Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Фала што се портруди да ми одговориш.
    Знам дека според закон е дека стекнатото во брак се дели на пола, ама реално, колку бракови се завршени и едната страна е на улица со прст во уста. Примери на неплаќачи на алимнтација милион. Ам тоа друга тема е.
    Идеата ми е дали со ваква изјава од партнерот, не битно дали и двајцата работат или само едниот како и да е.. Дали ваква изјава дадена во брак може да помогне во случај на развод како доказ?
    Пошто како што ти рече, немаме предбрачен договор ние во мк. Ами дали постои брачен, кој ја има истата улога како и предбрачен?
    Еве маж ми оди на нотар и вели црно на бело дека после развод, ќе ми даде 20 000 евра. И сега ако се разведеме, дали по основ на таа изјава он ќе мора да ми даде мене пари?
    Пошто сите додека се во брак ветуваат брда и долини, ама ко дојде до развод на секој парите му се мили и се прави на три ипол, па фаќање врски, па поткупи и сл и сл.
     
    На crazylady и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.562
    Не може. Ако сакаш да ти плати у случај на развод, натерај да потпише на нотар дека си му дала 10 000 евра заем. Со таа изјава за заем у случај на развод барај му ги парите.

    Оти иначе на суд ќе те среди и трошоци ќе плаќаш.
     
    На crazylady, tina2018 и јolene им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Фала, инаку не сум пред развод, не ни мислам на развод, ама не ни живеам во бајка свесна сум дека свашта може да се деси во иднина.
    Едноставно сакав да си знам дали кај нас на суд би поминало такво нешто, ама имам преголеми очекувања од ситемот изгледа.
    И знаев дека ти најреален одговор ќе ми дадеш.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Заштеда нешто, стекнат имот во брак?
    Зошто пред развод би имал добра воља да направи такво нешто а по развод не?
     
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Има, има од се по нешто :D. И изјава имам инаку. И полномошно да располагам со негови пари и имот. И животно осигурување, ама сепак не смее да умре пред мене! И е човек од збор нормално, затоа и го венчав. И не планирам да се разведам, бар не сега за сега. Значи прашувам за ситуација, коњуктив цвај шо би рекле швабите.

    Мене стварно ме интересира само дали има таква опција кај нас.
    Оти пази не постои предбрачен, а по се изгледа ни брачен. На пример у бг постои баш таков брачен договор. Баш за вакви финеси.
    Нашиве закони изгледа во вечна љубов веруваат, тоа што расте стапка на разводи нема врска.
    Мене искрено ми е чудно што никој предвреме не мисли на таква ситуација. И оти е табу, или јас таков впечаток имам.
     
    На CameliaMiller, crazylady, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Е добро де, без предбрачен се стекнато во брак се дели на пола. Или се исплаќа половината ако е нештото неделиво. Е сега ако си ти Џеф Безос па си оштетена страна што немаш предбрачен тоа е друго 20.
    И во мк мислам можеш да направиш предбрачен ама не знам некој да го направил (ваљда не знам ниеден Безос:doh:).
     
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Не бе жена му сум, ама криво ми е да не го оштетам ептен :D. Ама дел си сакам :rofl: .
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не знам кој и кажа поназад на членката дека стекнато наследство не се дели во развод?
    Е сега кај моите не беше во прашање развод, туку стан кој татко ми го доби во наследство од дедо ми, кога сакаше да го продава, мајка ми мораше да потпише дека се согласува да се продаде.
    Не беше развод, продажба беше, ама си викам нели по истата логика ако наследство не се дели при развод, нели и при продажба не би требало да се прашува другиот сопружник?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.562
    Кога се во брак заедно семејството губи пари. Веројатно затоа. Ако се откажеш од наследство а имаш деца, порано социјалното даваше согласност.
     
    На thelittle17, CameliaMiller, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Ја пак ете не ја разбирам потребата од т.н. брачен договор. Ни па да не размислувам на развод а да се интересирам за нешто што би се случило ако дојде до тоа, малку (повеќе) е контрадикторно. И онака денес врските и браковите се во мнооогу поголем процент од корист, само уште ова фали да воведат. Може моето размислување не е во ред, ама ако се разведам најмалку што ќе сакам е бившиот да ме издржува и да ми дава пари што не ме следуваат. Ако пак ме следуваат по закон, таков договор е излишен.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Ако некогаш се почувствувате дека веќе не можете да го поднесете партнерот, постоело решение и не е неверство
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    Грешка било што му тражеле согласност од мајка ти. Најверојатно татко ти го изгубил наследно решение, па побргу да завршат со согласноста од мајка ти, завршиле работа.
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не беше грешка и никој ништо не изгубил.
     
