@Bridget куп неточни работи ти пишаа. Матичен преку мој термин закажува психијатар кој сам си го бираш ( си чула за некој, блиску е реонски и слично). Цената е 1500, а ако работи преку фондот е 150. Трае еден разговор од пола саат до еден саат. Дава лекови ако треба. Мене не ми даваше 6 месеци, само разговаравме, оти доев. Ме охрабри да одам на пат у странство, да одбијам бебе и ми даде лекови. Следен термин е кога мислиш дека треба, а најчесто по еден месец. У случај на криза, може одма да се јавиш. Одењето треба да трае според болеста, две и пол години и уште одам, иако завршив со лекови. За жал лековите одат на приватно и скапи се. Ако има потреба вика родител, маж, сестра... Со нив насамо разговор. Исто 150 денари. Ред има народ. Термини полни. Веќе не гледам дека некој се срами, можда по помалите места. Депресијата е недостиг од хормон на среќа. Жлездата не лачи хормон. Болест е како и шеќерот, тироидата, притисокот... Лековите стимулираат жлездата да тргне или да го дадат хормонот на телото. Срам од болест нема.
Читам подолго време и доста феминки ти дадоа добри совети, ама не можам да поднесам како жена како тебе воопшто не се цени и како си дозволува да дојде до ситуација да се мрази себеси и се околу себе што и дал Господ. Како прво имаш син, С И Н, кој што моментално му требаш само ти. Нема поубаво чувство од тоа да си мајка. Знам добро колку жени се борат да имаат дете и колку деца имаат деца со проблеми во развој. Ти имаш пред тебе огромно богатство. Тоа што ти имаш такви мисли, што не си мотивирана, што не си среќна...зарем е чудно зошто си таква? Па каков да бидеш во средина каде што не те сакаат, каде што никој не те вреднува? Свесна си била за се и во што си се впуштала, и со кој човек си се омажила и какви се неговите...(се надевам се била свесна). Јас едно ќе ти кажам....се додека си со тој маж, се додека си со таа фамилија ќе бидеш таква доколку не превземеш нешто!!!!!! Ако сфатиш што имаш, ако сфатиш колку вредиш, дека самата себеси можеш да биде мотивација, самата себеси да се направиш среќна, дека никој ама баш никој не ти треба во светот да ти каже колку ВРЕДИШ, а верувај ми вредиш бидејќи си МАЈКА.....тогаш ќе смениш многу работи и твојот живот ќе биде подобар...работи на себе девојко и остави ги другите битна си ти и твојот син!!! П.С посети психолог, еден ден ќе бидеш благодарна што си се одлучила на таков чекор колку и сега да изгледа страшен
Да не беше остварена како МАЈКА немаше да вреди Значи по твоја логика да беше членка која не е мајка и побара совет ќе и пишеше дека не вреди оти сеуште не е остварена како мајка. Одлично, алал да ви е на зборовите кои ги бирате.
Го прочитав проблемот, токсична е средината во која живее девојката, дефинитивно. И треба стручна помош за да ојача и да се извлече од депресијата, а после да презема се' што треба за да го реши проблемот. Кога ќе сфати дека проблемот не е во неа, ќе биде подруго, полесно ќе се справи со притисокот од околината. И полесно ќе се одлучи да се тргне со мажот на страна, уште посилна ќе излезе. @Fallen.Angel прво треба да и помогнеш себеси. Ти треба помош и не е срамота да признаеш. Ако не за себе, за детето. Оти нему најмногу му требаш. Со помош од стручно лице ќе ја совладаш депресијата, ќе ти помогне да увидиш дека вредиш, и дека си способна да направиш се' што ќе наумиш. Ќе ти помогне и да го победиш својот страв од сопругот, и заедно да се тргнете од мајка му. Немој да чекаш одобрување од другите за да си помогнеш себеси. Со чекање ништо не правиш, а најлесно е да седиш и чекаш да се средат работите сами од себе. Не е лесно, знам, немаш волја, немаш желба, не си среќна, ама имаш едно нешто што вреди, синот. За него дигни глава.
