Не беше таков живеевме заедно скоро година дена ,не знам што му стана. И свекрва ми исто не беше ваква... Откако се земавме забега таа ,а откако се породив тој. Да си ги покажеше рогчињата порано се ќе беше поинаку. А и реално таа кога е тој дома е многу поинаква ,пример не влегува ни под разно во спална ,а кога сум сама влегува и гола ако сум. Во дневна ќе влезе ,ќе земе што и треба и ќе излезе. А инаку ми дреме по цел ден тука,ако и кажам нешто него му се жали сум и ја забранувала внуката.... Пак јас крива. Тоа е .
Само клуч на врата и држи си дистанца... Друго чаре не знам. Вие барем имате одделна соба. Ја по цел ден морам со мајка му да седам и со нејните другачки...
Имам спална си ја напрајв од темел. Ама не можам да ја заклучам зошто немам греење таму стои вратата од дневна отворена за да се грее и таму.
@edna_malecka Од страна изгледа како да има еден куп решенија, ама кога си во заедница и сите ти солат памет и не е толку лесно.
Е вака те сакам Прво не е начин да се кријам ко глушец во куќа кај што за 2 години имам вложено повеќе отколку што вложила таа за 15 г. откако е починат татко му. Второ ќе ми направи поголем проблем со глумата нејзина.
Епа чим скоро цела е твоја куќата. Понашај се како твоја да е. Не и се замарај. Игнорирај ја. Прави муабет од што мораш. Она у нејзин филм, ти у твој и тоа е тоа .
Незнам како да си помогнам. На 25 години ми открија тумор на јајници ај тоа не беше доволно сега и инвитро треба да праваам неможам да се сносам со ова што ми се случи , треба да почнаам сега но никој не ме прашува како сум ти треба ли нешто премногу ли бараам ? Имам прекрасен сопруг кој тука е за мене но сакам подршка која очигледно нема да ја добијаам ве молам за совет
тогаш побарај специјалист да ти помогне и секогаш имај вера во себе и со блиските советувај се ,после дождот иде сонце
Здраво Јованче. Верувам дека може да најдеш и доктор, специјалист за конкретната проблематика, којшто би имал повеќе разбирање, но сепак не можеш да сметаш со сигурност на тоа. Затоа јас сметам дека би требало да се обратиш на психолог или психијатар. Борбата за бебенце знам и од лично искуство дека е тешка, а заради другата ситуација со која се соочуваш верувам дека ти е потребна дополнителна поддршка и од пријатели и фамилија, но и стручна. Ќе се најде решение, најискрено верувам дека се ќе си заврши во ред и не едно, туку дека ќе имате и повеќе дечиња. Ти посакувам многу среќа и душата да ти биде исполнета со многу мир и радост. Мило ми е што имаш сопруг на којшто можеш да сметаш.
Не ми се верува како сум можела цел живот да им ќутам на другите. Удари од сите страни, провокации и стрели со негативна енергија, а јас си премолчував. ,,Нека е, ќе помине, игнорирај и времето ќе излечи се''- точно вака си се тешев. Е сега, кога конечно се ослободив и покажав заби (на тие што заслужуваат секако), осетив поддршка и прави луѓе околу мене. Зрачам со позитивна енергија, без разлика на бурните и за мене до сега непознати реакции кон дадени личности. Баш ми е мило што се пронајдов, било касно или рано- скроз е небитно.
Сега си на некое подобро место, не чувствуваш никаква болка. Многу ти беше тешко, го знаев тоа, секое твое офкање, одбивање на храна ми ја парчеше душата на милион парчиња. Те гледав како секоја ден се топиш, од ден на ден се послаба беше, кога ќе ја ставев твојата рака на мојата беше толку кревка, нежна, небаре ќе се скрши и ја држев цврсто колку што можев, знаев дека тука некаде е крајот, а јас не можев да ти помогнам. Погледот твој веќе стана далечен, не знам дали ме препознаваше, не знам дали ја препознаваше твојата душа, што најмногу на свет ја сакаше. Со твоето заминување, во мене остави голема празнина, оваа празнина со ништо нема да се потполни. Ме остави, замина, а имавме уште многу недовршени работи, знаеш? Не смееше да заминеш вака. Иако бев свесна дека годините си го прават своето и се подготвував за овој ден, боли, проклето боли, кога знаеш дека личноста што ти била се во животот, што си ја сакал најмногу од се во животот нема повеќе да ја видиш. Куќата е празна без тебе, знаеш ли? Твојот чекор, твоето дишење, твојот глас се ми е во главава. Најмногу се радуваше кога ќе ти се јавев и ќе ти кажев дека сум положила испит и тебе прва ти се јавував, зошто знаев тоа колку те правеше среќна. Тебе можев да ти кажам се, се што ми лежеше на душа, си муабетевме долго за се и сешто. Те сакав многу, те обожував, беше силна жена, многу силна, кога бев на дното ти беше таа што ми даваше безусловна поддршка, веруваше во мене, многу веруваше дури и кога јас ја имав изгубено вербата во себе, да не беше ти немаше да бидам тоа што сум сега. Наутро заедно појадувавме, јас си варев кафе, а тебе чај, со задовлство го правев тоа. Знаевме и да се скараме понекогаш и да се налутиме, а ти да ме речеше ќе ме бараш, но еден ден ќе ме нема, кога ќе го изговореше тоа мене кнедла ми застануваше во грлото. Брзо ни поминуваше лутината ние две не можевме да бидеме скарани. Последно те видов во болница, но веќе како да не беше ти, не знам ни дали ме препозна, твоите очи гледаа како во некоја длабочина, со твојот снемогнат глас ми рече само те сакам, не можеше повеќе да зборуваш, ми рече многу беше убава во белото костимче. Тоа беше последно што ми рече. Беше мојот ангел чувар. Те сакам бабичке моја најубава, најсакана.