Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Rashel

    Rashel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Нервозна да сум цел ден уствари периодов секој втор ден сум нервозна и секој проблем дома што го имам вешто го скривам од него... Не дека не му верувам и дека не сакам туку бидејќи знам дека во неговиот поглед ке има ке има сожалување а тоа не би можела да го поднесам... Подобро нека мисли дека сум нервозна и разгалена отколку да мисли дека сум за жалење...
     
  2. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    132
    Се почесто ме напаѓа тремата, за момент се губам ии луѓето си мислат овааа е Удрена во вистинска смисла на зборот од еден муабет преминувам на друг, Сечам наеднаш. Стварно нз што се случува со мене ме фаќа возбуда, треба и тотално се губам како да незнам да направам два реда муабет, а порано не било така. Ете пр. денес, се сретнав со една другарка што ја немам видено оддамна, застанавме што правиш ја прашав ии додека она си кажуваше јас велам еве и јас со мајка ми испаднав да прошетам па и на заболекар бев и упссс во еден момент се нормализирам, што ли направив јас што се откаачив. Премногу ми беше незгодноо, тремата ме изеде, па веднаш си заминав и ете така цел ден тоа ми е во мисла како можев, какооооо ?!? Ви се случува ли ова? Нормално ли е ова да сме отсутни на моменти и да не напаѓа тремата ?!?!?
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Се социјализираш често или асоцијална личност си?
     
  4. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    нормално е да си одсутен на моменти има и такви периоди кога тоа ни се случува почесто , поготово кога си замислен за одредена работа или те мачи некој проблем или ситуација, или чекаш нешто да ти се соопшти што ти значи дали ке биде добро или лошо , зголеми си ја самодовербата со поставување на цели за да ги постигнеш во одреден период и ке се средиш , поздрав
     
  5. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    132
    Кој би успеал да се социјализира во овој свет полн со погани усти ???
     
    На Tanjamm и andreina им се допаѓа ова.
  6. Taa2506

    Taa2506 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    можно е уште од лажни профили да пишат.. преку гла ми дојде и имам едно другарче се разбира од технологгијата ми рече ке ми сврши раб. ке дознај од кај е пишана пораката , се знаело по IPадресата .. и ми кажва по некое време дека тој шо ми пиши се логира од америка... а америка е бишата на дечкоми и насекое ми пиши ... порано и него му пишеше ама ја блокира .. се рапрепастив ко ми кажа а скарани се скоро 3 години :worried::worried::worried::worried::worried:ова ми лежеше на душата си реков да го споделам со вас :/
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е а не можам да плачам, да се исплачам и да ми олесни на душичкава, немам на кој да кажам, на кој да се доверам...
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Точно, денес на човек да му дадеш дел од твојата доверба, исто е како да даваш пиштол за да те убие. Знам како е, и најдов начин да се решам од тоа еднаш засекогаш. Се изразувам, моите чувства, проблеми, бесови ги запишувам, ги цртам. Знам дека хартијата никогаш нема да ме изневери. Исто така, внимавам со кој се дружам. Со сите сум добра, се разбира, но некои луѓе едноставно ги држам на дистанца. Иако сум добра кон нив, а и тие се добри во мое присуство, ги знам клетвите што ги кажувале зад мој грб. Колку и да е човек добар, пак ќе е озборуван и омразен. Си имам другарка на која што можам делумно да се потпрам, но се разбира, не целосно. 99% од мојот пат сама го минувам, без туѓа помош. 1% е помошта од советите на моите родители и другарка ми. Гледаш, не ти треба друга личност која што ќе ти биде тука во се', твојот живот е твој и не ти треба друг за да го изодиш.
     
