па не баш. За моите суицидни мисли, доволно бил муабет со пријател, познајник, непознат у парк, патување, нова работа...
Исто како и во странство. Последниве дестина години има и психијатри кои се занимаваат со специфични области во психијатријата. Напреднато е бааѓи... Иако е многу далеку од совршено. Пошто сеуште, има луѓе кои сметаат дека е срамота да одиш на психијатар, а и психијатри кои се на работа само колку плата да земат. Ама не е за секој исто. Некои навистина извршуваат самоубиство. А нели, не сакаме да ризикуваме и да тестираме како ќе се развие одредена ситуација.
Каде прочита дека напишав доктор не,напротив....но доколку ме прочита внимателно ќе ме сватеше што кажав...
Тој да немаше едип комплекс на 30 години, немаше ни да го правиме муабетов. Што вика @Lilit и тој си пати од мајка му. Со таква жена да живееш, тешко ќе е да пораснеш во свесна личност. Ама знаеш што е разликата. Што тој не сака да чуе за помош, додека девојкава помош бара. Ако не сакаш да ти се помогне, никој не може да ти помогне. Ама таа сака да и се помогне, сака да најде решение. Со игнорирање кај мене лично не се решил ниту еден проблем што сум го имала во животов.
Има разлика... генерално. Повнимателни и поодговорни се приватните... ама генерално. И во приватните има такви кои сакаат само пари да земаат, а и во државните има такви кои се најверојатно и едни од најдобрите во државата. На приватно се плаќа, на државно само некоја формална партиципација. Цените на приватно се движат од 1000денари - на горе за сесија.
Во право си, не дека не, не и ја знам доволно приказната. И треба помош за нешто што не може сама да го реши. Ама пак се искаравте,не ве читам понатаму
не е де Вајлд. Тоа нели зборевме - има разлика од моето...депресивна сум као денес и човек кој има депресија. Нема потреба од дијагнози лепење и психоанализи на членови.
Токму тоа и прашува психијатарот. Имаш ли партнер, секс, работиш ли, задоволна ли си со работата... Животот што го живееме и неговиот квалитет е нашата среќа/несреќа, следствено на тоа и нашите 'дијагнози' се од таму. А девојката освен бебето околу кое моментално се борат со свекрва и која му е по мајка, друга причина за среќа сега нема.
Баш затоа кога некој се жали на психички проблем, најдобар совет е: Оди на доктор. Да не изиграваме ние доктори, оти не сме.
Со такви луѓе само тоа помага. Едноставно не можеш да најдеш решение, не можеш да ја промениш жената, ама доколку сакаш да си го сочуваш бракот, ќе си го гледаш само мажот и детето. Условите се тие, не можат да се тргнат од таму, плус немаат средства и маж и не сака. И останува да се потсреди малку, да ја игнорира свекрвата и да ги прекине контактите со нејзе.
За психолог треба психијатар да те упати ако не сакаш на приватно. На психијатар лесно ќе стигнеш, се што не можат да објаснат моментално што ти е "на психичка база е". Психијатар на државно ќе ти посвети 20 минути и ќе те стави на антидепресиви. Насилна седација, не знам како на друг начин би го објаснила тоа. Мене на антидепресиви ќе ме ставеа за опаднат имунитет и вратна спондилоза. Среќа реков на матичната дека за мене тоа што се случи кај психијатарот не беше ни од прилика психотерапија, дека нема да ги земам антидепресивите за сега, па ако треба за месец дена ќе ги земам. И на невролог отидов, одма ми препиша чуда за имунитет, д витамин и физикална терапија. За месец дена не ни знаев дека сум имала проблем.
Сум за посетување, кога некој смета дека треба да оди, сум посетила и психијатар и психолог, треба да се разговара за проблемите, доколку ги има и со редовни посети и совети да се средат. За ова би дискутирала, а за дадената ситуација која ја коментирате лично би и се обратила на членката ако треба, не индиректно па таа да чита овде совети.
