Собери малку храброст и оди си. Ќе биде полесно одколку што замислуваш. Немој да остануваш со него. Ти се заканил дека ќе те удри и тоа бремена. Тој психопат не мисли ни на тебе ни на детето. Детето не може да ти го земе, значи безразлика дали си вработена или не си, може да ти се заканува колку сака, сите мажи идиоти се закануваат со детето ама никогаш тоа не се остварува. Не останувај со алкохоличар, ни за тебе ни за детето
Веројатно е заљубен во друга, и ти можеби си му само пречка. Не сакам да звучам сурово, ама типов не те сака. Ти си сега во многу осетлива фаза, и нормален маж треба да има осет за тебе и бебуш, да се грижи, и да ти угодува. Овој е тотална спротивност од тоа како треба еден маж да се однесува спрема својата бремена партнерка. Тоа е идиотизам, и верувај треба да си одиш од таму, прво нешто кога ќе станиш. Ти рекол, ќе те носи кај мајка ти. Тоа е доволно. Тој не те сака, и нека не ти биде жал што го оставаш. Тој е морон, не те заслужува. Нема никакво опрадување неговото однесување. Не се обидувај да ја релативизираш ситуацијава, туку прифати ја реалноста и помисли на иднината своја и на бебуш со моронов. И не, не може да ти го земе.
Досега си гледала со розеви наочари. Тој тебе никогаш вистински не те сакал. Да те сакал, нема вака да се однесува.
Razgovaraj so tvoite roditeli. Nema sto da ti e sram, ne si vinovna ne si napravila greska... Ke im objasnis se ubavo i ke te svatat. Soberi hrabrost i bidi silna.
Најпаметно нешто што кажал. Барем услуга за превоз ќе ти направи. Секако тоа и земањето на детето се секогаш само блефирање, да те заплаши и да те замолчи за да продолжи да се изживува над тебе. Не останувај таму. Јави се кај твоите и објасни им како стојат работите.
Vi blagodaram na site, ne mozam da kazam deka mi olesna no barem svativ deka sum bila vo pravo za nekoi raboti i spored mene ova ne e normalno sto go pravi pa zatoa pobarav mislenje ovde. Mnogu seriozna situacija i jas sum svesna deka veke izgleda ne me saka i deka ne mu e galje za mene no samo mi treba hrabrost da izlezam od ova, bidejki znam deka ke me ceka pekol, zakani, muabeti ke pocnat da zboruvaat sigurno site a i ne znam kako ke go podnesam ova.. Samo znam deka treba da bidam jaka i se ke pomine.. Seto toa sto go smetav za neprifatlivo i za necovecno i se cudev kako mozat nekoi lugje taka da se ponasaat a nekoj da im kjuti.. Sega mi se slucuva mene
Samo ne dozvoluvaj stravot da te nadvladae. Bidi hrabra i zapocni od 0 za svoeto dete. Taka ke bide posrekno i toa i ti. Neka ne te plasat zakani, uceni, komentari i komsiski muabeti.. Sekoe cudo za 3 dena.
Za shto ti e sram devojko? Nishto pogreshno ne si napravila, za shto da ti bide sram Sram treba da mu e na tvojot cenet soprug, shto vaka se odnesuva so bremena sopruga!! Razgovaraj so tvoite, vidi oni shto ke te sovetuvaat, ali ne smetam deka treba da ostanesh so nego Odlukata e na tebe PS ne si za nishto vinovna ti, tuku on e
Не си ненормална,ниту патетична, туку си бремена со хормони до плафон+анксиозноста. Заеднички плод-нов живот расте во тебе. Абе ако треба и на глава ќе стои. Идиоти од мажи бре. Ми иде да ги избуцам со хормони па да видат како им е на жените. 7години е со тебе и до сега ништо не научил за анксиозноста,за женски хормони,за бременост?! Прочитав и свекрва ти ја оперирале. Во ред ,се му се собрало и нему.Ама никако не е изговор да те одбегнува и остава сама ,и утеха да бара во чашки алкохол со пријатели(И ти се соочуваш со анксиозност па не се тешиш со алкохол). На пат е да стане алкохоличар. Луѓе одат на психолог кога имаат проблеми ,бараат начин да се средат психички,и да профункционираат.А тој бара нов порок,нов проблем. Ниту си во состојба да го трпиш ниту пак треба да го сожалуваш. Штом тој не признава дека има проблем ,и не седнал ко човек да сподели со тебе како се чувствува,штом нема емпатија и разбирање за жената што носи негово дете, тогаш не знам што очекуваш од него. НЕ може да ти го одземе детето. Тој сега не знае што да прави ни со сам себе ,бега од дома.А кога ќе се роди бебето,кога ќе бара да цица цело време,кога ќе плаче од грчеви,па од заби,тантруми...? И тогаш ќе бега од дома и ќе те остава сама...?! Во многу чувствителен период ти се случуваат сите работи. Сигурно ти се вртат милион сценарија во главата,па како ќе помине раѓањето,па како сама дете ќе гледаш...Абе кога ќе си ја родиш среќата,за прв пат ќе се изнаплачеш од радост ,ќе се стопиш Ќе се роди и во тебе некоја нова сила што ќе те турка низ животот,и кога ќе видиш дека тие две мали очиња зависат од тебе има во лавица да се претвориш! Не верувам дека твоите би те оставиле да се нервираш и обременуваш со грижи во бременоста,па и по раѓањето на нивното внуче.Отиди кај нив,побарај помош и подршка Отидни си и на разговор кај психолог,барем за тебе ,не ти е ниту ново ниту срамно Со лесно бременоста
Najmalku sakav ova da se sluci sega no ako se pravam ko nisto da ne bilo zarem ke se smeni nesto.. Samo jas ke pagjam poveke vo misli i ke mi bide se potesko a toa ne odi na dobro i tuka nema nisto zdravo Fala ti mnogu na sovetot, i znam deka ke bide tesko no ili ke se smeni nesto ili podobro da se razdelime. Majka mu e sega dobra, i go iscistija toa i se e vo najdobar red.. No on e smenet 200% i kako da saka da go molam za se, ednostavno ne go interesira za mene
Да се разделите под најитно. Значи ти се заканил дека ќе те удри и плус си бремена. Нешто што може да се смени е да те удри стварно следниот пат па недај боже да му се служи нешто и на бебето. Не останувај со таква будала. Замисли дека него ни за неговото бебе не му е гајле, зарем за тебе би му било.
