Поентата ми беше дека треба да работи и да допридонесува исто колку таткото, а не да се мисли дека алиментацијата треба да ги покрие целосно трошоците и да се потпира само на неа. Или како членките погоре што кажаа го успива, го рани, го чува и затоа бил должен да дава повеќе пари.
Дај читај ги мислењата убаво и толкувај што сака да каже, а не во секоја тема те има со некои свои детски размислувања. Да детето на 5 години само ќе пазари, за случајно да не ги потроши мајката за себе...
А знаеш колку се месечните режимски трошоци? Струја, парно, вода? Интернет? Прашокот со кој се пере облеката на детето? Се расипал компјутерот, треба да се поправа или да се купи нов. Телефонот рикнал. Треба на роденден детето да оди, треба подарок да купи за другарчето. Влезници за кино, театар. Тинејџер сака во град, треба пари да му се дадат за искачање. Во Мк нема мајка која може да живее само од алиментацијата на мажот. Амерички филмови се тоа. Затоа ти реков, разговарај со разведени жени, ќе ти се смени мислењето на темава. Фала што ми го потврди ставот Ти од каде знаеш дека баш со негови пари е средена? Убаво реков јас, кај нас, ако разведена мајка не личи на вештерка значи крати од детето.
Што ви е на вас бе???Кој збори за мајката да не работи? Сериозно мислите дека дете се гледа со 5000? Епа посакувам да се разведете и тој да не дава пари за издржување на детето па ќе ве прашам Алоо секој ден детето јаде по 3 оброка, ужинки, облека треба , играќки, боици боенки,топки и што уште не. Сериозно мислите фека мајката ќе живее од третината што тој ќе ја дава??? Значи судот вика за дете се потребни пример 15 000 за детето трошоци, пола он пола мајката. А не си прајте барјрам на мозокот што 10 души зимаат у државава 1000 евра на сметка. Бидете реални. Тие селски муабети немам намера мајката да ја издржувам ви се смешни... Мислите дека дете и мајка со 100/200 евра се издржуваат?па уште ќе шетала?ало бре што се 200 евра. И чим го напраил ќе си делат се на пола. Нема тука сакам нрќам. Како таткото така и мајката пола пола. Како што знам заедно го правеле.
Мене не ми се верува колку е нашава црна земја толку погана Како тоа треба да се дава алиментација? Како тоа мажите се таргет за напад? Зарем нема мажи кои ги чуваат децата? Зошто треба полово да се таргетира? Наместо заедничка љубов и грижа за децата тука се збори со огромна омраза дека некој мора да плаќа алиментација? Па ако тој или таа, дојде ред на суд да се одлучува за алиментација на сопствени деца е. бати волот или кравата кој/а несака да придонесе за развој на сопствените деца!! Што има врска брак или развод? Ај сега децата да ги фрлиме некаде ако сме се развеле, не се поише наша грижа?!?! Мислам кој дебилизам од луѓе, ако воопшто се нарекуваат луѓе таквите. Наместо да се борат за поголемо внимание и грижа на децата после разводот тие се судат кој колку алиментација ќе даде? За своите деца... Па што е побитно на светот од сопствените деца??? Излишно е да се коментира за вакви теми кои единствено кај нас се борба за докажување и натпревар меѓу бившите сопружници кој повеќе го заебал другиот, не мислејќи за децата. Познавам случаи и каде мајката на свои 30г ги остави двете малолетни деца на бившиот и сопруг за да си живее сама. Небитно, ниту тој е пример за децата ниту таа. Разводот значи уште поголема борба за успех на децата, нешто кое го усрале во бракот и сега имаат обврска да го поправат, не да се докажуваат и судат. Ако дојде ред да се судам за 6000ден алиментација кои несака да ги даде за сопствените деца, ич не ми требаат. Налет од такви скапаници кои се задоволни со тоа што тргнале "грижа" и "терет" од својот живот за 6000 ден. После разводот и двајцата бивши си имаат сметки и трошоци без разлика каде се децата, тоа не значи дека треба да се заборави на љубовта и начинот на кој тие деца треба да се извадат на прав пат. Ми потребале парите што ги заработувам ако ги гледам децата еднаш на две недели. Ебати таков живот.... Децата пред СЕ!
Морав да пишам дека се согласувам потполно со Роберт... иако сум жена, иако сум мајка, иако сум дете на разведени родители... Значи не се само жените жртви. Жени знаат да бидат и поголеми манипулатори. Не ги даваат децата да ги гледа таткото кога сака, ни па неговата фамилија, а за алиментацијата очи вадат. Вакви случаи тука во земјава еден куп. Не оправдувам ни мажи ни жени, критикувам родители на кои детето вистински не им е на прво место, а осудувам кога детето се користи како средство за манипулација за своја корист.
