Па тоа е решението, изолирање од свекрвата или игнорирање. Да се средат прво они двајцата, особено она, да сфати дека не е до нејзе. Малце да крне глас и на свекрва и на маж, да стави граница оти вака џабе е и на 100 психијатри да иде, ако околностите не се сменат, џабе е. Ги читам на два спрата се, значи можат да се тргнат од нејзе, ама со жалење и плачење нема. Треба здрав муабет таму, а убаво би била да се тргне малку, да се потсреди, и он и маж и. Оти и он е во огнот.
Не зборувам за патријахатот. Врска нема ова што го пиша со патријахат и дека е некакво попуштање. Чисто психолошка категорија е која е набљудувана многу одамна, па до ден денес. Глеј ја игнорантноста - она е жртва, а никој не се запрашува каква психолошка борба има тој во себе?! Од каде да знаете дали нема и тој некои трауми? Можеби е и тој анксиозен?! Ама тој е маж! Ете го Балканот и неговата површност. Каде знаете да ја однесете работата...
Вие си знаете... Стојам зад тоа дека за болест се оди на доктор. Пф... кај реков дека маж не може да има психички проблеми? За конкретна појава зборував. Маж е врзан со мајка му дур не умри, а жена 'треба' да заборави на мајка си во моментот кога ќе почне да живее со мажот. Зборувај ми за двојни стандарди.. ти се молам.
Ти воопшто не си ме ни сфатила како прво за да можеме да дискутираме. За какви двојни стандарди зборуваш?! Кој зборува за тоа што треба мажот, а што треба жената?! Или ме ме вади од контекст или не ме цитирај. И смири живци, што се превозбуди? Нејзиниот проблем постои и пред да биде таму, околината ја утепува уште толку, можеби има и постпородилна депресија ако земеме предвид дека има предиспозиција од претходно. И раздвојте состојба пред и после, состојба и карактер.
Јуле, на колку места во различни куќи се во ист двор, па дури и на различни локации кога живеат, од свекрви не можат да се откачат, а не вака на различни спратови. Мажот, само мажот ако се освести. Ама она му се наплашила, со развод и се заканува и ведни глава за само омажена да си. Многу, многу е млада. После неколку години ќе и стане јасно се. Може и ќе почне да се брани. Ама до тогаш...
Нема врска маж или жена, така е затоа што најчесто се оди во куќата на мажот, неретко и сметки и обврски се делат и затоа се неговите родители повеќе вплетени во нивните проблеми. Да живееш со едни и да одиш еднаш неделно на ручек кај други, нормално дека не е исто.
И да не живеат со свекор и свекрва, исто е. Знам шо зборам. Од прв ден сме сами. Дури не пресековме и двајцата да не ни се мешаат, не престануваа.
Ти не знам дали ме разбираш. Некој вели суицидни мисли имам, и ти викаш чекајте, не праќајте ја на психијатар. Па што, ај да почекаме. На психијатар и велиме да оди баш пошо не и даваме дијагнози. Ама ти си против советите за психијатар пошо ти си таа што мисли дека на психијатар одат само луди. Затоа што 3 пати досега пиша дека "не е до нејзе" проблемот. Или во превод, само ако до тебе е проблемот, ако халуцинираш или слично тогаш треба да одиш на психијатар? Што е лесно зад монитор? Што да направиме ние, да одиме да ја врзиме свекрвата и да ја иселиме девојкава од таму? Тие совети што ти ги даваш, да крене глас против свекрвата и мажот, може да се остварат ако оди кај стручно лице и и помогне да си ја крене самодовербата, да добие сила. Таа вели суицидни мисли имам, ти викаш да кренела глас. Село гори, баба вика чекај косава да ја зачешлам.
Најдобро е да се тргнат оттаму, ама пиша нема финансии. Млада е за жал, ја газат буквално, плус нема некој зад нејзе. Жал ми е искрено.
