Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па читаш дека девојката едно 3 пати пиша "Можеби се во право". Затоа се оди на психијатар, за да и отвори очи дека они не се во право.
    И да и помогне да се справи со суицидните мисли.
    Ај ако не на сила да ги кренеме мажот и и свекрвата и нив да ги однесеме на психијатар, не може нели?
    Некој пише Имам суицидни мисли, друг му пише Оди на психијатар и ти му викаш Не и солете памет, не е за на психијатар.
    Бидена си на психијатар досега? Не разбирам што толку отпор кон психијатрите. Сеанса на психијатар изгледа буквално ко на кафе со другарка.
    На психијатар не се оди само проблемот ако е во тебе.
    Пак ќе речам, на психијатар не одат само луди луѓе кои си носат психичка болест, па проблемот е во нив, не може семејството да се справи.
    На психијатар се оди за тебе да ти е подобро, се оди во моменти кога чувствуваш дека ти не можеш да се справиш со ситуацијата.
    Кажи ми, каква штета може да има ако на некого му кажеш оди на психијатар кога има суицидни мисли? Само корист може да има, штета не може
     
    На LadyLollypop, KuklickaSk, Ambrosia и 16 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Да де... исто како што 'околностите' прават да се зарази некој со корона.

    Треба да се оди на психијатар, исто како што се оди на било кој доктор.
     
    На Elois, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    И порано имаше анксиозност.
    Треба поддршка од психолог, па ако оцени и психијатар. Ќе и помогнат да ојача.
    Има и емоции кои треба да ги "сработи".
    Околината е никаква, ама не може да ја смени, ама може да се смени себе си да си е подобра за себе.
     
    На Purplelilac, KuklickaSk, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Стварно, ај кога некој се зарази од корона, носете го на лекар тој што заразил, а не тој што е заразен, смешно и бизарно е нели :)
     
    На Nausicaa, candy.cane, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.801
    Јас немам ништо против психијатар, напротив сама имам побарано да отидам, ама сплет на околности не отидов тогаш. Среќа имав што ми помогна на некој начин матичниот. Не битно.
    Сум била во ситуацијата, сум имала и јас такви моменти, сум мислела дека јас не сум во ред оти така ми правеа да мислам. Ме излудија. Се осеќав безвредно, мизерно, бетер од девојката. Ставив вишок кг и јас, не се ни средував, едноставно немав волја за ништо.
    Неколку пати собрав храброст и ќе си отидев и пак бев истата. Завршував на Итна неколку пати. И се така, а знаеш до кога? До моментот кога не сфатив дека се е до мене, дека јас треба конечно да кренам глас и да излезам од бездната. Се до тогаш, џабе е се. До моментот кога ќе сфатеш дека околината е токсична и дозволуваш луѓето да те уништуваат. Не е секогаш решението иди на психијатар или разведи се. Некогаш мора самите да поработиме на себе. И како најпрво што побргу да излеземе од таа средина.
    Не е се депресија, анекс. Девојката мисли дека има проблем, а всушност свекрва и е таа што е со проблем. Доволно е да се тргне малку од нејзе и да ја игнорира. Ама и за тоа треба време.
     
    На riba79, *Amethyst*, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    И двете страни имаат проблем, да се разбереме.
    Тој е шутрак, ама кога раскажуваме нешто што се случива обично повеќе се "браниме" себе си, отколку што реално сме способни да кажеме во што е работата.
    (Кај татко ми е мирен, тука е исплашен - на пример)
    Нека оди на психолог, па ако треба психијатар, после можат и на брачно советувалиште.
    У секој случај една е работата на себе, друга е проблемот во бракот. Препознавам анкс, но препознавам и депресија од загуба на родител и претходно (препоставувам) нефункционално семејство.
     
    На *Amethyst*, Doozy, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    97.043
    Ќе одиш на психолог/психијатар, ќе се вратиш пак во токсична средина и како ништо да не било.
    Да одиш на сеанси и консултации, ама да знаеш дека од таму ќе си отидеш дома и ќе можеш на раат да го процесирааш сето тоа што таму е дискутирано и советувано.
    А вака, ништо не бива кога сите те клукаат.

    Од луѓе како нејзината свекрва не можеш да се тргнеш. Таа треба категорички да се стопира од син и. Ако не, ќе те прогонува и на крај на свет, а не во иста куќа да можеш да се тргнеш.
     
