1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Темата е дел од нашето секојдневие секој сака да биде слушнат, што значи тоа без разлика дали сме во школо, на улица, на работа, со пријатели, семејство, секојпат чувствуваме потреба да разговараме во момент на среќа или тага, слушајќи гу туѓото мислење некогаш ни помага подобро да ги согледаме проблемот од друг агол затоа што во тој момент е најтешко на себеси си да си дадеме најдобар совет. Па ајде тука ја користам приликава да ја отвориме темава и да си даваме совети, мислења, од било кое прашање.
    Пример: Дали мислите дека затвореноста, и чувањето работи во себе ви помага да го пребродите проблемот?
     
    На saka, Crna Dama, Osamena devojka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Па јас би рекла дека си зависи од карактер.
    Мене ми е полесно некогаш,некогаш не.Некогаш ми е толку тешко,што дури ако зборувам со некој,уште потешко ми станува,па си чувам во себе.
    Ама во принцип,убаво е кога ќе добиеш подршка.Јас од мајка ми и маж ми секогаш ја имам.Мајка ми е секогаш позитивна,па кога и да заглавам знам дека ќе ме искара прво едно убаво,и потоа знае да ја смири ситуацијата.Исто е и со мм,на нив секогаш се потпирам.
    Сестра ми пример е многу затворена.Таа си молчи и пати,ретко,преретко да чуеш нешто од неа.
    Така да,секој си има веќе еде одбранбен механизам,и знае како се чувствува најубаво-дали кога ќе си пати во себе или кога ќе сподели со некој.Не е да споделиш со било кој,туку со вистинската особа,некој од кого ќе очекуваш да те ислуша и сочувствува со тебе.
    Порано да,сум кажувала на другарки,како и секој.
    Ама со тек на време,веќе разграничуваш,па кругот се стеснува.Кој може да ти мисли добро,ако не твојата фамилија?
    Лекцијата ја научив,па повеќе на било кој од типот на френдици,колеги уста не отварам.Не ретко им било драго што имам проблеми,не ретко прераскажувале на друг,поубаво ќе чувам во себе,него така ;)
     
    На Шеќер4е, Mammina, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Се сложувам со твоето мислење, неможеш на секого да искажуваш што те мачи или радува но некогаш е доволен изразот на лицето и почнуваат бомбардирањата со прашања. Колко можеш да го сокриеш од своите пријатели е умешност, но од своите потешко сепак тие најдобро те знаат, но дали некогаш и семејството може да помогне со нудење на советот, затоа што кога го објаснуваме проблемот повеќе е делумен отклку целосен и секогаш свртен во наша полза демек ние сме во право :). Некогаш е и потребно да се преслушаме себеси што сакаме, што мислиме и можеби ќе добиеме одговор за многуте нешта. Сакав да кажам колку всушност ние сме искрени со самите себеси?

    И секако ретки се пријатели на кои можеш да се отвориш, можеби да се зажалиш но и тоа е дел од животот подобро ги препознаваш разликите меѓу луѓето, и на кого всушност можеш да се потпреш!
     
    На Шеќер4е и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  4. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.637
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Не. Јас сакам кога имам некој проблем да разговарам со некој,да му раскажам дека ми е тешко, како се чувствувам, што е проблемот... така ми олеснува. Нормално му кажувам на некој кој ми е поблизок и ви кој имам доверба. И не ми е важно дали воопшто му е гајле за мене и немора да ми дава никаков совет, всушност не ни сакам бидеќи јас можам сама да одлучам што ке правам, несакам никој да ми се меша во тоа, туку само сакам некој да ме сослуша. :)
     
    На IsplaseniotAngel, vichy и Buddygirl им се допаѓа ова.
  5. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Според мене поубаво е да имаш некој на кој ќе можеш да си ги кажеш проблемите и да си разговарате. Јас имам проблем со тоа што имам неколку луѓе на пример, дечко ми, сестра ми и сестрата на дечко ми кои можам да им кажам за моите чуства и проблеми, ама проблемо е во тоа што не разговарам за мене и секогаш во мене си патам за било шо да ми се случува. Не си ги искажувам чувствата и проблемите и само си се умислувам и затватам во себе и понекогаш и кога сум си сама си се изнаплачам, али ретко на другите да им кажам за моите проблеми и чувства. Мислам дека подобро е да се изнакажеш за да ти олесне на душата за било шо, дали проблем со другарка, дечко или личен проблем, али кај мене тоа е тешко.
     
