Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Како не ти е срам! Он ја удрил, ти и викаш сама си крива! Свекрвата на детето му вели да ти се плукнам во мајка ти, ама свекрвата не е крива. Ова ти е како кога ќе речат, криви се што ги силувале пошо се облекле убаво. Ај не се сили овде на форум пошо не можеш да му ја знаеш маката на луѓето, ти да беше во ваква ситуација, сите ќе ги испотепаше и сите ќе ги однесеше у лудница, најјака си браво. Жртвите на семејно насилство само треба да заржат и ќе ги решат сите проблеми, тоа што некои жени се претепувани и убивани како резултат на семејно насилство затоа што зуцнале тоа не е битно, измислици се тоа. Се обидуваме да најдеме решение, да има секој поддршка, услови, пари за адвокат, секој знае како да постапи, фала што ни кажа.
     
    На NEA и zalosna им се допаѓа ова.
  2. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ти поштеди ме од коментари.

    Не реков дека ја удрил она оти е крива, туку дека е крива што дозволила така да се изживуваат со неа. Затоа што уште во старт не пресекла. Кој се они да и кажуваат на мојата ќерка погрдни зборови за мене, да и даваат тоа што јас не дозволувам и да ми бранат да одам кај моите или моите да ја чуваат? Они да не ми ја родиле случајно?
    Мајка му така се однесува затоа што нејзиниот син дозволил.
    Нејзиниот син дозволил затоа што не ја цени жена му.
    Не ја цени жена му затоа што таа сама се поставила така.
    А ти не си таа што ќе ми кажува каде да коментирам каде не.
    Поздрав
     
    На Darija*, candy.cane, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Јас не ти кажувам кај да коментираш, тебе првата реченица ти е поштеди ме од коментари. Поштедена ќе си во живо кај што можеш да си одбираш со кого да збориш, на форум неможеш кај што секој има право да ти реплицира.

    Девојката не побара овде психолошка анализа да направиме на секој член од семејството зошто правел така.
    На никого не му е забавно да трпи насилство, едноставно жените трпат пошо некогаш алтернативата им е улица. Ако мислиш дека секој има поддршка и пари извади си ги розевите очила. Родени родители не те примаат назад бидејќи било срамота од комшии. Можеш да бидеш најголема феминистка ама ептен е незрело да размислуваш дека треба само да покажеш заби и се ќе се реши. Особено кога си со дете. На никоја жртва не смееш да и речеш сама си крива затоа што си допуштила. Никоја не може да биде крив затоа што мажот дошол пијан и ја влепил. Ти со ова само правиш додатни чувства на вина, која е поентата да даваш такви коментари на некој што веќе страда, ако не можеш да дадеш коментар на поддршка сериозно зошто коментираш, се обидувам да сфатам дали мислиш дека уствари помагаш?
     
    На NEA, zalosna и piksooki им се допаѓа ова.
  4. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Не гледам каде сум напишала дека оправдувам насилство?
    Да, помагам со тоа што и укажувам дека не треба да чека господинот да го повтори делото и да собира докази.
    Што треба да чека да ја отепа па да побара развод ?
    Објаснувам дека треба да поднесе барање за развод за натаму има институции кои се должни да ја испитаат и завршат останатата работа.
    Храброст треба да се има секогаш. Ако седиме, ќутиме и трпиме не добиваме ништо. Може само полошо да биде. Ете толку.
     
    На Divinebutterfly, candy.cane и FVP им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Она знае дека не треба да трпи насилство, затоа и го пишала постот. Целиот муабет е дали има помош од нејзините, на кој начин може да и наштетат, дали има пари, има дете и плус е трудна, дали има кај да живее, полиција еве ти кажи ми реално колку мислиш дека помага? Некогаш кога си жртвата во ситуацијата не можеш рационално да процениш па бараш совет од друг што бил во иста ситуација и затоа се упатуваат емпатични зборови. Нема смисла да и кажуваш колку е слаба што не може да се избори.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowwhite18

    Snowwhite18 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Од моите имам поддршка, би ми помогнале и за адвокат. А неговите имаат многу врски и познатства и многу работи ги решаваат со мито и тоа повеќе ме плаши.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Те молам разговарај со некој добар адвокат и да му ги кажеш овие работи. Работите се менуваат, веќе не се решава се' со врски. Он ќе ти каже за кои работи си ти во предност и што можеш ти да направиш. Сигурна сум дека и многу се нашле во ситуација слична ама за тоа се адвокатите и невладините организации кои не работат со мито. Еве неповрзано со оваа тема, ама сега ми текна на овој рудников за злато што сакаа да го отвораат, тука многу пари беа во игра па пак луѓето што протестира со макотрпна работа ја истераа работата и спречија отворање на рудникот. Сакам да кажам гледај да не размислуваш што можат они пошо има и многу работи што ги можеш и ти.
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Ретко кога социјалната служба децата ги доделува на таткото. Ептен ретко. Не седи ради детето, затоа што детето ќе расте со трауми.

    Чим имаш поддршка од твоите ете ти ветер во грб да покажеш заби. Се ќе разберам, караници, фамилијарни несогласувања, ама некој да ме понижува, тепа и да дојде една вечер и да му се присака и јас да му ја задоволам желбата! А бе ми се гади на помислава, не па да можам да го прифатам.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snowwhite18

    Snowwhite18 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за охрабрувачките зборови!

