Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Треба да си себичен, освен за луѓе кои не заслужуваат и никогаш не би дозволиле да патиш. Твојот живот, е твој приоритет, за другите ако има време, енергија и желба. Дозволи и да бидеш повредена, за да го искусиш паѓањето кон дното и да се кренеш. Така добиваш моќ и контрола врз своите емоции и живот.
    И јас го сфатив ова на подмолен начин, воспитана да ја љубам и негувам човековата раса. На крајот од денот, зборот ,,благодарам" скоро и никогаш нема да го добиеш. Живеј си како што тебе ти чини, така ќе живееш вистински, наместо да живееш за другите кои не заслужуваат да им се вложуваш. Јас велам, еден е животов на земјава, направи го да вреди.
     
    На poenta, tinka-mace и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  2. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. givemelove

    givemelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    54
    Ај да си споделам нешто и јас. Епа вака, смачено ми е. Имам 23 години, се чувствувам престар и ко да ми поминува животов а ништо не ми се случува. Досаден ми е животов, се обидувам да најдам работа и сум разочаран општо, имам уште неколку испити до дипломирање ма да и веќе сеедно ми е скроз за факултетот, ми помина кефот, дури и криво ми е шо изгубив толку многу години и пари а и стрес за ништо на крај, со мојов смер не можам да се вработам оти не сме ни во закон влезени и освен да земам мастер или да продолжам за психотерапија (предолго и прескапо) , не гледам никаква перспектива засега во однос на кариера. Онака се чувствувам скроз промашено во тој поглед. Инаку ко бев 14 год. имав еден настан кој многу трауматично го доживеав и мноооогу ми влијаеше на менталното здравје и ден денес си имам последици. Всушност, фобија ми се створи од тогаш - кон болести, и се чувствувам ко никако да не можам да се разрешам од нејзе, ко цел живот околу тоа да ми се врти. Тогаш, ко да западнав во некоја депресија, и "се извлеков„ сам себе, со никој не разговарав тогаш за се шо ми се случуваше оти моите си беа „презафатени„ со нивните проблеми, па се чувствував дека товар че му бидам и јас. А сега, буквално се чувствувам ко сите да ме гушат, не сум среќен и само сакам да заминам негде кај шо би бил сам, СЛОБОДЕН, без никој. Во целокупново животно искуство сфатив дека никој не ми треба, иако сакам да сум близок со сите и сум и имам разбирање за сите а за мене се чувствувам дека никој нема разбирање. Сите ги доживувам толку себични, преокупирани со своите животи и бубачки и ништо подалеку од таму. Чувствувам огромна потреба само да сум сам, да се почувствувам слободно. Само на некој нешто не му чини, се тие си имаат проблеми а јас ако споделам нешто ко да не е земено сериозно или е целосно занемарено. СМАЧЕНО ми е од сите шо се тоооолку СЕБИЧНИ, прекупирани буквално со глупости, со ситници, со површни работи. Ми иди да фатам и да бегам шо подалеку од сите.Инаку да се навратам на фобијата, општо си имав проблеми со анксиозност, панични напади, особено кроз средно, бев и малтретиран на училиште и тогаш имав најизразена анксиозност, со самото влегување во училишниот двор се здрвував буквално, ко цело тело да ми замрзнуваше, и си имав дури и физички симптоми, па ко да не ми беше доволно, од фобијата цело време си имав scares ова ми е, она ми е, па панични напади (си мислев дека умирам). И искрено, вака објективно земено, мислам дека многу добро сум се справил со се, со оглед на то шо денес ретко имам панични напади и анксиозност, многу работи си праев за self-help и ваљда имаше голем ефект. Со фобијата горе-долу се разрешив, одев на психолог и ми рече пола работа сам сум си ја завршил, ама остана едно нешто од кое шо никогаш не се разрешив - тестирање(ХИВ), фобијата ми се вртеше околу ова пошо така страшна претстава имав добиено за ХИВ/СИДА и се тригернував дури и само ако ги прочитам зборовиве и општо од шо и да се разболев си поврзував дека готово ХИВ имам, после време сфатив дека нема шанси да имам и се тоа, ама очигледно тригерот во мене уште негде спие пошо уште ми е страв да одам да се тестирам и потсвесно уште верувам дека имам. Онака само сакам нешто некако да ме мотивира да се натерам да одам на тестирање, пошо мислам дека многу ме кочи во животов, можда нешто ќе смени, а инаку општо имам проблеми поврзани со секс и мислам дека ова е причината за нив и постојано си мислам дека нешто не е во ред со мене иако и двата психолози кај шо бев ми рекоја дека немам ништо и сеа цело време околу ова си мозгам и такви ствари. Па ко за баксуз, оваа кај шо одев на психолог една замаена шо беше, толку неорганизирана абе јазк', иако ми помогна за некои работи, мислам дека ништо особено не сработивме, онака си мислам дека се' шо ми се случуваше ко помал ми е потиснато негде во мене и никако не сака да излези од мене. И оти премногу чекав за да побарам помош се чувствувам like I'm wasting my young years и сакам да можев да си го живеам животот онака до максимум.
     