@Fallen.Angel можеби и појќе од пола год помина од кога си пишавме. Ти имав и тогаш понудено да ти закажам кај психијатар, психолог , невролог... Ми рече ќе ми пишеш ако ти затреба. И те снема. Еве, пак ти нудам 'помош', може ако сакаш и да се видиме на едно кафе. Не знам читаш ли пораки. Мислам и тел бројче ти имав оставено. Ако сметаш дека некако можам да ти поможам слободно пиши ми. Млада здрава права девојка си. Верувај, За све има решение. Треба само да се сака да се преброди нешто. Мисли на малечкото, него си му најпотребна. Мораш да си помогнеш прво самата на себе!
Не си безвредна, престани да го мислиш тоа. А тој пријателот што ти кажал џабе трошиш ресурси како прво не ти е пријател, тоа да ти стане јасно. Мораш да најдеш добар психолог да те ислуша и посоветува, а за депресијата добар психијатар да ти утврди точна терапија или ти ја проконтролира постоечката и ти ја прилагоди дозата. Мора да преземеш чекори самата да си помогнеш, не мора ни да известуваш што правиш, тоа што правиш е за твое лично здравје, за твоја лична добросотојба. Кога и да сакаш и можеш слободно пиши ми порака колку можам и знам ќе те посоветувам, ти посакувам се да се среди со тек на време и да си се вратиш на првичните емоции и блискост со сопругот, а синко гушкај си го и нека ти биде ѕвезда-водилка.
@Fallen.Angel гледаш колку поддршка имаш и понуди за помош од еден куп членки. Не си ни сама, ни единствена која се борела со вакви проблеми. Само одлучи да преземеш нешто... најтешко е тоа... да го направиш првиот чекор. Ќе видиш дека се' можеш да смениш, и се' да биде подобро. Чекор-по чекор...
Имаме различна приказна, но истите чувства. Ги имав и целосно те разбирам. Не е срамота да одиш на психолог, воопшто. Не сакам да коментирам за сопругот твој, затоа што не ја знам ситуацијата. Верувам дека го обожаваш тоа мило бебенце и се би направила за него. Му треба мајка, биди силна за него пред се, ама и за тебе. Знам како е да живееш во позајмена кожа. Едноставно мора да побараш помош. Како што пиша, цимери сте со сопругот, како такви не мораш да слушаш што ќе каже. Самоубиството никогаш не е решение, затоа што афектирани се многу личности. Имаше едно видео, каде говорат фамилии на оние кои го извршиле тој чин. Неопислива болка. Ќе фалиш, ќе оставиш прашања, ќе столчиш срце. Разговарај со твоите родители, сестра, брат, било што од фамилија. Верувај дека можеш да смениш се. Не е крај, туку почеток на една нова приказна, од која ќе излезеш борец, силна хероина. Знам дека се чувствуваш како во тунел, но пред се ради себе, мораш да побараш помош, стручна помош и од никој да не бараш дозвола за истото.
Дечки, не мора од секоја тема циркуз да правиме, да се препукуваме до 101 и назад. Она што може да направиме е да и бидеме другарки за поддршка и да знае дека сме тука секој пат кога ќе и треба муабет. Јас мое бројче и дадов, може да ми се јави кога сака. Јас како човек кој животот го тресна толку силно од земја, можам да кажам дека разговор со стручно лице ми помогна многу. Ниту се срамам да кажам, нити пак мислам оти тоа треба да го кријам. Ама јас имав малку поинаков проблем. @Bubce38 се понуди исто во темава, има сопруг кој сигурно знае адекватен човек во нејзиниот град да и помогне. Ете може и со неа на кафе, да се тргне од таа отровна жена за кратко. Јас освен да бидам другарка и човек за да ја ислуша во момент на криза не можам поинаку да помогнам, не сум стручно лице. А јас кога бев во тој емоционален вортекс имав среќа што имав другари со кои ми врвеше дел од времето, клучни часови кои до ден денес ми значат многу. Фолен, денес цела фемина застана да те ислуша и да се проба да ти помогне. Не заборавај дека макар и виртуелно, имаш катче каде секогаш ќе се најде некој да те ислуша. И кога ти е тешко дојди тука, ова нека ти е safe space каде буквално можеш да си се истуриш.