Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Географски не знам дали сме блиску.. инаку би сакала

    Фала ви на советите.. Не знам навистина што следно да правам кога еве сеа и виновна се чувствувам. Се преиспитувам.. Можеби тој е во право. Можеби не му требам.. На никој не му требам.. Син ми и онака е мал и уште од сега му зборуваат колку сум лоша мајка која не успеа ни да го дои. Себична мама.. Најлошо е што знам дека нема да променам ништо. Можам само да пробам да се смирам и да им правам кеиф на сите дома и се што ми тежи да си собирам во себе па до кога ќе издржам до тогаш..
     
    Последна измена од модератор: 18 октомври 2020
    На fana, mal.ecka, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    @Fallen.Angel
    Прво и соновно мора да сфатиш дека ако ТИ не си помогнеш, никој нема да може колку и да сака. Очигледно маж ти не ни сака. Најверојатно или нема капацитет да те разбере или пак нема доволно чувства спрема тебе.

    Животот не е лесен и сите ние носиме некој товар, некој потежок, некој полесен. Колку што можев да сфатам од напишаното, ти бараш по секоја цена подршка од маж ти, ама за жал не можеш да го натераш некој со сила да сочувствува со тебе. Колку и да ти изгледа безизлезна ситуацијата во која си, ништо не е толку страшно како што тебе ти изгледа. Само ти треба некој близок што ќе ти подаде рака и ќе биде тука за тебе и стручна помош за да не потонеш уште подлабоко. Мораш да се опоравиш прво за сама себе, а после и за бебето, за да можеш да се грижиш за него. Откако ќе се опоравиш психички, сама ќе сфатиш дека не сакаш да бидеш покрај некој кој не те сака. Вака живееш во заблуда, дека тој од денес за утре ќе се смени, што нема да се случи никогаш. Напротив, ако не превземеш нешто, ќе станува уште полошо.

    Зошто не идеш сепак на психолог? Кажи му на маж ти што сака он нека си мисли, тебе ти треба помош и ако не сака или не е во состојба да ти помогне, барем да не ти одмага.
     
    На Purplelilac и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    88.546
    Пол:
    Женски
    Можеш се да промениш.
    Со голема болка си во себе,но можеш.
    Прочитај што ти пишав во ЛП.
     
    На Elois, Biljarkata, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Од пред некој месец пуштија една македонска мобилна апликација, razgovor.mk се вика. Македонски психолози со различно искуство нудат онлајн сеанси. Мислам дека не се плаќа повеќе од 350 денари за еден разговор. Анонимно е и не мораш да излегуваш од дома. Буквално како да разговараш на телефон со некој.

    Можеби има тука некој што ја користел да сподели искуство? Како и да е за вакви ситуации е одлично решение.
     
    Последна измена: 18 октомври 2020
    На Purplelilac, IRBBB, Elois и 4 други им се допаѓа ова.
  5. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel излезете со @KateKane, во моментов многу ќе ти помогне.
    Немам бебенце, но имав ужасна врска и дечко кој не ме слушаше и разбираше за ништо, ужасна прва година на медицински, родителите и дечко ми не ме поддржуваа да одам на психолог зошто било глупост и немав ни пријатели, ни блиски колеги.
    Се чувствував исто како што опиша ти.
    Ти треба поздрава средина, нов почеток.
    Како за почеток, излези со феминката што се понуди и исто најди си добар психолог.
    Не ги слушај застарените мислења. Мора да живееме за нас, не за партнерот, не за комшиите, не за родителите.
    И слабеењето ќе биде, само полека.

    Јас на форумот можам многу да му се заблагодарам што во периодите кога тонев и се сметав за безвредна напишав тука и тоа беше најдоброто нешто.
    Се запознавме со колешката @Dream-Girl благодарение на тоа што го напишав тука, ми помогна многу последниов месец на факултет, во слична ситуација сме биле со студиите. Среќа па излезе дека е доста друштвена и се знаела со доста колеги, ме вметна во многу групи, се запознав со нови колеги и периодов почнав да комуницирам со нив.
    Го оставив дечко ми, ми беше тешко по долга врска од 3 години и нешто, но морав, затоа што само ме навредуваше и исто ми збореше, сум се здебелила доста за време на студирањето, морало да ослабам, тој ми кажувал да не јадам толку, јас само сум плачела и сум се нервирала за испитите, не сакал покрај него девојка што била ваква тажна и не внимавала на себе.
    Сега кога сум без него сфаќам колку само бил токсичен за мене и колку ми е подобро вака.
    Почнав да одам и на психолог, ме охрабрија феминките од тука дека не е ништо срамно, прифатија и моите и добро ми дојде.
    Почнав полека и со поздрава исхрана и некои полесни вежби за дома, да се доведам во ред, но сфатив дека веќе ниеден маж, ни никој го нема тоа право на свет да ми кажува како јас да изгледам.

