Ти ќе попуштиш психички .Мора да се промениш за твое добро.Кој и да е не му давај моќ над тебе и твојата самодоверба.Излези макар сама ,за твое добро . Останатите батали ги ,ти имаш живот за себе не за другите
Јас приметив дека те нема, затоа и те означив на темата каде си. Немој да мислиш дека и мене животот ми е сјаен баш. Те разбирам малечка моја, бидејки и јас бев во истата ситуација како тебе. Затоа можам да ти ја разберам болката твоја. Но да не пишувам тука ете јави ми се лп ако сакаш ке ти олесни можеби ако пишуваш со мене
Многу лош период.. Не знам ни од кај да почнам, мислам дека и нема решение.. Сестра ми има психички проблеми, сама си зборува, се кара, дома само караници, се оболевме сите. Не сака доктор не сака ништо, си верува дека е стабилна, но не е.Неможам ни да мислам на себе од што ги мислам моиве, тешко ми е на душава кога ги гледам такви тажни. Се беше добро до пред една година, сеа ко ѓавол да влегол.Сакам мир, сакам да се смеам од срце а не да мислам се дека нешто лошо ке се деси уф
Се вознемирив малку... ама ми олесна после се. Брат ми е аутистичен и престојува во место сместен во Неготино, таму детето што било со него в соба имало корона, а брат ми немал. За момент ми прошетаа триста мисли во ум, пошто е најтежок случај на аутизам и не може да се грижи сам за себе, ниту пак да лежи.. да во случај дојди да биди со потешка слика на корона. :'( Го тестирале испаднал негативен, ама и си се тешам пошто е нулта група на крв, потешко добиваат корона, по мене знам..
Незнам што ти згрешив толку да заминеш без збор,без причина..Не си била вистинска личност а ти верував иако даваше знаци на неискреност .Боли само тоа да го знаеш
Пропаднав скроз, се изгубив. Постојано имам некои стравови, постојано размислувам за тоа како моите сегашни одлуки ќе се одразат во иднина, и постојано мислам дека правам грешка, дека треба да престане сѐ ова што се случува, дека мојот чекор напред е всушност чекор назад, оддалечување и осамување. А тогаш што? Не знам. Се плашам. Се плашам од сегашноста, се плашам да ја променам таа сегашност, да зборувам отворено за разделба, а уште повеќе се плашам од тоа што ќе донесе иднината. Се плашам од сопственото дете, се плашам од тоа како би била и мајка и татко, се плашам од сѐ...
Пред 4 години се запишав на факултет којшто не го сакам. Така ме убедуваа другите: профитабилен е ценет е и такви манипулаторски муабети. А јас дете, а пред се човек кој сака да му угодува на другите ги послушав. На крајот на секоја година барав спас, но ништо. Секогаш велев "ќе пробам уште оваа година, уште оваа" и останав да тапкам во место. Ама оваа година имам огромен судир со идентитетот, анксиозност и депресија МАКСИМУМ. А пак се плашам да сменам нешто, бидејќи никој не ме поддржува. Немам повеќе сила за ништо ново. А вака се чувствувам дека го промашив патот во животот. Дека секогаш ќе има нешто што фали, дека нема да успеам да бидам целосно среќна заради фрустрации. Ќе се каам што не сум направила ништо за да сменам, а да сменам ми е страв.
Ако учиш нешто што не сакаш и не се пронајдуваш, промени, ако треба паузирај некое време од факултет, работи нешто, па потоа запиши се. Слушај паталец ко мене, што го зафркнаа нешто слично како тебе.
Ништо не е поважно од твоето здравје, доколку не го сакаш факултетот што го учиш не си го троши времето залудно, жално што твоите родителни не го гледаат тоа поважен им е факултетот од здравјето на детето, а реално Медицински факултет е многу тежок и да имаш голема желба да го учиш ќе ти се одмили а не па ако немаш желба.
Ви благодарам на советите и разбирањето, многу ми значи. Оваа година ќе се запишам на она што го сакам. Можеби ќе згрешам, но ако згрешам сама ќе си згрешам. Барем ќе знам дека моја била одлуката. Можеби изгубив 4 год од животот, но подобро така отколку да го изгубам животот барајќи се себеси. Во прилог една слика за мојата ситуација, и за сите што се наоѓаат во слична.
