Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.503
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    Не се лажи дека он ќе си оди , не драга моја. ТИ ќе завршиш на улица како моја пријателка која сега ми се јави зашто и она исто заради детето седеше со морон што сите и велевме да го откачи и сега и рекол да те нема од станот до понеделник, јас решив да се преженам а ти со децата,( да да децата од кое е едно 12 а друго 2 годишно родено да го спаси бракот, откако еднаш беше разведен па пак само смирени) да си идете да си најдете негде зашто во понеделни ќе реновирам. За емсец дена ќе си седам овде со вереницата. Знаеш каде е сеа таа жена ??? ОД каде ми се јавија да ја посетам?? На психијатрија лежи зашто доживеа нервен слом. Не сакаш по социјално да се тргаш, е па ега заради тој нервен слом е во опсаност да ги изгуби децата, да да да ги изгуби зашто е неподобна да се грижи за нив. А децата и се кај комшиите. Како што велиш ти по туѓи куќи.

    Сакаш ли бре жено тоа да те снајде!!!!!

    Уште колку примери од разведени жени, од деца на разведени родители сакаш да слушнеш??? И не се надевај на станот. Ако е на негово име, и ако е стекнат ОТКАКО СТЕ РАЗВЕДЕНИ тебе мила моја не ти следува ништо. АМА БАШ НИШТО!!!!! После смрта негова му следува на детето, а со тој имот можеш да располагаш ако рикне пред детето да наполни 18 гоидни и ако нема оставено некаде тестамент. Или нема посеано некое вонбрачно дете некаде. А со овој памет не би ме чудело утре и да ти донесе некоја дома па да ја двориш и венчаница да и помагаш да си купи. Оф леле будал женски памет!!!

    Така да седи си ти таму, теши се дека правиш добро за детето. Само не е за џабе изреката И патот до пеколот е поплочен со добри намери.

    Последно е ова од мене. Господ нека те шува о тебе и детето. Повеќе детото а тебе да ти даде памет и да се свестиш!!!
     
    На SummerGirl, bibiiii, dorisa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    И јас се изнервирав.И јас сум дете од таков брак...никаков.Кога ја читам загрижена како мајка ми а ја читам.Детето па детето....Еве што ке ти каже едно дете од таков брак.Од 14 години ја молевме мајка ми а го остави ама таа како и ти,децата,па дека секој може да си отиде ама не и секој да издржи итн.
    Помина сето тоа тој си легна на брашното како што чекаш ти да легне ама цената и беше скапа.
    Тој го бараше нејзиното внимание а таа да му удоволи,заборави дека има деца и за неа сега постои само TOJ!Па така ни јас ни брат ми не сакаме да ја видиме ни неа ни него.
    Ете што ке му направиш на твоето дете.Дa те мрази!!!!!!Повели свесно направи го тоа.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zagrizena1

    zagrizena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    и што после сето ова да ви пишам...
    знам за осуда сум, по сите овие ваши мисли
    и на психијатрија имам завршено и тоа неколку пати со нервен слом
    и на антидепресиви сум со години, ама пусто мое размислување за живот после ова
    и пусти страв како ќе успеам да се снајдам
    ви завидувам на храброста што ја имате, можеби и јас би била толку силна на зборови да сум од другата страна
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    НЕ! Не сме само `пишувачи` од спротивната страна! Туку сме луѓе што се нашле некогаш во твоја кожа или во кожа на твојата ќерка! Знаеш што ќе ти кажам? Дека заслужуваш да си таму каде што си! И дека не си ништо подобра од маж ти (цимерот) ! Си гледаш само за себе, а памти ми ги зборовите УТРЕ ТОА ДЕТЕ ТЕБЕ ЌЕ ТЕ МРЗИ КОГА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА КАКО СИТЕ НЕГОВИ ВРСНИЦИ! Остани си таму удобно сместена на дното, заслужуваш да си таму!

    Поздрав!
     
    На bibiiii и enca.69 им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Загрижена, го направи првиот чекор- призна дека е заради тебе, а не за детето.

    Верувај, и тоа е напредок.