    На Ambrosia, Кена Рис, Bezimenka90 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.402
    Допаѓања:
    113.365
    Пол:
    Женски
    Да лилит, ама треба да сака. Шо оти таа ќе сака да одат на брачно советувалиште кога шутракот не сака |(
    Шо ќе речат комшите м? :headbang:
     
    На Bezimenka90, Nausicaa, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Некои никогаш нема да соберат храброст да заминат.
    Затоа постојат психијатрите, за да ти помогнат да се справиш со чувствата кои те тиштат.

    Имаш предрасуди за психијатри.
    Еднаш ти реков да посетиш психијатар заради тоа што се плашиш од болести, ми се изнараздра и ми рече дека 'не си била ненормална'.
    Во ни еден момент не помислив дека си ненормална, само сакав да ти помогнам.
    Нема ништо ни срамно, ни страшно да одиш на било каков доктор.

    Доктори се сите... 'дури' и психијатрите.

    Абе ако си во депресија, не ни имаш сила нешто да смениш.
    Психијатар ти треба за ти да застанеш цврсто на нозе, не за да ги смениш тие околу тебе.

    После што ќе правиш со новостекнатата самодоверба... дали ќе останеш во таква средина и ќе успееш да извлечеш некаква корист од истата, или ќе си заминеш, е сосема небитно...
    Битното е ти да се чувствуваш убаво во сопствената кожа.
     
    Последна измена од модератор: 18 октомври 2020
    На SkarletOHara, Purplelilac, S.W.A.G и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Кога ќе почне сама да се менува, се ќе се смени.
    Читајте дека и тој сфатил за мајка му, он е помеѓу два огна и не му е сеедно да се носи со лојалноста кон мајка му и љубовта кон жена му.
    Порано сум гледала црно-бело, ама искуството ќе те научи многу.
    Не можеш да гл отуѓиш од семејството, ама можеш да го научиш како да се носи со се.
     
    На *Amethyst*, IRBBB, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    149.894
    Пол:
    Женски
    На девојката ќе и треба стручна помош откако ќе се тргне од таа средина, за да може да се крене на нозе и да продолжи понатака. Додека и е таа жена во секојдневие се е џабе. Какви свекрвишта бре постојат, како може да не се чукнат по глава дека и на своето дете му прават лошо со такво однесување :doh:
     
    На Ambrosia, Lianna Anna, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Премногу сме толерантни жените во Македонија.
    Како нашата лојалност кон мајките, можеме да ја 'заборавиме' и уште од првиот ден во брак да знаеме дека брачната заедница ни е примарно семејство, а родителите ни се секундарно, а на мажите 'им треба време'?

    Патријархалната култура ја налага ваквата ситуација, а не тоа што 'тие биле лојални' на родителите.
     
    На Ambrosia, Purplelilac, *Amethyst* и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не е се' депресија и анксиозност?
    Пак ќе напишам, девојката пиша дека има суидцидни мисли.
    Два најсилни инстинкти се за Преживување и Репродукција.
    Ако најсилниот за преживување ти згаснал, јас не знам што понатаму да зборувам. Мислам тоа ако не е депресија...
    Ти си сфатила што е најдобро за тебе и тоа е супер.
    Остави и другите да сфатат што е најдобро за нив.
    Скрос иста до детал да имаш приказна со некого, не значи дека тоа што тебе ти помогнало ќе му помогне и на другиот.
    Ти мислиш таа не знае дека треба да се тргне од свекрва и?
    Е добро де, искрено ова не е Еурека момент, сите знаеме дека супер ќе и беше да не живееше блиску со свекрва и.
    Ама ситуацијата е таква каква што е, не може, нема поддршка од никого, не работи, бебето и е мало, со мажот и односот не и е добар.
    И дали мислиш дека ќе и помогнеш ако и ја пишеш својата успешна приказна?
    Не, јас мислам само ќе ја обесхрабри тоа додатно.
    Ќе си каже Зошто кога други успеале, јас не можам да успеам, изгледа стварно не ме бива.
    Човек некогаш нема сила заби да измие, ама јас ќе му речам Крени востание дома.
     
    На KuklickaSk, sunshinebabe, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    97.043
    Јас не знам како ќе се чувствуваш убаво во сопствената кожа ако живееш со луѓе кои уживаат да ти го уништуваат животот???
    Па тие на решението му наоѓаат проблем, како би преживеал нормален со такви??
     
