Доколку се работи за спогодбен развод, ист адвокад ќе ве застапува. Инаку цената ја определува адвокатот. Јас сум разведена со спогодба, цената беше 20 000 ден. Доколку е спогодбен разводот, цената ја плаќате заеднички, по половина. Тоа го пишува и во пресудата, бидејќи едно исто лице ќе ве застапува. Доколку разводот не е спогодбен, секој си го плаќа својот застапник, т.е.адвокад посебно.
Јас се разведов спогодбено без адвокатско застапување. Спогодбеното барање го состави и го поднесе во суд адвокат со претходно приложена копија од извод од матична книга на венчани и копија од личните карти. Тоа не чинеше само 800 ден.бидејќи адвокатот му е роднина на поранешниот сопруг. Судските трошоци изнесуваа 800 ден. и ги плативме по пола за што двајцата се изјасниме, а истото го пишува и во записникот, односно пресудата.Постапката заврши за еден месец. Во бракот немаме деца и тоа е полесна околност од секој аспект.
Dali mozi da go prasate kolku bi me kostalo mene so dete i jas da podnesam tuzba. Ako imate kontakt so toj advokat
Зависи како сакате,спогодбено или со тужба.Еве мој пример.Најдов адвокат,поднесовме тужба.Бидејќи имаме малолетно дете прво не викнаа за 10тина во ЦСР на разговор.ЦСР има краток рок да достави мислење до судот во врска со детето и судот закажува рочиште.Кај мене првото рочиште беше за помирување.Се изјаснавме дека не сакаме да се смириме,и за брзо се закажа второ рочиште.Главна расправа.После тоа по 3 дена адвокатот мој појде на читање на пресудата.Пресудата стигна по краток период и на домашна адреса.Од моментот кога ќе стигне пресуда има 15 дена рок на жалба.После тие 15 дена највероватно адвокатот ќе ми заврши работа да ми се стави печат на пресудата и да стане правосилна.Јас сум во чекање на печатот Се на се за 3 месеци неполни е готово.Ако имаш прашање слободно прашај
Не, се завршува за месец-два. Поднесовте спогодба во суд? Следи Цср па рочиште. Кај нас беше едно и завршивме работа.
Здраво, што е потребно за спогодбен развод, дали можи еден од сопрузите да поднеси за спогодбено (без другиот), причина е бидејки нејкам да комуницирам а мислам дека ке се разведи. Исто така, што се очекува на рочиштето за смирување, што прашуваат?
Имам слушнато неможам да ти тврдам со сигурност од една колешка демек требало да платиш и плус да ти пееле 40 попа демек мене чудно ми беше ама таа кажа за порано уште дете ко била таа некој роднина нивни сакал да се раведи од мртвата сопруга која умрела уште децата ко биле 3-4 години се преженил и жената ги прифатила неговите деца како нејзини и сакал да се венча со нејзе ама децата не му дозволиле ( ко биле воздрасни) а демек му рекле 40попа да пеаат на одвенчанието требало
Се поднесува тужба до црковниот суд преку вашиот парохиски свештеник. По правило треба да има и црковна парница (такво нешто имам слушнато дека има во Преспанско-пелагониската епархија), на која владиката и поповите-судии пробуваат да ги смират оние кои се разведуваат, освен ако не станува збор за прељуба. После се бара виновникот, се носи црковна пресуда и се објавува во Службениот весник на Црквата дека бракот меѓу ХХ и ХУ е раскинат (без тоа кој е виновен). Виновникот за распадот на бракот може да добие и забрана за склучување на нов црковен брак и забрана за причестување, некој период или трајно. Доколку нема прељуба виновни најверојатно ќе бидат и двајцата.
Ми треба совет за една блиска пријателка. Сака да се разведе има 2 годишно детенце, таа сака да си замине од куќата и да поднесе развод но не знае што со детето дали да го земе со неа или не. Работата е тоа што се плаши ако го земе маж и да не ја пријави за киднапирање и тоа да го искористи на суд, а ако го остави пак да може и тоа да биде искористено на суд дека си го напуштила детето и да и го одземат. Тој има насекаде врски и пријатели па не знае како да постапи што да направи за да не и го одземе детето. Инаку она е невработена. Ќе може ли некој да пише искуство како да постапи?