1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Прв проблем со кој би се соочила пријателката при разводот и старателството на детето е статусот невработена. Ако не поминува низ поголеми проблеми и недоразбирања, најпрво нека најде работа, па потоа нека размислува за следниот чекор. Консултација со правно лице е најдоброто решение за да ги знае аспектите во нејзина полза. Избрзана одлука може многу да ја чини во поглед на родителската улога.
     
    На SummerGirl и VDT2906 им се допаѓа ова.
  2. Natalija29

    Natalija29 Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, се разведовме без адвокати и си бара 1600 денари судска трошоци. А транскациска сметка не му знам и не комуницираме ниту пак сакам да го видам. Како да платам трошоците за извршител да не ми зема цела плата за 1600 ден.? ве молам помош.
     
    Последна измена: 9 мај 2018
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Само преку трансакциска сметка. Никако давање пари на рака.
     
  4. Lejla123

    Lejla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Ми треба консултација, мислење и споделени искуства. Бевме во врска 3год. Нормално и љубив и кавги. Пред нова година 2016 имавме однос и се случи беља, фала богу, зрело одма до аптека и норлево. Се си мислев делувало. 10 дена покасно беше новс година, вечерта проба да шмрка, нормално не ми се допаѓаше моментот и почнавме да се расправаме ужасно до раскинуваее. Го оставив и си рекпв нова година бего ќе го заборавам. Ама Господ нејќел така. Почнаа чудни значи и дознав дека сум бремена. Таблетата не делувала. Многу сакав деца, и си реков ова е божја работа ќе му простам одиме пкнатака. Му кажав се сложи, спремивме свадба бидна свадбата, убава преубава ко да е на некој филм, и си викам готово се што било е старо минато. Јас бремена на свадба, 3 дена после сцсдбата почна неговото ужасно однесување. Остана без работа, не се лутам што остана без работа туку што не се трудеше да најде нова а чекаме бебе. Дома не можеме да се средиме, нема врати, спална сечека, јас трудна со стомак до заби спојам во дневна на кревет на спуштаее. Он си гибтроши парите од свадба. Одев на работа до средина на јуки, беше премногу жешко а и од пусти стресови си навлеков проблеми на клексани 61 ден бев. Од него абер да се подобри нема. Како маж не се ангажираше ни вратите ни спалната да бидне побрзо. Се роди бебушко 3 недели порано. Фала му на бога здрав прав. Си реков е точка од денес само убавини. Полошо бидна, најде работа па му касни плата, тропиме кредит што рефинансирав јас, имав 6000 евра рефинансиравме на 10 000 мкд. Знаевме дека бебе ќе се роди порано па трудна трчав по банки за плус пари ако не дај боже заврши во инкубатор. Пошо се оомина добро он тие пари ги трошеше. Спална стата врати стасаа после 4 месдци. Јас на стресна база ни доев бебе ни ништо. Ме удри. Неколку пати. Слхчајно го фатив преку е-банкинг дека летото кога јас се задолжував со кредит он си извадил свој кредит 5000 евра. Финтата била. Ги искоцкал парите од свадба затоа не можел ништо да плати ни врати ни спална па вадел кредит за да покрие и со остатокот пак се коцкал. Мојата заштеда што стигна пд помош за дете, роднини што оставаа паро за бебе, околу 400 евра плус коцкал додека ние сме биле со бебуш дома. Му простив, реков сакал брза пара ама дека финансиите јас ќе ги водам, пошо претходно му ги доверив како маж во куќата а се покажа недомаќин. Зимал и редовно плата ама цела ја коцкал за да го врати првичното изгубено. Реков океј, не барам развод на прва пречка ќр дсдам панса иако е страшно тоа што го направил. Значи, потоа 1 месец картиците кај мене, тој се дрзна златото мое и златниците на детето да ги заложи кај лихвар. Парите пто му ги давав за сметки не ги уплаќал. Се искоцкал. Полудев. Раскажав на мајка татко свекор свекрва. Од неговите не добив поддршка, викаат бил напнат од лихварите затоа те удрил и затоа цело време коцкал и ги вртел парите. Лудаци. Најмногу ме погоди што не добив ппддршка од нив и што он откпгс го дознаа и повеќето роднини почна уште подрско и безобразно да се однесува. Пред велигден сега го оставив. Си го земав детето и си отодов кај мајка ми. Беше уште побезобразен и по дрзок. И уште е. На далечина малку јас психички се спремив ама дечкото е спремен на се. За кратко почнувам со работа. Сигурна сум дека не го сакам иако си реков ќе пробам шак шанса да му дадаж да се заљубам во него. во име на детето, ама он секој 2 ден си игра топло ладно. Еднаш добар еднаш ми идат мисли да го снема од светов од што не го трпам ради однесувањето.