    Сега мораш чекор по чекор да се обидеш и да излезеш од тоа твое дувло.
    Собери сили, МОРАШ, свести се, ако на заради тебе, за ќерка ти :!:

    Верувај дека ќе се гордее ако ја добиеш битката со твојота несигурност и страв и конечно излезеш од тој пекол ;)
     
  6. izabela.sk

    izabela.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    17
    Нее во ред толку да осудуваме, сите сме различни, некои се поодлучни некои скептични.
    Но како што кажав мора сама да си изнајдеш механизам како да си го подобриш квалитетот на твоето живеење и да сватиш дека повеќе вредиш.
    Секој е приказна за себе, ти најдобро си знаеш, ама превземи нешто, немој само да се сожалуваш додека чекаш на него да му се случи преобразба, направи подобро промена кај самата себе.
    Барем ке знаеш дека нешто си направила.
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Не е проблемот во мажот ти...во тебе е проблемот......само и единствено во тебе...на човек без сопствено јас, и јас би му правела вака.....
    и после сите совети и мислења и примери, најдобронамерни, од објективни луѓе кои не те познаваат, ти го повторуваш истото....тебе...малку ти е....
    Не си се освестила после завршувањето на психијатрија, :@ тебе треба коските да ти ги искрши, и ти пак нема да се освестиш....а знаеш зоштооооо???????????????
    ЗАТОА ШТО ТИ САКАШ ДА СИ ЖРТВА......крај на муабетот...дијагнозата е таа....
    Да ти прави што сака, да си игра курташак со тебе, со ручек да го чекаш, да се враќаш после развод, да живееш таму како предмет, да ти кажува дека бега од тебе, викендите да ги поминува надвор од тебе......жено, ти си крива, олабави го човекот, нејќе да те гледа....ваков инает, тврдоглав и упорен човек не сум видела...почнав него да го жалам искрено....ти си зацртала дека ќе останеш таму, па што сака нека биде...и си дремеш и чекаш твоето да помине...мене така ми изгледа.........и не барај изговори...од оваа или онаа страна...од која страна и да е човек( амногу жени биле) во оваа ситуација, едно решение има....ама тииии.....не....За тебе не ми е жал ама ич...ама детето, дететоооо жено божја.....
    Ама се ќе ти се врати како бумеранг, кога штом почне да разбира ќе те шутне, за ова што му го правиш...душичка, и господ нека му е на помош со ваква мајка.....
    Освести се жити бога.....не му правиш услуга на детето.........
    Тој што сака да направи нешто бара начин, тој што несака, бара изговори
     
    На bibiiii, eli25, lola-86 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Koга веќе ни пиша на форумов загрижена,и кога ги доби советите на форумџиките ,кои се сосем разумни за твојата ситуација-можеш и да примениш нешто од нив...сите се трудеа и трудеа да ти укажат и освестат...ама читам ти постаро...велиш знам така е,ама детето....детето мало е,не гледа дека татко и оди на викенди,и милиш не се запрашува што прави?може ќерка ти е свесна за се, може молчи за да тебе не те повреди?си помислила некогаш на ова? :x
    форумџиките ти дадоа и примери од нивните животи,и откако убаво исчитав се мислам дека ти незнаеш што сакаш,и дека потајно се надеваш дека ако останеш кај него ќе бидете вистински заедно затоа што уште го сакаш...друго оправдување не ми доаѓа на памет за тебе,тоа ми е единтвено што ми е логично....остај и мебел и стан и се,ако треба најди соба под кирија среди се со ќерка ти,остај му све,ќе видиш среќата че ви се насмевне..само треба волја и желба да имаш,да си спремна и ОДЛУЧНА ....а ти не си...животот е побитен од се,т.е. здравјето...зар не сфати што си правиш самата на себе???
    не те осудувам,но редно е да размислиш не е твојата судбина најтрагината на светот па да нема решение...решението е тука и ти го гледаш...ама не сакаш да го примениш..
    позз од мене и ти посакувам убав живот :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Излишно е веќе да ја советуваме Загрижена кога ниедна од нас нема да ја послуша. Кога изминатите 15 години и проблеми не ја освестиле, нема нити ние тука.Некои жени не се доволни силни и храбри да го зачуваат сопственото јас и да си го живеат животот кој е еден.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.503
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    реков дека нема да пишувам ама морам да ви кажам нешто. Благодарение на Загрижена1 мајка ми денеска си доби поклон од мене, и тоа само затоа што се гордеам што е храбра и силна жена. Поздрав.
     
