Оди си на психијатар, жити се'. Ако ти се буни маж ти, речи му: Болест е. Ти ако сакаш не оди за притисокот, јас ќе одам за анксиозноста и депресијата. Додуша... не мора ни да му кажуваш. Оди.
Не разбира.. Ми зборува дека сум била самоуништувачки настроена... Сум го влечела надолу. Сакал жена покрај себе а не ваква како мене која живее во нереален свет и си измислува депресии и ја тепат црни мисли. Тука е во право. Јас сум тоа. Безвредна сум и целосно непотребна станата. Ама не можам да контролирам што и како чувствувам..
Нека не разбира... Нема ти да не се лечиш оти тој не разбирал. За него ќе си кажва тој дали да оди на доктор, или не. За тебе, ти ќе си одлучваш. Не си ти безвредна. Чоек со мака си. Маж ти е го*но во случајот. Да ми извиниш, ама е.
Некогаш луѓето и ситуациите околу тебе прават да се чувствуваш така, отров луѓе и околина и на крај ќе ти речат дека со тебе нешто не е во ред пошто не можеш во таква средина да живееш нормално. Оди на психолог но не си лепи сама дијагнози, дали е депресија, анксиозност или едноставно си во стресна околина, ќе дознаете со него.
Кажа суицидална дека била... И да не е депресија... еве.. што и да е... Напади на паника има, чувство на безвредност има, суицидални мисли има... Мора да оди на доктор.
Не си безбредна, луѓето околу тебе прават да се чувствуваш безвредно, сопругот ти набива комплекси и ти веруваш дека е така затоа што ти е разнишана самодовербата. Собери се жено психички, појди на психијатар и не му ја мисли, не барај довола од никого, на крајот на краиштата не мораш ни да кажеш на сопругот, тој живот, твое здравје, мисли на малото бебенце. Доста веќе споругот па сопругот, повеќе мислиш на сопругот одколку на себеси и на тоа мало душиче.
Запамти го ова добро. Суров е светот. Барај си помош ако мт не сака да ти помогне нека го. За тебе и најмногу за твоето дете. Верувај, никој повеќе од тебе не може да го сака и никој повеќе од тебе не му е потребен на тоа мало дете. Затоа, бори се. Потпри се на тетка ти и стрина ти ако имаш поддршка од нив, зборувај често со нив, и терај напред. Му требаш на детето.
Не гледам како би продолжила. Искрено ви кажувам. Се гледа дека животов нема да ми тргне на добро. Никогаш.. Откако почина мајка ми не сум истата.. И секоја нервоза ме толчи. И се трудев се до сега. И поголеми проблеми надминав ама мојот проблем е со себе самата. Од себеси не можам да избегам.
@Fallen.Angel се согласувам со @Emy867 Време е да ги земеш работите во свои раце, заради себе, заради детето, заради блиските. Вака нон стоп ќе паѓаш надолу, а тоа не е во ред. За маж ти, да ми извиниш ама е сељак. И ј ас сум ко тебе, сакам да ги средам работите секогаш ама тој ако не ти е од помош се е залудно, а ти не го заслужуваш тоа. Вака е залудно да се обидуваш да ги средиш проблемите. Премногу си млада на овие години да имаш нервози, а цел живот е пред тебе. До кога планираш да тераш вака? Се додека не ти се влоши комплетно состојбата и малото да биде без мајка?
Доста! И јас паднав во депресија откако почина татко ми. И уште сум... А постара сум од тебе, ќе речиш... и плус немам 4 месечно бебе. Ти се насобрало се'. Ќе си станиш и за тебе ќе си одиш на доктор. За никој друг. За тебе. Оти верувај, ќе имаш доправа живот и убави работи ќе ти се случуваат. Од искуство ти кажувам. Кузнај која депресивна епизода ми е до сега... Ќе падниш ако треба и 20 пати, ама ЌЕ СТАНИШ 21 пат! Можеш!
Тогаш што имаш да загубиш? Ко веќе немаш што да загубиш, пробај некој од советите што ги пишаа членките.
@Fallen.Angel каква безвредна. Како се доживуваш сама, така ќе те доживуваат и другите. Прво, оддалечи се од свекрвата. Не сметај на нејзината помош воопшто, ни за чување дете, ни за ништо. Едноставно, тргај се на страна.Најкултурно ќе и направиш општ муабет за времето и слични општи теми и толку. Ако ти пререче нешто, кажи и - разговарај за тоа со маж ми или прави се дека не си слушнала. Второ, уште поважно, мора да си ги средиш мислите. Сега со короната има многу психилози кои работат онлајн. Јас имав онлајн сесија, е сега приватно беше, ама имам слушнато и државните дека работат онлајн. Не мора ни да биде некој психолог од твојот град, не мора ни да одиш некаде, можеш од дома да разговараш, додека спие детето. И трето, полека со сопругот треба да се средите, да не бидете цимери како што викаш, ама тоа до некаде само ќе си дојде откако ќе ги средиш другите две работи. Искрено, колку и да ти изгледаат работите безнадежно, мене проблемот не ми изгледа нерешлив, напротив, мислам дека има добри шанси брзо да се средите. Маж ти и покрај сите критики што ти ги дава и се труди да балансира, сепак не е на страна на свекрвата. Во многу бракови не е така. Стварно имате добра основа.
@Fallen.Angel сакаш да искочиме на кафе утре? Најозбилно, батали и анонимност и се, ќе искочиме, земи го бебето, некаде каде се почитуваат мерки, ќе те фати свеж воздух, ќе си помуабетиме. Тргни се на некој саат од таа куќа, те молам.