    Знам, тебе и полошо ти е од мене што ми беше, имаш и бебенце, но баш за него треба да се трудиш да бидеш поздрава и посреќна мајка.
    Понекогаш не сме свесни колку нешто е токсично за нас, не сакам сега да ти сугерирам ама можеби сопругот е погрешна личност за тебе. Размисли и за тоа.
    Иако како прв чекор најдобро е да почнеш да излегуваш, да си шеташ што повеќе и да не седиш дома со свекрва ти. Подобро во парк со бебето седете си на воздух, шетај си се со него во количката, него нејзе да ја слушаш како ти попува над глава. И започни со терапии кај психолог, неверојатно многу ќе ти помогне.
     
    На Dust, emiliana, Ambrosia и 22 други им се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    126.790
    Јас само ќе кажам,,на никој не дозволувам да ме замени кај моите деца...немам време за повеќе.Поздрав
     
    На WonderGuurl, emiliana, Izaabella и 9 други им се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Па ти си му мајка на тоа дете, ти ако не се браниш сама и детето, кој друг?
    И од што му ќутиш на маж ти само за да не те остави, ти се случува ова, па и полошо. Ќе се карам (и сум се) по цела недела ама ќе се изборам за местото што е мое.
     
    На Кена Рис, Jana06, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    23.212
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel прво и основно мораш да престанеш да се плашиш од маж ти! Не ми е јасно како си одлучила да го поминеш животот со него ако планираш да му се тресеш за секоја ситница. Тој сигурно гледа дека се плашиш и затоа си зема сила и се однесува така со тебе. Покажи малку заби, имај свое јас, цени се сама себе за и другите да те ценат. Од твоите постови сфатив дека не си се почитуваш, мислиш дека си безвредна, дека не му си потребна на никого, но верувај дека не е така. Прво, го имаш син ти. Па ако нему не му си потребна не знам на кого би му била. Сакаш да ти се случи нешто па да го оставиш син ти во раце на свекрва ти? Кој би можел повеќе да го сака и чува од тебе?
    Јас откако ја имам ќерка ми не дозволувам толку лесно да ме срушат. Зошто сум и потребна неа. А и ако се случи нешто лошо пак ти ќе бидеш виновна. Никој нема да те сожали, верувај. Добив впечаток дека се лоши (прости) луѓе, луѓе кои мислат само на себе и не сочувствуваат со другите.
    Па ти ако сакаш до утре зборувај му на маж ти за твоите проблеми и како се чувствуваш, тој нема да превземе ништо и пак ќе си остане на своето.
    Мораш САМА да се избориш со ова.
    Почни да посетуваш психолог. Не мора маж ти да знае.
    Станувај на сабајле спреми доручек, дотерај се и излези со бебето. Шетај, избистри ја главата, барем во тој краток период не мисли на ништо.
    Не зборувај му повеќе на маж ти за проблемите. Џабе ќе зборуваш. Ќе дојде време сам ќе увиди (ако воопшто увиди).
    Кога ќе види дека не ти е потребен, дека можеш сама да се справиш ќе се смени и тој.
    Ако не се смени секогаш има решение. Развод.
    Ти се плашиш од развод, а не ми е јасно зошто? Сакаш да си се уништуваш, да се разболиш? Да живееш убав исполнет живот, со љибов, подршка и разбирање од маж ти да се плашиш од развод, ама ти немаш никаква причина да се плашиш.
    Пробај вака, па ако не се решат проблемите знаеш што треба да направиш. За свое добро и за доброто на твоето дете.
     