    На eli25 и izabela.sk им се допаѓа ова.
  11. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Читам, читам и сваќам дека денес многу бракови се растураат.
    Лично мислам дека бракот е нешто што се гради, нешто на што работиш цел живот.
    Мислам дека треба да се вложи мнпогу труд и мака. Во бракот нема секогаш да биде убаво и нормално ми е дека нема да биде совршено. Мислам дека многу сме навикнати на американски филмови и мислиме дека е така и во реалноста. Ама не само што животот не е како филм туку кај нас има сосема поинаков менталитет така да далеку сме од тоа. Секогаш треба да се направи компромис.
    АМА тоа не значи дека треба да се трпи семејно насилство, маж кој те изневерува кој воопшто не се грижи за тебе.
    Загрижена... Не те осудувам! Ама како и многу пред мене ќе ти кажам дека се криеш зад детето и мислам дека тоа е навистина жалосно. Признај дека имаш чувства за човекот инаку не би се вратила!!!
    Можеш на многу начини да се справиш со оваа ситуација:
    - Можеш да заминеш. Рече дека имаш примања без разлика колкави се ќе се снајдеш ако сакаш. Ако немаш никој за подршка, семејство, пријатели ќе си најдеш нови. Мислам дека жени кои се во "не здрава-unhealthy" врски често ги губат луѓето кои им се блиски ама можеш да најдеш пријателки многу лесно. Почни да и зборуваш не некоја жена во супермаркет, оди на некој курс...имаш огромен избор.
    - Можеш да ги смениш бравите дома ако не сакаш да го загубиш станот и тоа во што си инвестирала. Викаш дека не е дома често па тоа не треба да е проблем. Ако имаш проблеми кога ќе дојде, да е жива и здрава полицијата :^)
    - За детето ти е жал??! Не знам колку феминки до сега ти напишаа дека се позадоволни со тоа да бидат деца на разведени родители и јас ќе ти го кажам истото. Викаш дека не сакаш да го трауматизираш ама факт е дека овој начин на живеење е голема траума за него. ЗБОРУВАЈ СО ДЕТЕТО!!!

    Некој има напишано дека во срцето и умот треба да решиш што сакаш и јас ќе ти го кажам истото.
    Јас мислам дека си пиша на форумов за да си ги олесниш маките, да се искажеш а не затоа што сакаш совет. Мислам дека не сакаш да одиш, мислам дека не сакаш промена без разлика колку и да ти е лошо!
    Си ги кажа маките, се олесни. Очигледно дека нема да примениш ни еден совет добиен овде!
    Па затоа ќе ти кажам само good night and good luck!
     
  12. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    поздрав до сите што упорно се трудат да и помогнат на загрижена и се разбира и до неа,ама јас мислам дека загрижена нема доволно храброст да го напушти овој начин на живеење и да излезе надвор од за неа сигурното место во тој стан,таа немала и мое мислење е дека ке нема никогаш храброст да реши животот да го продолжи самостојно,а кога ке биде присилена пак ке има нервен слом,таа така реагира веке по навика,е сега сакам да и поставам едно прашање :кога ке дојде денот да бидеш избркана од тој стан нервите ке ти попуштат ти ке одиш на лечење ,а каде ке оди твоето девојче тогаш?,кого ке има таа во животот ,татко кој ја отфрлил ?и мајка која во името на доброто на детето истото го турка во бездна и го користи за да се сокрие од својот страв да остане сама, за тебе ајт, ама детето немора да го живее тој живот ,тебе ти е потребна помош зошто веке имаш навика да живееш нездравао. затоа најдобро е да се разведеш и да му бидеш мајка на тоа душиче,не се вели попусто подобро еден здрав родител отколку двајца нездрави. :* :* :* :* :* овие бакнежи се за твојата тинејџерка ,не за тебе ,многу ме лутиш загрижена
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    да си во брак со него па да кажеш ајде за инает не си оди ама ти не си ни во брак бе жено накрај ке го жалам него и ке ти кажам дека можеби баш ради тоа шетa повеке бидејки го ГУШИШ...тоа бил стан на керкати ма немојбогати и сега ти имаш право на него? Пффф он ти е опсесија и затоа се криеш зад детето демек ово оно јас ке ти кажам нешто па можеш да ме обвинуваш колку сакаш ама вистината е една;ти не му мислиш добро на детето ти си гледаш за себе и да си храниш очите и себичноста гледајки го него а цена на тоа е детето што живее во таква ненормална средина....значи колку повеке читам твои постови на оваа тема толку повеке се нервирам...колку многу феминки отворивме душа ти дадовме примери значи не мислење него примери и ти пак фураш на тие твои 5 минути и тие твои права као мајка на детето...
     
    На Offspring и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    И да додадам....иако се нервирам цело време додека пишувам на темава....
    Мислам дека дури и на него си му го одмилила детето, со тоа што си го уценувала баш со него....затоа и така се однесува....
    Уште една работа ќе ти кажам, си родила дете, дете, човече со чуства, а го користиш како оружје и алиби.....жално сонце ;(
     
    На beticka, Offspring, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.503
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    Ееееееееееееее луда женска главо. Од такви како тебе некогаш ми е срам што сум жена. Фала ти господе што имам прекрасна мајка!!!!! Разведена е ама сме двете среќни!!!
     
