Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.343
    Допаѓања:
    113.065
    Пол:
    Женски
    Јас вака сфатив :|
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Па сеа баш и не мора да го штеди, татко е, ќе дава и поише од тоа ако треба. Срамота е да го направил детето и да нема никаква одговорност.
     
    На afrodita26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.779
    И после за секое едно треба да бара согласност од него. Не вреди малтретирањето.
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Си постои алиментација, и треба да ја плаќа. Ехее колку разводи има, по било чија вина, и сега па уште алиментација да не плаќа. Ај па ослободете ги маживе од све, да си живеат на раат. Зборам од искуство, татко ми нејќеше да плаќа па ја влечкаше мајка ми по судови. Тоа што му е обврска, ќе си го даде, ако не повеќе. Он ако сака да малтретира, ќе најде начин, не се парите проблем дали се малку или многу, ќе и се најдат.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.779
    Абе да сака да замине од државата во подобар живот ќе треба дозвола од него. За шо, за 3000 денари?
     
    На drugarka, Mikha4, manako1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сака да каже дека за секоја одлука ќе треба да го прашува и него, пошо ќе делат старателство за официјални одлуки, потписи кај што требаат.
    И може да прави проблеми за инает.
    А не за да му е него полесно.
    Ама и јас сум за тоа да плаќа, да не сносува товар само мајката.
    Иако таа си знае која опција и е подобра.
     
    На thelittle17, manako1 и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Ќе си го признае детето, јас мислам тоа е побитно од парите.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во која смисла побитно?
     
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Благородна :rofl::rofl:

    Многу гајле ако не го признае, членката погоре збори за тоа дека ќе биде многу полесно ако не мора да зависат од негов потпис ни детето ни мајката и дека не вредат парите за нервозите што ќе следат во иднина од стилот "негова согласност".
     
    На thelittle17, Meckicja и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Човек што вели дека нема да плаќа пари за детето ако мајкава сака да се разделат, не ми звучи ко многу да е засекиран како тоа ќе се одрази на детето.
     
    На thelittle17, WildMk, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    "tatkoto saka ili zaedno ili ne go priznava"
    Мајката не сака заедно, ама и така биле разделени, па не ни мора да се мажи. Ама таткото си има одговорност. Ќе се разделат пак и нема да биде ни прва ни последна, а он ќе ја помага.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    17.111
    Пол:
    Женски
    Ама све тоа ок има обврска, и ќе го признае детето. Со тоа добива и права врз тоа дете, ти кажаа ќе прави проблем нема да потпише да излезат од државата, на еден одмор ќе неможе да го изнесе без негова согласност.
     
  13. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    И за тоа има решение. Може да се пријави дека ги спори правата, не може вечно да ја кочи.
    По право не е ниту потребна некаква согласност, самото вадење пасош за детето би било во присуство на двајцата родители, со што се смета дека се одобрува патувањето. Службеници на граница не смеат да бараат никакви потпишани согласности се додека детето е во присуство на еден од родителите, но исто така точно е дека не е на одмет да се има. Знам за примери каде им е барана согласност за во Грција, па треба да се молиш со нив.
     
    На WildMk и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. Dora91

    Dora91 Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, ВЕ ЗАМОЛУВАМ за помош, се наоѓам во тешка ситуација. Имам неколку прашања доколку знае некој од искуство да каже нешто..
    -Веќе подолг период ми е неподносливо да живеам со човек кој парите ги троши за некои нелегални работи, не ме почитува, ме малтертира... Има врски во полиција и не можам да пријавувам, се плашам.
    -Имаме мало дете 2 год, премногу е приврзано детето за мене, најмногу се плашам за детето како ќе биде.
    - Прашање 1 Не сме од исти град, и ако кажам дека сакам да се разведиме, нормално ќе треба да се враќам во мојот град, но законски дали смеам детето да го земам со мене? Не можам овде да го оставам, без мајка не можи тоа, ниту јас без него...
    Прашање 2 Од што зависи кај кого ќе биде детето, мислам дека ги исполнувам условите, здрава сум, имам каде да се вратам, детето од километри се гледа дека не може без мене, ама пак се плашам.. оти тој има врски во овој град, јас не..
    Прашање 3 Колку трае процедурата за развод и дали треба пред да започне процедурата да фатам адвокат?
    И плус уште некои други битни работи ако има, споделите ве молам, да бидам спремна, бидејќи ова е сериозно и најмногу се грижам за детенцето.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Поднесуваш тужба за развод кај адвокат, се плаќа судска такса од 800ден. Со тоа започнува процедурата и до социјално стигнува дојава за тужбата отприлика за месец дена, со што двајцата ќе ве повикаат на разговор кај нив заедно, во интерес на вашето дете. Тука ќе има обид за мирење само доколку и двајцата го сакате тоа, демек да ве разубедат да си дадете втора шанса. Доколку нема интерес за мирење, постапката продолжува со уште еден обид за мирење на суд. Ако и тука се изјасните дека не сакате мирење се финализира разводот и тој чини 20000ден.
    Старател ќе има само еден, во најголем дел од случаите тоа е мајката, мислам дека нема што да стравуваш тука. Во социјално потпишуваш изјава дека сакаш ти да си старателот и дека даваш непречено детето да се гледа и со другиот родител.
    Е сега, секако во твојов случај малтретирањето ќе го земат предвид. Со оглед на тоа, може да дојде до степен тој да го гледа детето само во присуство на социјален работник, на пример. Имаат тие соодветни простории за таквите средби, или пак тоа би било да речеме во игротека во твое присуство, како и на социјален работник кој го набљудува односот негов со детето.
    Има и друга опција, ако и двајцата се изјасните дека сакате да бидете старателот, тогаш соц. работник доаѓа и во двата домови за да ја оцени средината и условите каде би живеело детето и ќе го набљудува односот на родителот со него. Врз основа на тоа донесуваат заклучок кому ќе припадне детето, повторно нели, со непречено присуство на другиот родител.
    Сето ова може да се реши ако сте согласни во рок од 3-4 месеци најмалку. Најпаметно ти е веднаш да си се консултираш со добар адвокат. Е сега, во банана државава со врските на мт што ги спомнуваш се е можно, така што биди спремна на поткупи и манипулации ако тој се заинати.
    Едит: има здруженија кои ги поддржуваат жртвите на семејно насилство, обрати им се за помош.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, riba79 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dora91

    Dora91 Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу за одговорот
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.040
    Допаѓања:
    268.570
    Алиментацијата не значи и права врз детето.
    Имаш дете - алиментација плаќаш.

    Најбуквално имам две разведени пријателки, двете имаат целосно старателство, и двете добиваат алиментација за децата.

    И да делат старателство, ако се кур*и, може да се оди во ЦСР и тие ќе дозволат, имаат право да дејствуваат место него.
     
  18. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема заедничко старателство, така што не може да делат старателство.
    Старател е еден. Можат само заеднички да ги вршат родителските должности со меѓусебен договор.
     
    На thelittle17, tina2018 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.040
    Допаѓања:
    268.570
    Старатели се мајките во двата случаеви, не им треба дозвола од татковците за пасош вадење пример.
    А алиментација и двајцата плаќаат, со тоа што едниот мораше и ретроградно, за периодот откако се иселила мајката со детето, до моментот на пресудата (10 месеци).
     
    На cresa-jagoda и MissBreezy им се допаѓа ова.
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Доколку тој стан е официјална адреса на жената таа мора да даде согласност. Во спротивно не.
     
    На WildMk и thelittle17 им се допаѓа ова.