Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    и уште нешто, јас никогаш нема да дозволам да ми биде како на мајка ми ( иако викаат никогаш не викај никогаш) и се надевам дека на време ќе приметам ако имам покрај себе себичен човек. и знаете уште што??? покрај таков брак на моите родители јас НИКОГАШ не сум имала желба да се омажам и додека моите другарки сонувале за такви работи јас сум била згрозена од бракот на моите родители. детето во таков напнат и лош брак не добива ништо што е покрај двата родитела. САМО ГУБИ. тоа нека ви биде јасно на СИТЕ кои се тешите дека така е подобро за детето. ЕПА НЕ Е! изреволтирана сум од се што прочитав и извинете на одредената некултура што се обраќам вака на некој дупло постар од мене, ама слушнете ја малце и другата страна. сигурна сум дека еден ден вашите деца ќе размислуваат исто како мене, ако веќе и не размислуваат. од лош брак децата не добиваат ништо добро.
     
    На bibiiii, Biljana2130 и sunnygirl им се допаѓа ова.
  2. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    покасно го видов постов откако го напишав истото. јас сум дете на НЕразведени родители кои одамна требале тоа да го направат. и јас никогаш не сум имала желба да се омажам. и мислам дека никогасш нема ни да го направам тоа. еве и во моментов додека куцам дома нешто ми урлаат. и за најобична работа ако двајца не се еден за друг нема да се разберат.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.773
    Колку време треба да помине за да се направат документи за развод?
     
  4. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    нели си помислила дека можеби не сака да се разведе заради децата, заради тебе ?
     
  5. pink.26

    pink.26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Сакам да ви ја раскажам мојата приказна....во брак сум 8 години...имаме две прекрасни мали дечиња....заедно сме одкако знаеме за себе...заедно пораснавме...нашата љубов беше како никоја друга...едноставно бајка....но...откако стапивме во брак се се уништи...прво живеевме со неговите...имавме многу проблеми...потоа едвај со триста маки го убедив да живееме сами, мислев дека ке зе зближиме повеќе,но згрешив...се повеќе и повеќе се оддалечувавме...да скратам..пред некој месец прв пат крена рака на мене, не ме утепа ама крена...јас не сум најдена на улица за било кој да ме малтретирта на било каков начин...следниот ден поднесов барање за развод...и почнаа сите од сите страни, аман немојте, смирете се, имате деца, срамота е и се по ред...како што е редот прво чекав два месеци за предметот да дојде до разгледување, па потоа не пратија во брачно советувалиште затоа што имаме деца...за сето тоа време ние живеевме заедно...беше пекол...не разговаравме...и двајцата се обидувавме да ги поткипиме децата со шетање купување глупости мекдоналдс и сл....бидејќи живеевме заедно сакале нејќеле моравме да почнеме да збориме прво заради децата кој ке ги земе од школо градинка...и сопругот мој се смени...се што ми сметаше смени...на советувањата свесно си кажавме кои ни се проблемите он свесно сам си кажа дека поради работата ме запоставил, не ги гледал моите потреби...и јас попуштив...се договоривме дека ке одиме уште неколку пати на советување и дека се ке биде супер...ја повлеков тужбата...оттогаш пак се се врати по старо...јас сфатив дека на него јас му сметам, се што ке направај јас нечини....и пак ме удри...убаво рекле старите волкот крзното го менува но карактерот не...и еве сега пак поднесов тужба и се надевам дека брзо ке се разведам....
     
    На bibiiii, dromka и maca99 им се допаѓа ова.
  6. pink.26

    pink.26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Си наоѓаш адвокат, за полномошно бараат 1300 и за тужба уште 4200, се поднесува тужбата во суд, и чекате да дојде на дневен ред одприлика за две три недели ке знаеш кај кого е предметот кај кој судија, и ако имате деца случајот го презема брачно советувалиште, ве викаат после еден месец на советување, ако треба на уште едно, па пак се враќа назад во суд со мислење од социјалните работници, и конечно добивате датум за рочиште. Од прилика за 5 месеци...се завршува најмалку со две судења.
     
