1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    После 4 месеци пробување останав бремена, се молев на господ да ми даде детенце и ми даде. Во меѓувреме се веаботувам и дознавам дека сум бремена , кажувам ма работа и ми врачуваат отказ поради тоа што сум бремена. Вчера дознавам дека имам бактерија што го напаѓа плодот и ризикот е голем детето да не преживее и дека морам да абортирам.
     
  2. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Можеш да ги тужиш за отказот поради бременост.
    Жал ми е за ситуацијата во која се наоѓаш. И јас низ исто поминав, знам дека ти е тешко, но остани силна. Побарај второ мислење од друг гин. доколку не си била.

    Доколку ти треба разговор, пиши слободно. :hug:
     
    На Snowflake92, *Amethyst*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Само со позитивна мисла, се ќе биде ок. Голем е Господ, има план за сите. Верувај, моли се и медитирај.

    Тужба на работодавачот обавезно.

    Со тебе сме :l:
     
    На noteforself, hermosa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Душа ме боли луѓе.. многу.
     
  5. Kristi900

    Kristi900 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Не сум единствената значи...Не да ме боли,ме корне!
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Издржи:hug:
     
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Иако не ја знам причината, се надевам дека сега ти е подобро.
    Ако ти е за утеха, периодов е лош за повеќето од нас. Но ќе помине. Што не поминало!
    Каков и да е проблемот, знаеш дека ноќта не трае вечно, сонцето пак мора да изгрее.

    :hug:
     
    На noteforself, thelittle17, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    Не знам од каде да почнам...
    Имам 23 години и сум интроверт и мислам дека имам социјална анксиозност. Покрај тоа што не сакам излегувања, дружења, многу луѓе, јас не можам ниту да комуницирам со луѓето кога сум меѓу нив. Не можам да разговарам ниту со луѓе кои ги знам со кои претходно имам разговарано, до степен со родениот брат да не можам да направам муабет. Едноставно се плашам да почнам да зборам, не знам дали ако кажам нешто ќе го кажам тоа што треба, дали ако прашам нешто ќе биде на начин на кој треба. Се плашам дека ќе испаднам глупава. Секогаш мислам дека другите се многу попаметни и дека не сум на нивно ниво. Не одам по гости кај луѓе кои некогаш ми биле блиски, одделена сум од сите, сама сум и немам никој. Имам една другарка која во последно време ја избегнувам бидејќи се плашам и со нејзе да разговарам. Ако почнам да зборам, се гушам, се потам, срцето почнува силно да ми чука мислам ќе ми излезе од гради.
    Значи освен со дечко ми не можам да комуницирам со никој. А со него сум сосема друга личност, премногу зборувам дури тој мисли дека кога сме заедно со други луѓе дека намерно се правам срамежлива, мирна, тој не знае какви војни водам внатре во главата. Многу пати кога сме со луѓе знае на шала да ми рече не се срамувај, зборувај нешто. Тогаш пропаѓам во земја и секогаш барам пример тоалет или нешто да одам да плачам, последниот пат му го реков веќе така да не ми вика пред луѓе па мислам дека ќе биде подобро.
    Одам на работа со колегите не разговарам и поради тоа не ме ни поднесуваат многу, пробувам по некогаш да започнам разговор но не ми успева да го продолжам бидејќи борбата во мене е посилна и не ми дозволува.
    Знам дека изгледам како некоја проста што ништо не знае, а тоа е од шо не можам да зборам. Не дека сум препаметна, но читам доста, се информирам најчесто за се што се случува но немам како да го докажам тоа ДЕКА РАЗБИРАМ НЕШТО. Кога други ќе почнат да разговатаат јас само во себе си мислам што БИ МОЖЕЛА да кажам. Дури во главата сама си дебатирам пример ао ставовите што некој друг ги изнел но на глас никогаш.

    Дечко ми е спротивен од мене, секогаш позитивен, секогаш дружељубив. Ми идат мисли пинекогаш дека не ме сака а знам дека не е така туку едноставно сака понекогаш да испадне од дома и да се види со другари или слично. А бидејќи живееме заедно кога ќе излезе јас останувам сама и постојано плачам.
    Знам дека не е фер да барам од него да не се дружи но не сакам ни да бидам сама. Тој секогаш со истото испадни некаде, смени нешто, види се со некој.
    Јас порано бев многу социјална имав еден куп луѓе, дома само за спиење се прибирав. Не знам дали уживав во дружењето или го правев тоа оти така треба секој млад излегува и слично. Искрено, не знам ни од кога ми почна оваа состојба.

    Нема смисла ова што го изнапишав, не знам колку речениците една со друга се поврзани но морав да се отворам некаде.
     
    Последна измена: 13 ноември 2020
    На nevermet18, Ilajla666, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Игнорирај го тоа што ти прави немир.
    Најди си некое хоби. Цртај пишувај.
    Сите твои мисли префрли ги на хартија и на крајот искини го и фрли го листот. Со тоа ќе ги исфрлиш сите мисли. Прави го ова почесто. Ќе ти делува. Престани да се критикуваш и да мислиш негативно. Почесто смеј се. Немој да плачеш.
    Секогаш пред да започнеш разговор кажувај си "сега или никогаш".
     