Ќе се смени нешто многу, ама ќе се смени твојот живот од корен, @Motivationlady08. Ќе имаш бебе и на почетокот ќе ти изгледа дека можеби никогаш нема да успееш да го изгледаш сама. Но не е точно. Како ќе расте бебето ќе имаш уште поголеми проблеми. Дури и сметам дека истото треба да си гоо родиш без татко во графата, на твое име, з да немаш никакви проблеми во иднина. Верувај алиментациите во Македонија се повеќе од смешни. Ќе земаш можеби 3.000-5.000 денари месечно, а нарушување на мирот не вреди за тие пари. Можеби ќе успееш и социјално да земаш, така да парите не вредат од таков човек. Второ и многу битно. Не се променил, туку таков бил. Иако жената во ваков период дури и малку преувеличува, сепак и е потребно внимание. За да се оградиш од совест за понатаму, направи последен обид. Да му кажеш што ти пречи и дека ако не се сложи, дека единствено решение наоѓаш во заминување од домот. Трето, пиел секоја вечер и тоа е нормално. Нема никаква нормалност во пиење секоја вечер. Четврто не пиша за финансиите, за состојбата кај твоите родители. Ама едно нека ти биде јасно. подобро е детето да расте без еден родител, отколку со два каде што ќе биде под стрес. А несреќното детство понатаму многу влијае врз градење на личноста во индивидуа.
Najbitni ste ti i bebeto. Znam deka e glupo da ti recham ne se nerviraj vo situacijava, pa samo ke ti recham: misli na bebeto. Ako se pravish kako nishto da ne bilo verojatno toj pak ke prodolzhi so istiot nachin na odnesuvanje Navistina li ke te udri?! Sposoben e toa da go napravi?! Ako da, odi si od tamu Ako se zborovi samo, prpbaj razgovaraj i kazhi mu deka nareden pat ako ima vakov ispad si odish, mozhe ks se smeni, ama iskreno se somnevam I pokraj toa, nedozvolivo, nezamislivo e da ti se zakani deka ke te udri, pa plus i bremena
Какво прашање е ова??? Тој и се заканил дека ќе ја удри, ама таа нека види нека поразговара. Какви глупости. Ако и се заканил дека ќе ја удри нормално дека е способен.
Prvo ne te prashav tebe, tuku chlenkata Vtoro prochitaj go celoto moe mislenje! Nedozvolivo e da pomisli deka ke ja urdi pa plus i bremena! Poradi toa shto sekogash se obvinuva sebe, pishav da porazgovara so nego za da si se ogradi Ne opravdav zakani!! Chitaj ubavo
Јас убаво прочитав. Ако биле само зборови заканите да разговарала со него. Некогаш подобро е да се воздржи човек од вакви бесмислени совети
Devojko, tebe ne ti davav sovet!! Prekini so vakvi besmisleni citiranja Da, da razgovarala, i naredna zakana, si odi, i razvod Chitaj gi celosno mislenjata!
Доколку мајката не работи, и не може да најде најде, а активно бара ама ете не може да најде, судот доделува издршка од страна на сопругот и за неа додека не најде работа или не се премажи ..
Ама јас дали ќе прекинам е мој проблем пошо ова е форум и нема тебе да те прашам дали да те цитирам. Ти ако би разговарала, не значи дека сите треба да разговараат. Тој во кафана се пијани, доаѓа дома и се заканува дека ќе ја удри БРЕМЕНА жена, ти и велиш да види дали се заканите само зборови и да разговара. Што знам, ај нека почека да ја истепа, па после нека си оди. Ако недај боже на бебето нешто му се случи, таа битно да разговара прво. Таа нема обврска да проценува дали заканите се зборови или не, капираш? Кога некој и вика дека ќе ја удри, нема што ти нејзе да и викаш МОЖЕ САМО ЗБОРОВИ СЕ. Македонска работа. Не знаеме да препознаеме насилство. За секоја глупост на мажот ќе се најде оправдување.
Дали исто ќе биде и доколку мажот не може да најде работа, ама активно бара работа жената да го издржува додека да најде работа? Или и овде важи она жена е, не може исто да биде и за маж и за жена.