1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Драга моја, овие три моменти ми привлекоа внимание. Прво, каков татко е тој кон своето дете?? Мислиш дека твоето дете има татко????? А и кој вели дека мора да го сака тој што ќе биде со тебе?? Иако има добри луѓе кои имаат огромно срце. Татко не е само да спие дома и да се прошета низ стан па еве божем има тато дома.
    Второ зашто го облетуваш како пеперутка околу него. Имал температура, туф,туф, да не умре случајно. Стави му до него Фервекс и топломер и земи дете и шетај. Нека си иде во хотел па нека го лечи една од тие што му доаѓаат. И сама велиш дека тебе не те ферма кога си болна. Ќе му правам супа?? Да да со арсеник зачинета. :D :lol: :D :lol: :devil:
    А за другарките ја ви им се и кажи им. Имам кретен дома за маж ве молам да се видиме надвор. И кажи им низ што се поминуваш. Вереувај, ќе те сватат и мислам дека пријатно ќе се изненадиш.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Bones не реков дека детето сигурно ќе биде такво. Ама сакам да и кажам дека дава погрешна слика за тоа како треба да изгледа жена. Сигурна во себе, јака, и да го зема животот во свои раце. Инаку секоја чест за брат ти и за тебе што сте извлекле позитивни поуки од не толку среќно семејство. :clap:
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Сериозен си? Оф господе боже што шета по земјава!!! (смајли што се крсти) :x :x :x
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Леле сирот маж ми голем грев направил, сигурно ќе гори во пеколот :D . Боже чувај што не ќе прочитам
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Загрижена и јас мислам дека твоето дете вака страда повеќе. Сигурно е свесно за се' што се случува во неговиот дом, а и сум сигурна дека му е претешко поради тоа. Тоа е свесно за авантурите на таткото, за неговото лошо однесување кон тебе, само можеби во себе има надеж дека таа ситуација некогаш ќе се среди поради тоа што ти си спремна за некој вид на компромис.
    Мој совет ти е, колку и да ти е тешко и болно.......седни и разговарај со своето дете, разговарај искрено. Дозволи да согледа дека доколку продолжи оваа ситуација во иднина ќе биде полошо за сите :(.
    Подобро е да имаш разведени родители поради тоа што таткото бил развратник, отколку да имаш родители кои се заедно, а таткото ја изневерува мајката. Луѓето и така и вака ќе си зборуваат, нема никогаш да престанат. Верувам дека имаш паметно детенце и дека ќе сфати, не дозволувај да го истрауматизирате и уништите :(
    Мој совет ти е да го оставиш, ти немаш никаква обврска спрема него. Чаеви и фервекси..........од мене толку би ги видел! Со што го заслужил тоа внимание!? Со ништо.....Единствена обврска која ја имаш е обврската спрема детето. Како што тој ти викал дека не работи да да те издржува тебе цел живот, ти треба да му кажеш дека не живееш за да му робуваш.
    Тешкото е дури да го направиш првиот чекор, моментот кога ќе го оставиш засекогаш. После тоа, се' ќе олеснува и ќе се нормализира. Имаш вработување, имаш фамилија имаш прекрасно дете. Ќе се навикнеш да функционираш сама и ќе станеш посилна.
    Ова е мојот совет, имај убав ден и се надевам дека брзо ќе ја средиш ситацијава :*
     
    На lolyta777, nena2010 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  6. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    1. кој рече дека после првата крараница си одат? Загрижена не само што уште го трпи типот ова и е втор пат што поминува низ ова со истиот маж.
    2.Се разбира дека треба да се трудиш да го зачуваш бракот ама како што веќе ти напиша некој друг и лажењето и неверството е грев и има одредени граници кои се трпат. И самиот знаеш дека во библијата пишува дека бракот е прифатлив за одредени ситуации е сега може јас читам др. библија или пак различно ја толкувам ама не верувам дека е тоа
    3. Сакам да те прашам ако жена ти ти побара развод нема да и го дадеш? Ако се спакува и си отиде и рече не сакам да бидам со тебе веќе што ќе направиш? На the Oprah show еднаш гледав еден тип ја оставил жена му која ми се чини беше бремена со нивното второ или трето дете а типот бил Водач на славење (worship leader) и ја оставил за друга жена. Што да прави сега таа жена?