    Сакам да се разведам. Да немавме дете ич немаше да имам дилеми. Страв ми е детенцето како во животот тоа ќе го прифати. Сега е бебе уште. Јас и после се останав човек овие месрц ипол кога сакаше доаѓаше го гледаше со го зимаше дома на спиење на чување детето. Ниту еднаш не му забранив иако ме погоди што сокриле од мене, јас секако дознав, дека кпга бебрто плачело тие не знаеле што да му прават и неговите викнале бајачка. Без да знам. Во 21век, скопјани, и неговите не се баш старци, по 50 години имаат.

    Сакам да се разведам. Едниот страв ми е како тоа ќе се одрази на бебуш. А другиот страв ми е како ќе одлучи социјално во врска со детето.

    Јас сум магистер, редовно вработена 8 години. Просечна шлата. Имам стан на мое име кој и го отстапив на баба ми што се поплави да живее во мего. Сега сум кај моите, стан 95 квадрати, 3 спални.Од мојата плата плаќам 7000 заеднички кредит (на кредитот е и он потпишан)

    Он е со средно, работи во смено, просечна плата, 5000 мкд кредит месечно. Не знам дали ќуката се води на негово име. Две куки во исти двор, напред неговите, позади ние во кука 40квадрсти само со спална.

    Поентата ми е декамојот кредит е на 10 години и не знам дали социјално ќе прпцени дека можам сама дс го издржувам. Од друга страна си викам криво ми е уложивме во куката 2500 евра да се вселиме реновиравме сега му ја оставам скоцкана. На неговиот кредит не сјм потпишана (скришум го вадел самиот).

    Си мислам, со тужба би се развеле, во парничка ќе треба да се тегнеме околу имот, и поделба на кредити и плус социјално со детето.

    Колку е минималната алиментација, како би одлучиле со негова плата од 18 000мкд. Иако ништо чудно да направи малверзација да даде отказ па да работо на црно.

    Секое мислење, искуство и совет е добредојдено.

    Инаку сега скоро ќе правам 30год, турбо барам подобро платена работа со моето образование омам добри шанси. Пратив cv и одма почна да ми се јавуваат само јас очајна одам ко безживотна сум во ликот. Башка здравствено сресот многу же поремети, крварев 2ипол месеџи, терапии антибиотики, на ургентно имам папирплогија последниве 3 месеци завршуваж со болки во желудник. Се е проверено нема ништо се е од стрес. Третираат со спазмекси и инфузии. Тешко ми е и си плачам ама одма го гледам син ми и си викам морам позитивно да се борам за мене и него. Ви велам си замислувам како он веќе не е на овој свет, тежина ми ствара самото нргово присуство. Од толку што сум огорчена од него си викам како господе останав трудна од овој човек а пиев таблета и една грешка беше. А син ми е сонце во сонце. Злато дете. Најмногу го сакам.
     
    На Annora, Antebellum и Milita18 им се допаѓа ова.
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш син ти да има нормален живот ќе се разведеш ,која е поентата да има таков татко и да израсне со него ? Имаш стан имаш добра плата , размисли разумно ,зошто би ти било страв за детенцето како ќе го прифати тоа? Подобро уште од сега отколку да расте во нездрава околина .. те удрил.. Навистина мислам дека ако останеш со него многу ќе згрешиш.
     
    На Divinebutterfly, cresa-jagoda, LiliBoz и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lejla123

    Lejla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски

    Sorry на печатни грешки, од мобилен куцав. Сега од лап топ. Сложна сум. И мене паметот ми е натаму. Ако ништо друго, срцето ми вика дека не го сакам овој човек. Се плашам каков би бил исходот од бракоразводната постапка и дека он може ќе се инаети, ќе ми се заканува, намерно се ќе се одолговлекува. Дали во најлош случај ако поднесам барање за развод, секако ќе барам алиментација, дали да барам и делба на имот? дали он ако не е сложен ова може да се влечка повеќе од 1 година? Јас ќе му дозволам да го гледа детето, не сакам повеќе од 2 пати неделно, никако за викенд, па и јас работам и викендите сакам да ги уживам со син ми.Он може да не се сложи и да се противи. Како би решило социјално во најлош случај? Искуства?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lejla123

    Lejla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски


    Дали социјално и судот би ги зел причинте за развод во предвид? Како коцкање, насилство, лаги иако се тоа е нешто што не може да се докаже со документ.