    На nesa, Offspring и Zoza им се допаѓа ова.
  16. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Во животот најбитно една жена никогаш да не го загуби достоинството. Достоинството и гордоста ја прави таа жена голема. Па што ако се развела, зарем да трпи секаков идиот. Се гордеам со личноста на вакви жени. Чим една врата се затвора, две нови се отвараат да знаете.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    ах тие разводи.....болни се да,разбирам....но да трпиш некого да те тепа малтретира и ред др работи?
    мајка ми и татко ми беа пред развод,причината е што татко ми имаше швалерка,за која јас дознав,читав пораки слушав телефонски разговори....беше болно верувајте....му кажав на мајка ми,и и теков да се разведе,нормално јас ќе ја поддржам за се....татко ми и многу пие и правеше проблеми,значи имаше вечери кога буквално ќе не штрекнеше ќе не разбудеше правеше сцени,направи сцена и пред другарките мои толку бев усрамена....страшно...јас него не можам повеќе да го смислам,па луѓе тој со своите 50 години беше спремен да замине со неа!!!
    за срамота...еднаш го слушнав како збори на телефон,и тоа од трафика во нашето маало,замислете кој блам сите што поминуваат слушаат а тој му вика "абе остави го,јас те сакам можам се да ти пружам"...а уствари нема врска тој нас не може да ни пружи а не па нејзе и тоа таа има 3 деца и каде каде помлада од татко ми......јас кога слушнав скренав,му викам што правиш?а тој ме поттурна со раката и ми вика остајме одиси....замислете?уште ќе ме турка тој мене?....мајка ми беше во странство па морав да чекам да се врати и овој кошмар да заврши....така се надевав....него го изнавреѓав....не ми е гајле што ми е татко...се срамам што ми е татко...и каков пример тој мене ми дава?како јас после да верувам во машко?мајка ми дојде и реши да не викне сите за да напрајме муабет....јас кажав се што знаев....А ТОЈ НЕГИРАШЕ....немало ништо немало врска....и јас кажав дека читав и пораки па да ни го даде телефонот за да видиме,и нормално не сакаше,и мајка ми рече јас се разведувам....тој почна да оди кај едни наши куќни пријатели за да ја убеделе мама да не се разведува....уствари таа тоа го рече само за да го уплаши.....тој престана да се слуша со неа...но си продолжи со стара песна.....пие,не придонесува многу финансии дома,мајка ми сама ме школува...како што и брат ми го изшколува сама....а јас искрено татко ми не го сакам,одвратен ми е,не можам да го поднесам и се срамам што ми е татко....
    и не можам уште да сватам зошто уствари мајка ми не се разведе....ко ќе ја прашам ќути и не ми одговара.....сваќам дека го сакала...ама не ми се верува дека таа љубов уште постои....после 26год брак се е навика...нема љубов.....и по сите понижувања,караници и некогаш и тепање,таа сеуште го трпи.....
    малце измешано раскажав ама мислам дека ќе разберете.... :|
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.503
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    дара, јас не реков дека се срамам од неа зашто се развела, туку спротивно. Дека се срамам од жени кои немаат храброст и доволно самодоверба за да го стават својот живот во ред.
     
  19. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    немам зборови можам да кажам само ниедна мајка не сака да го осиромави своето детенце,но и не може да живее со некого со кој неможе да има живот.јас сум мажена во секој брак има проблеми но од проблем до проблем има разлика така да не треба за секоја ситница да се замара.женското секогас повеке размислува и за кука и за деца се¨ претрпува за децата,за нив живееме засто да пораснат со омраза спрема мајката или таткото? така да мој совет на кој сто наЧин и јас би постапила Ќе ставам граница мегу него и мене ама “Ќе бидам тука за моите деца посо ниедна неможе да им биде мајЌа.
    A за другите сто сум проЧитала викате некои се разведуваат само онака-греска сте никој не си го расипува животот за нисто се во животот има приЧина.неверството,пијанството,лјубомората и малтетиранјето се најЧестите работи за разводот.
    јас се извинувам на некога ако несто погресно се изразив но сепак тоа е мое мислене и пред се секогас треба да мислиме на децата.зосто воопсто ги носиме на овој свет?сто би направиле за своето дете?дали твоето дете Ќе биде срекно да расте без лјубов? а ние мајките сакаме насите деца да бидат срекни така?
     
  20. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    искрено кога читав на почетокот мислев дека имате дете од 7-8 годинки и дека веќе сфаќа ама и не сфаќа. детето на 13 години совршено знае каква е ситуацијата. јас не сум дете на разведени родители, мајка ми 100 пати сакала па се премислувала, причина себичноста на татко ми, не ја тепал скраја да е нити нешто слично, како што погоре пишавте не му текнало еден сок да ни купи. и знаете што??? јас уште се тресам на мои 20 год кога ќе слушнам дома урлање и кога ја гледам напнатата ситуација. не од емотивност туку од згрозеност. на вашето дете не добро, ќе му биде МНОГУ подобро на страна.