    На WonderGuurl, emiliana, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.801
    Не можам ни да те читам оти се ми е како дежа ву, веќе видено и доживеано. Ми се отвараат стари рани и верувај цел ден отварам и затварам но морам да ти пишам.
    Сите овде ќе ти пишаат разговарај, до маж ти е, разведи се, иди на психолог... А всушност се е до тебе. И не, не е лесно да пресечеш, да удреш на маса и да повишеш глас, а верувај само тоа е спасот со ваква свекрва.
    Бев малтертирана, падена, бремена, со дете, сред зимо. Што уште не, не сакам ни да се потсетувам кој пекол го живеав.
    И се разведов и дете истрауматизирано, се до моментот кога маж не пресече дека ние сме му фамилија, се до моментот кога јас не кренав глас. Оти живеав баш во ваква ситуација, до степен да мислам дека јас не сум во ред. А со мене се е во ред. Каква депресија, анекс, ама најлесно е тоа. Тебе те јадат секојдневно, лесно е од страна да зборувате, посети психолог, не си ти крива, но да го живееш тој живот, ќе почнеш да се сомневаш во себе.
    Затоа, ако не сакаш да се разведеш, полека, не секој ден, ќе почнеш да работеш на себе.
    Ако ти смета тежината, ослаби, ако ти смета свекрвата кажи да си слевне доле. Не биди фина, остро, покажи и го патот долу. Не се ослонувај на нејзе, што повеќе на дистанца, тоа подобро. Односот со маж ти подобри го, не зборувајте за нејзе, се што имаш кажи и, не се оптеретувајте со маж.
    Не е тешко сама детето да го гледаш. Излегувај, прошетувај, прави она што тебе ти се допаѓа, а не на нив.
    Мораш прво сама да си помогнеш.
    Не очекувај поддршка од нив, очигледно ја немаш. Не барај ја, работи сама на себе.
    И работи на твојот однос со маж ти.
    Мораш да се натераш да сакаш, заради детето. Ич не е лесно, знам немаш волја, немаш желба, ама мораш.
    Верувај немаш ти проблем никаков, само што живееш во такви околности. Ти останува само да се обидеш да ги промениш околностите или да си заминеш. Ама се зависи од тебе.
    И не прави ќееф никому, само себе.
    Кога ќе почнеш сама да се цениш, да се вреднуваш, тогаш никој нема да се дрзне да ти каже каква мајка си.
    Биди малку лоша и дрска.
    Со мајка му особено. Ако им исправаш ќеефови, си на*бала.
     
    На WonderGuurl, Dust, Nefertiti. и 22 други им се допаѓа ова.
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Ајде главата горе и бори се за мајка ти, таа не би сакала да се откажеш.
     
    На Elois, tinka-mace и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Да се има ниско мислење за себе не е скромност. Тоа е самоуништување.
    Вашиот ум е програмиран. Ако не го програмирате сами, некој друг ќе го стори тоа за вас.
     
