Не дозволувај да е детето кај него може да игра на карта дека си заминала и си го напуштила детето уште веднаш ако треба со полиција да одиш и да си го земеш детето и да пријавиш дека си излегла во брзина од страв дека може да е насилен кон тебе а ти си трудна. Сама кажуваш работи како судија сигурно ги знае цаките според мене едниствен начин да одделат дете од мајка е ако таа го напуштила јас ни минут не би чекала.
Све поише будали има вакви на светов, не сум била мажена ама во врска со пијаница и не сум сфатила дека нешто не е во ред со него. Детето со кого седи, он работи ли? Ти имаш ли некој да ти помогне од твоите да си го земеш детето? Не го оставај, тој не е стабилен. Па макар и со полиција што вика членката пред мене. Побрзај за да не ти го земе. Не се обвинувај себеси, луѓето се менуваат, тоа е болест и он треба да се лечи. Побарај помош од твоите бидејќи си трудна. Секое добро
Земи си го детето со полиција уште одма. И одма да се разведеш. Не се секирај старателството ти ќе го добиеш.
Zdravo .. se rezvediv pred nekoj mesec .. imam bebe od 10 meseci ... vo resenieto stoi tatkoto da go gleda 2 pati nedelno po 2 h.. no sega podnese baranje da go zema sekoja sabota navecer so spienje .. smetam deka e seuste malo .. dokolku dozvolat sto mozam da napravam .. kakvi se vasite iskustva
Од лично искуство можам да кажам дека да бидеш дете на разведени родители е многу тешко, од мали години едноставно се учиш како да застанеш сам на свои нозе и да не зависиш од никого. Моите се развеле уште кога сум имала само година и пол. Причината за нивниот развод била неверството на мојот татко, кој веднаш после разводот се оженил со љубовницата. Тој во текот на цел мој живот ниту еднаш не се јавил ни да ме праша како сум, а јас и мајками сме имале многу проблеми со неговата сегашна жена. Како и да е да се навратам на делот дека доколку веќе имате дете размислувајте и на детето а не само на љубовникот/љубовницата. "Татко ми" до ден денес после долги години од разводот со мојата мајка можам да кажам дека се уште не е стабилизиран со другото семејство. Блиските на мојот татко (сестра му, мајка му...) се уште не ја оправдуваат неговата одлука и неговото ново семејство додека со мене и со мама се во одлични односи. Без разлика на се, и какви и да се околностите разводот е најтежок ако имате дете, кое подоцна најмногу ќе страда поради вашите одлуки
Која причина е доволно голема причина да се одлучиш за развод. Не е лесно, никој не рече дека е, најмалку за децата. Коцка, лажење, манипулирање... Зарем не е доволно што сакам да живеам во мир, без да чекам кога ќе пукне следната бомба. Одредена сума, не била доволна за да се разведеме рече, ама изгубената доверба кој ќе ја врати. И не е прв пат, досега милион пати замижав, ајде за децата, ама не можам веќе, не можам. И сега јас крива ли сум што одам и ги земам децата, што ги делам од татко им, јас ли сум крива што ти направи што направи за да дојде до ова, јас ли немам жал за децата??????
А зошто да ги делиш децата од таткото? Извини на прашањево, ама не сфатив дали планираш да ги одделиш трајно или мислеше само делумно согласно околностите на самиот развод.
Јас не планирам трајно да ги одделам, му реков и на него, кога сака слободно, не му се забранети во ниеден случај. Ама тој ме обвинува така, не дека јас не сакам да му ги дадам, тие е се и негови деца, ни на крај памет не ми е да не ги пуштам да се гледаат. И за спиење ако сакаат тие може да ги земе, секогаш. Големиот изрази желба дека сака да остане моментално со татко му и го оставив, не инсистирав да дојде со мене. Тешко е, претешко, ама неизбежно беше.
