Оти не читаш што пишува? Вербално насилство, пријава во полиција со опомена, спиење од јутра до сутра кога е дома, без амбиција да сработи нешто...и јас би оставила ваков човек. На оној што му е дојдено до фамилија, нема да прави вакви работи. Типот оди во странство оти бега од обврски, не сака фамилија, не сака да биде врзан. Човек што сака да заработи и да има семејство и тука ќе се снајде.
Ne znam dali ne razbiraat ili si vikaat ovaa e luda sto za vakvi raboti go ostava )) da ne zboram kakvi brakovi ima i sto se trpat zenite kaj nas. Ama pak ke kazam, jas istrpev i poveke od dovolno i mu dadov milion shansi, na kraj se bese dzabe. Planot za odenje bese bez moja dozvolaz odlucil sam, iako go znaese mojot stav. Jas uste prviot pat kazav deka poveke ne sakam takva vrska a kamoli brak. Ama namesto ovie 6 meseci da se potrudi da sme zaedno, parazitot spiese i cekase da dojde vreme da kaze odam.
Како главен проблем го наведе тоа што одел да работи во странство,а не седел тука со неа и бебето и не работел за 400 еур. Ја читаме само едната страна. Медаљата има две. Тој и пред да се роди бебето бил на работа во странство. Таа кажува кога се вратил спиел и чекал од други пари?! А парите заработени од странство,не ги спомена. Ако работел 6 месеци надвор физичка работа со многу голема сатница како најчесто и работат,па зошто и не смее да одмори некој месец?! Фали тука некој детал. И нејзиното притискање и зборење да биде по нејзино е насилство. Наметнуваш на човек , ти како сакаш. Можеле и уште можат да најдат компромис. Да направат план како ќе живеат,да намали месеци со работење таму. И на крај зошто детето да расте во семејство без еден родител затоа што не се доволно зрели да најдат заедничко решение. Ти не треба никому да даваш дозвола. Исто ко на тебе никој што не треба да ти дава дозвола. Туку компромис.
Ама баш, членката јасно си кажа дека и покрај тоа што заработил пари во странство не ги трошел парите на сопругата, ниту на детето, туку ги трошил парите од нејзиното породилно. Лежел, не барал работа, не аплицирал. Јасно е, не сака да споделува заеднички живот. И не не смее да си ја навредува сопругата во никој случај. Инаку, има профил на лица кои се навлекуваат на ваков тип работа надвор со децении, односно се додека ги примаат и можат да работат ( брод, Ирак, Афганистан), парите ги влечат и си велат уште малку, уште малку и така до без крај. Во овој случај семејството нема бенефит од овие пари, па да стисне заби. Очигледно, само тој лично има. И ако вака бега од дома додека малото е бебе, што ќе биде кога ќе порасне. @Ana_zvezda86 , што и да одлучиш заслужуваш подобро. И мислам дека и покрај ситуацијата си прилично разумна и трезвена.
Човек кој си ја сака фамилијата и битно му е нејзиното добро, нема 6 месеци да чмае дома. И мажот ми одеше и работеше во странство, а кога доаѓаше тука пак работеше. Без разлика што не мораше со прст да мрдне, работеше и на крај одлучи да остане тука и да си најде друга работа. Како да најде заедничко решение со човек што по цел ден спие и детето не го погледнува? Ок, му треба одмор, работи напорна физичка работа, месец дена се доволни за добар одмор. Како да најде заедничко решение со човек што ја малтретира психички и не прифаќа ништо што ќе му се каже? Можеби и нејзиниот пристап е лош, не велам не, ама со некои луѓе нема нормален разговор. И за жал, обично родителите се во право кога се во прашање партнерите на нивните деца, оти нема субјективност во нивните проценки.
Членката не го опиша така на почеток, рече дека маж и ќе оди во странство, а има многу такви. Не знам што сакаше да докаже. Секако, никој не треба да трпи насилство, со таков ни во врска, а не со мало бебе.
Никаде не пишува дека не ги трошел парите на неа и бебето. Туку дека не сакал да работи за 400 еур. Зависи колку заработил. По 2000 еур месечно надвор,еве нека не биде брод или не знам каде. Тоа се 12000 еур за 6 месеци. Со 400 евра би заработил 2400 тука. Пак ке речам една страна ја слушаме тука без многу детали . Психичко малтретирање е некој над глава да ти стои и да ти кажува што треба да правиш. Да беше обратно мажот да и стоеше над глава и да и збореше секојдневно мораш да работиш,паразит си,немаше да го прогласиме за малтретирање? А ти си направила годишна плата тукашна однапред? Нејсе,нивни брак.Нека се разведат ако мислат ота е најдобро за нив. И не,родителите не се често во право,де снаи не им чинат, де зетови. Од многу нивни проценки и мешања во бракови на децата ,еден куп бракови се распаднаа. На мојата кума,мајка и ја полнеше главата како мажот не бил за неа,ваков таков,се разведоа за да после 5 години повторно се смират и денес се 15 год.брак.