Не се препознавам себеси во последно време, сѐ ми претставува терет, немам желба ниту мотивација за ништо, секој ден е монотон Не можам ниту да спијам како што треба, рано треба да станам а око не можам да склопам и се чувствувам вознемирено без никаква причина, сакам само мир, ништо повеќе
Се мислев дали тука или сдк без цитирање да пишам ,оти сѐ ми е јасно ,само сама себе не си сум јасна. Короната и свекрва ми ко здружени да ме полудат Од корона изгубив драги луѓе + секое поткашлување на било кој раце ми се тресат... Одма на тоа ме удира ум Па кога се разболи малото по крштевката одма па ,лее тој страв . Среќа брзо и помина ,ни тест не ни препорачаа. За крштевката ич да не почнам. На тој свет чин ,кај што требаше да си имам мир и среќа ,ме изеде жената ме изеде . Кај се нервирав дека само јас таа мм бебето и кумовите сме моите по карго поклони пуштаа ,уште и коментари прво во црква чевличките и беа големи и и паѓаа па и ги извадив ,попот пее она до мене требаше нашите да и ги ставиш ,што го остави босо детето ,ке му смрзнат тие ноги и реков срамота е и толку она си продолжи ...зар во црква да се карам!? Кумата и става капче оваа од другата страна го поправа Видоа што работи заврши церемонијата и фатија си излегоа ,ни се сликавме ни ништо. Мм па вол да не му побегнат цигарите и тој си излезе ,останав сама со неа ,пак напна облечи ги твоите чевлички. Женоо значи срам ми е и кажав на кумата дека имам многу да не зема три пати рече не може сега зборот неа да и го газам ,значи се качуваме во кола си одиме не замрзнува. Излегуваме надвор кумовите си одат... Одиме дома ми вели што бевте ко муви без глава зошто не се сликавме е ај ти кажи ЗОШТО !?? Сега немам ниедна слика со бебето од крштевката Ептен се напнав ,мислев ќе подзаборавам ама не еве цел месец помина ,ко ќе ја видам на тоа ми текнува Беше нешто настината не идеше две недели ,си фатив ред со бебето и што е најважно ја одвикнав од цело време во раце. Еве сега пак почна да иди,се во раце ја носи и нормално пак се навикна па утре во градинка Ставре ќе ја држи во раце. Вчера вика бебе мамам она одмаа ааа второто женско ќе е ,сакав да и кажам да само што додека живееме под ист покрив јас и ти нема второ . Ама ајде не ми се караше . Заради глупава корона не сме мрднато ,немам со кој паметен муабет да си направам Уште повеќе па се нервирам што градинката немало да е готова до септември ,па ќе мора она да ја чува А фатена е за тетрапак млеко ко пијан за бандера ,не е чудо да и лупне уште првите саати
Ахх овој живот...до кога вака? Што ке се прави вака?...навистина не ми е јасно веќе! Само опсесивни мисли не можам да се контролирам веќе се чвствувам како да ке полудам. Легнувам да спијам само некои чудни сонови што ме тераат да мислам преку цел ден "Што ли може да значи овој сон?". Долго време сум со опсесивни мисли (околу 2 години) и се повеќе и повеќе преовладуваат, не можам да се контролирам повеќе. Многу ми е тешко многуу.. Душа ми излезе Ако има некоја членка која може и би сакала да ми помогне нека ми пише ЛП.
Среќа е кога знаеш дека има некој што те чека кога ќе се вратиш назад, дома.... Очигледно, сум далеку подобра со него, иако преку камера.... Ми вети дека ко ќе ме гушне и нема да ме пушти. Среќооо! Па каде беше ти, сите овие години..? Нека заврши изолација, аман!!! Нервно ме фати, уште толку. Плус и треба да добијам....
Уствари сега на мене ми се наредија коцките, сама сум, немам причина за живот, толку многу ми стана монотон животов.. Немам нитуедна другарка. Почнам да се гушам во самотијава. Ако ми е..