    На IRBBB, eliesaab и sever123 им се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Оди на психолог (НЕ психијатар). Верувам дека ќе ти помогне да ја надминеш оваа состојба. И верувај во себе, не ја губи самодовербата никогаш. Сите сме луѓе, сите грешиме. Па дури и ти да згрешиш некогаш нешто при комуникација со некого не си ставај одма на срце.
     
    На IRBBB, tinka-mace, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    Неколку пати имам помислено да одам, но се плашам нема да можам да зборувам ни таму.
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Пробај, ништо нема да изгубиш, можеш само да добиеш.
    Еве совет од мене, сними се со телефонот дома што сакаш да му раскажеш на психологот, тоа што го имаш пишано тука.
    Ако чувствуваш блокада, страв да зборуваш, замоли го во тој момент да му ја пуштиш снимката. Нека ја слушне и потоа тој ќе знае што треба да прави.
    Сигурна сум дека барем снимка можеш да снимиш кога си сама дома.
     
    На IRBBB, tinka-mace, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  13. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Психологот ќе те води, од прашање во прашање сѐ додека не бидеш доволно опуштена сама да почнеш да раскажуваш.
    Сега периодов има и онлајн сесии, можеби така ќе ти биде полесно.
    Чим си свесна за твојот проблем и сакаш да го решиш, не треба ништо да те спречи.
     
    На Snowflake92, IRBBB, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    5.590
    Пол:
    Женски
    Преку апликацијата разговори.мк таму има психолози ќе си закажиш разговор преку чат. Ќе си избериш психолог и преку чат ќе ти биде полесно. Така ќе се отвориш
     
    На IRBBB, sever123 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    1.729
    Немам љубов, секој обид, неуспешна приказна, никако да ми се погоди човек да имам хемија и муабет што ќе ми пружи љубов а се обидувам и со луѓе кои не ми се привлечни да пробам да давам шанса но самата се измачувам уште повеќе . Со оние кои ми се привлечни .... тоа е веќе друга приказна.Оддруга страна пријателите сите имаат обврски, веќе оформиле семејства, врски и никој не е достапен. Достапни се само 1-2 во месецот кога имаат потреба од некоја работа да им завршам. Контактирам и постари пријатели постојано, но се се сведува на кај на исто.Сите зафатени или им делувам не интересна поради тоа што немам што да споделам. Враќам разговори и гледам дека јас сум единствена што пишувала постојано.Коронава ме спречува и да бидам активна на надоврешни активности да пробам на тој начин да запознаам луѓе. По цели денови само одам на работа и се враќам дома. 100 Активност пробувам но мислам дека ќе побудалеам и ќе почнам сама со себе да разговарам шо е веќе и нешто што ми се случува.Си мислам, каде волку згрешив, не сум сигурно најдобрата личност но блиски никогаш не сум повредила или им наштетила. Што направив волку да заслужам.
     
    На Dragonfly889 и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    @Summerbaby

    Љубовта не е нешто што се порачува, не е нешто што доаѓа кога ние го бараме, туку се случува спонтано, кога ќе се поклопат енергии, одредени ставови, карактери, па се развива и таа емоционална поврзаност.
    Верувам дека е малку разочарувачко тоа исчекување да се случи нешто за да се поклопат коцките, но најмногу што можеш да сториш е да го користиш времето да се посветиш на своите интереси и хобија.
    А ќе си дојде кога тогаш, нема да биде секогаш вака.

    Е сега за пријателите, нормален животен тек е со некои да ви се разидат патиштата.
    Тоа си доаѓа со различните цели, начинот на кој растеме и се менуваме, искуствата, па и кога ќе сфатиме дека можеби тоа ни биле одлични пријатели само за некој период во животот (средно, факултет) но не значи дека мора да останеме во тоа пријателство по секоја цена. Едноставно не се пронаоѓаш во таа релација како некогаш, разговорите не течат лесно како порано и сфаќаш дека не е тоа - тоа.
    Сосем е во ред и да прекинеш пријателства кои мислиш дека се еднострани.
    Сите си бараме вреднување на вложеното внимание, време и љубов.