Здраво, се зачленив зошто ми треба совет како да постапам... Ситуацијата е ваква... Во брак сум и имаме ќеркичка од година и пол. Пред бракот имавме проблеми, знаеше да се поднапие и да не знае за себе, но прекина одамна со тоа и мислев дека е доволно свесен за понатаму да не ги повтори тие грешки. Се беше ок, живеевме заедно 2 години пред бракот, го реновираме просторот кај што живееме, единствено имавме проблеми со мешање од неговите но успевавме да се справиме некако. Но откако се роди малата, се се смени. Првенствено почна да покажува знаци на љубомора кон моите во однос на гледањето на малата. Секогаш кога ќе дојдеа кај нас или ние кај нив, се однесуваше чудно, како да сакаше помалку да трае средбата. Истото однесување почна да го манифестира и свекрвата, зошто моите да дошле, или ако дојдат ете ја неа одма, а она доаѓаше секој ден, не помагаше ништо, само ми ја грабаше малата и и глумеше мајка. Мене почна ова да ми смета, но некако го решивме со разговор прво со маж ми а потоа со неа. Но, во меѓувреме маж ми почна пак да пие, си излезе и од работа и почна на неколку месеци да си менува работни места, да останува без работа подолг период и да подработува нешто колку да се рече. Свекрвата пак почна да се меша, дури и сестрата на маж ми почна со исто однесување-се они знаат како треба, малата требало они да ја чуваат ко ќе сум почнела на работа, ако некој од мојте ја види они одма реванш прават. Од целиот притисок паднав во депресија но за 2 месеци се извлеков. Маж ми демек тогаш имаше разбирање за мене, за денес на секое да ми префрла дека јас сум болна со паметот со документ. Почнав на работа и проблемите станаа уште поголеми во однос на чувањето на малата. Да не навлегувам во детали, значи љубомора, посесивни однесувања еден куп...во повеќе наврати кога неговите ја чуваа малата ги фатив како и даваат наполитанки сладолед и салами на бебе од 9 месеци. На моите примедби дека не смее така не обрнуваа внимание-што сум знаела јас како се гледале деца... неколку пати дури и ги фатив ко ќе речеше малата -мама, они и викаа-да ти се плукнам во мајка ти, мама па мама...Од целата ситуација мене почна да ме фаќа инает, не сакав будала да ме прават и да му наштетуваат на детето. Разговорите со маж ми дека треба да поставиме граници, секогаш завршуваа со кавги и со обвинувања кон мене дека јас не ги почитувам неговите, малата требало дома да биде а не да се носи по туѓи куќи мислејќи за кај мојте...почна да пие многу, кавгите се почести и во една прилика и ме удри. Почнав од неодамна да се сомневам дека не е само пиење во прашање туку и нешто друго. Неколку пати зениците му беа огромни, го фатив дека сокрил одредена сума пари, што е доволно за сомнеж... он, секако, одрекува се. Последно се испијани, но мислам дека беше во комбинација со друго, зошто стана агресивен ми упатуваше закани и ми изнакажа многу лоши работи. Му кажав и јас нему. Од тогаш живееме ко странци, тука сум ради малата зошто многу го сака и многу ми е жал да ја одделам. Меѓу нас работите нема да се поправат. Нормално, размислувам за развод, но не знам како е најпаметно да постапам... Многу се плашам за малата, не сакам да биде со татко кој лаже, пие се дрогира и тепа и баба и дедо кои лажат и манипулираат. Знам дека тие се спремни се да направат, дури и да фатат врски и да лажираат и докази, впрочем и многу други работи така ги решаваат..и затоа се плашам...како ли ќе докажам дека пие или употребува дрога, кога за зависник не е зависник. Тој дури сега и бубаче е, се воздржува од лоши однесувања намерно, а кон мене нон стоп упатува навреди...
Да сум на твое место одма развод. Разговарај со некој адвокат како да постапиш. Има начини да се докаже ако зема дрога. Не заборавај дека те удрил. Немој да го жалиш и да станеш од оние жртви што си го бранат насилникот. Детето е греота да гледа како се понашаат со тебе и да расте меѓу такви тешки будали како него и неговото семејство.
Не, не го бранам никако, тогаш за тогаш си мислев му е во афект, ама агресивноста продолжува вербално и свесна сум дека може многу лесно да продолжи и физички... Единствено се плашам дека нема да можам да докажам ништо... Он сега не пие, не сум приметила дека нешто друго зел, а секој ден ме навредува... Неговите се од оние луѓе препрепрефини пред светот, слаткоречиви, со смисла за хумор, а всушност се тоа им е маска. Да кажам на некој што се ми прават и ми зборат, мене ќе ме направи будала дека измислувам. И јас дури не ги познавав добро, мислев дека се перфектни, толку фини, мили... Всушност позади таа слаткоречивост и финоќа се кријат длабоко посесивни, нарцисоидни и искомплексирани души. Кои вешто се кријат пред светот.... Таков бил и маж ми кој вешто се криел и од мене дури не се роди малата. Затоа и се плашам, страв ми е дека нема да можам да докажам ништо... Читам спремаат и нов закон за еднаква поделба на родителството по развод, ако не докажам ништо нема да поднесам да бидам одделена од ќеркичката знаејќи во какви раце е..
"Тука сум заради малата затоа што многу го сака." Тој и да ја удри малата таа пак ќе го сака, сфаќаш? Ако ти ја сакаш малата ќе дозволиш да дојде до тоа да ја удри? Направи докази за ова што го кажуваш и најбрзо што можеш тргни по вистинскиот пат.
Ако си решена да се разведеш од него, дај си некое време колку да можеш да собереш докази за неговото однесување. Можеш некоја снимка скришно да направиш, ако не видео барем аудио, додека е пијан, урла и те навредува. А дотогаш прави се "неудрена". .. Јас така би постапила во таков случај, можеби не најдобро решение но со нешто мора да се почне...
Тоа и ми е целта, да соберам докази. Но, ако снимам не се важи ко доказ, единствено ми останува да пријавам во полиција ко ќе се деси нешто... и за дрогата не знам како би докажала дека зема повремено...
Што сакаш да добиеш со доказите? Поднесуваш барање за развод, ве викаат во социјалното, изнесуваш што имаш да кажеш, одите на суд, разведени сте. Ситуацијата во која што си, најпрво е поради тебе самата. Не знам зошто им потклекнувате толку на мажите и фамилијата нивна. Од улица ли ве собрале? Па и да е така, каде е твоето јас? Да ми брани кај мама да ја однесам или мама да ја чува или да ме прави нездрава? Попрво во лудница сите нив ќе ги испратам. Ова е затоа што уште во старт ќутите и после друг е крив. Не е свекрва ти крива. маж ти и дал тотално право да се однесува така. Додека не сржиш и да заминеш ќе биде така.
А колку се влијателни нешто спомна претходно, какви ти се твојте можности за добар адвокат и поддршка од твоите? И какви се неговоте во таа смисла?