Ако се женам во странство дали утре и разводот (ако не дај боже се случи) треба во истата држава или можам во МК?
@Маца 1123 леле не ми се верува дека постојат такви неандерталци Си трпела многу бе жено. Никаква убавина немало во вашиот брак освен дечињата. Ти имаш право на однос како што треба кон жена и да бидеш сакана. Има групи на фб, види за работа да најдеш било што. Ако е можно, појди си кај твоите ќе ти треба подршка. Ако желбата ти е голема ќе успееш. Нема да биде лесно , ама нешто ќе ти дава сила да продолжиш и да имаш живот како што заслужува секое живо суштество на планетава. Господ да ги казни лудацине! А ти како си трпела
Јас не склучив брак во Ск а се разведов во Основен 2. Каде имаш жителство и државјанство,таму се разведуваш.
Не се рабравме убаво.Јас прашувам ако се женам во Азија дали при развод треба во Азија во истата држава да одам или можам во МК да се разведам?
Ти одговори рефката се разведуваш во онаа држава каде што имаш државјанство. Значи ако стапиш во брак в Азија а имаш МК државјанство тогаш документи за развод поднесуваш во Основен2ка.
Дали може да се поднесе барање за развод во градот каде што си роден, а бракот е склучен во друг град и таму е новото жителство?
Каде што е склучен бракот, месно надлежен е тој Суд. Ако е во Скопје, ќе постапува по предлогот или тужбата за развод, Скопска Двојка.
А, е тоа е друго, јас не се повикав на жителство. Затоа што во принцип месно надлежен е тој Суд во градот каде што е склучен бракот.
Со спогодбено барање за развод за колку време може да се спроведе постапката, односно да заврши бракот?
Спогодбен да, ама зависи дали во бракот имате дечиња или не. Во принцип разводите не се спорни, но спорна е издршката ако има дечиња во бракот.
Немаме деца и немаме заеднички имот. Дали претходно ќе бидеме повикани во Центарот за социјални работи?
Мислам дека да, во Центарот се обидуваат да ве предомислат, т.е. да ги разберат вистинските причини, со други зборови, да поразговарате, нема врска ни со деца ни со имот. Просто, односите меѓу сопружниците.
При поднесена тужба за развод за колку време сопружниците се повикуваат во Центарот? Оди ли брзо постапката?