Се веривме и бевме во матично но во црква уште не сме биле . Планиравме сега во Септември но се пропадна во вода. Имаш право и јас сум самата свесна за тоа но многу ме боли тоа што ќе страдаат и моите и неговите родители. И незнам како ќе ме гледаат луѓето откако ке се разведам. Незнам дали ќе ја најдам еден ден личноста која ќе ме сака и почитува или ќе станам играчка на секое машко за една ноќ. Многу ми е страв . А и самата сум свесна дека не треба да бидам со него. Го ставив постот овде затоа што барам совет во врска со мојот брак. Инаку бевме ние во матично го носам неговото презиме но не бевме во црква сакавме сега во септември да се венчаме во црква . А за изневерување ме нема никогаш изневерено. Ви кажувам тоа беше прекрасна љубов. Па незнам многу ми е чудно како од толку многу караници сега ни се караат ни се тепаат ништо. Сега мојот сопруг е многу променет одеднаш . Или можеби јас така си мислам .Навистина незнам . Затоа барам совет од сите вас .
@Ljubov_24 почекај малку. И да сте одложиле свадба- може и воопшто да не правите, не е страшно тоа. Бидејќи по муабетиве маж ти го ставам во категорија ,,не изживеани,, мислам дека ќе си се врати како попче кај тебе. Ако бил со проститутка и се заљубил во неа, нема таа љубов да има долг рок.Таа ќе биде со него се додека и плаќа.Штом ќе престане, тогаш ќе му свртат грб.Кај проститутките не постои љубов. Разделете се на некој период.Нека остане сам.Само така може да види што сторил и што уништил. Ако мислиш дека можеш да му простиш, тогаш чекај да му помине, ама услов е никогаш во животот да не му го спомнеш ова. Ако сметаш дека нема да изджриш и дека на секоја кавга ќе му го збориш ова, тогаш уште сега откажи се од брак со него.
Ако донесеш таква одлука, секако дека нема од утредента да почнеш нова врска. Ќе ти треба време и треба да си дадеш време себе си. Зошто да се плашиш да бидеш со друг? Не се сите луѓе исти !
Да точно е маж ми е не изживеана личност , личност која незнае што сака од живото. А и тоа го знам дека ќе ме моли сигорна сум можеби ќе потрае некој период но сигорна сум дека ќе дојде повторно кај мене . Но незнам зошто тоа не го правеше кога беве во врска тука сега во брако. Тоа ми е чудно. А за простување верувај ми ако навистина се покае и тоа да го видам јас и да го осетам би му простила . Но ми е страв немој повторно да го направи тоа. Истото му се има случувано и на неговиот брат но ете сега си има дечиња и си е среќен со сопругат. Во голема заблуда сум .
ај поарно откажи свадба да не мораш да се разведуваш за некој месец. пукнато е вашево уште од старт. зар можеш да веруваш во човек што се заљубил во курва?!?
Зар би можела да легнеш со човек што бил со курва , а е во брак со тебе ? Не е трагедијата самиот секс, очи нека вади, што сака нека прави, туку фактот што ти си потценета, омаловажена и понижена, ни најмалку , ни повеќе туку со курва! И со обична особа е фууууууј, ама позгрозувачки ми е другово! Другарите знаат, пред сите те прави магаре! Си се нафатила на секс за да докажеш дека си подобра од неа, да сфати што изгубил? Грешка у кораци девојче,како што кажа и самата. Ако дошло ред да докажуваме со тоа што губат мажите, дошло крај на свет. Зарем би можела да живееш со човек што те деградирал како личност? Ако те моли да се смирите би те исполнило? Ке ти дадам совет од еден збор : САМОПОЧИТ!
среди со време. Кога ќе дојде дете ќе седиш во крш брак само ради детето. кому му треба неизживеан мочко што се заљубува во ај да не кажам пак што. . толку ли се мразиш себеси што сеуште си во брак со него?
Во право си . Сите сте во право . Ви благодарам на сите за дадените совети . Сега конечно можам да ја кренам главата и гордо да чекорам кон иднината . А тој нека оди со која сака . Се извинувам што ви одзедов дел од времето. Имајте убав ден.
Со др.зборови не те заслужува .Биднало што биднало нема назад,веќе си се понижила преембогу а верувај тој ќе се кае многу Ама ти дотогаш ќе си најдеш некој што те заслужува и што те прави среќна а тој нека се јаде цел живот.
Жени,да прашам за една пријателка. Има 3 годишно дете со маж и, но на пат е и друго дете кое не знае дали е од маж и или од друга особа. Прашањето е, ако бебето не е од маж и,доколку дојде до развод дали ќе може 3 годишното дете да е кај мајката? В