@Guns N` Roses те чека таму горе во царството небесно. Само не сега, многу понатака. Ќе си раскажете што сѐ сте поминале додека не сте биле заедно. Таа ќе се преправа дека не те видела и со задоволство ќе те ислуша повторно. Биди силна.
Не знам веќе ни каде ми е душата, можеби како некој лешник наместо нешто убаво. Не дека лешникот е грд, туку.......ух
Шо да пишам шо да запустам не знам, жив мртовец сум, немам мотивација за ништо, буквално скоро се што сум направил во животот изборот ми е катастрофа. Периодов дедо ми има проблем со шеќеро, порано лежеше во болница скоро 9 месеци поради тоа што имаше рани низ цело тело и устата, сеа повторно му се јави, му покачија доза, трчај ваму трчај таму. Ме фајча носталгии, 4 месеци поминаа откако почина мајка ми, ми фали на некој начин.. Девојка имав што ја фатив на дело каде што ме изневерува со бившиот нејзин дечко ( а тој ми го опиша како неодговорно и несозреано дете кое ја забремени и ја фрли како партал), инаку моја најдобра другарка од детството. И поќутив, реков нема ништо да зборувам... ја фатив како зборува зад грб за мене, ваков таков сум бил, вакво ми било семејството такво (дека од дисфункционално потекнувам и брат аутистичен). Буквално се очекував, ама ова не очекував од неа. Сеа последно последниве неколку месеци, толку токсично стана што сега скоро (пошто не излегува, кукавица е) разговаравме преку фејсбук итн. Извесен период ај реков, пошто исто друштво сме итн, излегувавме, кежуал секс, ми зборува, како тоа родителите и влијаеле на тоа што го направила претходно, а претходно ме изневери физички и емоционално. А родителите нејзини не ми дадоа ни шанса ни да ме запознаат. Најпрвин се фатија за тоа дека сум бил инженер, а не доктор. Потоа се фатиле за тоа дека имам болен брат аутистичен и таа ќе имала такво дете итн. Значи зборувам претходно, ако не ја фатев на дело јас, никогаш немаше да кажи ништо, вчера ја отерав у три лепе пичке материне и готово е сето. Искрено се уморив од сиот мој мизерен живот, општо... што се ми се нема случено, како едно добро нешто не ми се случува, се шо избрав ме поеба, ме уништи, не знам... Се што избрав и направив, ништо не е како што треба, животов никако да тргни напред. Да не испаѓа се фалам нешто или којзнае што, не сум грд, не сум неспособен си заработувам сам прилично пари, интелигентен сум, отворен за разговор, буквално се. Се што мразам е лаги, манипулации и дволичност, зошто.... П.с се допишував и на страница онлајн за психолози, рандом онака ја избрав соговорникот т.е психологот, ме ислуша ми даваше совети, ми се чини толку многу ја трогнав што почна таа ми кажува за неа и таа каков живот имала... Го допирам дното и бушам подолу, каде е крајот не знам... .
@Stark за да дојде доброто, убавото, вистинското треба прво да си отиде лошото од тебе. Или како што ти кажуваш да отераш у три лепе.
@Stark знаеш што мислам. Батали. Не вреди стварно. Гледај си го животот и дигни критериуми за женско. Другите лоши ситуации поминуваат, ништо не е трајно.
Не е тоа проблемот, проблемот сум јас и моите постапки и изборот што го правам секогаш, за било што, не само за девојка. Ми се смачи, и разочаран сум, не ми е интересно ништо.
@Stark Пријателе не е сеедно знам,но еден ден ќе сватиш дека залудно си го трошел времето со нервози,затварање во темна соба,си лупал глава од ѕид. Едно што можеш да направиш е да си го зафркнеш својот живот,да направиш несвесно триста глупости. Не паѓај во таа соба другар лоша е таа соба да знаеш. Бог да ја прости твојата мајка. Ти ја разбирам болката и јас изгубив родител,мојот татко. Целиот наш живот ќе ни фалат. Излези другар и бори се со животот и со неправдите во него. Кој незнаел да ја цени твојата добрина,ќе ја бара еден ден.
@Stark ќе внимаваш кога правиш избори и тоа е тоа. Ете сега барем си на чисто. Свесен си дека треба промена. Не се обвинувај.
Не сум затворен во соба, излегувам, работам и извршувам секојдневните обврски и потреби. Али како што кажав ми здосади животов во било кој аспект. Искрено не ми се зборува, ниту пак сакам да ве трујам овде со некои случки, когнитивно да ги објаснувам како биле, трауматични ми се и се и сешто сум доживеал и на себе си и за брат ми шо му се има случено. ( накратко, сместен беше во д. капија слично на аушвиц од дебело детенце стана преслабо и одреден период дали го удрил некој или којзнае што беше слеп на едното око, односно зеницата не му се гледаше сето бело беше. Тој е еден од моментите кога ги замразив моите родители и обвинував) До 18 години јас доживеав работи што ме остарија да почне да ми белее косата, а сега имам 26 и се осеќам веќе изморен и доста е.
