Знајш колку другарства сум имала во моите 43 години? 99% завршија неславно. Млада си ептен. Доправа ќе доживуваш искуства. Не се откажувај. Јад, чемер... па оп сонце ќе огрее... Пак јад, чемер... па пак сонце ќе огрее... За сите е така.
@edna_malecka многу си млада, колку предизвици ќе те чекаат да знаеш, ехеее.. знам дека сега ти е тешко, ти верувам и те разбирам, вистински другар ми е маж ми само, сите останати се само пријателки за кафе и муабет. И работа ќе најдеш, и факултет ќе завршиш, и за кола ќе положиш, и се што треба и што си зацртала, верувај! Се ќе помине, и утре ќе се смееш на овие работи.
Многу ми е тешко кога ќе се истурам врз некој од безвезе причина, едноставно не знам како да се справам со овие промени во расположението што ми се случуваат. На моменти сум енергична, позитивна, ведра а за 5минути можам да станам скроз обратното, и од нигде никаде да сд испонашам дрско кон некој близок, и после кратко време се осеќам неубаво. Во последно време многу имам mood swings, да напоменам и дека имам пореметени хормони па не знам можда и тоа да ми влијае на расположението, што можам да направам во врска со ова, некој да бил во слична ситуација ?
Сум била во слична ситуација и знам како ти е. Јас тогаш пробував пред да кажам нешто да избројам до 3. Знам дека е тешко да се воздржиш, ама пробај. Исто и мене откако ќе се изнавикав ми беше уште потешко, зошто на некој крив ни должен сум истурила лутина. Кај мене беше проблем што јас си имав незадоволство и скриен бес, не се отворав пред најблиските, а кај тебе може да е од хормоните. Ама сепак, пробај посмирено да пристапуваш кон секоја ситуација, размисли пред да кажеш нешто и полека ќе се среди.
И јас сум една од нив која размислува исто така како нив. Да точно дека можеби другарките, и дечковците не се единственото нешто на светот, ама до негде убаво е да ги имаш и двете работи во животот, убаво е да знаеш дека не си сама, дека секогаш имаш некого во животот на кого ке можеш да се потпреш, и да знаеш дека тие се секогаш тука со тебе, и во добро и во лошо. Нема поубаво од тоа чуство искрено. Осаменоста е многу лоша, јас не ја сакам, се плашам од осаменост, и од тоа да ми помине целиот мој живот сама. Животот би бил многу по убав и ние би биле многу по срекни, кога би знаеле дека ги имаме лугето до нас што ги сакаме, а и другарките. Ама ете ретки се многу денеска вистинските другарки, и вистинската љубов. Ама се надевам дека еден ден ке ни се насмевне среката и на нас.
Пробај пред да избувнеш да си речеш "што сакајте правете немам нерви више за вас, не се замарам со ништо више".
Оти си молчиш таму кај што треба да зборуваш. Па нема каде, се истура кај што не треба. Гледај да избалансираш.
Овие два дена ми беа многу тешки, ама претешки денови...црни скапани денови да кажам ете. Несрекни, црни мисли, нема да успеам, нема да се средам, немав волја за ништо..Само стани легни, легни стани бев, од маки неубави на душата што си ги имав. Не знаев дури ни самата каде да се обратам за помош од што ми е срам. Решение се има за све секогаш ама на моето решение е проблемот е, што јас тука ја губам одма надежта, дека нема да се реши и среди никогаш. Никогаш не научив да издржувам тешки борби, да научам да се снаогам во животот, а веке се мора и тоа, дојде и тој ден кога ке морам. Секогаш сум таа што се плаши за све, па дури и за најмалата ситница. Све што сакам е само да знам дека стварно тоа што го сакам највеке да се среди, е дека јас ке успеам во све тоа еден ден, и ке дадам све од себе да го средам тоа. Сакам и морам...Драго ми е што една ми остана тука другарка да ми се најде во све, додека сите други во животот кога ми требаа највеке ми свртеа грб, ама ако...нема проблем. Нека бидам јас таа што секогаш ке биде добра, така сум научена и воспитана, секогаш кога ке можам да помогнам на секого. Ке излезам јас од овој лош и никаков период, си ветувам на самата себе.
@Crna Dama ќе успееш, верувам во тебе. За да дојде убавото, треба да си оди лошото од твојот живот. "Пријателите" те изгубија тебе, не ти нив. Изгубија личност што секогаш беше тука за нив. Можеш секогаш да ми пишеш да си разговараме.
Најлошо е да си себична, искрено го кажувам ова Со себичноста си илјада чекори поблиску до преобразување во еготистично, безчуствително чудовиште
Уф немој така, ти ко прво не смееш да дозволиш животот да те направи во чудовиште. Тие што повредуваат верувај носат само болка во себе и само сакаат да искористуваат, ним не им значи ништо добрината и тие луѓе се само ЕДНА ДОБРА ЛЕКЦИЈА во нашите животи ништо повеќе. Јас верувам во добрината на луѓето и можам на прсти да избројам кога сум искусила бескрајна несебична добрина сепак мене тоа ми е доволно за да знам дека доброто сеуште постои и ако можам да допринесам со моите дела..тогаш... уште подобро тие што се безчуствителни и себични имаат дупки во очите, гледаат на се материјално, сонуваат кошмари и никогаш не чуствуаат душевен мир (ете моја добра лекција) и секогаш ама секогаш ќе бараат нова жртва од која што ќе можат да црпат емотивна и/или материјална снага.. Ти веќе не си жртва, си била повредена, значи треба нешто да научиш и уште похрабро да продолжиш
Јас разбирам сакаш да ми кажеш дека добрината секогаш победува, но во овој свет не се цени добрината. Еве јас сум била добра, сум гледала за сите да угодам и на последно место се ставав себеси, но сфатив дека никој не го прави тоа за мене. Најдобро е да се бориш за себе, не велам да повредуваш луѓе ама сепак да се ставаш самата себеси на прво место,а потоа другите.
@Ivanna23. што и да си фрлиш зад себе, ќе си најдеш пред себе кога нема ни да очекуваш. Има луѓе, ценат добрина, само треба да ги процениш и да не се "трошиш" на тие што не треба. Никогаш не знаеш кого ќе сретнеш во животот, затоа не се разочарувај.
Симилар ситуацион. Вака кажано мнг подобро те разбирам. Сум била во ситуации каде сум трпела и сум се ставала себеси на последно место и верувај имаше катастрофални последици..Но не сум знаела подобро.. Но научив важни лекции на мнг тежок начин и тоа е дел од растење. Е сега во врска со себичноста..... Гледам дека нема место за себичност во твојот живот туку нешто мнг мнг побитно а тоа е самопочита, умешноста да се каже НЕ, кои луѓе да бидат приоритет во твојот живот кои не пфффф ова нема врска врска со себичност само со здрав начин на живеење и размислување, а погоре коментарот го пиша бидејќи си во болка и разочараност. Ќе бидеш супер I am sure
Сега повеќе се согласувам, себичност и самопочит се различни поими, иако кога ќе се свестиш за самопочит другите гледаат себичност. Сум искусила пријателства кога се ставаат на прво место и ти само треба да им пополнуваш време и да слушаш наредби, како светот да се врти околу нив. Тие личности се најсреќни, мислат дека се во центар на светот и се се случува за нив, туѓо мислење не ги интересира, туѓи желби уште помалку....не е тоа во ред, не сакам да станам таква личност ама барем самата да се ценам доволно и моите желби и потреби да бидат најважни, а потоа туѓите