    Кои аспекти ги зима социјално и судот во предвид при одредубање кај кого ке биде детето, колку пати и време може да го гледа другиот, колкуу е паричниот износ на алиментација?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Душичке мила знаеш ли која е најдобрата мајка на светот ? Среќната мајка .Останувањето во брак ради дете е само изговор поради страв од промена.Биди храбра.Детето ќе биде среќно ако прво ти се погрижиш за твојата среќа.Иднина со таков човек немаш.Јас бев со исти стравови само мојот брак беше многу многу подобар од ова напишаново твое.И пак остана детето кај мене.Невработена.Кај моите од 60квадрати стан.Ништо на мое име.Ама здрава,присебна мајка е доволно шо социјалното го гледа.Ако е помало од 3год детето нетреба да го зема со спиење,само на 2-3 саати.Мојот се жалеше во социјално дека ниту еднаш не спиел со него,а од таму му рекоа дека е мало и тоа е психичка траума за детето.Како ќе прифати детето? Разводот е најдобар баш додека е мало.Не прифаќај ништо помалку од тоа шо заслужуваш.Јас,сега сум верена за најпрекрасниот човек,кој го сака моето дете како свое,и сум благодарна на самата себе шо имав храброст да ставам крај на нешто кое не ме усреќува.Биди храбра и ти,еден ден ќе си кажеш фала на себе си,зошто со е со причина,а причината секогаш е за најголемо добро,ама само остани со крената глава и позитивна.Ти ја посакувам сета сила.
     
    На Lolipop23, cresa-jagoda, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    една моја пријателка доживеа букбално ист живот. Да биде уште потрагично тој имал и вонбрачно дете. Додека детето ти е мало полесно е да се разведеш т.е полесно ќе го пребродите разводот. Од таков татко ништо добро нема да научи напротов ќе гледа и ќе учи тоа што не треба. Бебе во никој случај ме доделуваат судски на татко. Само запази во твое присуство нека го гледаат. На што личи тоа бајачки да викаат кога бебе плаче
     
    На cresa-jagoda, WORRIED.BT и Lejla123 им се допаѓа ова.
  10. Lejla123

    Lejla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    До која возраст рачунаат за бебе?
    Син ми сега ќе полни 9м
     
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    4.769
    Немој да се плашиш бебушот ти е мал за да го земат од тебе. Биди силна и собери му се што можеш да му собереш на гадот. Никој не смее да крене рака на мајка. Чувај си го животот и биди си среќна. Имаш поддршка од дома, финансиски не стоиш лошо, најважно е што си имаш дете не ти треба маж да те нервира...
    Среќно!
     
    На cresa-jagoda, WORRIED.BT, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Rakkche

    Rakkche Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет. Во истата состојба сум како и Лејлаа. Ем физичко, ем психичко малтертирање. Секој збор му е лага, троши, не заработува, се задолжува, чак и ми украде мои работи.. уште што нема да се случи.. што да направам веќе? Не работи, нема ништо сопствено..ни јас Немам сопствено живеалиште, на мое име, но имам и каде да се вратам, моите живеат во. 600м2 куќа, имам и државна работа и кола, но се плашам за бебчо, 7м е, како ќе прифати кога ќе порасне, како ли јас сама ќе успевам во сЕ? А од другастрана и онака сЕ сама морам да мислам, подмирувам.. помошш?!
     
    На Cutiepie1 и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Штом имаш работа, ич не се секирај. И плус тоа, државна е. Поарно сама, отколку да се расправаш со сељачиште. Нема шанси да ти го земе детето. Заради малтретирањето, прашање е колку судот ќе му дозволи да го гледа.
     
    На Cutiepie1, Victorian, realGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Ти секако си и сега сама, само што плус треба да се заштитуваш од маж ти да не те краде, и плус те троши дополнително и те задолжува. Вака што имаш каде да живееш, си имаш своја плата, плус сигурно и твоите ке ти помагаат некогаш ако е потребно со детето, ке си го запишеш уште 2 месеци градинка и ќе си бидеш на мира, а не детето да гледа такво малтертирање. Детето ќе прифати така како што е , нема да биде ни прво ни последно дете на разведени родители, ама барем нема да живее во средина на семејно насилство. Не знам како не мислите прво на децата, пострашно ви е развод отколку семејно насилство.... Ај ги разбирам оние жени што немаат каде да одат, немаат работа, ама да имам работа и да имам покрив над глава и да седам со такво животно од маж нема шанси.
     