    На MarijaMi90, Гладиоли и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  4. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Не знам ете и не верувам баш во све дека некогаш ке успеам...А да само што јас тешко некако да го истерам лошото од мене искрено. А се разочарав скроз не ни очекував дека баш некогаш он ке ми свртат грб, лугето кои за секогаш бев тука во секое време, што им се наогав во све, и во добро и во лошо, што им помагав. Ама нели така и ми треба, пошто превише верувам...НАИВНА сум ти ја. Ти си моја единствена, секако дека ке ти пишам фала ти што си тука за мене :hug:
     
    На steela.honey и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Некогаш и не можам верувај ми, увек се предавам кога ми е вака тешко, а знам дека не треба така. Се надевам дека овој мој лош период ке помине некако, и дека и јас ке имам убави денови. Фала ти од срце мила моја, и од срце фала што си исто и ти за мене тука :hug:
     
    Последна измена: 9 април 2021
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    Тоа што те мачи замисли го како големи бранови во морето,а ти си капетнот на твојот брод наречен живот.
    Бори се со брановите како што капетаните се борат со нив.
    И запомни Капетанот не се одкажува со борба до последен здив.
    Затоа бори се.
    После секоја бура доаѓа сонце.
     
    На hermosa и Crna Dama им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    13.137
    Пол:
    Женски
    @givemelove свесен си и си побарал помош. Другото е да не ги толкуваш толку длабоко работите.

    Голем дел е од потиснување, неисфрлање на гневот заради малтретирањето во училиште, неприфаќање на "колку луѓе - толку различни карактери", но и најбитното - да си ги разрешиш внатрешните конфликти. Не ти треба трагање по некоја потврда од трета личност, напротив. Ти си тој што одлучува дали тоа што другите се *ставитукаштосакаш* ќе ти влијае во понатамошното градење на карактерот.

    Инаку практикувај пешачење или пак некој спорт. Многу помагаат.
     
    На givemelove и Dominik им се допаѓа ова.
  8. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано искрено, и покрај све на човек добро им доагаат секогаш советите од другите. Ете јас бев една од тие, што никогаш не научи да се избори до крај со ништо. Не сум верувала дека баш кај мене ке дојде сонцето некогаш, ама после ова што ми го кажа, така убаво напишано од срце и искрено, ке го следам секогаш твојот совет чак и ке го послушам. Фала ти од срце за ова
     
    На Dominik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво форумки, сакам да Ве поздравам за големата посетеност на оваа тема кој одлучив да ја споделам со вас. Затоа што навистина сите сакаме да бидеме слушнати, разбрани за било што. Информациите кои се пласираат секојдневно несвесно допираат до нас и се причина за тоа каков ќе ни биде денот. Но ние сме тие клучните дали ќе одбереме да се смееме и тагуваме. Јас велам од лошо има и полошо. Си се тешам ја барам светлината во мали нешта се радувам ко мало дете на ситници. Иако сум возрасна и мајка на две деца. Учам од нив што значи светот да го гледаш малку поинаку со розови очила. За момент опуштете се правите работи што ве прават среќни и и тие околу вас ќе ја почуствуваат магијата на позитивна енергија. И ќе ја споделат со други. Не велам дека е лесно има и добри лоши денови. Но да си ги направиме подобрите денови да се побројни. Од нас зависи . Насмевката која ја нудиме некому можеби е единствената која ќе ја добиете во денот.. Уживајте, смејте се , што и да е ќе помине.
    Ме поздравувам и ми е мило истовремено што се пронајдовте во оваа темa........
     
