Дојде и тој ден за кој најмногу се плашев дека ќе дојде. Никогаш не сум била среќна , секогаш сум си стварала разни проблеми во главата , чувство на огромна празнина која никако не успеав да ја пополнам . Но некако со шопинг купување секакви работи си ја пополнував таа празнина , сега дојде тој ден кога ни тоа не ме прави среќна само купувам глупости ги трупам немам веќе ни место каде да ги ставам . Не сакам да умрам сакам само да видам среќна ама онака потполно среќна искрено среќна барем на еден ден . Врескам одвнатре , од адералот од антидепресивите од мод стабилизаторите се чувствувам толку numb што не можам ни да плачам ... Се чувствувам како сето ова да не е реално како светот да не е реален. WHYWHYWHY...
Ти кажав јас со време да го учиш...леле како ќе го чувам ова дете не ме сака само плаче...остави ја нека плаче... Земи ја плаче... Дај јас ќе ја успијам... Не сака да спие еве ти ја тебе успиј ја... Фала ви на сите за факинг поддршка и помош... Поарно да одам на планина сама да си го чувам детето пошто више ми е преку глава од сите коментари и совети за гледање дете и таман е за се е крива мајката... И за арно и за лошо.. Фала Мајка, домаќинка, цицка, млеко, ручек, пери, чисти,оди на работа.... Е затоа сакав машко дете. Да не се нервира вака ама ете...
Не, туку многу работи се на товар на мајките(женски)... Генерално мислам дека мажите помалку нервози и обврски имаат во животот.
Ако имаш проблеми со сопругот решете си, детето не е виновно за ништо. Секоја тензична ситуација, ја создавате вие и околината околу вас. Ваше е како ќе пристапите на нештото, нека не страда детето, гревота е.
Девојки итно ми треба добар психијатар кој има искуство со жртви на силување ,да работи со плави картони.
Ова можеби некаде во 20ти век. И маж ти може да готви, чисти, да успива деца. Детето заедничко ви е нели? А женското дете за да не и е како тебе кога ќе порасне треба од бебе да гледа како мама и тато се едно исто во куќата. Бабите бркај ги, кажи им детето има мајка и татко и крај, тие нека се занимаваат со бапски работи. Ако мажот е нормален и тој е на иста “мака” како и жената. Ама ако бракот, куќата и децата се на твој грб значи со мажот нешто не штима, а не со бабите или не дека на жените им е “потешко”. Тогаш зошто се склопува брак? За жената да е слугинка дома, а мажот демек на работа и изморен е кутриот?
Сопругот има врска со се' што ти имаш врска околу домот и децата зашто брачната заедницата ја сочинуваат партнерите. Проблемите и несогласувањата што произлегуваат од поделба на обврските на "машки и женски" се должат на недостаток на емпатија, разбирање, одговорност и незаинтересираност за животот на другиот. Хармонијата и среќата се градат заеднички. Бабите се дел од фамилијата и не треба да имаат други улоги. "Ингеренциите" во туѓ брак нема да им се прошират, доколку имате функционален однос.
Океј девојки. Имам нешто да ви кажам. Пред 10 години бев силувана . Дури и сега кога го пишувам зборот силување, се прашувам дали ТОА беше силување. Ама ако не беше силување,зошто тогаш плачев и молев да престане? После тоа следеа месеци на агонија. Закани од негова страна и постојано следење каде и да одам. Како и 70% од жртвите никогаш не зборев за тоа и се преправав дека не постои. 10 години од тогаш па наваму патам од анксиозност и панични напади. 10 години пијам антидепресиви . Последниве два месеци ненормално ми се враќаат флешбекови и решив да побарам помош о да зборам. Ама штом почнав да зборам никој не ми помага. Се осеќам сама и осамено. Луѓето ги охрабруваат жртвите да зборат и после никаде ги нема за помош. Незнам кому да се обратам. Се плашам дека нема да ми веруваат. Приказнава е долга. Кога би пишела овде сигурно би ми требале три страни. Ве молам за помош. Добар психијатар кој работи со картони
Што правам со животот? Која е целта? Се измачувам секој ден да дишам. По толку време прв пат се осеќав супер, но кога ќе размислам подобро... Што е животот воопшто? Се осеќам како џабе да постојам. Повторно. Мојот збор на никој не му е важен. Џабе го кажувам моето добронамерно мислење. Ми забранија и да се грижам и да сакам. Сакам да ме снема. Можеби животот на другиот свет е подобар. Можеби таму ќе имам со когп да разговарам и ќе бидам сфатена.