    На Nausicaa, Skorpija25, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.801
    Ти ме читаш дека нема проблем со нив и дека сама имам побарано да одам тогаш?
    Сега не.
    Точно, јас се плашам од болести и често си пишувам за тоа, али ете јас не осеќам потреба да одам на психијатар ради тоа. Може и разговарам за тоа со некого.
    А и ко прво, тогаш испадна дека имам реален проблем, а не бев за психијатар.
    Сега овде на форумот има далеку поголеми хипохондери и паничари за короната и од мене, ама ете мене ми остана етикетата.

    Полека малку со праќањето по психијатри. Земете соочете се со проблемите.
    Јас верувајте за се едно нешто кога осеќам потреба одам на лекар. А психијатерот за мене е лекар.

    И остајте овде што јас пишувам. Не знаете како јас живеам надвор од форумот, а верувајте не знаете и за другите. Затоа помалку дијагнози, сериозно. Си има доктори за тоа.
     
    На duffi, mareane, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не е точно.
    Реков веќе... во депресија кога си, некогаш и на глава да се наместиш не можеш да се натераш да се поместиш од место, не пак да преземеш толкави чекори како развод.

    Во моментот кога се чувствуваш лошо ќе одиш на доктор.
    Како на било кој друг доктор.

    Епа оти ми пиша тогаш дека 'не си ненормална'?
    Кога немаше благе везе со муабетот...

    Абе не се чувствуваш убаво и баш заради тоа одиш на психијатар.

    Во депресија си летаргичен, без воља, без енергија, не гледаш излез, се' што те правело среќна веќе не те прави, мислите ти се мрачни, секоја опција ти изгледа како крај, се' ти е мрачно и тажно....

    Имало денови кога не сум можела од кревет да станам, не пак да направам нешто.
    Детето не ме правеше среќна, маж ми не ме правеше среќна, филм да изгледам не ме правеше среќна, да патувам не ме правеше среќна... ништо не те прави среќна.
    Сакаш само да се покриеш преку глава и да чекеаш да помине.... животот.

    Е сега... некогаш ќе помине послесно и само од себе, ама некогаш без интензивна психотерапија и медикаменти, може само да се влоши.
     
    Последна измена од модератор: 18 октомври 2020
    На Annath, Lianna Anna, Elois и 6 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.801
    А вие доктори сте што заклучивте дека е депресивна? Кој ви дава за право да делите дијагнози?
    Јас воопшто не раскажав успешна приказна, далку е мојата од успешна. Во што живеам и како, јас си знам, зборувам за друг момент, да не се обвинува себе си и да не дозволува да и набиваат дека е до нејзе. Вие овде дополнително ја обесхрабрувате, со тоа оди на психијатар, уште повеќе и потврдувате дека до нејзе е проблемот.
    Сто пати ви пиша дека не сака развод, а вие упорно мажот и е шутрак.
    И нему не му е лесно, од една страна мајка му, за која знае дека греши, а од друга жена му и детето.
    Лесно е да, ама зад монитор.
     
    На *Amethyst*, Jana06, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    97.043
    Епа Јуле ти си замина од таквите околности, нели?
    Тоа цело време се зборува. Моментално таму не е за живот.
    Ако маж и е со волја да среди со мајка му, па после да си се приберат, а во меѓувреме таа да си се потсреди психички, арно.
    Ако не, јас за жал не гледам друго решение.
    Ништо не се менува со такви луѓе, може на бетер само да оди како минува времето. Само изолирање на истите скроз. Ништо друго.
     
    На *Amethyst*, Annath, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Баш оти не сме доктори, затоа и' кажуваме да посети доктор.

    Вие ја споредувате депресијата со 'тажна' сум...
    Се така ми се чини.
     
    Последна измена од модератор: 18 октомври 2020
    На Purplelilac, Annath, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  20. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.098
    Допаѓања:
    206.944
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Јуле затоа што е реална и искрена.Зарем стварно мислите дека психијатар е само решение.Се согласувам дека треба помош,дека треба психолог и психијатар.Но од друга страна дека истите тие со кои се живее во токсична средина ќе ве обележат како -,,од порекло будала,,е да,и тогаш се запаѓа уште подолу,оти угоре високо,удолу длабоко.Затоа ја разбирам Јуле што сака да кажи,оти едно е да се најди човек во тој вртлог,а друго е од зад екран совет
     
    На Yowannty, Skorpija25, Elois и 5 други им се допаѓа ова.