    На Buddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Зависи од карактерот. Јас пример, ми е полесно кога разговарам со некого близок (семејство или најдобрата другарка) :D
     
    На Buddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Мислам дека чувањето во себе е многу неубаво. Секој мора да има некој на кому ќе може да му раскаже се што му е тешко. Не за џабе велат поделениот товар се намалува. Јас имам такви личности на кому можам да им кажам се што ми е тешко што ми се случува, но за жал тие самите неможат никогаш да приметат кога имам потреба од разговор, секогаш јас сум таа што прва започнувам разговор за она што ми тежи. Како и да е, не е убаво да се чува во себе. :)
     
    На IsplaseniotAngel и Buddygirl им се допаѓа ова.
  8. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Важно разговорот води кон ослободување на сето тоа што го мислите и чувствувате, подобро отколку да го трпите во себе. Затоа доколку станува збор за премолчен конфликт следниот чекор е преминување на границата и веќе настапување на ирационално однесување. Ете ти кавга :) Затоа е потребен разговор...
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Се согласувам дека се зависи од карактер.
    Ќе тргнам од себе: Јас сум според многумина многу затворена. Едноставно има премногу работи кои никој не ги знае. Не можам да се отворам на некој и не можам, без разлика колку имам доверба во другиот (мајка, сестра, другарка, дечко и сл.) Чувам многу работи во себе, знам да се расплачам некогаш, а на никој да не кажам зошто го правам тоа, а ми се случило нешто.
    За разлика од мене, знам многумина кои само да ги прашаш: „Што се дешава?“ одма почнуваат. Јас капа им симнувам на тие :bow: Можеби помага отварањето, ама едноставно кога не можам ... може е па и не сакам :?: Али тоа е ... сакам сите тешкотии сама да ги поминам. :|
     
    На Buddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава




    Добро мислиш, и треба да им кажуваш на твоите што те мачи или радува затоа што со самиот разговор со своите најблиски ти создаваш близина и сигурност дека можеш да се потпреш на нив за било што, затоа ако продолжиме самите да се умислуваме секогаш ќе имаме некои погрешни констатации, негативно размислување, се повеќе ќе сме луѓе од затворен тип можеби од што несакаме да ги замараме луѓето со нашите проблеми или пак имаме некое минато лошо искуство, но кај сите е така не си само ти, но она што јас сакам да те посоветувам е да продолжиш да разговараш за било подобро ќе се чувствуваш едноставно нема да придаваш толко размислуање за нешто што можеби и не треба едноставно да се нервираш или замараш кажано ;)
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Не е убаво да се чува во себе се и да се бери пред се за нас самите.Јас само на една личност целосно му се доверувам и секогаш ми олеснувало од кога сум се искажала како се чувствувам.Некогаш е доволно само да се исплачете пред некого за да ви олесни. Јас се си берев и ми беше многу лошо,психички паѓав,а сега ми е многу поубаво од кога го искажувам сето тоа,чувствувам голема промена кај себе.Докажано е дека кога ќе ја споделеме со некого тажната мисла,болката веднаш се ослободува мозокот и душата од негативната енергија бидејќи се споделува со друг.
     
    На Buddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Полесно ме кога ќе си кажам и исплачам, ми олеснува...е сега кај мене има друг феномен, тоа можам да го направам со маж ми и најдобрите другарки, а со мајка ми не... жал ми е и не сакам да ја секирам, и кажувам најчесто откако ќе се реши ситуацијата.
     
