Глупо ми е да тужам сопствена мајка и да се влечам по судови. Плус не сакам да се влошат односите помеѓу нас. А од друга страна како што викаш, ми следува законски. Оф, не знам.
Не се ослонувај на зборови и празни ветувања. Нормално дека ти е непријатно да покренеш судска постапка против родената мајка, ама од друга страна, она нема осет и грижа према сопственото дете, па зошто ти би се грижела за неа. Првин седни со неа, разговарај искрено, како ти е ептен тешко финансиски и дека се трудиш али едноставно во моментов не можеш сама да си обезбедиш повеќе и дека ти треба нејзина помош. Речи и дека покрај нејзината дбра воља, тоа и е и законска обрврска и дека ако не се согласи на првиот начин, ќе идеш преку суд. Ако има приходи, не може да побегне од обврската за алиментација.
Скроз си во право, ми требаше некој да ми го разбистри мозокот. Да ми помине испитна сесија и ќе седнам да зборам со нејзе, ако не преземе ништо на крај ќе одам на суд да ја тужам без никаква грижа на совест. Фала ти многу!
Ти посакувам среќа и ич немој да се грижиш ако тука на форумов ти рипне некој бистар ум, да те критикува како си полнолетна и треба сама да заработуваш. Некои забораваат каде живееме, и колку е тешко да се постигне таквото темпо работа-факултет, а притоа да постигнеш задоволителни резултати и таму и таму. Фокусирај си се на учењето, а за другото има начин. Поздрав.
Имам во фамилијата деца кои го тужеа таткото за неисплатена алиментација. Првата реакција на таткото беше - изненаденост што го тужат децата, па дури и не им збореше и на кратко ја прекина комуникацијата со нив. Зема кредит за да ги исплати сите заостанати рати. Така да, не очекувај дека нема да има реакција, ама пак, еве...и ти реагираш а таа е ,,глува,, за твоите реакции. Си гледала се низ призмата на парите? Еве и прилика нејзе да докаже дека парите не се ништо освен средство за да се преживее и нека ти ги исплати колку да даде пример дека не е се во парите И да се влошат односите, ќе се исправи работата понатака. Ти си стидент и зависна си од финансии, ти требаат.Не ги бараш за да одиш на одмор на Хаваи, туку за да имаш нормален живот.
Лесно е да родиш и да викаш дека детето те користи за пари а тоа нема ни за основни потреби што се вели. Збори со мајка ти и кажи и , ако не планира да плаќа ќе поднесеш во суд па ќе мора. нејзин е изборот. ако почне да се дере-во ред, јас ти кажав. и стани си.
Извести ја дека ако продолжи да не ти дава алиментација 1/3од плата дека ке ја дадиш на суд Ако о покрај тоа се праве паметна можно е и затвор да леже Ама тоа е друга тужба
Ако ја тужам ќе биде принудена да ми исплати и претходни месеци неисплатена алиментација? И како иде таа цела процедура на тужење?
Точно незнам како оди, ама знам дека таткото можеше и затвор да лежи ради таа неплатена алиментација.
Мајка не се станува само со раѓање на детето, туку со градење на тоа дете во нормален здрав и прав човек. При тоа, кривично, морално и материјално одговараме за нашите деца. Целата алиментација треба да ти е исплатена црно на бело. Ако сака нормално да соработува ОК, ако не за тоа постојат судови. Односите велиш... Кои односи? Неа ако и' треба "парадна" ќерка, тебе не ти треба "парадна" мајка.
Сосема. Ако не сака да плати случајот се доставува на јавен обвинител па тогаш и извршител ќе има за плаќање. Колешкава моја го одра бившиот.
Јави се кај државен правобранител имаш број на нет. Ќе ти каже како е правната процедура ем ќе си остане анонимно. Среќно.
@Kiki_Riki123 Ако нејзе не и е жал за сопственото дете кое го родила, не и е гајле дали имаш пари или не за еден нормален живот, не ти дава пари што законски ти следуваат, ако по разговорот со нејзе не сака да ти ги дава парите кои ти следуваат, без око да ти трепне да ја тужиш.
Ке мора да ти плате од денот кога е пресудата ти да живееш со татко ти Може да и признаст само ако има на банка на сметка пуштено некој месец рестото секој месев 1/3, од плата секој месец Ке и соберст се вкупно о ке и наредат да ги уплате на сметка ако ме ке ја дадеш на извршител со таа пресуда Ако не плате извршителотвке ја блокира се додека не ти исплате се Ако нема плата ,нема имот нема шо да и земеш се оди со тужба и ја тужиш наа ново кривично и оде затвор Умре тоа време коа се правеа на три и пол
Една од опциите е да тужиш и законски да го добиеш она што ти следува. Но, во овој случај биди подготвена да изгубиш секаков контакт со мајка ти. Она и сега не е којзнае колку посветена како родител, а по тужбата убедена сум дека сосема ке се повлече. Ти која година си сега, 2ра, 3та? Ако си на тригодишни студии ти останува уште малку ама ако си на медицина те чека долг пат. Татко ти добри примања има или ептен сте во тесно? Мајка ти има висока плата па сметаш дека треба да ти даде пари за да ти живееш поубаво или едноставно сакаш да го добиеш делот кој ти е ветен? Размисли уште еднаш убаво, дали сакаш да останеш во некаков контакт со мајка ти или си спремна да ја изгубиш целосно. Лесно е да поднесеш тужба ама потоа нема назад.
Ама па мајката една загрижена. Свесна дека детево студира и ни денар не дава. Вештачки односи ќе одржава? Болно е, ама што работи нека си бара правата.
Тоа и јас велам, они и онака имаат однос кој се држи на стаклени нозе, а со тужбата тој однос претпоставувам, ке го снема целосно.
За 1/3 од платава на мајка ти и те како и се исплаќа да живее со тебе и да те вика неколку пати на ручеци во неделата Спомни и за парите и ќе и го видиш вистинското лице
Не те контактирале социјалните служби за да проверат дали продолжила исплата на алиментација? Една членка те посоветува да се обратиш кај правобранител, а јас ќе ти речам да отидеш и во социјално. Не знам која е процедурата, кај мене ситуацијата е малце поразлична. Мора да имаат и тие некакво инфо, затоа што до некаде и тие се инволвирани. Барем кај мене беше таков случајот.