Ne se razbirame. Vaka, prvoto odenje bese so izgovor deka mu trebaat pari za da vraka kredit i neli sto ke ostane za zaednicki zivot. I deka posle toa nema da ima vtoro zaminuvanje. Jas se sloziv so toa. Se vrati, parite se vrakaa vo banka i se potrosija brzo. Prashanjeto e ZOSTO odma posle vrakanjeto ne pocna so baranje rabota, ke povtoram pak NITU EDNO prateno CV nikade, so izgovor sto ks rabotel toj za 400 evra tuka podobro doma ke sedel, a znaese deka nema pari i cekase da stigne momentot koga ke kaze epa moram pak da odam. Pa normalno deka moras koga site meseci nanazad si spiel i si cekal, a ova e najlesnata varijanta i najsebicnata. Da napomenam deka rabotata mu bese 3 saati vo denot drugoto bese po plazi, muzei i restorani i spiese do 12h. I uste nesto OSOBATA ima CELI 40 godini, i mesto kako maz, tatko roditel da ne gubi vreme si lezese bez oko da mu trepne. Epa ako ova ne e sramota ne znam sto e. Ne e sekoj za roditel i toa e. Za zal vo slucajov jas sum najkriva sto dozvoliv mnogu raboti no sega e veke kasno. Da sme zdravi zivi
Добро значи од неговата заработка сте вратиле кредит,и за заеднички живот што останало.ок На брод работи? Мислам дека е повеке од јасно дека после поголема странска плата му нема смисол тука да работи,многу го имаат тој синдром,дури и паѓаат во депресија. Наши познаници вака после враќање од странство,мажот 2 год.не работеше,во депресија падна ,цел ден само на тераса седеше,а децата школска возраст. Но се оправи,еве сега работи,се средија. Јас пак ке ти речам пробајте да го спасите бракот,најдете начин и ако оди,ова да е навистина последен пат, и со парите ршто ке ги заработи да најде решение на пр.тука да отвори бизнис. Тоа ако се сакате. Ако не ,тогаш џабе е се.
Што да спасува, па она не е заљубена веќе у мажот и. Нема спас тука. Разведи се, спасете го тоа дете да не расте у брак без љубов.
За 3 саати дневно колку може да заработи? Тие пари не му се доволни за смештај и храна, а не да ужива таму. Плус нема шанси и да му остане тука да врати кредити и за други трошоци дома. Тие што ги знам, што одат во странство, никој од нив не работи по 3 саати. Туку по 10-13 саати, главата не знаат кај им е. Немаат време да се одморат, а не да уживаат таму. И одат во странство да заработат, за да имаат подобар живот. А не тука за истите тие саати да земаат мизерна плата со која не може ни најскромно да се истурка месецот.
Црешке , ако ти кажам дека еден од форумот ми има пишано да се видиме, тоа беше минатата година Ноември месец- дечкото вози камион и вози по Европа. Буквално му ја покажав пораката на маж ми , во таа порака стојат фалења дека тој истиот дечко веќе имал секс со 3 други членки од форумот. Искрено да ти признаам, бааги беше упорен и покрај тоа што му кажав дека сум пред веридба и секако беше одбиен, но зборот ми беше дека тоа што работи во странство не значи дека нема да најде време да изневерува. Затоа отварајте очи и не бидете толку наивни ако вашиот сопруг заминал да печали странство /// секоја чест на исклучоци со верни мажи.
Ако работел на брод, тие позиции што се во казино, гифт шоп и сл. работат мн помалку саати во денот зашто не смеат да работат додека е бродот на порт. Членката не потенцираше, ама со оглед дека е на 6 месеци претпоставувам е брод. Како и да е, главниот проблем тука е што он си тера по негово, без да земе предвид што мисли она. 6 месеци се многу. Се ставам на нејзино место, за се околу детето треба да се снаоѓа сама, и мајка и татко да му биде. И кој е тој живот да имам секс со мажот ми 2 пати годишно. Не може он сам да реши, одам јас чао. Ако ми е за сама дете да гледам па ќе одам на варијанта донор на сперма него ли некој да ми врши психички терор.
Имам прашање за развод. Во спогодбен развод кај што едното дете ке биде со татко му (13 години има), а помалото со мене (1 год), дали би го викнале на разговор поголемото дете во суд? И како одат сите процедури за развод ? Благодарам
Со ЦРС викаат на разговор, ама само родителите, да Ве прашаат поселден пат дали има шанса да се смирите и како ќе биде поделбата на децата. Ако разводот е спогодбен, тогаш нема викање деца по судови.
Се надевам тој чекор ке го рипнеме зошто веке 2 год не живееме заедно и не сакаме да се помириме. Во секој случај ме интересираше за детево дали и него ке го викаат дека е поголем, па да се изјасни и он.
Не викаат деца. ОСВЕН ако и во ЦСР не изјавите т.е. не потпишете документ-согласност за респределба на децата.
Сите знаеме луѓе што одат странство, а фамилија тука. 400 евра не се ништо да, ама бебето да ти расте без татко? Би се лутела и тоа како. Секаде заедно. Или тука или странство. Можеби за некои функционира. Јас не би можела
Kako sto kazav i pogore. Na kraj se sveduva deka parite se samo izgovor za da se oslobodi od obvrski, da si sheta slobodno i da si go zivee zivotot kako sto saka SAM. toa e sebicno j neodgovorno za bilo koj roditel posebno za tolku malo bebe, da go ostavis samo i da mislis deka pratenite pari ke mu zamenat ljubov. Jas nema da dozvolam takov brak, posle prvoto odenje kazav deka ne sakam taka da funkcioniram no ne se pocituvase nisto sto kazav pak ne barase rabota pak dojde do toa da mora da odi. Na kraj, covekot TOJ bil naluten i se slagal za razvod zosto sum mu kazuvala koga da stanel kolku da spiel. Da povtoram sedenje do 4 am i spienje do 11h SEKOJ DEN pola godina a imas bebe stotuku rodeno. Luge, izlisen e sekakov komentar i pisuvanje. Ednostavno ne e sekoj za roditel, i nema sekoj srce. Vo slucajov jas ja imav taa nesreka da se omazam za takva osoba kade sto ni deteto ne go doprelo do srceto pa da rece ke napravam se za da bidam tuka tuku povazni bea svoite potrebi za sloboden zivot. Uste ednas ke kazam fala na site za sovetite i mislenjeto ❤️❤️❤️