    На Kimey и Buddygirl им се допаѓа ова.
  13. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Фала ке се потрудам иако не е тоа да се трудеч да можеш да се искажеш тоа си едноставно карактер кој тешко се мене, али сепак ќе се потрудам :) позз
     
    На Buddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Јас сум за оваа тема многу специфична :!: ,не верувам на никого и се сакам да завршам сама,да поминам сама, да преживеам сама.
    Многу ми е тешко на моменти и ми треба совет :!: ,ама ми е уште тешко да се потпрам на некого.
    Кога и да треба нешто да се работи во друштво, дури и нјанебитно нешто кога и да се потпрам на друг-да верувам во некој друг се зафркнувам, а што ли ке биде ако споделам тајна, нешто приватно :(. Некако не гледам доволно одговорност,капацитет,можност во другите да ја сочуваат мојата тајна. :doh:
    Најдобрата другарка(сега веке има дечко и не се гледаме многу) ми кажуваше многу работи и знаеше дека може да ми верува, знаев и јас дека можам да и верувам, но ниту со неа што бевме најблиски не споделив многу.Незнамз зоштосум таква но ете таква сум. што мислите вие ако продолжам да живеам вака ке ми биде ли понатаму во животот уште потешко вака сама?? :?:
     
  15. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Многу тежок човек сум што се однесува до темава. Имам многу работи кои знам само јас, а она што го споделувам можам само со мајка ми и татко ми. Единствено тие двајца. Поискусни од мене и помудри, немаат користат за то да го издадат, и ми веруваат, имам целосна доверба само во нив двајца. Доколу некој успее да ми ја украде довербата понатаму во животот, тоа ќе биде некој многу посебен човек, без разлика на полот. Ова ми е отсекогаш вака, ништо не ми се случило за да се разочарам, просто сум таква. И всушност мислам и дека затоа никогаш не бев повредена од другар или другарка.
    А таква сум и во учењето, работата. Немам доверба да оставам било што на било кого да ми заврши. Не за џабе рекле дека на волкот дебел му е вратот затоа што се сам си фаќа. Додека сум во состојба да си кријам во себе, и да споделам само со моите родители, тоа ќе биде така.
    Е сега ова не значи дека не сум за тимска работа, таа е секогаш позабавна, но и понеуспешна. Можеби сум малку себична за ова, ноо.. тоа сум јас :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава



    Вака со твоето размислување ми делуваш независна, сама одлучуваш за некои работи, но јас мислам дека е убаво е да ги споделиш твоите размислувања со некои личности на кои чувствуваш дека можеш вистински да се потпреш, но доколку сеуште не си ја пронашла таквата личност остави ги работите да се одвиваат спонтано и можеби тогаш ќе најдеш личност на која можеш да и веруваш ;)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Другарка ми ми е како исповедалница, кога сум нервозна ќе се сретнеме и ќе кажзм се и ќ еми олесни душава :angel: Јас додека зборувам она не смее да прозбори :D Ќе кажам се и после сум отворена за секакви прашања :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Имам 15 години, се дружам и имам повеќе другарки но на ниедна не сум и верувала доволно како на мајка ми, значи нејзе секогаш се и казжувам но денес многу се разочарив. Многу се разочарив кога слушнав како му кажува на татко ми, а јас само и се доверив и реков дека сакам да не кажува на никој дури не на татко ми. И ете слушнав како му кажува на татко ми ? И што да правам , не ми е јасно зошто ме излажи ми рече нема шанси да кажам ништо, но ете... и сега ми е многу тешко, одлучив повеќе ништо да не и кажувам? ве молам дадете ми некаков совет, дали да разговарам со неа и да и кажам дека сум слушнала или не? ви благодарам
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Mожеш да и кажеш дека ја злоупотребила твојата доверба иако мислам дека не ти мислела лошо сепак родители се родители нели?
     
  20. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Јас мислам дека треба да и кажеш, сепак ти е мајка и барем од нејзе не треба да се срамиш, јас да сум во твојата ситација така би постапила