Абе мислењево ти вришти.... Што праиме ако мајкава зема и она 1000 еур плата? Пак мажов ќе си ги даде тие пари што треба без разлика 15000 или 60000 денари земал, и сигурна сум дека на мајкава нема да и требаат парите од мажот за да се среди месецов. Ако таткото треба да плати алиментација според закон не значи дека мајката чека на неговите пари. Кај прочита "повеќе пари"? Да си даде колку што треба по закон. И очигледно незнаеш колку е тешко да имаш и чуваш дете сама, а тој некој да го гледа два пати во неделата. И едно прашање. Да не дојде до развод, таткото секако горе доле истите пари ги дава за детето така? Што е проблемот ко така?
Аман бре, мајка пак мајка. Еве мајката треба да плаќа алиментација, а мажот не оди на маникир и педикир но има други потреби. Жената по автоматизам ќе го издржува бившиот во тој случај? Половични трошоци, и што? Водење математика и океј, ако сакаш се да делиш на пола ќе имаш евиденција па после ќе фаќаш кусур. Ама не сакаш да вложиш нешто повеќе во сопственото дете? Време и пари? За него/неа, и за вас (кога сте) заедно? И претходните коментари за тоа дека родителот со кое живее детето, повеќе се грижи за него па као тоа го ослободува од други одговорности, сериозно го мислите тоа? Лол. Равно е на ценкањето на другата страна за алиментација, само што овде не се финансиите, а вашата грижа. Навистина не го согледавте резултатот пред да ги изложите коментарите како релативни мислења тука? Не секој треба да се размножува, да.
Испаѓа дека едниот родител му е малку повеќе родител од другиот родител само затоа што детето живее кај него и треба да ужива повеќе права.
Нема врска машко или женско, во случајот женско прашува. Ако го чува детето таткото,мајката ќе си дава дел нормално. Затоа што подеднакво треба да ги имаат трошоците и крај на муабетот. Двајцата го правеле двајцата и финансиски и секако ќе учествуваат нема тука лутиш.
Не смее да се дојде до таков краен заклучок. Него, ќе ми одговориш на прашањата кои ги напишав кога те цитирав или не? Пошто вака контрадикторна си.
А зошто само татковците се напаѓаат? Има татковци кои супер би се грижеле за децата, за разлика од мајките кои знаат да глумат жртви. Има жени кои се многу безобразни. Не оти многу ќе се грижат за децата, туку да го нервираат бившиот сопруг. Колку што е мајката родител, толку е и таткото.
Апсолутно дека треба подеднаква грижа од двајцата родители. И воопшто не треба детето да се гледа како "трошок" туку како нешто на кое треба да го посветиш животот, а не само парите. Нели затоа сме родители, јас и незнам побитна суштина од тоа кога ќе станеш родител поголемиот дел од времето во остатокот од својот живот да го посветиш на детето. Некои успеваат во тоа некои не. Некои тежнеат кон тоа а некои не. Без разлика на пол. Ако дошло ред суд да ми рече пари за децата да давам а јас да не сум свесен за тоа, подобро воз да ме згази, барем од осигурање нека земат децата...
Па за жал тука е така. Те разбирам и те поддржувам дека судот не треба да ти рече ,дете ти е нели сам треба да сакаш се да правиш за него. Ама од луѓе што викаат ќе ти дадам "илјадарка прај шо сакаш" татко ли е тоа? Или ти купив пелени и ги фрла... Па извини не ми ги купи мене ги купи на детето...твое нели Жалосно што децата си патат од такви комплекси. Лично кај мене нема полова делба заедно го правеле , заедно ќе се грижат. А они ако сакаат уште 5 жени/мажи нека сменат, детето си е дете. Ама не мисли секој така.
Епа истово повтори си го за ситуацијава со таткото и ајде да заклучиме дека татково со неговата алиментација од неговата плата, не е способен да ја финансира мајката за маникир, педикир и незнам ти што, туку тие пари се малку и за детето
Имам многу многу лош пример од другари од маалото во кое израснав. Израснавме сите заедно, како другари нормално. Тој си имаше девојка таа дечко. Одеднаш сите дознаваме деко они двајца ќе прават свадба дека ќе се венчаат, причината била трудна од него. Сите вчудоневидени, ама тоа е. Бидна свадба, сите го збореа дека ја земал трудна од дечко и, ама кога се породи, детево плукнато на него. Бидна година две, ќе се оставаат. Да, никогаш немало љубов помеѓу нив. Он дома не се прибирање, она мајка и ја прибра кај свекрва и во спална. Нивна работа која е причината за развод, небитно. Детето остана бабите да се грижат за него. Она се премажи роди друго, он се прежени сеуште нема деца од другата. И? Ова првово? При двајца родители, сирак. Баби и дедовци го растат, баби во градинка школо. Баби на одмор го носат. Они двајца уште се караат за алиментација. Идиоти. Некој едноставно не требало да стане родител. Господ не велам дека греши, ама...