    Знам дека сакаш да кажеш дека треба да има морал и да размислиме за одлуките кои ги правиме ама you come too on strong што би рекле американците.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zagrizena1

    zagrizena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    да и одговорам на нена2010
    имаш право,не е татко само за да прошета низ дома и толку
    он е навистина никаков татко,никогаш не сакал да го однесе детето на лекар кога требало, секогаш тоа го правам јас со моите
    никогаш не прошетал со детето,никогаш не му купил ништо и да не набројувам
    само има еден момент-кога сакав да се разведам ми претеше дека ке ми го земе детето и нема да го видам повеке,тогаш не бев вработена и ме набеди дека на невработена мајка нема да и доделат дете.
    Tака ме држеше дома со услови , а и кој несака бесплатна куќна помошничка
    ме фати страв дека навистина може да се случи такво нешто но откако после неколку години се вработив тој страв исчезна и се разведов
    на самиот збор развод детето вриштеше
    но собрав сили и си отидовме
    кога реков дека пак ке се вратиме назад после 2 години незнаеш колку се радуваше
    и како да му ја одземам среќата на детето кога сака да биде со двата родитела
    сега не се расправаме ,јас си ќутам само за да не се трауматизира детето инаку има 13 години и сега е во најлошите години
    и затоа си готвам си перам ин си трпам и се надевам дека еден ден ке се појави некој кој ќе заслужи да му перам и готвам и тогаш незнзм во колку добри односи да сме ќе му свртам грб и ке си отидам
    ќе му наплатам за сите маки и трауми
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Жива среќа што постојат и атеисти, да можам барем разведен да земам за маж.
     
  9. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    лугје 21 век сме и мислам дека работите треба малку посмирено и пореално да ги правиме.секој развод и разделба се лоси потоцно кога има деца но зарем децата нема да пораснат и зарем мислите дека среката и радоста на децата се состои од тоа да ја гледаат мајката тазна или да ги слусаат кавгите секој ден па недај бозе детската психологија е таква сто триста работи ке им минат низ главата зосто и тие денонокно размислуваат и ја пратат ситуацијата немој да мислите дека не разбираат,па ке си наметнат кривица ке направат некоја глупост и? според мене и моето искуство најдобро е да се размислува за мирот и спокојството децата ке си пораснат но сите имаат граница и немојте да дозволувате здравјето и нервите да ви ослабнат ке ви требаат.скрсеното колку и да го лепис нема да е здраво како првиот пат.собери сила и биди храбра покази дека си способна мајка и бори се и немој да се двоумис или каес нема назад само напред детето како дете ка свати и ке биде наклонето кон тебе за се треба време секоја промена е теска,но јас секогас велам ако вредело немало да дојде до разделба Nikada nemoj reci: "Moglo je biti" .Jer da je moglo - BILO BI !
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Загрижена! Седни и разговарај со детето, објасни му како стојат работите, јас верувам дека помеѓу тоа да биде со двата родитела или ти да си мирна, ќе го избере второто! Детето не е толку мало да не разбира, јас сфаќам дека е во критичните години, но се се решава со разговор.
     
  11. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Моожеби треба да разговараш со детето за ова, ми се чини дека е доволно големо за да разбере. И сигорна сум дека повеќе ќе сака да живее само со тебе и да те види среќна отколку да се мачите и двајцата вака...
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Се е тоа во ред, како мајка ја правиш жртвата за твоето дете. Ама вака со овие нервози си помислила дека не дај боже можеш да паднеш болна и нешто уште полошо?? ( не сакам ни да помислам) А детето ако има 13 години ќе си го седнеш и ќе му објасниш како стојат работите. Нормално прво ќе се бунтува ама после ќе си легне на брашното. Подобро да има здрава мајка отколку болна мајка ама ете привидна фамилија мама и тато живеат во ист стан. И јас сум дете на разведени родители така да добро знам што зборувам.

    И извини вака дирекна ќе бидам ама ти како што ми личи од муабетиве никогаш нема да се трнеш од таму. ме потсечаш на пријателка на мајка ми која само кука од мажот и од една страна а од друга страна на телефон срце, душо ангел. А децата и се омажени/женети.
     
