1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како се дрзнуваш воопшто да помислиш на развод откако на некоја девојка си и потрошил 12години туку така. Претпоставувам најубавите и тоа. И дали сматраш дека е фер од твоја страна да ја оставиш сега за некоја потполно непозната особа?
    Зарем нема да те гризе совеста бе другар? Жена ти гарант осеќа дека имате проблем и гарант не и е сеедно што и како ќе биде. А уствари ти имаш ли односи со жена ти? Како имаш ако мислиш дека ја сакаш виетнамката?
    Што значи дека те фаќаат мушичките ти воопшто не си зрела особа.
    Првенствено ако си решен на развод брака седни зборувај со жена ти и појасни и како сматраш дека не можете да бидете заедно бидејќи ти веќе не ја сакаш и почнале да те привлекуваат други жени, во случајов дури од Виетнам. А како? Па со тоа што со седел дома и си си играл игрици место да влезеш во светот на возрасните и да станеш одговорна особа која ќе се грижи за семејството. А гарант имаш околу 30год.. тебе другар ни психијатар не ти помага. Врати се за почеток во градинка уствари каде се учат вредностите на човекот.
     
    На Antebellum, poenta, Kija94 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.938
    Пол:
    Машки
    Друже ако ти дошло до швалерка да си фатиш, фати си од Македонија, како сите останати што прават, или од ЕУ, Канада, USA, барем ако започнеш нов живот, да биде тоа нов живот со стил надвор од Македонија, од Азија и Африка не барај женски тие само сакаат да се спасат и да избегаат, кај нив е полошо од тука штом сакаат тука да дојдат :D
    Сега посериозно, изгледа не си свесен дека покрај себе имаш злато сопруга, твојата сопруга е со тебе веќе 11 години (10 години како дечко и девојка, и една година во брак) значи таа веќе диши за тебе, ти си и' на нејзе цел свет, и треба и на тебе да ти биде исто, многу се ретко брачните парови кои од долга врска стапуваат во брак, тоа е знак дека помеѓу тебе и твојата сопруга постоело љубов и тоа онаа вистинската љубов и верувам дека уште постои, и не заборавај твојата сопруга била со тебе во најтешките моменти за тебе во твојот живот, затоа мој совет друже седни малку размисли или оди на викенд негде сам и размисли на следново, дали вреди од семеен човек, да се впуштиш во авантура која незнаеш дали ќе прерасне во тоа што сега го имаш?
    Моментално си на врвот друже, не се спуштај надоле, не се враќај назад, остани на врвот продолжи напред со твојата сопруга, посвети и' повеќе внимание, покажи и' па и кажи и' искрено дека ја сакаш, ќе видиш се' ќе биде во ред.
     
    Последна измена: 13 ноември 2018
    На manako1, minne992, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ми се плаче од твојов муабет за Виетнамката... што има врска како изгледа или што јаде.

    Дечко, ако си сигурен дека не ја сакаш повеќе жена ти, разведи се. Ама мислам дека треба да разговараш и да си го средиш бракот. Имате зборено за смртта на мајка ти? Ти има помогнато да го пребродиш тоа?
     
    На Dust, LaCHICALATINA и zalosna им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Дајте ве молам па уште и му давате совет да не се разведува. Ставете се само на местото на жената. Зар вие ќе сакавте да бидете уште во брак со некој кој си игра игрици на ФБ и брка девојчиња на интернет?! Денес од Виетнам утре којзнае од каде ке биде. Дајте ве молам нека си се разведи и нека ја ослободи жената. Овој никад нема да порасне. Од овој сопруг не бидува, само нервози.Јадна таа што го земала.
     
    На Antebellum, Milobebence, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Остави ги сите што ти филозофираат вака треба-онака треба.
    Шо треба е едно, она што го чувствуваш е друго.

    Смртта на близок, многу ги менува луѓето... Едноставно, сте 'израснале' со сопругата во различни правци, и тоа е тоа..
    Мој совет е, без разлика што ќе се случи меѓу тебе и девојчето од Виетнам, што побргу да се разведеш.
    Нема потреба да се измачуваш и ти, а и сопругата. Ако нема чувства повеќе, бесполезно е се'.

    Ќе и' биде тешко, секако.. ама подобро 'ослободете' се еден од друг, што поскоро.

    Ти посакувам се' најдобро :hug:
     
    На Milobebence, Meckicja и violetblue им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    И јас верувам дека не е заљубен туку непознатата девојка му е излез од вистинските проблеми.
    Тука веќе е на психичка основа. Не е среќен и која и да му покаже малку разбирање - истата секунда ќе се вљуби во нејзе.
    Му се нашла девојката кога му било тешко, исто како пациентите кога се вљубуваат во психијатрите. Не е љубов туку фантазија, оттргнување од проблемите.
     
    На Dust, Nausicaa, Кена Рис и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Јас пак не верувам дека причината за неговото однесување е смрта на неговиот родител. Навистина мислиш дека некој кој жали по загубата на својата мајка ќе се фрли на играње игрици на ФБ?Јас мислам дека е обратното, дека тој ја користи смртта на својот родител да го оправда своето однесување.
     