    На Divinebutterfly, Victorian, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Детето до 7 години по непишано правило е кај мајката, освен ако истата е неподобна, болна, нездомник или не го сака детето. После 7 год го прашуваат детето каде сака да живее. Секако дека се земаат во предвид причините за разводот, заинтересираноста за детето, карактерните особини на родителите. за алиментација се одредува според висината на платата најчесто околу 20% од плата.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ljubov_24

    Ljubov_24 Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Добро утро феминки ! Ке ве замолам за помош бидејќи незнам што да правам. Со мојот маж одевме четири години и решивме да се зедеме . Тој ме запроси лани и сега во септември требаше да правиме свадба . Инаку живееме во Германија . Соседите не не сакаат многу затоа што сме странци а тоа е мало место и тие не сакаат странци.Не гледаат чудно и постојано не озборуваат а вопшто ништо не им имаме ништо направиме . Исто така тие постојано се караа меѓу себе цела зграда ечеше од нив. И што се случи одеднаш тие престанаа да се караат цела недела нема никакви кавги се е мирно а мојот сопруг стана многу ладен спрема мене . се промени за рок од еден ден. Од толку голема љубов тој за еден ден се смени целосно , самата него фаца беше променета како да влегол некој ѓавол во него . Почна да ми вели дека чуствата му се оладени спрема мене дека не требало да ме запроси , дека се кае за тоа , и што е најжално си изнајмил курва . Ме изневерил со курва. Јас цела недела седам плачам не спијам се тровам со цигари бидејки не ја знаев причината зошто тој оладил спрема мене . Почнав да не одам на работа , паднав во голема депресија.Се додека една вечер му го зедов телефонот и видов како си пишувал со неговиот другар дека незне што да прави со мене а тој му вратл сигорно си почнал да имаш чуства спрема дада ти ( тоа е курвата со која бил) . Кога го видов тоа и го прашав која е таа а тој мртов ладен ми рече си изнајмив курва сакав да пробам и со друга .Имавме прекрасен однос еден спрема друг нашата љубов беше толку голема што многу луѓе ни завидуваа и одеднаш се се промени . Ми се сруши животот. А моите родители и неговите премногу си живеат и многу ме сакаат неговите а и моите исто него. Но после сето тоа тој што ми го направи и што ми кажа дека несака да биде со мене јас морав да им кажам на моите дека нема да има свадба истото го кажав и на неговите. Верувајте ми бев толку бесна кога дознав дека ме изневрил што сакав повторно да имам односи со него за да свати што изгубил. Знам тоа беше мојата најголема грешка но од бес го направив тоа .Сега се каам многу за тоа . Нашите родители паднаа во депресија кога го дознаа тоа почнаа да не молат да се смириме , како можела да исчезене нашата љубов за еден миг , го прашуваа зошто го направил тоа а тој мртов ладен им казжва дека нема чуства за мене но ќе направел свадба само другите да бидат среќни . Верувајте ми мислам дека некој му има направено нешто. После толку денови конечно можам да размислувам со ладна глава . Дури сега сваќам колку сум се понижувала тие деново тој ме изневери а јас се согласував да бидам пак со него ако тој во лице ми кажува дека чуствата му се избледени а јас го молев да бидеме пак заедно. Многу сум глупа . знам свесна сум за тоа но ве молам ако некој се нашол како во мојава ситуација да ми даде совет. Свесна сум дека пукнал нашиот брак дека нема повеќе назат но сакам да ги слушнам и вашите мислења. Се извинувам за долгиот пост . Поздрав имајте убав ден.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ако те изневерил треба да добие шут карта. Не би требало да трпиш. Со сила убавина не бидува. Можеби среќата ти е со друг.
     
    На Cutiepie1, Victorian, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Делот со комшиите во Германија не ми е јасен, што имаат тие врска со вас двајца...
     
    На Victorian, oblace1, Annora и 22 други им се допаѓа ова.
  19. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    3.889
    Пол:
    Женски
    Нели во септември требало свадба да правите, како пропаднал вашиот брак? Претпоставувам само сте верени.
    Добро е што си сфатила дека си згрешила што си „се понижила“. Јас би ти кажала бегај подалеку од него, се уште не си во брак, така да добро е што сега се случило тоа што се случило, пред брак, знаеш со каков човек си имаш работа.
    а тој мртов ладен им казжва дека нема чуства за мене но ќе направел свадба само другите да бидат среќни - дали стварно би сакала да бидеш со ваков човек?
     
    На Victorian, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Воведот врска нема со темата. Или пак можеби сакаше да каже дека комшиите не ги сакат , па им прават маѓии нели они престанале да се караат па членката и мажот и почнале и он се променил за еден ден од нигде никаде :D yeah right.. Ја згрешила темата требало во бајачки и гатачки да пишува.
    На темата се е јасно, кажал сопругот дека бил со проститутка и дека нема веќе исти чуства, а не се ни во брак сеуште значи нема што да се размислува понатаму. Претпоставувам оддамна те изневерува, само сега толку му е сеедно што не се ни преправа ни крие. Животот продолжува понатаму не е ни прв ни последен ниту пак имате заеднички обврски или деца. Куферот и врати си се дома, ке си најдеш некој милион пати подобар сигурно не си престарена животот е пред тебе.
     
    На LadyInTheDark, Victorian, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.