    На zoya, Guns N` Roses, Dominik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    Такво е времето, динамично, брзо. Еве за мене да си кажам го паузирав факултетот не буквално али не полагав. Мислев дека нема ништо да успеам. Сега сум 29 години и собиран сили да положам испити. Имав стресни периоди. Понекогаш немам волја за ништо. Те сум ок те сум депресивна. Ме тишти тоа што некои на мои години направиле се, а јас тапкам во место пак и пак
     
    На christinnn, Guns N` Roses, Dominik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. wildpunk

    wildpunk Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Не знам како да го пишам ова, знам дека ќе бидам плукана, но да ми прости Господ, но секое наредно слушање дека некој починал во мене создава прекумерен нагон на љубомора и очајно посакување што поскоро да дочекам да ме нема.
    Изгубив секаква желба за живот, нема ништо што ме радува, не сакам да се мешам со луѓе,стигнав до тој степен одвај да чекам да сум сама дома, да слушам тажна музика во темно,да читам за смрт, за самоубиства, за тоа како да успеам да си го одземам животот, немам помош од никого, немам ниту другарки, ниту брат или сестра.Последен пат од срце се насмеав дури пред 10тина години.
    Потоа...Заглавив во врска со човек што не го сакав, а се случи да живееме заедно и работи што не можам да си ги простам.
    Потоа за се да биде полошо,сите роднини, пријатели, се што имав ми заврте грб,дури и се откажаа од мене.
    Пребродев многу тешки периоди, додека пробував да се опоравам ме правеа луда затоа што не сакав да создадам семејство со човекот кој што не го сакам
    Во сите тие црнила, агонија и очај јас се здружив со најголемиот душман и непријател на мојот партнер кој што дојде кај нас на гости, ми подаде рака, успеа да ме направи среќна за кратко, но го снема бидејќи се непрријатели.
    И вино пиев со него.
    И ме гушна.
    И не ја тргна насмевката.
    И му светеа очите.
    И ми се насмевнуваше кога и да ме видеше.
    И за рака ме фати.
    И маките ми ги знаеше.
    И јас и он немавме омраза еден кон друг.
    И имаше ниту кафени ниту зелени очи полни со топлина.
    И ми даде трошка надеж за живот.
    Трошка што светот ја уби.
    Секој ден посакувам да ме снема.Физички,психички заглавив во погрешно време, со погрешни луѓе.
    И да знаете дека сакам да има фешти невидени кога ќе умрам.
    Затоа што мојата смрт ќе биде мојата среќа.
     
    На Dust, Herrera и Suhan им се допаѓа ова.
  12. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски

    Мора да најдеш начин да се избориш и да излезеш од тоа сивило што те става во тешки искушенија. Животот не е лесен, сигурно си млада среќата, барај ја во нештата што те прават среќна. Бори се за себе не дозволувај негативноста да допре до тебе и не се затварај разговарај за било што ослободи го немирот во себе.
     
  13. MasMonero

    MasMonero Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Ако некој подолго време се бори со црни мисли и не гледа излез од моменталната состојба ве молам слободно обратете ми се во приватна порака и ќе поразговараме. Мислам дека можам да помогнам но имам ограничено време и енергија па обратете ми се само ако навистина сметате дека имате потреба од помош и ситуацијата е сериозна. Бaj д веј, скршено срце не е сериозна ситуација.

    Инаку потекнувам од дисфункционално семејство исполнето со алкохол, кавги и омраза, па сум израснат без љубов и внимание. Поточно израснав на улица, учествував во тепачки, станав криминалец и корисник на дроги. После еден настан каде за малку го ќе го загубев животот се освестив и целосно се корегирав. На 21 година се отселив од дома и заминав во САД каде живеев нелегално подолго време. Изолацијата во тоа опшество и фактот дека не сум рамноправен и неможам да патувам дома ме направи тешко депресивен и долго размислував да си посегнам по животот. Но и од тоа се спасив со помош на книги, медитација, репрограмирање на својот ум и превземање акција во правилна насока.
    Сега сум на одлично место во одлична ментална состојба а во себе носам библиотека од лекции, знаења и филозофии кои со задоволство ќе ги пренесам на луѓе на кои во моментов им се најмногу потребни.
     