    Воедно и годинава е таква, што не си ти неинтересна туку навистина нема многу што да се сподели.
    Сите сме во иста позиција, во околности во кои никогаш не сме ни замислувале дека ќе ги живееме, се воздржуваме и ограничуваме од секаква блискост, па се намножуваат повеќе негативни емоции или тишина.
    Затоа што наеднаш скративме се' што некогаш сме го сметале за нормално, за ситница, па сега сфаќаме колку всушност тие мали случувања биле голем дел од нас и колку ни го правеле животот поисполнет.
    Но се' има крај, па ќе се најде решение кое повторно ќе ни донесе еден нов бран на оптимизам.
    Се надевам дека тој бран ќе не' шлапне онака силно, па нема да знаеме што не' снашло од што ќе ни биде убаво на душа. :D

    Во меѓувреме, доколку немаш милениче одма посвои си нешто.
    Дали маче, дали кученце, папагалче, хрчаче, па и две можеш за да ти е уште позабавно.
    Едно нешто е дека ќе си имаш гушкалче, друго дека слободно можеш да му зборуваш, колку и да не разбираат всушност по самиот тон ја чувствуваат енергијата па ќе видиш како ќе те расположуваат, трето ако си земеш куче ќе си имаш постојано друштво да си прошеташ, а и кога ќе се вратиш од работа верувај ќе те пречекуваат како царица, затоа што навистина искрено ќе им недостигаш.

    Друга работа, менувај си хобија.
    Постојано задавај си задачи, истражувај, пишувај еве и тука на форумов.
    Некогаш ќе се изнервираме, друг пат па ќе се насмееш на нешто и цел ден ќе ти биде забавен.
    Отвори во темине кај Насмевка, има материјал за читање колку сакаш, од смешни мислења, додворувања по социјални мрежи, скриншотови од интересни конверзации, мемиња, твитови и слично.

    Филмови, документарци, реални шоуа, серии, за се' ова можеш да најдеш предлози тука.
    Еве неодамна што гледав релакс ром-ком серија ти е Emily in Paris.
    Седни си со мачор/куче, пуканки, чоколадо и вино и уживај. :f:

    Исто ќе ти кажам за мене дека кога се осеќам даун, си барам Крисмас филмчиња.
    Мислам дека ништо не ме расположува толку многу колку тие што се со спремање, украсување, тракатаници, па некое патување, џез музика во позадина, некој лик што мисли дека животот му е с*ање, па после се' си наредува како што му е ќеф.
    Нешто што се надевам дека ќе се случи и кај мене во догледно време. :D

    И секако спремај си декорации, сијалички, па и договори на камера заедно да украсувате со некоја роднина, блиска личност, така што и двете/двајцата ќе имате фин празничен филинг. :*:

    Едит. Да не заборавам, добредојдена си во Феминско младинско ќоше.
    Имаме секогаш таму теми за зборување, па те чекам да ни се придружиш.
    Прегратки. :hug:
     
    Последна измена: 13 ноември 2020
    На 1209, Dentina, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Само сакам да знаеш дека не си единствена. Стравот во тебе прави да се осеќаш помалку вредна од другите. Има решение за овој проблем, разговарај со психолог. Од лично искуство можам да ти кажам дека најдобар начин да ја победиш социјалната фобија е да се соочиш со она што те плаши. Ќе видиш дека тоа е само илузија која ја креира твојот мозок, никој за тебе не мисли дека си глупава. Секој пат кога ќе помислиш така потсети се на твоите јаки страни и не дозволувај стравот да те контролира. :l:
     
    На sever123, eliesaab и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  18. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    1.729
    @Purplelilac
    Фала многу за подршката и одвоеното време за долгиот пост, ќе се потрудам да бидам и овде по активна и се надевам на подобри денови :l::f::l:
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dragonfly889

    Dragonfly889 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Знам дека си разочарана од мене, сите мои глупави животни избори, фактот што имам 0 самодоверба, фактот дека не сум тоа што сакаш да бидам. Извини мамо ама не сум и не знам дали можам да бидам она што сакаш ти.

    Ми вршиш ненормален притосок за се и сешто и за банални работи, жено психички мислам дека оболев од тебе и твоите примедби имам 32год, и да може неспособна сум како што би кажала ти.

    Неспособна сум на многу начини не сум добра ни во работа, не сум способна да усреќам некој, тебе па ни сама себе, пријателите ги бројам на 1 рака. Остави ме да дишам, не можам веќе вака свати ме. Од цел тој притисок од дете што ми го вршиш јас лажев за глупости од дете само да не навлечам твоја лутина.

    Сума сумарум јас сум уништена личност што не се чувствува нормално ни удобно во свој кожа.
     
  20. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски
    Не барам совет или нешто слично, само да се искажам.

    После подолг период од неспиење, нервози, солзи, можам да кажам дека го пребродив тешкиот период.
    Се борев до крај и никогаш не се откажав.
    Имав многу врнежливи периоди, но како паѓав така и станував.
    Сега дојде тој период - После дожд, сонце.. и уживам.
    Имав и се уште имам подршка, одам до крај, храбра сум, не се предавам како порано.
    Едвај го чекам следниот ден, да му се радувам на она ново што го носи.
    Им простив на сите што ме повредија и продолжив, свртив нова страница...

    Луѓе, не се предавајте по првата препрека, бидете борци, не потпаѓајте.
    Одете до крај, дајте се од себе да се издигнете и победите.
    Посетете стручно лице ако е потребно, не е срамно.
    Ставете се први на листата на приоритети а после останатите, ако заслужат.
     
    На TheDove, Marija1143, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.