    На Dimkovska123, Anabelle.Amorette, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Морав некаде да пишам и да си олеснам. Прво се извинувам за рефератов, но морав.
    Пред некое време (неколку дена) ми го украдоа телефонот. Ајфон 6. Толку му се радував коа си го купив и плус си го купив со свои заработени пари и толку бев среќна што не можам да ви опишам. Долго време го сакав тој телефон и на крајот го имав. Пред неколку дена ми се случи да ми го земат од раце. Двајца маскирани ми го земаа од раце, значи буквално додека пишував и не ја кренав главата телефонот веќе беше во нив а јас само се дерев НЕЕЕ и трчав по нив, но не успеав да ги фатам затоа што беа двајца и на едно место се разделија на две страни. Не знаев во кој е, па така им изгубив и траг. Живеам во странство иначе и бев свесна дека вакво нешто може да се случи пошто на ист начин на мои две другарки им беше одземан телефонот. Знам дека самата јас сум си крива што не успеав да си го исчувам до крај. А го имам само 4 месеци и не успеав да му се изнарадувам, буквално го стопив во раце.
    После таа случка веќе не сум истата. Јас со денови плачам и мислам дека живеам за денот коа пак ќе го имам во раце. Немам желба и немам сила за ништо. Немам мотивација. Не излегувам од дома дури и последните денови не одам ни на факултет. Знам дека е малце чудно ваква реакција кон нешто материјално но јас бев многу приврзана за тој телефон и беше како човек за мене. Ме поврзуваше со сите што ги сакам и што сум далеку од нив. Си правев спомени со него. Едноставно преку него ја чувствував близината кон луѓето што не се до мене. Мојот телефон беше секогаш тука и ме правеше и среќна и тажна и нервозна и исполнета и се... Не можам да се помирам со таа загуба. Не можам да се помирам дека го немам веќе и дека нема да го имам. Ова звучи стварно од една страна безвеза и знам дека не вреди толку, затоа што во животот има многу полоши работи од тоа да изгубиш телефон. НЕ ДАЈ БОЖЕ. Сакам стварно сите што ги сакам да ми се здрави и живи. Телефон се купува да, но не можам во една година да купам два ајфони знаејќи ја нивната цена. Можам само така да се лажам. И да ме тешат и другите со Ајде ќе си купиш нов. Сите ми го рекоа истото добро е што ти си океј пошто можело да помине и полошо (бодат со ножеви за телефон) другото не е битно, материјално е, ќе ти помине бла бла. Но јас едноставно не можам да се помирам. Не спијам навечер, седам до 4,5 сабајле. Секој пат коа ги затварам очите гледам маскирани лица пред мене. По цел ден мислам само на тоа и почнувам да плачам.
    Интересното што ми се дешава е што во истите тие неколку последни денови раскинувам и со дечко ми. Комуникацијата ни беше намалена веќе одреден период, интересот ми беше веќе изгубен кон него, чувствата избледнати онака, и на крај он реши да стави крај. Јас немав ни сила да ставам таму крај (иако пораката за раскинување ми стоеше во Notes) затоа што мислев само на мојот телефон. Не ме повреди толку многу таа разделба пошто едноставно ја сфаќам реалноста, го разбирам и него, се разбирам и себе. Едноставно не идеше.
    И онака коа си праам ретроспектива на настаниве сфаќам дека у многу краток период животот ме кикнува ептен. Некако ми се насобра во многу краток период. Не знам што толку згрешив. Или пак животов ме спрема за нешто многу полошо или доаѓа некаква позитивна промена.
    Не можам да издржам, ова ме убива.
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @peperutka20 А, да си направиш една рехабилитација од технологија? Знам како е, јас едно време бев зависна од телефон, општо и технологија. Излези во природа, во слободно време шетај се. Телефонот е за намена-комуникација, но денес толку многу се приврзуваат луѓево за телефоните... И што е полошо, телефоните зрачат, мене видот од телефонот ми е расипан и сега наочари мора да носам. Биди слободна, не роб на технологијата. Технологијата буквално отупува, не прави да размислува човекот, туку да си има се' здраво на готово.
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Во последните неколку месеци само губам некој или нешто,душата ми гори во болка...
    Све само на некој нешто му фали само нешто му смета,само да ме повреди и навреди...Па толку само грешам?само грешки ли правам јас?,неможам никој и ништо повеќе да трпам па макар и по цена сама да останам,само да не морам да се објаснувам и докажувам уморна сум од све и сите...
    Дури и една единствена желба која ја имам и за која се борам господ несака да ми ја исполни и барем малку надеж да имам за подобри утра од овие сега...Едноставно смачено ми е од сите и сите преку глава ми се дојдени...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Кога имав осум години многу блиска личност од семејството си замина од дома. Едно време мислев дека јас сум виновна за тоа што си замина бидејќи бев разгалено дете, лигуш, ама потоа сфатив дека таа личност сама си одлучи да биде така. Сепак, мислам дека тоа се одрази врз мене на тој начин што сметам дека сите личности што ми значат нешто во мојот живот ќе заминат исто неочекувано како таа личност. Последниве неколку недели не можам да се опуштам од оваа помисла, не можам да уживам во убавите моменти со тие личности бидејќи ме мачи и не знам како да се справам.
    Друга работа е што како дете бев малтретирана од соучениците, уште ми е болно кога ќе се сетам, и поради тоа имам намалена самодоверба. Станав тешко искомплексирано суштество и ми треба да зборувам со некој, а моментално немам со кого.
    Јас ги разбирам работиве што ми се случиле, ама не можам да преминам преку нив. Досега успевав да се воздржам, да чувам во себе ама веќе не можам, цело време ме тера да плачам, и не можам да се сконцентрирам на ништо. И не сакам да бидам слаба, знам дека на некои луѓе им се случуваат многу потешки работи, ама не можам цел живот ми се собира.
    Јас наоѓав среќа во книги, во серии, во зајдисонца, во прошетки, ама приметувам дека секогаш кога ќе излезам се замислувам и не можам да се опуштам и да бидам среќна. Секогаш се враќав на вистинскиот колосек, ќе се исплачам една вечер и ќе бидам пак иста, но сега не сака да си оди ова подмолно чувство..
     