  13. zagrizena1

    zagrizena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    јас веќе еднаш се тргнав ама кој ѓавол ме тераше да се вратам е тоа незнам
    ме залажа дека ке сме си дале уште една шанса и јас глупава му поверував
    ама шанса....ни на лото да не ти падне
     
  14. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Не си префрлај толку многу. Како што напишав предходно јас мислам дека си многу силна и храбра жена. Си се вратила затоа што си сакала да бидеш сакана, да имаш некој со кој ќе го споделиш животот и затоа што си сакала семејство а тој веќе бил дел од тоа. Сите грешиме!!! Жалиш затоа што си се вратила, и за тоа има решение...да заминеш ама ти тоа не го сакаш (и верувај дека 100% те разбирам за ова иако сум помала од тебе :( ) Ти си силна жена и ако заминеш можеш да супееш да го средиш животот, и ако останеш верувам дека ќе дадеш се од себе да ги средиш проблемите. Размисли, ама убаво размисли, длабоко,search your soul како што викаат американицте, преврти се што имаш во срцето, душата и умот и верувам дека ќе знаеш што да правиш.
    Ти посакувам успех без разлика што и да решиш
     
  15. zagrizena1

    zagrizena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    bones фала за убавите зборови, се надевам дека се ке се среди вака или онака
    ако несака да се прибере немора, ако мисли дека му е вака убаво -нека му е со срека
    ама ако мисли дека кога еден ден ќе го откачат сите и дека ќе ми се врати како да е било ништо...извини на терминов, ама се заебал
    доста ми е веќе од се, премногу инвестирав во овој брак и во ,,неговиот стан,, како што го нарекува за да излезам по втор пат одовде
    ако не му одговараме нека оди таму каде што ќе му одговараат , само нека знае нема уште една ваква будала што ќе му седи дома и ќе го чека со ручек а он да шета и со денови да не се враќа
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Епилог на муабетов е дека ти остануваш, ние џабе си тропаме по тастатура ти кажуваме да се свестиш. ОК , никој не може да ти каже што да правиш во животот ама ако не сакаш да послушаш совети и искуства од други кои патем речено не те знаат не те познаваат, а еве овде си отвориле душа за да можат да ти помогнат и да те подржат да го направиш правилниот чекор, тогаш место да пишуваш на форуми и да прашуваш за совет разговарај со стручно лице како да останеш нормална во ненормална средина. Извини што сум груба, можи некој ќе ме мрази за ова што го пишувам, ама како дете на разведени родители кои после години брак, кој го одржуваше единствено мајка ми заради некоја привидна моја среќа, можам само да ти кажам дека со останувањето во таков брак му правиш долгорочна лоша услуга на детето. И немој да мислиш дека тоа не гледа, не осеќа, не пати и нема да остави никакви последици ова на него. Можеби јас сум таква, ме воспитала мајка ми да бидам своја, да не потклекнувам но и самото окружување ме направи да не верувам на мажите. Се да фаќам со резерва и страв дека ќе ми се повтори истото што и на моите. Па сега види која опција како мајка му ја даваш на твоето дете. Bones ти рече дека си храбра што си се вратила, јас ќе ти речам дека не си. Само си отишла по линија на помал отпор затоа што можеби си растела во идеално семејство каде немало караници, полно љубов и разбирање и сега едноставно не знаеш што да правиш кога си во брак со некој на кој тие поими му се несватливи. Е тука драга моја ни јас, ни никој од форумот не можеме да ти помогнеме. Се надевам дека ќе успееш некако да го средиш твојот живот и се најубаво му посакувам на твоето детенце.
     
