Да. Доколку поднесе барање за издршка може. Ако мажот е без работа нема приходи, а жената работи и има приходи тогаш да , може да се бара издршка ама пак како и обратно, мора да докаже дека активно бара работа, значи не одбива да оди на интервјуа закажани од страна на Агенција за вработување и слично.
Se e mnogu bolno, no jas barem otidov kaj majka mi kako so sakase pa ke vidime ponatamu.. I ne, ne se raspravam ne sakam da ispadnam jas kriva, ke pocekam da vidam sto ke pravi sega i dali ke proba nesto da smeni Veke sum kaj moite, no sega za sega nisto ne e reseno..
Јас кажувам како е по закон.. не ви ја знам приказната сепак кај секој ситуацијата е индивидуална, ти сега гледај да си смирена, да си мислиш само на бебулето. Убаво што си се тргнала на страна. Сепак сега си ти и твоето бебе најважно. А он нека лока колку сака, твојот живот и живото на бебето се најбитни.
Не чекај тој ништо да менува. Ти кажувам, имам видено од блиску како изгледа живот со човек кој посегнува по алкохол. Човекот е способен на насилство. Немој да се враќаш колку и да те моли и да се извинува. Видено многу пати, се извинуваат и после дупло полошо ќе ти вратат, па пак заминување, па пак извинување. Поштеди се себе си и бебето од таков идиот. Ти реков, ќе ти биде тешко на почеток и после ќе си кажеш Не било толку тешко колку што мислев.
Секој на кој му е потребна бесплатна адвокатска помош во постапка за развод на брак, слободно може да ми се обрати во инбокс.
Ви благодарам на сите, ме охрабривте да направам еден чекор напред и многу ми е подобро, посмирена сум сега иначе ќе бев можеби уште таму денес и ќе плачев..
Мисли на таа малечка душичка што го преживува ова со тебе додека е се уште во меше. Не си сама, да знаеш. И јас го напуштив сопругот додека бев бремена, со се сите партали и мои и на бебе со стомак до заби се пакував, а дотичниот сопруг не мрдна со прст, твојов барем се понудил да те одвезе. И еве го бебуш до мене, живи и здрави сме, фала му на Бога ништо не ни недостига. Зарем никој од негова страна не се запраша што се случува, да те исконтактира зошто си заминала ти?
Не. Никој од неговите не ме контактираше да ме праша, ај не за моето здравје, но ни за бебето. Ниту родител, ниту другар, ниту тој, никој. Го знаеја терминот на породување, никој не праша дали е детето живо и здраво. Го побарав за документи за детето и ми вели "Јас сега дознавам дека си се породила, требаше да ме известиш". Ајде бе? Да не требаше од бокс да се јавам додека раѓав? Живи драми е мојата приказна, ниту на филм го нема она што ми се случи. Ме влечеше за нос дека ќе поминеме спогодбено, за на крај да ми каже дека не му одговарало да плаќа алиментација. Милијарди да плаќа не вреди, ги пропушти првите моменти на ова мало сонце, ќе ги пропушти и сите други важни и неважни моменти од неговиот живот.
Браво жено. Имаш поголеми м..а од тој ропакот, со сигурност. Се восхитувам на жени што не кукаат за својата судбина туку со крената глава одат напред. Браво!
Подобро и да не го прифати детето и онака отпосле може да прави проблеми само за надвор од државата и слично. Само ќе те кочи а со ништо не придонесува.
Душо, биди храбра како што беше досега. Ти си права женска и мајка!!! Ти посакувам среќа и се најубаво. Се надевам декс твојава сторија ќе мотивира уште многу други жени и мајки да се оттргнат од вербалните и физичките насилници, и да си го живеат животот среќно, а не токсично.
И да не очекуваш никој да се јави. Во нивните очи тој е финиот , тој е во право. Ич не му ја мисли, гради си живот за детето и за тебе. Таков створ подобро да го нема во животот на детето.
Хах најинтересно од се е што го призна синко. Инаку и да оставам празна графа за татко после треба да се докажуваме со ДНК тест кој чини околу 500 евра кои треба тој самиот да ги плати, а тоа не му оди во прилог на човек кој се фати прво за парите, си зеде половина од заедничката заштеда утрото откако се иселив и сега се пазари за свое дете. И не би сакала да беше поинаку, зошто дете да ми има административни проблеми кога ќе порасне, сепак не е вонбрачно дете. Здравје, кога ќе порасне, самиот ќе одлучи што сака со татко му ако воопшто сака нешто. А овој сега глуми татко демек да го гледа, но кога и да се спомнат одговорностите се прави наглув. Сака некој друг да го расте, а тој еднаш неделно да го види на еден саат. Дури за жалење е , можам да кажам.
Deteto ke porasne i samo ke si gi sogleda rabotite. Ne mu se pritresuvaj, znam lesno e na zborovi, no sto e tuka e. Bidete zdravi, zivi srekni..podobro ke mu e na deteto koga ke se smireni okolnostite od sto da ve gleda sekojdnevno kaj sto se raspravate.
@Cka дали кај нас во случај на развод во суд би важела изјава, со која партнерот изјавува дека во случај на развод од било која причина, финансиски ќе ја помогне другата страна со одреден износ. На пример. И дали таквата изјава би требало да е нотарски заверена? Значи нешто како брачен договор, ако постои воопшто такво нешто?
Збунувачко ти е прашањето, ама мислам дека ја разбрав поентата. Нема потреба од таква изјава. Доколку дојде до развод, ако жената е невработена може да поднесе барање да биде финансиски помогната од другата страна и обратно, истото важи и за мажот, доколку не е вработен-жената ќе го финансира се додека не најде работа. Ова го кажуваат и при склучување брак во матично, ама кој слуша Ако мислиш на предбрачен договор мислам дека се уште нема кај нас. Законот во врска со имотното прашање е многу прост: стекнатото во брак се дели при развод, добиено наследство не се дели дури и ако истото е стекнато во брак, подарок исто така не се дели при развод.