    На eliesaab, Valerin, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. narcis98

    narcis98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам тоолку лошо и тоолку депресивно, значи немам причина да бидам среќна воопшто,немам причина ни да бидам тажна едноставно во овој период животот ми е тоолку монотон некако се осеќам како отфрлена од сите како да нема никој тука за мене,како сите да си ја гледаат својата работа и се слепи дека јас едноставо,дека ми треба помош јас немам причина да бидам тажна се е во ред ама ете се чувствувам така можеби е глупаво тоа ама не знам и јас не разбирам едноставно овој не ми е најдобар период и се мразам малку зошто така се чувствувам а немам некоја причина ама едноставно тие се мои чувства и не можам да ги контролирам .Едноставно како да сум западнала во некоја дупка црна и монотона и депресивна и лоша и не знам што да правам,сакам некој да ме спаси само и да бидам среќна како никогаш досега.Можеби сево ова е глупаво ама така е и не знам што да правам.. Наоѓам малку среќа во некои мали работи и се трудам да се опоравам,се трудам да бидам позитивна,ама и таа малку среќа не трае многу и повторно сум тажна едноставно се чуствувам изгубена и без никаква насока. Се молам овој период ако е период да помине брзо зошто не можам веќе вака,многу сум исцрпена...
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не си ми јасна. Што ќе ти е ДРУГА личност да ти биде тука за тебе за да го живееш ТВОЈОТ живот? Ти си возачот на твоето возило, ти го управуваш сама, не ти треба личност која што е цело време тука за тебе. Секој е индивидуа и си има свој живот, да се биде роб на некој и да се помага некому да го живее неговиот живот, според мене е бесмислено. И биди скромна, разгледај тоа што имаш и сфати дека некој го нема тоа, сфати дека ја имаш таа среќа што си жива и здрава. Среќата е секогаш до тебе, изборот дали ќе ја гледаш е твој.
     
  15. narcis98

    narcis98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски


    Не си ме сфатила баш ама ако јас сфатив дека предолго својата среќа сум ја ставала во туѓи раце односно дека сум чекала други да ме направат среќна.Мислам дека треба веќе сама да си се правам среќна а не да зависам од други и со тоа да се чувствувам тажна. :):D
     
    На Tanjamm и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Тоа сакав да го кажам. :D
     
    На narcis98 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Не дека немам другари , имам имам со кого да излегувам и се тоа, ама нешто многу ме разочарува. Во последнава година ми стана најдобра другарка едно девојче од основно. Точно дека е напорна , дека е многу досадна , во период од 3 месеци избега 3 пати од дома и мајка и 3 пати отиде во полиција. 3 месеци идеше со еден и цело време плачеше , не ме сака незнам што , коа раскина пак се уби од плачење , летоска секој 2 ден плачеше и и беше лошо. И тоа немаше причина за тоа. И покрај се јас бев покрај неа иако она тоа не го вреднува сеуште , на сите збори како е сама и на нема на кој да се испразни. тоа мене ме повредува, како јас да не постојам . Пред 2 месеци се префрли во друго училиште и почна да се дружи со една буквално ме заборави, како да не постојам. Порано се слушавме секој ден и зборевме, сега ако јас не и се јавам ја нема нигде... Точно дека јас не искачам толку по дискотеки , бидејки моите не ми даваат , што да правам , ама тоа не значи дека треба да ги заборави сите моменти поминати заедно. Еден ден ми вика абе јас со (таа со и сега најдобра другарка) ке идеме на 1ви мај во пралиа. Мене филмот ми пукна , добро бе а јас може имав некои планови негде да идеме. А за мајка и немам коментар , до мин месец ми звонеше секој ден и ми збореше како тоа мојата другарка била лошо , па што требало јас да направам. Абе ужас , кај ја трпев и мајка и ништо не и кажував, ја тешев коа и беше лошо иако нејзе секој ден нешто и се дашаваше( од мравка слон правеше) и сеа тотално мене ме заборави. Мојот живот е мноогу полош него нејзиниот. МОите многу малце ми дозволуваат, Дечко сум немала до сега . за другари имам ама мн ми е потешко него неа....
     
  18. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Мислам дека таа баш и не ти била баш најдобра другарка. Ако навистина те почитувала,немало да ги заборави сите моменти кои сте ги поминале заедно,а најмногу треба да го цени тоа што си била покрај неа кога и' било тешко. Исто и јас се дружев со една другарка уште од основно,скоро секој ден се гледавме,но потоа почна да се оддалечува од мене и останатите другарки со кои долго време се дружам,без никаква причина,дури едно време мислевме дека сме ние виновни,мислевме дека со нешто сме ја навредиле. А сега,после толку време поминато заедно,останавме само на едно "Здраво" со пола уста кажано. Ми беше мака до пред некое време,но сфатив дека сум трошела време на личност која површно гледа на работите,се дружи со луѓе поради корист,колку да има со кого да помине време и да тепа досада,па донекаде и мило ми е што веќе не сум толку блиска со неа. Мој совет ти е да не трчаш по неа,продолжи напред и дружи си се со останатите,сигурна сум дека тие повеќе те ценат отколку таа со која си се оддалечила.
     
  19. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Фала ти многу на мислењето :D <3
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  20. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    периодов ми е хаос..треба да донесам одлука што понатаму .....на љубовен план..многу ми е тешко ....морам да се откажам од човекот што ми беше се во животот....(4 години сме во врска)...незнам можеби дотука било....стврано многу се разочарав од се....немам храброст....незнам што понатаму...