Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Зато да си го тераш ќефот твој, а не да слушаш тетки како требало и шо требало.

    Големи тикви ако сте имале секс.
    Наредниот пат, имај секс со човек на кого се возбудуваш, а не оти очекуваш да заврши со брак.

    А овој лиглово, поарно шо се манал сега, отколку да се случело ова после 10 години, кога си со две деца в раце.

    Млада си многу!
    Имаш време за се' :hug:
     
    На Ambrosia, GirlLove, bella.s и 10 други им се допаѓа ова.
  2. sunshinebabe

    sunshinebabe Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    7.240
    Пол:
    Женски
    Седам и размислувам во каква држава живееме...
    Поминаа точно 9 години од тој кобен ден, денот кога еден тип ме прегази со мотор на пешачки премин пред моето училиште. 5ти септември, како сега да ми се навраќа денот.
    Облечена во црвено фустанче спремна за првиот училишен ден.
    Се поздравив со моите и заминав насмеана на училиште. Помина што помина денот, стојам пред училиштето и еден рандом лик ме прашува дали можам да ја поминам улицата. Јас гордо одговорив ДА.
    И толку беше.
    За момент се најдов на земја.
    Слушав околу мене гласови и слушнав како некој ме прашува дали можам да го кажам бројот на мајками и да го кажав.
    Имав скршеница на десната нога, повреда на главата и цела бев изгребана.
    Цел месец лежев во болница, домене секако мајка ми.
    На училиште не одев 4 месеци, дома затворена.
    На типот НЕ МУ БЕШЕ НИШТО, само што во крвта му нашле голема количина на алкохол.
    Дојде судење, јас со штаки во судница седам.
    Сведоци полно.
    Моите и јас среќни дека ќе добие некаква казна...Но, не.
    НИКАКВА казна не доби.
    Адвокатот не изигра.
    Сеуште го вози истиот мотор со кој ме прегази.
    Секој ден го гледам во чаршија со тој мотор и ми се навраќа истата сцена.
    Сеуште одам по болници заради повредата на главата.
    Сеуште имам страв кога ја поминувам улицата.
    Немам зборови...
    Толку..
     
    На wildpunk, Indiegurl, buba4e89 и 26 други им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.743
    Пол:
    Женски
    @sunshinebabe воопшто тешко до правда за било што, но биди храбра. :hug:
     
    На cresa-jagoda и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    А зошто не поднесеш друга тужба? Извади потврда или со извештаи од лекарот кај што одиш на контрола за главата. Ако еднаш си изиграна не значи дека така може да биде пак.Ако имаш сеуште последици и пострауматски стрес имаш основ за тужба. Разговарај со адвокат, не се откажувај
     
    На katalina, martovsko cveke, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Јас требаше да си останам без љубов, за две други братучедки да бидат запросени.
    Судбина. Од пишаното не се бега.. Нека биде вољата негова.
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Глупости. Не си жртва за љубовта на твоите братучетки и не е волјата негова туку правилно донесена одлука.
     
    На buba4e89, apple12, thelittle17 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Prince$$$

    Prince$$$ Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,можда е глупаво што сега го пишам ова но,стварно ми треба совет ваш,јас воопшто не го бендисувам начинот на мојот живот...Епа ете имам само 2 пријателки кои се многу себични со тек на време станувам ко нив многу..Значи со сите луѓе се понашам различно..иако не сакам да бидам лоша кога сум со нив нешто ме тера на тоа.Не се толку многу лоши но ете себични се не сакаат баш секого од големо друштво остамавме само ние 3 и јас сакам да најдам друго друштво да бидам подобра личност бидејќи вака сум свесна дека не е во ред..Фала ви доколку ми помогните од се срце.
     
  8. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Годинава ужасно ми почна, се надевам нема да е таква цела. Уште вечерта на НГ се испокаравме со маж ми. Не зборуваме уште.

    Синоќа, кога ми беше најтешко, кога сакав да го извадам чудовиштето од мене и да се издерам на цел глас... Ми стаса порака.

    Тој ми беше симпатија во студентските денови :inlove: Не сум го видела сигурно 10 години. Не комуницираме, не е ни тука. Освен другарки, не сме имале ништо плус.

    Ми пиша дека му посакува убав живот на убава личност. Ми пиша дека сум сестрана личност и да се хранам за себе. Ми прати и песна. Уживав додека ја слушав. Ми кажа дека добро ме знае и дека јас сум една од најмилите личности, не само него, на сите. Сум го заборавила тоа ;(

    Ме нарече и "среќо". Па маж ми не ми го кажал тоа до сега!

    Ми прати и звучни порака. Рече: "Јас знам дека ти си тоа што треба да си. Еден ден ќе се сретнеме. Биди здрава и жива. И чувај се, те молам. Некому си вредна".

