Обочно толку мало дете се додеува старателство на мајката, доколку би успеала да најдеш работа би било голем плус на твоја страна. На здрава физички и психички мајка, со покрив над глава и работа, никој неможе да и одземе дете. Како стоиш со живеалиште по разводот?
Da si najdes prvo rabota posle razvedi se jas te razbiram oti pet god bev doma I znam sto znaci da baras pari od drug veruvam oti I toa e problem kaj tebe od svoi pari poubavo nema
Прво, најди си работа. Тоа ти е многу битно. Работи некое време, па после поднесувај за развод. Ако немаш работа, може да си имаш проблем. Ќе докаже дека немаш како да го издржуваш детето. Второ, биди психички стабилна. Не се расправај и сл. Оти тоа и тоа како може да го искористи против тебе.
Освен кај мојте немам ништо а за работа јас работам каталошки производи и сум големо ниво (ако се смета тоа) а тој никаде не работа неговите имаат фирма ама и таа е заглавена
Јас заработувам пари тој не работи ама незнам мојата работа дали се смета преку банка провизија ми се пушта и плус каталошка продажба
Осигурана сум во нивната фирма ама долго време немаа поминато придонеси а тоа не мие некаква сигурност ако дојде до развод секако ќе ме одјават
Советувај се со адвокат оди на информативен разговор кажи му ја целата ситуација па најдобро ќе те советува посебно околу законите и кои шанси ги имаш, ако треба побарај ''стабилна'' работа покрај таа на процент, ма да тоа што тој не работи ти е олеснителна околност.
Како ќе одам тоа е проблемот ме знае по цел ден сум дома ќе дознае а да уште чека од мама, јас со дете по цел ден дома средуам ако не е избришана масата одма наоѓа да ме повреди "10 дена не била избришана" и по цел ден објавувам се трудам да заранотам а тој по цел ден со другарите
Жено ти да не си во затвор, ќе излезеш со дете кажи одам во парк, на лулашки излажи, направи си муабет со адвокат и кога ќе си начисто барањето за развод на маса а ти детето и кај твоите.
Детето е дома свекрвата кога е слободна тој месец само преку ден е кај нејзи а да спомнам малата уште цица ама и тоа не ми е сигурност може да ја одучат и онака секоја ден и викаа и ми викаа да престане да цица
Работата што ја работиш не ти е сигурна. А и според напишаново, не верувам дека тој ќе бара старателство над детето. Ама сепак, ти мора да имаш некаква сигурност.
Не се секирај, не се во социјалната служба глупави. Детето оди кај мајката, сигурно не кај баба и дедо (штом татко му везден по другари и сл.) Секако со адвокат е убаво да се консултираш за да се заврши се како што е ред. Ако прифати и договорно уште поубаво. А старателството многу ретко се случува да се даде на татко. Обично мајката ако не го сака или е тежок зависник. Ти чувај го мајка здравјето и умот. Поддршка во вакви моменти е најбитна. Твоите или некој близок најди да ти помогне со барање адвокат и консултација. Сама секако е многу тешко. И ако успееш работа да најдеш секако е голем плус.