Вајлд ај те молам... и богу и народу си здосадена. Секогаш сите ги сфаќаш погрешно и ја водиш работата во погрешен правец. Се превозбудуваш, па мора да ти реагираат. Ќе ти дадам еден бесплатен совет - ти немаш проблем со тоа што често знаеш да го кажеш како изговор па тука екслира, туку имаш проблем со својот карактер. А од сега, заобиколувај ме во широк лак. Стварно неам што со тебе да дискутирам. Дисецирајте ги работите. У случајов околината и ја влошува состојбата, но не е причинител за истата. Карактер е да им "плеснеш" дека дететое мирно зошто се плаши од нив, а кај татко и е мирно и нема врска со анксот, туку и она нив ги тригерува. Суицидалноста не е веке анкс, туку е депресија и психијатар бара асап. Не се трудете да барате виновници. А јас се кладам дека и дечкото има анкс и е притиснат од фруатрации и стравови, па така реагира. И ви гарантирам дека и самиот е жртва на сопствената мајка. Како да кажам, каша попара е... Ако се врати дома, ќе се врати во гнездото кај што се почнало. А и начелно не ја знаеме целата ситуација во целост, па со нашите заклучоци може и да ја фиксираме во убеденоста дека се тоа е безизлезно.
Игнорирај ме мори ако не ти се бендисва 'мојот карактер'. Ни те терам да ме читаш, ни да ми реплицираш.
Секој втор човек овде пишува дека има суицидни мисли. Сум имала и јас. Немам јас никаква одбивност кон психијатар, имам спрема она вашето делење на дијагнози и за секој проблем решението ви е психијатар или развод. Секој проблем во бракот се решава на психијатар така? Подобро е да одат на брачно советување. Но вие овде се' поврзувате со психички проблеми. Епа драги мои ова ви се реални проблеми и многу лица се соочуваат со истите.
Зборите за различни ствари. Некои ги поврзаа сите "теми" у една, затоа не се разбирате) бар така ми се чини. Може и да халуцинирам од вишок витамини и топло млекце против киселини Едно е ситуацијата на девојката за која зборат и за која Јуле збори или Еми,без да се лепи етикета за некаква психичка состојба. Друго е пак тема депресија и "депресија" и помош од стручно лице.
Добро Јуле, се сложувам со тебе нека одат на брачно советување. Ај оди во другана тема и речи и на девојката нека му рече на мажот да одат на брачно советување. Пошо тој досега не сакал ни да чуе, ни за психолог ни за психијатар ни за никакво советување и помош од овој тип, баш ме интересира што мислиш што ќе каже тој кога ќе му рече таа Ај на брачно да одиме. Или може му рекла, да не пиша, не се сеќавам. Знаеме сите дека треба да одат на брачно советување. И дека да беше мажот и на место, свекрвата не ќе можеше да писне. Ама мажот и е тој што има огромен отпор. И?
не знам дали има човек кој немал суицидни мисли. Нејзините можда ќе се решат со обичен развод или, прекинување контакти со свекрва или, нова љубов,брак,дете...кај депресивниот, ко шо и кажа, нема. Не им лепете дијагнози на луѓето.
Мене ме занима како функционираат во Мк психолозите, психијатрите (за ова треба посериозни симптоми и упат од доктор?) брачните советувалишта? Пошто толку често се употребува ко да сме во амерички филм и секој може да си дозволи, па се толку посветени и ефикасни...не знам, во мое време не беше така, сега може е сменето.
Сега ме сфаќаш дека она треба да бара решение за ситуацијата, не е проблемот во нејзе, во нив е, особено во мајката оти и синот е нејзина жртва верувај. Не знаеш што се им прават на синовите. Мајка е луѓе, додека да дојде до моментот освестување на синот треба време, а и треснување од земја. Таму засега единствено би помогнало да ја игнорираат и двајцата свекрвата, да се тргнат од нејзе на секаков начин, да нема прилика да ги провоцира со што би се намалиле тензиите и кавгите меѓу нив. Нека проба и она да ја игнорира и да ја оддалечи од нив двајца.
Тој е жртва на мајка му, изваден е од памет. Типично и самиот се однесува како жртва на нарцисоидна мајка. И самиот е за на психијатар. Све на куп е хаос.