    На LaCHICALATINA, Yowannty и violetblue им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Се изолирал.. бегал од реалноста... затоа играл игрици.
    Сосема вообичаено е однесувањето после губење родител.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Не реков смртта на родителот.
    Мислев на проблеми со жената, финансиски проблеми или едноставно му е монотоно и досадно. Тешко дека е љубов, туку буквално е измислување други проблеми за да не мораш да се справуваш со постојаните.
     
    На LaCHICALATINA и KateKane им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не ја потценувајте траумата од губење близок.
    Мислам дека баш тоа е она што го 'однело' ваму кај што е сега.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Не го исклучив ни тоа.

    Само сакав да потенцирам дека не е љубов.
    И не знам каков му е тој психијатар што не може да му помогне во ситуацијата.
     
    На LaCHICALATINA и KateKane им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.249
    Допаѓања:
    101.028
    Пол:
    Женски
    @bogey ова што мислиш дека е љубов е само една илузија, еден сон една фантазија. Седни си сам со себе и запрашај се дали вреди за нешто нерално, имагинарно, да уништиш нешто што си го градел со години. Зар толку е лесно да повредиш некој? Седни со жена ти, разговарајте. Убаво и доолго разговарајте, за вашиот однос после смрта на мајка ти, за вашиот сексуален живот. За иднината. Ако од љубовта не истанало ништо тогаш пријателски разделете се. Можеби и не сте се сакале доволно за брак туку ете, заедно од деца па логично е брак. Пак ќе кажам. Со добар разговор, и не ја спомнувај Виетнамката. Не ја повредувај онаа која ти ја дала младоста. Толку од мене. Со среќа.
     
    На Bozica1980, LaCHICALATINA, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mama10

    Mama10 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам,бидејки лично поминувам низ таков хорор.Личноста што ја нарекував сопруг,ме изневери на најдолен начин кукавички мене и моето дете.Беше во друга држава подолг период но непрекинавме контакти секојдневно и надеж дека ке се соединиме како фамилија еден ден.Но се случи најлошото го фатив дека ме изневерува со друга таму ок реков нека е неверство ке простам заради син ми ако се врати и бидеме фамилија не му го одземам таткото на детето не му го рушам домот.ок и карта му платив да си дојде и фрле пепел на се.И се врати но тој не прекина со неа се работело за лјубов а јас заслепена демек му значиме јас и син ми.и го молев да прекине не прекина ми се колнеше оти е завршено.се догоборивме за спогодбен развод и му реков не ти кратам право да го гледаш син ти колку јас толку ти ке го гледаш траеше две недели се додека тајно не ја напушти државата и замина кај неа.и јас и син ми незнаеме каде е.се извинувам на долгиот одговор ама некогаш мажите знаат многу да се слаткоречливи ама на дела ѓубринја големи.
     
    Последна измена од модератор: 20 ноември 2018
    На Antebellum, Dust и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Жал ми е многу :hug:
     
  15. Mama10

    Mama10 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zivotot ke ti priredi se no sreka imam so sin Mi e so mene I ke se boram so se za toj DA e sreken so mene.
     
    На Antebellum, zalosna, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  16. creator

    creator Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво до сите! Замолувам за совет и предлог за адвокат кој се занимава со семејно право и развод на брак, по можност некој со кој Вие лично или некој близок имал добро искуство. Благодарам и секој совет е добродојден. Може и по ПП. Се работи за брак во кој има и заеднички имот и малолетни деца, но за жал нема иднина.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ве молам за помош, да и' помогнам на една мајка во сериозен проблем.

    Како оди точната постапка за спогодбен развод? Каков формулар се поднесува, каде и колку се плаќа? Ако имате некаков урнек да ми пратите уште подобро.

    Ви благодарам однапред!
     
  18. Kiki_Riki123

    Kiki_Riki123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам 22 години и моите родители се разведени пред година дена. Живеам со татко ми и сум студент. Сите трошоци за храна, сметки, средства за хигиена и студирање ги плаќа татко ми, јас преку лето од време да време пробувам да работам хонорарно и да придонесам барем за моите трошоци за студирање. Мајка ми си живее со дечко и и си работат и двајцата. Е сега по закон мајка ми додека сум студент и не сум пријавена, максимум до 26 години треба да ми плаќа месечно алиментација некој процент од нејзината плата. Тоа може да иде преку трансакциска сметка или на рака, мајка ми ме убедуваше дека ќе ми плаќа на рака. Плаќањето на рака алиментација траеше првите два месеци од разводот и толку. Еднаш у два-три месеци ми дава некој денар и одам месечно на ручек кај нејзе, понекогаш и почесто. Ако почнам да зборам со нејзе дека треба да ми дава алиментација по закон она ќе почне да ми драматизира, како јас ја гледам преку призма на пари и почнува да се расправа. Зборев со татко ми, ми кажа дека он не може ништо бидејќи сум полнолетна и треба јас да ја тужам во суд. Работата е што јас со нејзе сум во океј односи и не би имала храбост да тужам сопствена мајка на суд. Само ме повредува тоа како воопшто не се замара да придонесе финансиски за сопствено дете. Од друга страна се сметам возрасна доволно за сама да си заработувам и да си плаќам. Што мислите вие? Што би правеле во моја ситуација?
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.902
    Допаѓања:
    32.476
    Пол:
    Женски
    Барај да ти плаќа алиментација. Мора преку трансакциска сметка.
     
    На buba4e89, Dadusicka, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Kiki_Riki123

    Kiki_Riki123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Како да барам?