    На Осе, MarijaMi90, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Онааа кога цел живот ти иде надоле .. доживуваш тешок мобинг плус на работа со цел да те исфрлат затоа што се докажуваш подобар од поединци и бараш основни законски права а и си потпишал таков договор и кога со корнава неможеш да најдеш решениее.... е веќе навистина психички не сум стабилнаа ... неможам повеќе
     
    На mal.ecka, melissa и Dominik им се допаѓа ова.
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Пиши ми, тука сум за тебе:l:
     
    На wildpunk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. loveandhope

    loveandhope Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите

    Го направив специјално акаунтов за да пишам тука бидејќи ми е многу тешко, а немам со кого да разговарам за ова. Сакам да одам и на психолог ако има потреба, така што ако знаете да ми препорачате некој во Скопје ве молам кажете ми.
    Можеби ми е потребно поинакво гледање на работите, или само еден разговор, не знам, но во моментов стварно се осеќам испаничено и негативно.
    Можеби и токму вие ќе ми помогнете

    Се работи за следново. Многу ќе ми значи ако некој прочита и се обиде да ми помогне. Извинете што е малце подолг текстот, сакав да објаснам повеќе.
    Имав врска од 3 ипол години која заврши пред околу 3 години. Тој ми беше прва долга врска, се беше во ред но последната година почна многу да ме нервира, и едноставно се осеќав многу неразбрано од негова страна. Сметав дека не ме сака и цени доволно. (Тој ме сакаше но јас мислев дека не ме цени доволно туку е со мене пошто ете така, сум се погодила јас да сум му девојка). Последната година магистрирав во странство, и тој не дојде, не знам зошто, набројуваше многу изговори, повеќе ми се чинеше како од некоја мрза или не знам што. Тоа ептен ме погоди што не ми дојде на магистерската прослава. Потоа кога се вратив сите работи ги гледав негативно во врска со него, едноставно секој негов збор и потег ме нервираше крајно, и бев многу лоша со него, а тој имаше многу трпение со мене, никогаш не ме навреди или да ми се извика или било што, ме трпеше низ сите тие мои бесови и сакаше да ме смири. Не знам што ми беше тогаш навистина, мислам дека едноставно бев убедена дека сум му девојка не пошто сака баш ЈАС да сум туку пошто ете јас сум прифатила да сум му девојка па ајде..едноставно не се осеќав посебно. И на крајот од цееела лутина не му раскинав со збор, но му реков ми треба некоја пауза и дека сме пред прекинување, нешто така. Очекувањето тука ми беше да ме побара и да сака да сме заедно, едноставно сакав да ја видам неговата љубов кон мене. Он не стори ништо после тоа, и тоа ме погоди уште толку, како да не сака да се бори за мене, за љубовта. Бар малку, бар да проба, а не ич.
    Да скратам, прекинавме..ете така, без краен муабет, на многу чуден и лош начин, без борба без ништо, едноставно наеднаш.
    Низ наредната година знаеше од време на време да ми пише нешто да ми прати некоја слика, како никогаш ништо да не се случило, пробуваше контакт, а ја уште толку со лошо му враќав на пораките. Го сметав за чуден тој негов потег бидејќи никогаш не рече, Ајде да излеземе на кафе и да разговараме, или да каже дека сака да се смириме...тоа го сакав, а добивав само некои кратки пораки, како само некој муабет да направи.

    Да скратам, се раскина таа врска, и јас никогаш не погледнав назад. Бев убедена во одлуката, дури мислам и дека не го сакав. Или можеби не го сакав бидејќи мислев дека и он не ме сака. Сега неколку години подоцна, не успеав да најдам дечко и да имам друга долга врска, се некои кратки, и не најдов некој така да ме сака. Сега последниве 5 месеци бев во врска каде конечно личеше на нешто навидум подолго и стабилно и бев среќна, додека не сфатив дека бил скрос нарцис тип на човек, и од ведро небо од нигде никаде ми раскина пред некој ден. А никаков проблем немаше, за ништо. Толку ми падна тешко и ми се скрши срце последниве денови што не можев ни да спијам ни да јадам. Сега сум многу подобра, меѓутоа ме фатија мисли на дебело каење за бившиот дечко, и дали јас сум ја пропуштила единствената шанса за љубов во мојот живот.
    Тој дечко ме сакаше, а јас гледав на се тоолку толку негативно и не се ни обидов да работам на врската. Сега сум многу поинаков човек, многу сум потрпелива, попаметна, тогаш бев друга личност, нервозна, бесна, не го заслужував него и неговата добрина. Со оваа глава сега веројатно би биле заедно, но веќе е предоцна, тој е женет и има дете од пред скоро. Моите реакции тогаш во никој случај не беа за намерно да го повредам и слично, едноставно се осеќав неразбрано и несакано, а сега гледам дека од со сите што сум била, тој ме сакаше, како и целата негова фамилија. Можеби дека немам дечко во моментов па вака се осеќам лошо, али осеќам мнооогу каење, и се прашувам дали си ја уништив шансата да бидам среќна во љубовта? Дали ќе најдам некој што ќе ме сака и што ќе го сакам, и што ќе сме искрени и двајцата и добри и ќе имаме квалитетна и среќна врска? Сега, на овие постари години, кога сите имале бивши и биле повредени и се посебични итн.. ? 27 години имам инаку. Мислам дека ова беше кармата што си ја заслужив (да ми раскине последниов дечко на таков суров начин и да ме повреди), како што јас го повредив многу бившиот.
    Сите околку мене другари и другарки се во среќни врски, имаат некој, а јас тоолку сакам да имам некој и еве ова се деси.. Се си мислам дека сите добри дечковци се веќе зафатени, веќе сум постара, и сите квалитетни машки во граница на 27-35 (пример) години се зафатени...
    Почнав многу да се каам и за бившиот, и да паничам за сегашноста и за иднината, и едноставно да губам надеж. А сум девојка со сите квалитети, од внатрешност до изглед, грижлива и која носи многу љубов во себе што сака да ја даде некому.
    Стравот веројатно ми е дека не сакам да завршам сама..

