате дека со едно невино дете ќе решете физички и психички пресметки. Не го сакаш, не те сака.. сте згрешиле тоа да, ама ти наместо да си заминеш кај твоите и да поднесеш процедура за развод ти на дете мислиш?! Сериозна си со муабетиве?! Од грешките човек учи а не навлага уште подлабоко во истите. Замини едноставно. Млада си и животот е пред тебе, дозволи си да бидеш среќна а не да го успропастиш својот живот на ваков начин со ваков човек.
Викаш мајка ти нема да ја поднесе вистината, а ако те изгуби...тогаш? Тоа сигурно повеќе ќе ја боли. Крени глава, ќе се убиваш заради некој насилник. Собери се и оди си дур не станало полошо. Подобро сигурно нема да биде.
Како што можеме самите да си наштетиме, никој друг не може. Сакаш мајка ти да ја заштитиш од шок поради лошото здравје, а си се прашала ли себе си каква ќе ти биде твојата здравствена состојба една година од денес? Па уште и дете со него?! Со насилник кој ниту те почитува, ниту му е гајле за тоа што ти го мислиш. Со таков човек нема да излезеш на крај, насилниците не се менуваат. Стави крај, колку и да боли сега, ќе помине за разлика од болката која што цел живот ќе ја носиш во себе, психички и физички, доколку останете заедно.
Боже мили ... зошто гледаш плодни денови ? Од врска се во ред до пекол мора да има причина и како градациски настанало сето ова. Немој да си играш играчки трудна да остануваш, една душа една круша ама родиш ли детенце нема да биде така. Прво и основно ќе им кажеш на твоите ти не си од улица земена па, дури и буквално така да е ваков однос не треба да има маж ти. Нему нема да му кажуваш ништо туку ќе ги викнеш да го дочекаат од работа и да кажеш се отворено пред нив што се случува. Твоите сгигурно нема да речат браво зете, така треба и посебно ќе нагласиш АКО ОСТАНЕШ ВО ТОЈ ДОМ ПО ТОЈ РАЗГОВОР ДЕКА ТОЈ МОЖЕ ДА ТЕ ИЗМАВА И ПСИХИЧКИ И ФИЗИЧКИ. За да му биде јасно нему дека веќе се е на отворено поле, а не во 4 ѕида. Во служби ќе одиш ако со твоите не се реши тоа. Не сум правник ама тоа вака некако би изгледало лаички кажано,а ако има правници на форумов или некој што знае повеќе нека ме поправи. Службите сгурно ќе бараат дали има записници во полиција за семејно насилство, тоа прво и основно, па дури потоа да те примат во некое засолниште, има такви места. Па од таму колку даваат поддршка за понатаму не знам. Не можам да се сетам ама тие опции многу ги вртев низ глава ако моите мене ме оставеа трудна кај фамилијата на маж ми, сум заборавила ама верувај, до ден денес ФАЛА БОГУ МОИТЕ ШТО МЕ ПОВЛЕКОА. Размисли добро најдобра поддршка ти се твоите и материјална и емоционална, а мајка ти нема да умре ако дознае се, полошо правиш што ќутиш и за себе и за неа. Чувај се жено, не е еден еднствен маж на земјава, не си прва и еднинствена што ќе се разведеш, за народ око да не ти трепне зш народото околу ни сега ни понатаму ќе ти помогне значи може да машта што сака. Не знам што др да кажам во моментов, страшно, собери сила и храброст, жената е појака отколку што мислиш.
Велиш дека сеуште си млада и дека не сакаш животот да го трошиш на безвредник. Не го сакаш, не те сака. Те тепа, те понижува, ти забранува. Знаеш дека е дно. Знаеш дека не сакаш да го имаш во твојот живот но сепак сакаш бебе и мислиш ке ги среди работите коа ке дојде на свет. Не душо нема. Бетер ке ти биде. Утре ден ке забрани на цела твоја фамилија да го гледа тоа дете. Ке ти го зема, ке те брка, ке те уценува преку него, а ти цел живот ке трпиш и голташ и еден ден ке добиеш некаква болест и така ке ти заврши се, а детето ке остане со тој манијак. Зарем посакуваш таков живот за нероденото дете? Зарем мислиш дека мајка ти сака таков живот за тебе? Не. Ке си ги собереш стварите и ке си заминеш кај мајка ти. Ке и објасниш полека и смирено. Ако не можеш така да постапиш, прво појди на кафе објасни и се и побарај помош од семејството и фамилијата. Човеков твој не е нормален. Мислам дека време е и во социјални служби да се обратиш, ако не и во полиција. Се работи за тебе и ништо не е поважно. Не е твоја вина што тој е таков и што си го покажал лицето во брак. Има многу такви случаи. Не број плодни денови со човек монструм. колку трудници биле тепани и бркани немаш преттава. Имаме такви случаи и тука на форумов. Душички кротки. Имаш време млада си ке ги броиш плодните денови, па деновите, неделите и месеците од бременоста. Па потоа ке броиш денови, месеци и години на твоите чеда. Ке славиш родендени и ке бидеш срекна. Сигурно не сакаш децата твои да живет стерен живот и да не видат детство. Мисли на тоа, а не само да ја задоволиш твојата потреба да има дете. Дете не се чува и гледа и развива во таква средина, зошто таквите лошо завршуваат. Ти требаат и пријателките, бар оние од доверба на кои си им го свртела грбот поради манијакот. Побарај поддршка и помош и од нив. И уште днаш да не сум прочитала дека сакаш да се самоубиеш. Тоа е најлесен начин за бегство од МОМЕНТАЛЕН проблем. Ке помине бурава во твојот живот и пак ке бидеш срекна. Замисли како ке и биде на мајка ти да направиш такво нешто, а овој твојов идиот да глуми пред нив дека немал поим што ти е и да измислува за тебе се и сешто. Како мајка ти ке го поднесе тоа? И зошто ти да завршиш со својот живот толку млада и неостварена. Зошто да не донесеш нови поколениа на овој свер. Зошто ти да не си срекна и да не усрекуваш други? ЗОШТО? За клошар? Немој те молам, немој со вакви безвезни размислувања. Побарај си и стручна помош кога ке отидеш кај мајка ти. Има добри психолози и психијатри. Јас сум одела на психолог и верувај навистина е добро. Пишувај ни секогаш кога ке имаш мака и не заборавај да ја бришеш историјата од компјутер за да не види манијакот што и каде пишуваш и што планираш. Ти посакувам се најдобро
Бегај одма со таков човек иднина нема..па и дете да му рагаш немој тебе те тепа те малтретира утре задутре и детето може ке го тепа..немој и сама рече млада си зивотот е пред тебе ке си најдеш некој што ке те сака и почитува е тогаш ке броиш плодни денови а не сега..