За почеток најдобро е на форумов да изнапишеш се што ти лежи на душа макар и десет страни да зафаќа и се разбира да останеш анонимна до крај. А второ анонимен разговор на апликацијата разговор.мк. Ако не си во можност да платиш слободно ќе кажеш и ќе се понуди некој од тука за да плати, има и многу добри особи на форумов. Јас вака би постапила, прво форумов па после апликацијата разговор.мк. Трето би било психолог. Не знам дали ти треба психијатар, можеби барем се уште не. На најблиските не би кажала или евентуално ако сум ептен блиска со родители браќа/сестри. На “најдобри другарки” во никој случај. Ослободи се од тоа, со текот на годините можеби се потежок станува тој товар. И дома пишувај во тетратка ама веднаш пали ги листовите.
Не знам веќе што да направам. Мислам дека како и да постапам, јас губам, мене ќе ми е тешко секако. Сфатив дека е ѓубре спрема мене и тоа никогаш нема да се промени, ама мислев дека можеби ќе можеме и двајцата да му бидеме родители на нашето дете. Ама него го заболе и за дете и за мене. Се однесува како мало дете, пробува одново да ме заинтересира, си игра топло ладно, сака пак да ме зграпчи во неговите канџи како да сум играчка некоја. И секогаш има изговор, секогаш јас не го сфаќам него, јас сум криваата, ваква, онаква... Ми иде да фатам патот, некаде кај што никад нема да може да ме најде, без телефон, без ништо, оти веќе раатот го изгубив...
Само службено ќе комуницираш со него за да го гледа детето. Ако се јави, нека закаже термин кога ќе го гледа. Ако не се јавува за детето, спушташ слушалка. Или затвараш врата и со тераш понатаму.
Поради пандемијата морално сум падната малку. Како да немам волја. Немам волја да купувам облека, а и немам потреба, па дури и кога одам некаде, не ми се шминка, и така лицето е покриено со маска. Се чувствувам уморно, монотоно, а не ми се патува пример. Дали вие се чувствувате вака?
Сакам да напишам за мајчинството за пораѓајот како се тоа убаво изгледа и совршено по социјалниве мрежи а удтвари никој искрено не збори колку тоа е претешко, колку неспиени ноќи се во прашање. Јас се породив пред 20 дена и премн тежок пораѓај, а тешкото допрва ми дојде со нејзе дома сама по цели денови а прв пат фаќам бебе во рака. Цел живот ми се промени како млада мајка не сум истата.. немам време за ништо, нема веќе шетање како некогаш искачање па дури и пиење кафе со другарки, па и да изгледам еден обичен филм( да можеби звучи себично) .Бев во депресија после пораѓајот бидејки ова е огромна промена за мене едноставно бебуш го менува животот за 360 степени. Секој ден се повеќе се навикнувам на нејзе, на неспиените ноќи, на доењето едноставно на овој нов живот кој што го мразев до пред некој ден. Само сега имам различен поглед кон оние што се мајки и можам да кажам се вистински борци
По социјалните мрежи се изгледа совршено, не само мајчинството. Само 20 дена си породена, се ќе се врати во нормала, во една поинаква нормала. Нормално е сето она низ кое поминуваш, сите сме поминале, освен мајките од инста.
Па не сум робот за вака да функционирам. Човек сум, имам чувства, ме боли тоа што не изразува никакво чувство спрема нас, не` става на последно место во неговиот живот, а до вчера сме спиеле во ист кревет, сум била тука за него во најлошото за на крај да ме фрли како ѓубре, и мене и сопственото дете. За мене не очекувам да му е гајле, ама за детето ме боли. Ми правеше филмови пред да останам бремена колку би сакал да имаме детенце, кога му кажав дека ми е страв ми рече ќе ме убие ако помислам да абортирам, а сега не` остави на цедило.
Тоа е нивна грешка, не е твоја. Гледај ти да бидеш побра личност кога веќе имаш жив пример како не треба.