  14. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    Ја ти кажувам 100 % дека, ако е наследство, не треба согласност од брачниот другар, зашто тоа е посебен имот. Што не влегува во заеднички имот, затоа сум убеден дека нотарот направил грешка.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    И те како бараат согласност, за да во иднина не дојде до конфликт околу тоа дека едниот брачен другар продал без знаење на другиот.
     
    На crazylady, Meckicja и Mantub им се допаѓа ова.
  16. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    Наследството не спаѓа во заеднички имот стекнат во брак и брачниот другар има право да го продава без согласност од другиот брачен другар.
    А други работи шо пишувате ваму се чиста глупост.
     
    На baby-star и Meckicja им се допаѓа ова.
  17. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Кога почина свекор ми, едниот стан го наследи деверот, другиот мажот ми. Кога го продававме и од мене бараа согласност и бев и јас да се потпишам.
     
    На SexiLy, thelittle17, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ние купивме стан кој е наследен. Нотарот го побара актот на база на кој се стекнал сопственикот. Не требаше согласност од сопругата.
     
    На riba79, tina2018 и An-na им се допаѓа ова.
  19. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    Така е законски, а другите примери,нотарите не постапиле законски.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Катја бе, следен пат викни ме, цитирај ме па ќе се потрудам да ти објаснам за да ми ја разбереш потребата, штом веќе пројави интерес ете не е проблем, ќе ти кажам.

    Дали предбрачен или брачен договор е излишен или не, не знам дали е твое да кажеш. Штом во пракса на голем број развиени земји ширум светов постои, значи има реална потреба од такво нешто. Арно ама во правниот систем на Македонија сеуште не е регулиран предбрачниот договор и како таков не може да има правно дејство. Па сосема легитимно и според мене оправдано ми е прашањето дали имаме брачен договор, значи договор со кој би се дефинирале меѓу себе правата и обврските како и одговорностите кои ќе произлезат од бракот. Содржината на ваков договор би требало индивидуално и според потребите да се дефинира.
    Ама и такво нешто не постои. И кога го поставив прашањето, не опишав моја ситуација, туку генерално за да добијам слика за реалноста на системот во МК. Оти јас правник не сум, па не сум стручна и не знам какви се законите до детал од една страна, од друга не ни живеам во мк, па не знам како е актуелната ситуација за оваа проблематика. Затоа викав и прашав човек, кој стварно се разбира и знае.

    Кога би постоеле предбрачи и брачни договори и кај нас, не значи дека секој мора да го потпишува и да го има, нели како што е пракса и во другите држави.
    Е арно ама јас сум човек, кој сака дефинирани работи. Едноставно е, карактер. Ако некој разбира арно, ако не па арно, ако на некој тоа му е контадикторно пак, арно.
    На пример, (поради тоа што пројави интерес, инаку не би разглабала до ситници, само да појаснам!) имам и потпишано изјава што/ како да се постапи со моето тело и кои органи да се донираат во случај на клиничка смрт. Може еве тебе и ова ти е контрадикторно, ама јас не сакам и не планирам да умрам сега или во скоро време, ама таква изјава имам.
    Исто како што ќе сум старател на децата од прв братучет, ако они недајбоже умрат. Ама замисли бе не планираат!
    Иста таква изјава ќе дадам и јас, еден ден кога ќе имам деца.

    И еве тебе може ти се чудни, неразбирливи и контрадикотни ваквите изјави, ама за мене и општеството во кое живеам се сосема нормална работа.
    Може грешка ми е што се венчав во мк, оти не го обмисливме порано, ама мислевме ќе можеме со изјава да средиме. И пази! На маж ми не му пречи да потпише такво нешто, па не знам оти тогаш би требало на некој друг да му пречи или да му мисли дали маж ми треба или не треба да ме издржува после брак, без воопшто да знае било што за мене.

    Разјаснето сега?
     
    На referentka, Biljarkata, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.