    Знам, но читав дека подготвен е нов закон кој е во собрание на комисија, за рамноправно родителство при развод, затоа сакам да докажам дека е насилник, алкохоличар и уживател во дроги.
    Но, сепак најдобро е да се консултирам со адвокат. Фала ви на сите за одвоеното време и советите!
     
    Последна измена од модератор: 12 ноември 2019
  10. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Јас од искуство и зборувам. Обично "јаките" мажи пред институциите се губат.
    Сите оние што инаку се силни, пред социјално, суд, полиција обично ја виткаат опашката. Твое е само да покренеш постапка.
    Процесот не е лесен, но е битен за да можеш да живееш мирен живот.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Тоа е за сосема друга цел. Не да се земат децата од мајките, туку за да и татковците се вклучат во животот на децата. Многу често ги гледаат 2 пати месечно по 1-2часа. Реално малку е.

    Детето не треба да биде инструмент за докажување и инаетење меѓу родителите. Мм е од такви родители и верувај не е лесно за детето. И по 30 години уште е во таква позиција. Јас сега што гледам ме нервира, не па така да растеш.

    Мораш да го гледаш општиот интерес на тебе и детето. Ако тоа веќе не е здрава средина, треба да размислиш убаво. Сепак не е лесно да се замине од дома.
     
    На candy.cane и zuto им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    174.075
    Ти го разбирам стравот, познато ми е сето тоа -таквите кои решаваат се со 1 кревање на тел. Меѓутоа ,мора да издржиш , да се бориш без оглед на се и да не им покажуваш страв.
    Верувај да они брзо ќе се заморат и ќе те оставаат на раат... само стој исправено и држи здрав ум .
    :hug:
     
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже која е процедурата и што документи треба за развод?
     
  14. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Адвокат, двајцата со лични карти кај него, и од децата изводи мислам, ако имаш деца
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Треба извод од матична книга на венчани, копија од лична карта и изводи од деца доколку ги имате.
    А процедурата зависи, дали имате спогодбен развод или со тужба.
    Може и сама тужба да поддадеш во суд, се плаќа 800 денари такса.
    Ама тужбата треба да ти биде напишана добро. Најдобро адвокат да ја состави.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cvetcetoo55

    Cvetcetoo55 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да го пишам ова,но ми треба помош.Мајками и таткоми се разведиле па мислам дека на мајками некако и влијае тој развод бидејки откако се резведиле веќе поминале 16години(откако јас сум се родила),но таа дури пред 2 недели го извади прстенот и обетките и рече дека ке ги продаде,но сеуште се во ташна бидејки несака да ги продаде.Па да прашам,дали би било добро јас да ги однесам во златара,ако ме праша мајками дека се да кажам дека ги е изгубила сигурно,бидејки мислам нема зошто да ги чува..и колку пари даваат од прилика?Инаку,немам никаков контакт со таткоми бидејки тој не се интересира ни најмалку за мене и ме оставил кога сум била бебе..
     
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    13.552
    Пол:
    Женски
    Ќе рзговараш со мајка ти и ќе и дадеш причини зошто не треба да ги чува. И ќе одите заедно нека си одбере нешто убаво за неа со тие пари нека ги замени.
    Како може ти да одиш и да и ги продадеш? Не е во ред!
    Па уште да лажеш дека ги изгубила? Подобра варијанта е да ги продадеш ти, а парите да и ги дадеш на мајка ти како тоа ќе лажеш не е мала работа.
     
    На oblace1, Stressed Out, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Во никој случај немој сама, па и уште да ја лажеш мајка ти. Тоа е кражба. Заедно појдете, одберете нешто за вас две или земете си пари. Мерат таму колку тежи златото и ќе ви кажат процена. Мајка ти те растела сама, самохрана мајка била, не заслужува од тебе да ја лажеш и крадеш.
     
    На girl-miri, Butterfly1107, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Од тема проблем со свекрви еве ме во развод..мм одлучи да си живее со мајка си мене ми рече те сакам ама спакувај се и оди си.
    Еве ме кај мајка ми со бебушка 9м.
    Се разведуваме, ми претат дека ке ми го земат детето.
    Во август се случи истово, одлучив да одам на психијатар и нормално имав терапија и од тогаш сум многу по смирена и сталожена. Во ни еден момент не се случи да не сум способна да си го гледам детето. Битен е овој дел бидејќи сеуште пијам терапија ( Асентра 1 во ден) и свекрва ми направила документи дека не сум психички добра за да ми ја земат керка ми, притоа завчера ме принудија да напуштам работа така да сега сум во не работен однос.
    За работен однос е лесно ке ме осигураат во една фирма ке си плаќам..
    Се плашам за бебушка..? искуства, совети?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.079
    Допаѓања:
    179.137
    Пол:
    Женски
    @Eni.r ќе си останеш смирена прво поради себе, потоа оти таква најмногу му требаш на бебето, а на крај и поради екс фамилијата која тоа само ќе ја фрустрира.
    Сама кажа ќе те осигураат во друга фирма, тоа е плус. Кров над глава имате. Ќе си најдеш добар адвокат и никој нема да ти земе бебе. Никој! Па свеки документите слободно да си ги напика where the sun don’t shine!!!
     
    На Divinebutterfly, Butterfly1107, Antebellum и 12 други им се допаѓа ова.