    Беше пијан. Ама ми годеше да го слушам, сум го заборавила неговиот глас. И денес цел ден го слушам и се обидувам да сфатам, зошто го напави ова, што го натера, што сакаше да ми каже?? :whew:

    Некој да ми помогне?? :D

    P.S. А:l:, ако го читаш ова, фала ти уште милион пати. Ми го направи почетоков на годината поубав, ме насмеа и покрај сите проблеми, ме врати назад 10 години и ме натера повторно да верувам во себе. Ми даде сила да се соочам со проблемот што го имам дома и да застанам цврсто на нозе.

    Тебе сигурно универзумот те прати кај мене, во вистинско време, на вистинско место.

    Морам да те видам повторно во животов, кога-тогаш!
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На wildpunk, Indiegurl, manako1 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    не верувам да те гледа само како пријател сака повеќе од тебе и многу храбро а знае оти си мажена и така гледај да не е некој користољубив да сака да те добие со слатки зборови сепак најдобро ти си процени оти го познаваш и знаеш кои му се намерите .и внимавај сега кога си скарана со сопругот да не летнеш во облаци со овој па да се разочараш
     
    На martovsko cveke, Snowflake92 и Мозолче им се допаѓа ова.
  10. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Фала ти :l: Не ни помислувам нешто такво, зошто невозможно е :o Сакам само да ја знаам причината на сето ова :^)
     
    На buba4e89 и hermosa им се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    сака да те улови јас така мислам освен да е предобар човек или другар ,и ти кажав да не летнеш со умот само оти си се скарала со сопругот
     
    На WildMk и Корнелија им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    22.328
    Пол:
    Машки
    Колку иди животов се повеќе ми е отежнато и не можам да ги примам ударите ко што ги примав последниве 5-6 години. Мислам дека почнува да ме фрустрира.


    Цел живот трчам колку што можам по моите баба и дедо, ај сабајле ми ѕвонат за да ги однесам парите да платам на едно место, прилично далеку. Или со точак или кола да се оди, но временските услови беа студени денеска и влажни, а и не се чувствував добро да се возам, па и точакот не ми беше во состојба за возење, требаше допрва да го средувам. Им реков ќе одам со кола, и на тоа добив одговор врекнувачки во смисла дека требало да не трошам пари, мене само ме мрзело шо сум правел во животот јас итн. Да им викам шо одам да се срамам да молам другари да ме однесат до негде, ништо не правам за вас. Еве дури немав возачка кажувавте во смисла не сум заинтересиран итн, немало кој да ве вози, па сеа не ја давате колата.

    После тоа со личната карта обнова, им кажувам како стојат работите дека треба да се закажи термин, т.е јас ќе им закажам итн или пак во агенција да појдат, ама им реков можно е да ви наплатат пари подобро е јас да ви закажам. И ако ви се верува цел саат се објаснував, устата павлака ми фати, сто пати истите прашања во смисла поарно е да се оди во агенција отколку вака на своја рака да закажуваме, во смисла не сум знаел што како. Добро слушај му реков, ако ти се плаќа пари оди по агенциите, толку од мене.

    И зошто сум се однесувал вака, ете му реков тој карактер сум итн. И после ми дофрлуваат, во смисла која че те сака ваков итн. Е тука сафрите ми се кренаа.

    Ајде да седниме да разговараме за мене, најпрво кога последен пат сте се заинтересирале дали сум воопшто добро и што правам со животов јас?

    И почна да ми зборува како и порано, че си земиш жена да те слуша на твое ниво или пониско.

    И ај се спуштив на нивно ниво да разговарам на тој левел на конверзација и ги прашувам кое е тоа ниво?
    -Еве вака да се опишам јас себе си, дете од дисфункционално семејство, дете што има болен брат аутистичен и дете што нема свое живеалиште т.е татко му кур го боли, а Вие... вие само гледате да протуркате животот и да ме тегните за уши цел живот за вашето наследство?

    Вие не ме почитувате и ме деградирате па да очекувам некој друг да ме сака и почитува, доста ме тапшате по рамено дека наследството поголемиот дел ќе биди за тебе, кога? На 50 години? Не ми требаат тогаш парите ништо не ми треба... сиромавиот е научен на корка леб, полошо е некој друг што јадел се и сешто и нагло снемува од масата, него потешко му е. :)

    Размислете дали е во ред ова сето што го правите и се однесувате со мене. Ако сум бил зависен од вас на некој начин или мислите дека ме поседувате не, идам од што ве сакам, а не да се докажувам дека треба мене да ми дадете нешто. Да ако треба да ми дадете треба што поскоро, јас сум веќе 27 години, со сезонска работа, вадам убај пари да, ама никој не ме сака таков. Наместо да се заангажирате да се вработам на посалона работа, да ме поттурните некако, да ве догледувам итн, вие што ми прајте ме потценувате?



    И чутеја ко посрани после тоа цели 2 саати, седев на телефон. Зеде ми сврти тема за бокс, марш таму каков бокс какви бакрачи. Ама пак Старк еве си одеше дома гореше од нервоза и еве го пиша овде колку да се испразни.
     