    На Herrera, WonderGuurl, Dikinzi и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Девојката со проблемите ја читам некое време.
    Мажот и е идиот глуп кој никогаш нема да ми се разјасни како такви клошари наоѓаат жена и имаат деца. Мајка му негова, исто така, да ја читате од почеток, уште од кога имаа свадба ќе сфатите за што зборувам. Проклета жена во комбинација со простотилук, исто како синот, кој од кој побетер.
    Да му помогнеш на некого со сила, не можеш. Добар терапевт знае дека не можеш сите да ги спасиш.
    Ама девојката ја читам и едноставно не знам што да и пишам. Ситуацијата и е стварно тешка, поддршка нема. Многу е лесно да се лупне совет - оди си, кога тоа не е опција.
    А за стигма за депресија, анксиозност и буквално се' што опфаќа ментално здравје, од кај да почнеш од кај да завршиш.
    Форумов е слика и прилика на државава, пошо реално има многу членови.
    Шовинисти ќе најдеш, патријархат ќе најдеш, најмамички ќе најдеш, пикање нос ќе најдеш, луѓе што мислат дека се многу силни пошо не оделе на терапевт и пошо депресијата била модерна болест и се' експерти за све и свашта, а не сфаќаат колку се брукаат себе си со таква неинформираност, и тоа ќе најдеш.
    Немојте никако да одите на психијатар ок?
    Чекајте на само 45 години да кренете притисок 200 со 150 и аритмија, па ќе одите на интернист, тоа е поприфатливо :)
    Што знаат овие што кажуваат дека стресот покачува притисок, шеќер, пореметувања во ритамот на срцето, ризик фактор за рак и за многу други болести.
    Така да, ако ви е срам да одите на психијатар во 20тите, 30тите, почекајте докај 40тите, ве уверувам дека стресот ќе ви се префрли на срце, па ќе може конечно на интерно :)
    Од народ што мисли дека "на нервно" одат луди, да си пукнеш во кожичката. Да ти е незгодно една епилепсија да фатиш :D
    Особено при толку самоубиства, искрено треба човек да е така малку глупичок да застане и на некого да му рече - не оди на психијатар/психолог.
    Да разјаснам, да си крив за нечие самоубиство не може. Такви гилт трипови мене не ми проаѓаат, а многу често ги слушам, не само за самоубиство, туку за се'. Колку ми е смешно кога некој мисли дека ќе каже некоја манипулативна жакопојка и јас нема да приметам дека е манипулативна и ќе се потресам. Важи. Улога на жртва, улога на жртвено јагненце, ехе колку си ги играат тие улоги некои луѓе, циркузи.
    Ама тоа не значи дека треба да се дрзнеш да му кажуваш на некого дали треба или не треба да оди на психолог, психијатар, дали треба или не треба да пие антидепресиви со кои толку многу луѓе се подбиваат и било каков коментар околу нечиј избор за терапија. Подобро цел живот на апчиња одколку самоубиство, нели? Или добро познатото "не пиј антидепресив, Б6 напиј се". Мислам, да не го преценуваме витаминот. Не прави чуда.
    Ние да не бевме толку заглавен в пештера народ, тие луѓе што ќе се срамеа од психолог и психијатар ќе беа премалце и нивното влијание ќе беше скоро речи ич. Ама колку и секој да си вели, МЕНЕ КУР МЕ БОЛИ ЗА НАРОДОТ ШТО ЌЕ КАЖЕ, факт е дека на сите не боли што ќе кажат за нас. Тоа е чувство на припадност во заедница и никој не може да избега од тоа чувство. Може да го модифицираш, да го намалиш, зголемиш, ама да избегаш од него скрос, мало морген. А ако си опкружен со луѓе што ти велат -
    Ништо не ти е, не измислувај,
    многу е лесно да си кажеш -
    Штом сите ми го велат истото, мора да е вистина.

    И продолжи си со животот ко ништо да не се десило, си му дал на некого прејак совет да не оди на психијатар, бедоксин да се напие.

    Мајки на синови, аман заман учете деца да почитуваат жени.
    Мајки на ќерки аман заман учете деца да знаат дека вредат и да препознаваат насилство.
     
    Последна измена: 18 октомври 2020
    На Inana123, marija99992, WonderGuurl и 55 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.801
    Еве ме Мантуб, јас бев во слична позиција како девојката. Па и полоша. Лесно е да пишете од зад монитор и да солете сите памет, знаеме сите вака што е најдобро, ама кога ќе се најдеш во таква ситуација, не секогаш имаш храброст и можност за одлука.
    И луѓе сме, грешеме.
    Многу комплицирана состојба.
     
    На Dust, Nausicaa, Angie1432 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Со се' се согласувам, освен со тоа дека треба на некој да му кажеш дека треба да оди на психолог/психијатар.
    Ако некој се пожали на психолошка мака, ќе му речам да оди на психолог/психијатар; Исто како што некој што ќе се пожали дека го боли кичмата, ќе го советувам да оди на ортопед/невролог/неврохирург.
     
    На LadyLollypop, Elois, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не разбирам Јуле, за што ми зборуваш? За што треба храброст, за на некого да го поддржиш ако сака да оди на психијатар, за тоа треба храброст?
    Пошо зборуваш во второ лице, за што солам памет, не те разбрав?
     
    На LejlaD, fana и LunaGrey им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И тебе не те разбрав, ај пиши ми ја ако сакаш реченицата со која не се согласуваш :)
     
    На LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Можи и јас не те разбрав убо.
     
    На LejlaD и Mantub им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Аха, те сфаќам, во право си, секогаш е добар совет да му кажеш да разговара со стручно лице, нема лош момент за тоа :)
     
    На M&M, fana, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.801
    За девојката пишувате, така? За нејзината ситуација. Ко решението да е само да оди на психијатар. Што ако проблемот не е во нејзе? Јас сум сигурна дека со девојката е ок, туку околностите ја прават таква. Вусшност оние околу нејзе ја тераат да мисли дека во нејзе е проблемот. А не е. Во нив е.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.098
    Допаѓања:
    206.944
    Пол:
    Женски
    За ова се согласувам потполно со тебе...
     
    На Nithya, Elois, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.