После 1 искажан проблем следуваат 500 мислења од загрижени членки кои сакаат да помогнат. Некои ќе ‘фатат со убаво’ да делат совети, додека некои со tough love мислат дека ќе помогнат да се реши некоја ситуација. Какви и да се мислењата и членките, мило ми е што секоја една од нив посветува време и помага на било кој начин. Благодарна сум за СИТЕ вас тука на форумот АМА, џабе и совети и сè кога другата страна не прифаќа и не презема ништо. Пред да ме нападните со ‘не си била во таква ситуација или немам кај да одам’ - please, stop. Секогаш треба да си бидете сами на себе приоритет. Ако вие сте среќни и тие околу вас ќе бидат. Ако треба и на клупа ќе спијам само да не сум во ситуација која ќе ми штети мене и на моето дете. Затоа, вработете се и имајте си ваши пари, за утре ден да имате барем за кирија некаде да плаќате ако веќе не ве примаат назад родителите што за мене е тотален апсурд, ама на страна тоа. Ако не можете да разговарате со сопрузите за сè што ве мачи (особено за проблеми со неговата фамилија), просто е - тие не се вистинскиот избор за вас. Секој може да згреши во изборот, ама важно е да се поправиш пред да потонеш целосно. Ако не сакате да си помогнете самите на себе, џабе ви се секакви совети пошо само ќе тапкате во место и ништо нема да постигнете, уште полошо ќе ви биде.
Дали имате искуство со добар психолог за деца, или психијатар. Се работи за ќерката 6 години е, има страв од дожд. Разговарав до сега со 3 психолози, бидејќи проблемот постои веќе долго време, според нив мала е ќе се реши проблемот со тек на време со наше правилно постапување со неа. Според нив не е фобија , нормален страв за нејзина возраст. Мене ми личи на фобија, може јас субјективно гледам и не знам дали уште да чекам да помине или да барам друга помош.
Фобија, по строга дефиниција на фобија - е. Ама дека би требало да ја надрасне, тоа да. Детските стравови обично се затоа што некогаш претходно таква ситуација ја исплашила или затоа што едноставно не може да си го објасни. Психолог може да помогне, ама веројатно нормална реакција од ваша страна е далеку далеку побитна. Пробај да и пополниш дупки на знаење кои ги има за дождот, да и покажеш дека не е страшен или како настанува. Пробај преку едноставен "експеримент" со евапорација да и покажеш од ккаде доаѓа дождот. Дека е само кондензирана вода, дека е потребен за да се наводнат цвеќињата надвор, да израснат јаболка и круши за да јадеме. Тоа може да биде буквално тенџере и чинија експериментот што секоја од нас го видела во основно, или нешто поинтересно, во овој стил https://lessons4littleones.com/2015/04/15/water-cycle-rain-cycle-science-experiments/ Верувам дека тој страв е поради "дупки на знаење" и ќе се подобри со тек на време.
Да буквално се пробав, експериментот што го збориш го правевме, објаснуваме , збориме преку игра , и се изгледа дека сфатила прифатила и кога ќе почне да врне ја фаќа паника. И сама вели, мислев дека нема да се плашам овој пат и се разочарува. Останувам смирена јас да не види дека сум вознемирена и збориме дека стравот е нормална работа сите се плашат од нешто...неа ја фаќа паника, бега во една соба долу кај што не се слуша воопшто дожд ама пак додека врне, цело време е насочена на тоа, не слуша не гледа ништо друго се исклучува плаче се тресе и станува ладно, и ако трае долго се плашам да не и се слоши не знам што да и правам. Проверува редовно прогноза, ако виде дожд во најава плаче пред време, најави дека нема да оди на училиште денот кога ќе врне. Во моментот кога престанува дождот е ново дете, истрчува надвор весела е заборава се во момент.
@Stark прими сочувство колега по навивачка линија. Не постојат зборови за утеха. Мораш да бидеш силен во периодот кој претстојува. Не сакам да ме сфатиш лошо но барем повеќе нема да се мачи таа. Сега е на подобро место а ти мораш да се избориш. Знам дека можеш. Животот за жал е суров, стисни заби, дозволи си и да имаш жолти минути, да тагуваш, ама не дозволувај сето ова да те скрши. Знам дека е лесно да се каже ама те молам пробај да собереш сили и да бидеш храбар.
Еве веќе втора недела како работам од дома т.е. од кај моите. До сега не знаев колку е сериозна работата но сега сфаќам дека навистина е сериозна. Татко ми покажува рани знаци на деменција. И не знам дали е деменција дали е нешто друго. Се манифестира во повторување на еден ист муабет секој ден и повеќе пати во денот, со заборавање кај го оставил работите, со лажење, и со правење филмови за работи кои не се случиле. Уште порано со мајка ми се обидовме да му објасниме дека треба да се оди на лекар за да му дадат некои лекови, се испокара со нас зошто ние сме го правеле луд а тој не бил луд и не му требало ни лекар ни психијатар ни лекови. Кога го соочив зошто ми повторува еден ист муабет кој веќе ми го има кажано, вели дека од досада нема за што да збори па затоа се повторува. Целосно е зависен од мајка ми, што и не ме изненадува, зошто цел живот е таков, но сега уште повеќе се чувствува зависноста, буквално оди по неа постојано. И најмногу што ми ја кине душата е секое сабајле кога ќе дојдам со малиот се случува истиот муабет дур си варам кафе. Застанува до мене и вели „Леле што се случува со таа Короната, да не можеш надвор да излезеш. Еве и во болница не е сигурно да отидеш. Што ќе се прави, јас не знам.“ Значи секој ден, еве веќе втора недела, истите зборови од а до ш. Не знам како да го убедам да отидат на лекар. Сочувство, прв пат сум овде и кога го видов твојот пост ме искина внатре. Биди силен.
Чим е зависен од мајка ти, таа нека го 'уцени': Или на доктор, или не ти бркам работи. А можете и да го излажите кај одите и за што е докторот, и дека е доктор воопшто...
Не е до толку се уште. Знае што се случува, а и не сакаме да криеме од него, па апчиња мајка ми по кафе или јадење да му крие. Работата е сам да прифати дека му треба помош зошто сега се мачи. На почеток е и мислам дека може да се пролонгира или малце да се подобри состојбата со лекарства. Уште повеќе што јас и мајка ми се уште се учиме како треба да постапиме, и да не го напаѓаме човекот зошто тој не е виновен, туку болеста. Не се правдам на неколку наврати се имам развикано и после кога ќе ми текне дека не е негова вина, срце ми се кине. Ама мислам кога ќе има дијагноза и ние ќе се смириме, зошто сега вака мислиш дека не се труди да размислува.
Не постојат зборови со кои можам да кажам колку ми е жал... Исто така, не постојат вистински зборови за утеха во ситуацијава. Ти посакувам да бидеш силен. Во најтешките моменти, ќе ти помагаат најубавите заеднички спомени.