    На eliesaab, SnowWhite8 и Детето во пижами им се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    @Stark Какви се тие баба и дедо? Наместо да те гледаат како свое дете и да ти помагаат откако изгуби родител тие уште толку те притискаат и те нервираат. Кажи им искрено оставете ме не ми е до ништо кажи им како се чуствуваш се надевам дека ќе сватат. И какво е тоа да најдеш некоја на твое ниво или под твое ниво. Најважно е да најдеш некоја што ќе те сака и ќе ти биде потпора кога ти е тешко. Жал ми е навистина кога те читам и гледам дека со се се бориш сам. Еве ти една голема гушка од мене :hug:
     
    На Crna Dama, cresa-jagoda, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Оо Господе, прости ми на овој голем ден што ги имам овие мисли за жената што му дала живот.

    А како да ги немам кога некои работи апла се очигледни. Што и да направам јас, поминува онака као ништо да не било. За разлика од сестра ми, што ти е омилена и воопшто не го прикриваш тоа. Малото прсте да го мрдне, лол браво што направи. А да не зборам за тоа дека во овие 2 години, слушалка не си кренала да прашаш дали има потреба да го причуваш малиот.

    Одбивна си ми, и жалам што никогаш не си ми ја покажала љубовта и твоите чувства, ако воопшто ги имаш!!
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Ми се смачи веќе да молчам додека некој ме погазува. Срцето ќе ми пукне ако уште еднаш го слушнам истиот муабет, во кој јас (и бебето) сме ставени на последно место. Кај моите ме исфрлија како куче, па и неговите нѐ третираат како да сме најдени на улица, како ние да не заслужуваме некој да е човечен спрема нас. Јас па глупава, плаќај туѓи долгови, пазарувај со последните пари за некој друг да е најаден и напиен, помагај им на сите, ислушај им ги маките, премолчувај си навреди, за на крај ти да си крива. Е нема веќе! При првата прилика фаќаме патот од тука, ма нема ни да трепнам. Не ми требат ни мои, ни негови роднини кога само од корист те сакаат. А баш кога тебе ти е најтешко, е тогаш нема никој. Ако, јас знам да живеам сама, сами ќе се извадиме од калта, најмал проблем тоа, ама кога нив ќе им е тешко, е тогаш мене ќе ме нема.
     
    На Inana123, Crna Dama, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    @nevermet18 Какви родители твоите така што те бркаат, па и со мало дете.
    Стварно не ми се јасни некои значи.
    Ај овие шо излегле никакви неговите - ништо ново на запад, ама, дома ако неможам да се вратам секогаш кога ќе посакам тоа значи не е дома.
    Бегај ако си во можност сама, бори се снајди се, биди лавица... ама не се разболувај од нервози како овие, ќе му требаш на детето. Те гушкам
     
    На thelittle17, edna_malecka и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Не со дете, со бебе у стомак. Ама секако исто е, ако не и полошо оти е вака. Сама не одам никаде, а со него заедно сигурно во најскоро време ќе си заминеме од тука.
     
    На thelittle17, edna_malecka, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Ауу па бремена па уште по лошо па да те брка некој. Срамота.
    Роди си го детенцето и бегај штом не си видела човечност досега, допрва и не барај.
     
    На thelittle17, edna_malecka, nevermet18 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Да си одите и тоа што поскоро ,така и јас бремена претрпев огромна навреда од свекрва ми ако не и најголемата во мојот живот,и два дена се мислев дали да си соберам парталите ама си реков:
    Дај осе не биди будала кај ќе одиш ,кај мајка ти хахахах ќе те избрка па дури после ќе се чудиш кај си ,утре и мм ќе знае дека немаш каде па и тој ќе брише под со тебе. И ете си помина то ,нови навреди трпам ,помали ама секојдневно . Тој не сфаќа ,јас се јадам и така интересно ни е. Вака најубо секој да си го знае местото ,а кога веќе доаѓа со тебе мт значи знае кој е кој и што е што.
     
    На thelittle17, edna_malecka, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ете сега јас сум крива....
    Јас сум крива што и придавам значење (а како нема ко ја гледам 14/7 уште што не спие со мене ) на мајка му и нејзините глупости.
    Јас сум крива што сакам барем викендите да споделува време со мене ,а не по кафиња со колеги што ги гледа секој ден,па сега и викендите мора со нив, а во ретките случаи кога е дома не ни слуша што зборувам - гледа филм.
    Јас сум крива што немам приватност ,па дури и ко ќе ми се јави некој на тел речи да види кој е ,мајка ми не ме прашувала.
    Па дури и крива сум што "другите " жени биле и тепани па никому ништо а јас сум се жалела за баналност. :envy::envy::@(wtf)(wtf)(wtf)(wtf)
     
    На thelittle17, edna_malecka, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.