Морам нешто на сите да ви кажам. Во депресија, може детето да не ти биде ни мотивација, ни извор на среќа. Во случај некоја така да се чувствува, муабети за детето нема да ја стимулираат, туку уште толку ќе и' набијат грижа на совест и чувство на вина.
Врска ти нема муабетов. И зборува на конкретна жена за конкретен проблем. Кога некоја без дете ќе пише проблем, нејзе ќе и пише друго. Кај конкретната членка тоа е кажано заради тоа што се осеќа како безвредна мајка. Ако не можеш да го прошириш видикот, не прави од многу дрвја да не се види шумата.
@Fallen.Angel Прво и основно Мавни свекрва маж ојле и дојле Прва си ти Дали ке се вадиш сама или со помош од стручно лице ке си одлучиш ти но мораш да ги мавниш и маж ти и свекрвати за да се издигнеш ти Не мира да се разведуваш но не се замарај кој шо рекол кој шо направил Остај ја свекрва ти сама да се удаве пред мажот ти а штом се меша сегде за скоро време ке се удаве тогаш и во очите на маж ти ке падне Ке се среде се не е страшен проблемот колку тебе шо ти изгледа само гледај се самата себе и пробај да се издигнеш
Фала ви на сите. Многу ми значи што ме поддржувате и што се трудите околу мене. Прво да си го кажам ова што го читам во повеќето постови. Кај мене нема одбивност кон посета на психолог или психијатар, ниту стигма ми влијае. Само се плашам од расправии. Јас имав закажано и решено да одам, ама кога видов дека маж ми не е океј со тоа. Кога видов колку се разочара и што се ми изнакажа си реков ај нека биде што биде со мене не одам нигде. Што ако одам јас да се лечам а кога ќе се вратам дома ако треба да се расправам? Ништо нема да постигнам. Терапијата колку и да ми помага нема да можам напред да терам кога маж ми дома ќе ми направи уште полошо да се чувствувам. Одев на психолог пред 2 год. И пред 3 год. И ми помогна и затоа сакам пак да одам. Ама ме кочи целата ситуација со бебе дома.. Имам финансии и можам да си дозволам. Ама не можам скришно да одам.. Ќе ме дознаат и уште поголеми тензии.. Размислував да отидам до Штип ама ќе нема да можам да одам бебето треба да го оставам многу долго. Претходно имав закажано и во Штип ама не отидов и таму бидејќи пред да тргнам во кола ми се тупнаа свекорот и маж ми сакал да си купи нешто и да прошета..
А да измислиш дека имаш некој лекар/терапија во Штип, откајзнам против проширени вени ...нешто што на тие со мозок од амеба ќе им биде вака доволно разбирливо Ќе ве молам, имаше пишано вчера некој психолог онјалн или разговор онлајн, спомнаа 350 денари нешто, ама не можам да го најдам. Ако некој знае нека сподели.
Ти текна оти некогаш си знаела Кој не знае ќе праша или ќе научи. Имаше пишано вчера некој, ама метла малку работела. Небитно, фала ви и на двете од погоре. Ваљда нешто ќе помогне.
Сепак е подобро да одиш. Ти сметаш дека ќе има расправии и сето тоа ќе те афектира емотивно. Ќе биде така само на почетокот, ти гарантирам дека после нема да биде расправија (составена од двајца), туку ќе биде монолог во кој некој мрси муда, а тебе ќе ти биде баш гајле. Глеј си за себе, животот ќе ти се смени кога ќе собереш храброст да се спротиставиш на околината, нема да дозволиш да те газат. Зошто они да немаат суицидни мисли бе, што мора па ти при срце да ги ставаш. Ај мани ги таму, исправи се, диши длабоко, сакај се, останатите па и не мора, а и не е грев. Поголем грев за себе си правиш, што сакаш да се самоуништиш поради некој друг што треба да се лечи во твоја околина. Ако нешто ти промрчи, ќе му кажеш, некој мораше да иде на психолог, јас како попаметна решив да биде тоа јас. Батали што мислат другите, да ти мислеле арно, поарно ќе беше.
