Не смееш да се откажеш од својот живот ради некој што со задоволство ти наметнува ужасни чувства. За ништо не вреди да посегнеш по својот живот. Бори се за децата за подобро утре, разговарај со маж ти да им овозможите подобро детство на децата. Купете си станче мало колку за почеток. Понатака може и куќа. Ама мирот да си го најдете пред сѐ. И не заборавај во твојот живот си ти најбитна, потоа доаѓа маж деца. Трети лица не ви се битни. Гледај со маж ти да ти биде добро. Од страна проблеми имало и ќе има. Твое е да игнорираш.
Случајно ја видов темава, ми се појави пошто сум пишувала пред тоа. Само ќе кажам дека во животот на секого има вакви периоди, кои можеби се тешки но сепак секој човек ги има, за да ги надминеме, а секако дека ќе ги надминеме, потребно е време, а колку време, тоа зависи од самите нас. Треба да се избориш, да промениш нешто, да најдеш некоја мотивација која што ќе те мотивира да продолжиш понатаму и да имаш надеж и да бидеш оптимистички настроен кон животот. Ќе дојдат и твоите 5 минути кога животот ќе ти се промени кон подобро, само тоа е прашање на време. Доколку се уште е така и ти треба разговор слободно пиши ќе се обидам некако да помогнам.
Ја знам причината за моите проблеми, но не знам како да се оттргнам. Кај да ја најдам таа храброст да пресечам и да издржам? Како успевате да ја направите таа драстична промена да избегате од место, од навики, од работно место, од личности кои ве кочат? Си ги давам советите кои би ги дала на друг, но многу е потешко кога ти се случува тебе. Не ги гледам работите црно или бело, го имам сето трпение на светот надевајќи се дека може да биде подобро но по која цена? Толку години вака, не сум среќна, сакам да избегам, а не знам како да оставам се' и сите зад мене. И дали така конечно ќе се пронајдам сама или само се залажувам. Сепак каде и да одиш, сам себе си се носиш.
Случајно и јас налетав на темава и ај си реков да си ја испразнам душава. Ќе почнам од тоа дека сите другарки ми се мажија и моево излегување беше сведено само со тој што ми беше дечко. Абе од кафе, од јадење, од шетање, од толку топлина и љубов ми се чини друг такви немаше почувствувано. Пред 2 месеци се почна со моево здравје да не чини, наеднаш кренав 40 температура. Завршив в болница, цела една недела на инфузии и почнаа караниците. Пред 1 месец истото, наеднаш кренав пак 40 температура и ме испратија во др град зошто кај нас нема доктор за уво, нос и грло, а проблемот ми е од грлото. Му пишав само дека ќе му пишам ко ќе можам, во меѓувреме 2те раце ми беа со прснати вени зш не можеа веќе да најдат и ми ставаа инфузија на дланки. Ја натерав мајка ми да ми пушти филм на телефон за да гледам, оти сатите поминати в болница се долги... Ете баш тогаш ми раскина. Ми рече дека зш не сум му пишала нему не му одговарало веќе да биде со мене, не знаел ни дали ме сакал зошто тие 2 месеци ете не можев ни да излагам да се видиме... Човекот што со него поминав цели 2 и пол години, секој ден ми почнуваше и завршуваше со него ме остави зошто бев болна и ме носеа по болници и по други градови.... Очиве ми пресушија од плачење, душава ме боли.
Сега те боли душата, утре ќе си благодарна. Не знам дали сте планирале нешто сериозно, ама ако немаш поддршка во тешки моменти од партнер, навистина не гледам поента на врската понатаму. Во пар сите тешкотии се заеднички и сите убавини се заеднички. Не мисли и не жали за врската, туку собирај сила и оздрави за да уживаш во животот. Ти посакувам брзо оздравување
Поарно сега, отколку во брак и со деца. На маката се гледа кому си битен, во арно, лесно е да бидеш нечиј пријател/партнер.
@Librarian ти докажал дека не е доволно храбар да се грижи за тебе, не знае да те чува, не знае да те цени. Што ќе ти е таков. Си се спасила со време.. Сега малку тешко ќе ти е. За да дојде вистинското, треба да си оди лошото од тебе.
Не вреди да се нервираш за таков. Тој не бил со тебе, кога ти бил најпотребен. Си се изборила сама, бидејќи си силна личност. Главата горе, не треба ни секунда да потрошиш на таков.
Воопшто да не ти биде жал што ти раскинал. Воопшто. Си се спасила. Гледај го ова како знак од универзумот. На најголемата мака се гледа кој е тука за тебе, а кој бега при првиот проблем. Верувај, ова ќе ти биде почеток на нешто поубаво кое допрва ќе ти дојде. Ова ти го кажува личност која помина низ слични здравствени маки како тебе. Во тие моменти видов кој е со мене само во добро, а кој е тука и во зло. Ти посакувам само побрзо здравствено закрепнување, а среќата ќе ти чукне на врата баш кога најмалку ја очекуваш.