Благодарнст до сите кои одвоија време за мене... Тешко е,мн боли што не можам да де помирам со мнатото, пред година време бев среќна се смеев и се прашував кога последен пат сум пуштила солза.... А сега.... Мн боли.... Мн.... Страв ми е од утре...и мајка ми има пропаднат брак... Секогаш сакаше јас да сум среќна ако таа не е била.... Здравје со Господ напред се надевам дека ке се спасам....
Ќе бидеш среќна, животот е пред тебе. Мајка ти издржала со тебе и се борела низ животот со дете. Ти пази се од бременост додека да исчекориш еден чекор напред. Мајка ти ќе те поддржи кога ќе знае со какво говедо живееш. Таа сама се мачела за тебе, те исчувала од 1-но кило месо за сега некој да ти го одземе животот. Погоре ти напишав бегај, што порано тоа поарно за тебе побргу ќе закрепнеш.
Се зависи од тебе што ке одлучиш дали ке бидеш срекна..Нели велиш Дека мајкати сакала да имаш срекен брак? Епа тогаш прекини го бракот,т ака и мајкати сигурно ке биде посрекна отколку сега да дознае низ што поминуваш..Прекини го тој брак, може ке најдеш некој што ке те сака и ке имаш срекен брак а сигурно и мајкати ке биде задовољна тогаш..Се најдобро ти посакувам
Сите што сме поминале низ нешто трауматично во животот се плашиме, планираме ако може и 30год однапред, планот дава сигурност која во тешки ситуации сфаќаш дека не постои, градиме бариери и каде можеби не треба ама продолжуваме понатаму. Немој да се плашиш да го оставиш, самотијата ќе ти бде подобар другар од твојот маж, ќе ти даде мир и спокој, а ќе закрепнеш од ова и ќе си оформиш семејство со некој што навистина ќе го сака тоа со тебе. А мајка ти ако сама те одгледала не е слаба жена, животот ја искалил. И ќе си викаш кој е бе тој црв мене да ме гази ? Некој што твојата љубов му дала моќ. Е, сега време да му ја земеш и да се кренеш на нозе.
Мој најискрен совет девојче. Собери храброст и уште веднаш правец кај мајкати, седни ја и на смирен начин објасни и ја ситуацијата. Ќе видиш дека ќе те поткрепи и ќе ти даде најголема подршка, е дур тогаш ќе се чуствуваш многу подобро и заедно двете ќе излезете од ситуацијата. Мајкати веќе проживеала таков живот знае и од искуство ќе те поучи на најразумното. Собери куферот и замини без око да ти трепне. Со тек на време ќе си запознаеш човек кој што навистина ќе вреди да броиш плодни денови и да се радуваш за секој поминат ден верувај. Тоа што е твое ќе дојде само трпение и разумност. Твој е изборот сепак за да накрај одбереш дали цел живот ќе плачеш и ќе се депримираш или ќе се ослободиш од најлошото и ќе заживееш среќен и исполнет живот. За се си треба време, подобро е да плачеш 1 месец отколку цел живот. Одбери среќа.
@Depii се согласувам со @okcenzi. Си се излажала, си згрешила ама знај дека никогаш не е доцна да се поправиш тоест да си заминеш, бидејќи со такви луѓе нема иднина. Не грижи се за мајка ти, потешко ќе и биде ако разбере дека си малтретирана или несреќна, отколку ако се разведеш додека не е премногу доцна. Со дете нема ништо да решите, напротив полошо ќе биде. Тоа дете секој ден ќе биде изложено на трауми, ќе слуша викотници, ќе гледа тепачки, а такви деца потоа немаат нормален развој и се тивки, повлечени, затворени во себе, не можат да се социјализираат и дружат. Па затоа мислам дека ниту едно невино детенце не го заслужува тоа.