Не е твоја стигма, негова стигма е. Ама не е ни битно тоа... Пробај оналјн сесија направи. Сигурно тоа можеш многу лесно да го изведеш. Ќе ти дадам број од психолог што прави онлајн сесии. Ако сакаш...
Ќе се видам деновиве со Бубето ќе најдеме начин некако да одам тука на психијатар. Фала ти многу. Немам ништо против онлајн сесии ама подобро е лице в лице. Онлајн сесија можам само додека спие бебето, а тоа и не се знае кога е и колку ќе спие. Фала навистина, ако сепак ми затреба ќе ти пишам ќе ми дадеш број.
@Fallen.Angel случајно ми испадна твоево мислење во темата "Цел живот сами". Мислам дека е добро да си го прочиташ пак, да видиш дека сепак во тебе се криела една храбра и јака жена.
Ај маа доста! Уште не ти текви што гнаси се тоа и дека намерно ти прават така? Е да, намерно. Зошто уживаат во тоа тие да се во центар на внимание. News flash и маж ти не му е гајле за тебе. Зошто го жалиш бре? Дали тој тебе те жали? News flash: НЕ. Очигледно е дека имаш постпородилна депресија. Прифати го тоа. Едноставно ти се насобрало. Доста ломотиш за самоубивање. На кој ќе му го оставиш бебо ма? На тас лудачка да ти го гледа? И што ќе го научи? Да биде јак глумец или глумица (незз што имаш нека е здраво и живо),и да биде покварен/а? Она што сега тебе ти треба е средина без тригери. Ти треба малце време да се средиш, ти треба време со бебчо. Не ти треба маж ти и не ти треба таа лудачата. Оди малце кај татко ти со бебо, некоја недела. После преговарај за нови почетоци на нови места. На стари места, стари проблеми. Мораш самата да си дадеш кураж, мораш да направиш чекор напред. Можеби ова моево звучи сурово и неприкладно за човек со вакви проблеми АМА САМО ТИ МОЖЕШ ОВА ДА ГО РЕШИШ. Ова ти го кажува човек што неколку пати ја видел смртта во очи. Мораш да си ја пронајдеш вредноста. Само така на бебчо ќе му ја пренесеш вистинската вредност. Не дозволувај тоа да го прави друг, некој што не заслужува.
Да, може да е и постпородилна депресија, а членката и порано имала депресија па големи се шансите ако си имал депресија пак да ти се врати. НА ДОКТОР ОБАВЕЗНО. Другарка ми имаше постпородилна депресија, немаше баш подршка од маж и, ама со татко и отиде на психијатар и сега фала му на Бога е добро. Кажи м у на татко ти што и како е и отидете заедно.
@Fallen.Angel дали сакаш да те поврзам со многу добар психолог што работи онлајн? Ако немаш средства да платиш во моментов јас ќе платам за тебе сесија. Потребно ти е 1 час само кога си сама дома, нема никој да те дознае. Те молам. Ќе препознае таа дали си за на психијатар и ќе ти препорача некој ако треба. Јас имам изгубено мајка на 15 години. Татко на 20. Знам колку боли и како се се менува од тој момент. Ама знам дека може да ти биде подобро. Пиши ми те молам. И тоа советите дека треба да го гледа бебето за да добие желба за живот кај лице со постпородилна депресија не менува ништо. Јас имав постпородилна анксиозност, а имам маж што ми е во се поддршка, па пак имав моменти кога му викав дека сакам да умрам за да не го слушам како плаче( и стварно мислев како ќе ми е подобро да умрам). Само што препознав дека не сум ок и одма побарав помош.