    На missperfect, Offspring, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Пред да коментирам ги прочитав сите постови и потполно се согласувам, подобро среќен развод, отколку несреќен брак, а да му бидам некому слугинка, а тој да не ме ферма ни 2% -не фала!
    Да, точно, се прават жртви за доброто на децата, ама не по секоја цена, се си има граници, навистина ќерка ти е тинејџерка, колку што разбрав има 13 год. доволно е зрела да сфати и да поглене реално што се случува под вашиот покрив и колку си ти несреќна и понижена. Велиш дека си трпелива, ги чекаш твоите 5 мин. да му вратиш мило за драго, чекаш да легне на брашно, јас викам-бегај од него, остави го, оди си без око да ти трепне...никаков татко, никаков сопруг, па што си му ти него, само слугинка, ништо друго, тој да се шета со к**ви, а јас да му варам супи и да го негувам зошто бил болен ??? му чистиш, му готвиш, го переш, пеглаш, а што добиваш за возврат...утре ќе му вариш кафе него и на неговите "пријателки"...аман жено свести бегај.... :fubar:јас мислам дека ти се плашиш да останеш сама и да почнуваш од почеток...може грешам ама така мислам...инаку јака ти душа, секоја чест што издржуваш....
     
    На Phyramide и Annath им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Загрижена, искрено се замислив кога си го пиша тука проблемот, повлеков некоја паралела со ситуацијата на моја многу блиска пријателка која исто така се разведе и е во отприлика твои години (ако не и исто годиште), ти го пренесов искуството велејќи си, ако ништо друго, може на момент ќе ти даде сила и поткрепа знаењето дека не си сама.
    Плус пиша - како да го продолжиш сега животот или отпочнеш нов на овие години, па си велам, чекај да и дадам поддршка бидејќи навистина никогаш не е доцна човек да е среќен.

    Сега гледам (поправи ме ако грешам) дека ти изгледа си ја отворила душата тука, што и не е лошо, и за тоа постои форумов, и си очекувала дека сите тука ќе ти пишеме - браво, остани, трпи и понатаму, или не знам веќе што си очекувала.
    Но од друга страна морам да признаам дека веќе ни самата не те сфаќам што сакаш ти всушност?! Еднаш велиш сакаш да ја прекинеш оваа летаргија, потоа не сакаш, сега па од инат за тоа колку ти си инвестирала ќе останеш во бракот. Од инат?! Господе Боже! Вакви реални случаи сум видела не еден, и ај погоди кој трпел најмногу?! Ти текнува?

    Уште еднаш - секое добро од мене. Но само нешто ќе ти кажам, за тоа време, додека ти си играш на ти дај ми и покажуваш инат и силна женска тупаница на мажот (иако и во ова се сомневам, мислам дека само се плашиш да останеш сама), во психата на твојата ќерка како во дрво се цртаат траги од ова што ти го правиш. Тоа девојче ако не трпи заради ситуацијава, јас глава сечам. Сите си носиме некакви трауми или грешки од детството, некој поголеми некој помали.
    Се е во ред додека се коцкаме со сопствениот живот, но со туѓите веќе не би требало да си играме, особено кога сме возрасни и паметни и би требало да знаеме што правиме.

    Се најубаво.
     
    На nesa, FBI, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  19. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    загрижена лебот што се крши не се соединува па колку и да се трудиме твоето дете е веке истрауматизирано кога за првпат сте се разделиле каков таков тој и е татко и таа ке го сака без разлика на се но тебе тие само маж ти немораш да ги трпиш овие глупости повеке човек кој не го милува своето дете ..... :x за мене е.... :x тешко е но сепак изводливо најди работа најди стан среди го и како гром од ведро небо додека тој е на викенд ти испразни му го станот и замини жената може да издржи се но мажот не
     
  20. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Во никој случај не мислев дека е храбра затоа што се вратила. Мислев дека е храбра заради тоа и покрај се го трпи, затоа што и покрај се мисли на детето и ја става неговата среќа пред нејзината. Мислам дека е храбра за тоа како се држи и покрај се што поминува затоа што и јас го имам изживееано ова со мајка ми. Од истата причина ја советував да разговара со детето.
    За враќањето нема што да се каже. Таа веќе се вратила и без разлика колку јас и ти мислиме дека е неприфатливо, како што безстрашност има напишано лебот што се крши не се соединува.
    И јас сум дете на разведени родители и не знам колку пати имам кажано дека сум многу среќна поради тоа. Мајка ми беше во иста ситуација како загрижена, ако не и полоша па трпела и трпела и на крај татко ми ја оставил. Значи има и такви жени, што да се прави. Едноставно може да ги посоветуваме, да им кажеме мислење, да се молиме дека ќе ја донесат вистинската одлука и да се надеваме дека ќе биде така.