  7. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    многу тажна приказна се надевам дека се ќе испадне како што треба ти псоакувам многу среќа. Јас не сум мажена ама во врска сум 8 години и мислам дека тој е мојата вистинска љубов ама како што кажа ти се се менува и треба да бидеме спремни на се затоа што во бракот почнуваат проблемите. :*
     
  8. pink.26

    pink.26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Сум заборавила дека веќе еднаш сум кажала маките.....сега дефинитивно се разведувам...сега сум вработена на неопределено време, земам плата поголема од неговата, разговарав и со моите ми рекоа ако сакам можам да се вратам, иако сум сега способна да живеам сама...децата ги добивам јас..
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    супер што децата ќе бидат кај тебе тие се најголемата поддршка и никогаш не треба да дозволиме и да преќутиме на малтретирања и понижувања од мажите
     
  10. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    па да ти кажам искрено да размислив ама мене веќе тој ми е одмилен,т.е се срамам што ми е татко...и јас сакам да се разведе јас ја поддржував и ја терав да се разведе...а тој нити дава некакви придонеси дома мислам на парични,нити па ме прашува што правам дали имам некој проблем или слично...така да исто како да не живее со нас гледам да го игнорирам пошо не можам да го поднесам :(
     
  11. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    зависи од адвокатот мене он ми зеде 200 евра ама во таа цифра беше се...значи од поднесување тужба до полномошно до вракање на мое презиме значи се...гледај каков адвокат ке земеш има некои ке ти набијат цена а ништо нема да завршат а има некои кои за 200 евра се ке ти завршат ти само останува да одиш да се потпишеш
     
  12. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    има закон за адвокатската тарифа нема што да те лажат ќе провериш.
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    срце незнам дали и каков закон има ама јас кога требаше да најдам адвокат нормално нели ке прашаш неколку...во Струмица прашав еден и ми вели се вкупно од 250-300 евра...една ми кажа 200 евра мене како адвокат а плус 1200 денара тужба...и после разводот што се плака преводот на нотар разводот дека нели во Србија беше склопен и 1750 денара една уплатница и плус судски трошкове да се вратам на мое презиме.....за срека една пријателка ми го предложи овој мојот и он ми вели се вкупно 200 евра...нормално само за нотарот морав јас да си платам превод 500 денара и 1750 ден уплатницата за судот...значи кога ке видиш јас за 250 евра завршив се со овој...а со другите ке ми излезеше 400 евра штои не е мала разлика...
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мора ли да имаш адвокат за развод? Мислам, каква функција би вршел освен што би зел пари? И дали ако мајка ми поднесе барање (или како год да се вика) за развод нема да плаќа толку многу зашто е невработена? Или си нема врска тоа? :?:
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Оффи нема врска тоа, единствено ако познавате некој па да не ви наплати многу. Мислам дека мора да има адвокат за развод, барем така мислам, не сум се сретнала сеуште со тоа на факс, само секако дека ќе треба барање да се поднесе, а тоа се плаќа. Е после разводот ќе следи поделба на имот, така да не знам како е кај вас ама нека размисли мајка ти добро колку може да подели...
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Нема поделба на имот, затоа што куќата кај што живееме гласи на името на баба ми :) А тој има кола која е купена додека биле во брак (уште се во брак, ама не живеат заедно). Значи мајка ми нема ништо свое на папир, ама куќава ќе и биде во наследство оставена после смртта на баба ми.
     
  17. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    нема врска дали е вработена или не е вработена што се мора да се плати мора се...јас бев осигурена на договор па ти напишав колку пари ми излезе разводот..а немав ни поделба на имоти ни деца ништо....адвокат мора да имате затоа што поднесување на развод бес адвокат не може...како што неможе ни вракање на моминско презиме и се тие трчканици бес адвокат....
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    епа за колата ќе и даде половина од вредноста изрезена во пари. А ако куќата е од баба ти тогаш нема да ја делат, тоа е позитивно за вас.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
     
  20. Aphroditte

    Aphroditte Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    јас до некаде ја разбирам загрижена...
    ако добро сфатив од се што прочитав, можам да кажам неколку работи за загрижена: добра мајка,добра сопруга на лош човек во кој изгледа уште е заљубена, многу наивна и очигледно со челичи нерви. Ти симнувам капа!
    Ја разбирам од оваа гледна точка : јас го имам истиот став-не би се развела поради неверство!само заради детето. ама моето разбирање завршува тука. Ако тука има физичка и психичка тортура...веќе нема на што човек да се надева...јас досега не сум запознала човек кој се променил,ако тоа го очекуваш од сопругот. Ако веќе си одлучила да не се раведеш,тоа е сигурно заради немање поддршка од родителите. И моите се такви - велат дека разводоте е крајно решение...ама ако нема каде...
    Јас нема да ти речам разведи се или не се разведувај, не сум во брак и не ја сфаќам комплицираноста на таа институција,така да не сум компетентна за било каков коментар.
    само држи се, и верувај дека тоа дете ги знае работите и подобро од тебе... си пробала ли да ја допреш темата? Мислам дека доколку детето те поддржи , би се развела. Ама ако си со него од љубов, верувај дека тоа ти е навика, не верувам дека може да се љуб човек кој те уништува полека...
    најлошо од се е што еден ден твоето дете ќе остане само, со него.......... катастрофа!