Мајката планира да живее таму со детето. А тоа проблем. Не знам колку таткото би дал согласност. Ако родителите се разведени треба согласност од таткото. Од искуство на комшиката и на други што ги знам. Таткото потпиша за пасош, ама не дава дозвола. И женава не може да мрдне надвор од државава.
Сосема друг муабет е ако планира да се пресели. Ако своеволно ја напушти државава со детето, во тој случај врши кривично дело Одземање дете.
Знае ли некој отприлика за колку време се закажува рочиште? Се работи за тужба за развод. Имено, на таткото (кој патем е во редовен работен однос) не му одговара сумата одредена за алиментација за малолетно дете која законски следува, односно 30% од примањата.
Sekako ne mu odgovara. Ako moze da pomine so 1000 demari mesecno i plus da si shetka sloboden. Si ucat eden od drug i taka gi sovetuvaat advokati kaj nas, a majkata neka se slika so site teskotii sama.
Од искуство со другарка во тужење со кое дојдоа до апелација да ти кажам дрка таткото нема шанса за помалку да плаќа. Бившиот на другарка ми нема живеалиште живее под кирија со мајка му, еден негов кредит плаќа и плус што беше жирант на татко му кој почина,и тој го плаќа, значи 2/3 само за кредити ,плус кирии...пак го одбија со образложение кредитите не се земени за детето,ќе си плаќаш и точка(реално така е). И ете од 15 000 плата , 5000 му е алиментација.А кога другарка ми му рече давај 3000 не мора повеќе, се правеше силен како ќе давал само 1000ка пошо бил заглавен и ќе одел до апелација, за на крај сам си се намести...Си правел дете ќе си плаќаш, пола пола со мајката и нема тука не сакам. Малку офф извини ама се нервирам со татковциве... Инаку рочиште зависи, ако се жалел на одлука, ма се зависи како ќе им текне...може месец,може 3
@jarec6 Напротив, конкретно ова ми беше потребно да го знам, примерот е сличен на мојот. Секој совет е добредојден. Ти благодарам многу!
Cesto znaat da se dogovorat so rabotodavacite i da im ja promenat platata t.e da im pustaat pomalku na smetka(ostatokot da im go davaat vo kes),ne e vo red no go pravat.
И јас да сум маж, тоа ќе го направам бидејќи јас ако земам 1000 евра или 60000 плата јас на неа нема да и давам 30% од платата или 18к. Нека најде работа и нека работи, а не само на мене да чека. Не ви ја сфаќам поентата, значи океј е таткото да дава пари за детето ама тоа е само за потреби на детето ама одредени мајки мислат дека таткото на детето е должен и нив да ги издржува од кога ќе се разведат само затоа што имаат дете епа не е должен...
1000 евра да земаш и мислиш дека со 18 илјади денари ќе ги покриеш и мајката и детето и затоа таа нема да работи, колку наивно
Само трошоци на детето половични, зашто да плаќам за мајката? Градинка 2000, од мене 1000 денари за тоа. Англиски и пливање 3000 денари, од мене 1500 за тоа. Трошоци на детето за храна и облека 10000 месечно, од мене 5000 за тоа. За сметки што ми троши детето 1000 доста е. Размислувам како машко во оваа ситуација, и така би направила кога би била татко.
Па тие пари сепак се предвидени за детето да се потрошат, не дека она не треба ич да плаќа. Башка не знам колку луѓе зимаат 1000 евра плата
Има многу... па заради тој глуп закон мора да плаќа 30% од плата а госпоџата да се праи да не работи и да изиграва јака мајка по социјални мрежи. Затоа треба да се направи закон алиментација да биде според трошоците на детето а не примањата. Така е во повеќе ЕУ земји. Така ќе бидат и мајките заштитени ако татковците работат на црно.
А каква разлика прави полот при плаќање на алиментација? Полов начин на рамислување, оуемџи? Безразлика кој од родителите плаќа алиментација, да негодуваш и да не сакаш да дадеш пари за сопственто дете не е нормално. Ценкање небаре на пазар роба бираш, апсурдно е и во исто време реалност за мнозинството на овие простори. Место да се трудиш што повеќе да инвеситраш во него. Не ми се верува што ќе прочитам по нетов за вакви чувствителни теми, се почести се ваквите безосетни, глупи мислења.
A pa edno stp zemaat kaj nas 1000 evra. A i koe ti e razmisluvanjevo ne znam, a toa dete ne saka da proseta, ne saka da mu kupis igracka, ne saka da mu kupis cokolado, pa mleko, se nauicle plaka po 1000 denari a ide sheta nekoja 20godini pomlada svakerka ja casti,ma nemoj.. Kaj nas i te kako begaat od davanje pari za dete i ic ne im e gajle kako majkata se snaoga.
Инвестиција во детето со тоа што ќе и даваш повеќе пари на мајката освен оние што се за неговите трошоци ли? Пример плаќаш градинка, воншколски активности, храна и облека и тоа се половично, а ако го плаќаш ова се целосно ти го плаќаш и делот на мајката кој треба да го даде за детето, и уствари наместо мајката да плаќа половични трошоци за детето ти го плаќаш тоа и парите што и биле за тоа она ќе ги троши за друго значи ти на неа и плаќаш маникир, педикир, депилација, фризер, облека, шетање. Зашто мислам, која е потребата тоа да и го плаќаш индиректно со тоа што ќе плаќаш целосно трошоци за детето?
Што збориш бе, се половично, а тоа што мајката го чува дури е болно, таа го рани, го успива, живее со него, а мажот го направил, а само пари дава, тоа како ќе го платиш, грижата за детето 24/7 како ќе ја платиш? Воздржи се од коментари на осетливи теми кога немаш искуство
И јас се согласувам со мислењето испаѓа мајките неспособни да испотат гз и ајде и после разводот да ја издржува, јас не би плаќала, на детето би му давала а да давам 30 посто од мојата плата знак прашалник е дали ке се потрошат тие на детето
I da se razbereme ljubovta i grizata ne moze ni edni pari da ja zamenat, zatoa ne znam kako moze nekoj da razmisluva deka na toa dete ne mu trebale mnogu pari od tatkoto pa uste se cenkaat i ajde majkata kaj po celi denovi se grizi i go raste sama pa i neka plaka se. Sramota Nesposovni se tatkovicite sto se tuzat i fakaat vrski i "POTAT GZ" samo za da ne plakaat za sopstveno dete, a ne majkata sto go posvetuva zivotot 24/7na toa dete. Kako ne vi e sram so vakvo razmisluvanje
@нина122... колку години имаш? Зошто мислењево многу ти мириса на наивност и гледање амерички филмови. И на интернизирана мизогинија. Прво, мислењето дека на мајката ќе и останат пари за да се дотерува со парите од бившиот откако ќе ги подмири сите трошоци околу детето со парите од алиментација, е, благо речено, комично и врска нема со реалноста. Особено па во Македонијава. Второ, очигледно кај нас разведена жена треба на плашило да личи за да не ја збори средината. Ако делува пристојно, со средена коса и без влакна на нозе, очигледно е лоша мајка која, место на детето, на себе ги троши парите од алиментацијата. Трето, направи муабет со разведени жени па после дојди пак на темава.