@Ugly Duckling можеш да заминеш и на крајот на светот, тоа нема да промени ништо драстично, ама сфаќам многу добро како е да посакуваш да избегаш. Имав и јас доста тешки години зад себе. Но, тоа е одлука која мораш да ја донесеш сама со себе. Јас "избегав". Иако не баш токму поради тоа, туку така се погоди да заминам и мислев поинаку ќе биде ама воопшто не беше. Духовите од минатото уште некое време ме прогонуваа и ме јадеа од внатре, ме следеа и не ми даваа мир, и бев несреќна. Се така дур не ми пукна филм, и дур не одлучив сама дека е доста. Среќата е инсајд џаб. Одлука, дека расчистуваш засекогаш со она што те прави мизерна во животот. Ич не е лесно, ама ослободува. @Librarian сега ти тешко, понатака ова искуство ќе биде едно од најдобрите што ти се случиле во животот. Не само што ти ги отвара очите, туку и ти го изострува видот. Следниот дечко, ќе мести аларм и ќе ти се јавува во 3 сабајле само за да те потсети или да те провери дали си зела апче. Тогаш ќе знаеш дека тоа е тоа. Многу е лесно со некого да сте заедно во добро, ама во лошо се креваат завесите и целата канализација зад пердето од лаванда се слева надвор.
Треба да бидеш среќна зошто на време си му го видела вистинското лице. Замисли еден ден тој да требало да трча со тебе по болници. Замисли ја истата ситуација во брак со дете. Па овој и на пораѓање може да ти се налути ако не му вратиш. Сешто држи оваа земја.
Искрено поарно сега што ти раскинал, тоа многу кажува за него каква личност е. Немој да се секираш она што е твое ќе си дојди. Најважно е ти да си добра со здравјето. Затоа што здрав човек се можи да постигни. Се ќе си дојди во свое време. Ако некој те сака само во убави моменти, а те отфрла кога ти е најтешко тогаш не те сака вистински, тоа не е љубов
Знаеш некогаш добрите луѓе сами ги одат своите патишта. То иди како некое непишано правило. Животот оди напред. Биди силен. Девојка ти не те заслужува. Како можи некој да зборува за аутистично дете никој не му дава такво право. И да си од дисфункционално семејство не си ти виновен за ништо. Терај напред не се врти назад. Ќе видиш дека ќе си ја најдиш среќата и ти еден ден. Затоа што заслужуваш да бидиш среќен. Сега застани стабилизирај се и продолжи.
Душа ме боли луѓе.. Едвај чекам да почнам да работам. Седи, седи дома не се доседува. Постојано има кавги, постојано на висок тон се разговара, ставам слушалки на уши за да ги игнорирам нели. Уште погласни од слушалките се. Додека одевме во школо секој ден, друго беше. Задушница како задушница петокот бев да зачистам. Си разговарав си отворив душата. Ми олесни, но болеше тоа што само јас шепотев а немаше повратен одговор. Вечерта требаше да се спрема храна за во саботата. Се собраа тајнири и оваа рече јас ќе ги мијам. Заспа. 10 пати ја будев не стануваше. Мразам да гледам нечисто, измив јас. Требаше да одиме во продавница. Едвај и за тоа ја разбудив. Отидовме што отидовме. 25 пати стигнавме до каса и назад за да доземе нешто. Мене паника 200степени. Сакав во истиот момент да испарам, да ме нема. Саботата се мислев дали да одам. Друго е кога треба сам да одиш друго е во група пешки. Мислам дека цела населба разбра каде одиме. Секој што не слушаше од далеку си викаше еве ги доаѓаат овие. Стигнавме што стигнавме. Како скренати во паметот се вртеа кој доаѓа, како доаѓа. Им викам добро гледајте си пред вас. Тука следеа секакви зборови упатени кон мене. Колку трчам по нив, колку правам добро да биде, тие толку со лошо ми враќаат. Нема врска. Стигнуваме дома. Слушалките на уши пак. Дома додека е тишина мислам дека сум во рајот. Мислам дека лебдам. Како во друг свет да сум. Почнав да се затварам во себе. Порано обожавав да седам на сонце, сега се кријам. Дури и ролетните ги спуштам да мислат не сум дома. Не сакам никој да ме гледа. Црни мисли имам. Грдо мислење имам за себе. Немам нит С од Самодоверба. Постојано солзи ми доаѓаат. Наоѓам глупа причина за преживување и се насмевнувам. И така во круг.. Може за вас ова е смешно. Може и не. Кој прмети, затоа ме немаше неколку дена. Пошто убавина живот иам. И од толку што ми е убав не сакам да постојам, а вас да ве замарам..