    Еве ова ми е проблемот, и прв пат имам ваков поголем психички проблем што ме мачи..можеби и не е некој проблем, не знам, но во моментов мноогу ми изгледа голем и ми тежи на срце и ум
     
  17. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    @loveandhope
    Малку си згрешила со бившиот дечко можеби сакал да биде со тебе кога си магистрирала но неможел да дојде.
    Ти си му кажала дека сакаш да паузирате со врската и тој помислил дека ти треба време да одлучиш дали навистина го сакаш или не, и уште кажа дека тој ти испраќал сликички и започнува разговор со тоа можеби сакал да се смири со тебе, но ти мислиш дека не сака затоа што не те поканил на кафе. Дечкото не може да ти ги прочита мислите и да знае што сакаш си требала да му кажеш дека сакаш да излезете на кафе и да продолжите со врската.
    Но ете што се случило се случило тој мислел дека не го сакаш и си нашол друа...
    Можеби и не те сакал па затоа така правел, не можам јас да знам дали навистина те сакал тоа само тој го знае...
    Но како и да е сепак вашата врска завршила и не значи дека нема да се појави еден ден пред тебе некој со кого ќе започнеш сериозна врска.
    Излези надвор, оди на кафе, шетај, спортувај прави било што и не се осудувај затоа што на таков начин завршила толку долга врска.
    Вистинскиот ќе се појави тогаш кога најмалку очекуваш.
     
    На Stark и loveandhope им се допаѓа ова.
  18. loveandhope

    loveandhope Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да, јас знам дека сакав да биде маж и да каже дека сака да се смириме или да ме покане на кафе. Точно дека почнуваше некаква комуникација со мене, али сето тоа беше толку исплашено толку несигурно, толку неодлучно, без став и карактер. Го сметав за човек без цврст карактер.
    А тогаш да, очекував да ми чита мисли, и едноставно бев многу лош комуникатор јас, од тогаш многу се променив, сега сакам и знам да правам муабет на смирен начин за се, со било кој и за било каков проблем да се појави, гледам да се реши. Без да бегам, без нервози, туку со трпение и разбирање. Тогаш бев скрос поинаква личност.
    Таа приказна е завршена, само се прашував дали си го уништив самата животот во тој поглед, или едноставно така требало да биде и пред мене е нешто подобро.
     
  19. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    И првиот и вториот.. да вределе ќе сте биле сеуште заедно сигурно. Значи те чека нешто подобро. Пушти го минатото, гледај ја иднината. Што е твое ќе си дојде.
     
    На IRBBB и No name 123 им се допаѓа ова.
  20. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    А сега здраво, ова сум јас, а пак ова си Ти.Нитту ова сум јас, ниту ова си Ти. Тоа сме Ние Заедно на земјата во извршувањето на својата мисија каде не постои ЈАС
    Ние сме само креација на Поетот во овој совршен свет , зошто сне нњкоја боја од Виножитото ☆♡☆♡☆♡☆♡•♡☆♡

    Детето знаеше дека неможе да го победи Времето, но Детето знаеше дека може да оди заедно со времето, зошто Времето му го дозволи ТОА [​IMG] Времето му вети дека ќе му го осветли патот и дека ќе му ги открива пополека своите тајни [​IMG] "
     
    Последна измена од модератор: 1 мај 2021
    На Indiegurl, Jordanco Smart и Дејан. им се допаѓа ова.