@Stark со некое хоби се занимаваш ? Нешто да правиш шо те исполнува, пример, вежбање, возење велосипед, планинарење. Те имам читано и порано, многу тешки работи ти се случиле и колку и да звучи клише, еден ден ќе биди подобро верувај, колку и да изгледа сега знам невозможно. Јас секогаш викам па кога идат работите сите наеднаш се собираат, едно под друго. Ти не си крив за ништо, некои работи не можиме да ги бираме, некои можиме и кога ги бираме мислиме дека тој е најдобар избор за нас. Добро е шо си се спасил од таква девојка, која не те заслужува. Кога најмалку очекуваш ќе најдеш добра личност која те заслужува и нема да и биди гајле шо си по професија, тука пред се дека си човек. А за нејзините родители нема да коментирам. Во врска со Д.Капија, ќе кажам само дека многу добро знам таму шо се случува и верувај секој родител да знае нема да однеси таму дете, оти сите мислат дека е институција и дека таму се грижи некој за нив, ама не. Мораш да бидиш силен, ти и си и силен, тргни ги од животот токсичните луѓе, период е од животот, еден ден мора да биди подобро и ќе биди, само верувај малку.
Потполно те разбирам некогаш на човек не му е до ништо дојдено ... Сите ти кажаа ќе помине и да знаеш дека ќе помине. Од астролошки аспект владее тешка енергија мачна до 20фев. така да плус и тоа допринесува да се чувствуваме утепано и бесцелно... Издржи силен си сите овие работи што ти се случиле верувам дека те направиле посилна личност. Тешките работи господ не ги дава на слаби луѓе ... Не се откажувај само ете дај си малку простор да си ја одмориш душичката бидејќи доста голем терет носиш и си многу добра личност што сакаш да помогнеш и да пружиш разбирање на секој па макар и на токсични луѓе. Овој пат дај си разбирање на себеси ,нормално е да си изморен.
@Stark да те гушнам прво. Знаеш дека можеш да ми пишаш секогаш кога ти е за муабет. Можеби нема да можам да ти помогнам но ќе те ислушам. Нема секогаш да биде вака, ќе видиш, ќе огрее сонце после дождот, ќе најдеш мир, ќе успееш во животот, само мора да поминеш низ трнлив пат. Суров е животот, за жал си го осетил тоа многу, ама нека те ојача како личност. Не дозволувај да пропаднеш и знам дека ќе се избориш со ова, само ти треба малку сила, волја, желба. За девојката, биди среќен што си се спасил, токсични луѓе во животот не ти се потребни, исфрли се што ти пречи, се што те влече надолу. Почни од нула, немој да се откажеш, дај си време да тагуваш, дај му време на времето, и полека издигни се кон врвот.
@Stark сега те прочитав, баш ми е жал за се, нема збор за утеха, џабе е вака, треба некој физички да е до тебе и да ти помогне, што е тешко во моментов знам. Ќе помине лудово време, сигурно те чека некоја светла иднина, само гледај да не западнеш во депресија, да си се уништиш самиот.. Искрена поддршка од мене и секое добро.
Два дена по ред јас не можам на раат да прочитам книга од 198 странички. Мир да се немало. И тоа пази до 2саат будни седат ги чекам да си легнат за да фатам да читам на раат. Огнот да ве изгори кога нема да сум во куќава.
Да не ме мислите, конечно ја дочитав книгата и сум пресреќна. И ве излажав, 179 страни има. А сега одам да отспијам некоја минутка додека не ме разбудил алармот.
Обично кога има галама а јас сакам да читам, си пуштам на слушалки од јутуб некое видео со звуци на дожд или некоја класична музика и на тој начин го игнорирам светот околу мене. Пробај можеби ќе ти се допадне и тебе. Еве пример:
Не знам дали ми е период и не знам дали ке помине, значи имав баш тежок период. Имав пред неколку дена баш тешки проблеми од тој ден кога се случија тие проблеми јас се осекам дека више изгубив воља за све, ништо не ме прави среќна...живеам со страв не знам како да си помогнам на самата себе... прво сакам да ги тргнам лошите мисли од главата, да го тргнам стравот од мене, не знам не знам како...
Мојот живот е буквално пекол. Прво се омажив, во фамилија раскарана. На крај мене ме обвинуваат дека јас му ја запустив. Мм ме брани, ми велеше ќе си направиме ние куќа и ќе си одиме од овде. Еве шеста година од тогаш поминува и ништо не е помрднато. Сега проблеми во мојата фамилија. Тешко решливи, дури можи да се каже нерешливи. На грб се ми се сруши. Одвај стојам на нозе. Капак сега ми беше и мм да изгуби воља и верба за подобро утре. Да немав дете за гледање и да не бев бремена, ќе се фрлев од некој мост. Господ како да сака да не тестира колку ќе искрепиме без да се срушиме. Од свадбата па на ваму само проблеми и нерви. Само ќе биде подобро, ќе биде..... Ама се надолу се тера. Тешки проблеми, депресии, канцер, финансии, слога.... Се е катастрофа. Нека се гони се у пм.