Во право си, се трудам да го променам тоа, но не мислам дека и понатаму ќе ме сакаат и ми се чини дека залудно се трудам. Штом досега ништо не се променило, нема ни во иднина да се промени. Навистина сите ме мразат, не знам зошто токму мене, но ме мразат многу. Да не бев глупава, сигурно непознати луѓе немаше да ми упатуваат погрдни зборови. Многу се мразам себеси, камо воопшто да не се родев
Како тоа непознати луѓе упатуваат погрдни зборови?? Тоа се токсични дебили. Не треба да ги слушаш тие коментари. Те имам читано, ама ете никој тука нема таква претстава за тебе. Не дозволувај токсична средина да ти влијае така. Во право е Црешка, ти треба нова перспектива на работите. Затоа мислам дека психолог ќе ти помогне.
Ништо не е залудно. Верувај во себе, трудот на крај ќе вроди со плод. Обрати се кај некој психолог. И внимателно бирај со кого ќе се дружиш. Не дозволувај да бидеш опкружена со токсични луѓе кои ќе ти ја уништуваат самодовербата. Нека не те допираат туѓите зборови. Промени се поради себе, не поради другите.
@nevermet18 Среќо, добро е што си ставила крај на заедничкиот живот. Со тој човек нема да имаш убава иднина, а твоето дете еден ден ќе ти рече фала за тоа што не си го осудила на лошо детство за да гледа секојдневни караници меѓу тебе и твојот бивш. Верувај дека си ја направила вистинската одлука. Мораш да стиснеш заби и да продолжиш понатаму. Добро е што имаш подршка од твоите, а тоа е плус во твојата ситуација. Немој да губиш надеж дека нема да најдеш човек за тебе, не размислувај така. Па не си ни прва ни последна со тој проблем, колку случаеви знам со самохрана мајка која нашла друг и започнале нов живот. Заврши го факсот, ќе се вработиш и ќе си створиш убава иднина за тебе и твојот син. Знам дека ќе успееш. Ниту си глупа, ниту проста туку баш напротив, доста паметна личност си, верувам. Ја гледам другарка ми која се остави со својот сопруг, сама успева да си го одгледа син и, има помош од нејзините и гледа да му обезбеди убаво детство на синчето и. Нејзиниот бивш сопруг не се замара многу многу, ист ко твојов, а нејзе тоа воопшто не ја боли. Гледа ништо да не му недостига на син и. Со него само строго службено ќе комуницираш, а да ги трпиш неговите испади баш и не мораш. Смени број ако треба, повици и глупости баш не ти требаат да ти бидат дополнителен стрес во бременоста. Боже жено, не си стварај дополнителни стресови во бременоста. Не си стока, ти си прекрасна личност, само што те фатил лош период. Не дозволувај коментари од небитни и непознати луѓе да те допрат. Тие не се ништо повеќе од тебе. Тоа што зборуваат за тебе, кажува за нив, не за тебе. Бегај од токсични луѓе, промени нешто кај себе, промени околина, друштво, начин на живот. Посети стручно лице, тоа воопшто не е срамота. Ако ти треба муабет, слободно пишај ми.
Не е можно во колку кратко време ми се случува слично дејство како со мајка ми. На постела легна дедо ми, решен да умри, прекина терапија (имаше проблем со шеќерот, и автоимуна болест) се регулира само со терапија, но ја прекина и тоа малку што движеше, сеа легна во постела. Верувајте, изгубен случај е и психички и физички не можи ништо, не прифаќа лекови, не јаде веќе некое време, само се расправа се кара, го убедуваме да јади и слично џабе. Му велев немој не прај така, земај ја терапијата итн, тој не ја земам сакам да умрам. Легна во постела не можи да мрдни, памперс не сака да му се клај, викнав брза помош, му доделија домашна посета системи, бла бла. Блед блед крпа беше денеска. Човекот кај со болеста беше отежнато сето, нервозен итн, сега ем го изгуби разумот, ем не слуша ништо, се спротивно прај. Не знам веќе што да направам, најискрено. Тешко ми е од повеќе причини, не можам да се сосредоточам убо кратко јасно да ви објаснам, сето когнитивно го пишувам се што ми се случува последниве месеци со него...
Старк дете, може не му е место на прашањево овде, ама нема ли некој повозрасен таму да биде со или наместо тебе, тетки, стриковци, што знам .
Baba mi, ama ja mrazi od dnoto na dushata, a go chisti go peri se.. Tetka mi tuka e ama ne ja slusha bash.. Son ne me fajca samo sonuvam groboj, od so vika sakam da umram itn..
Не оди ич! Ама ич! Нека се лути кој сака. Знам дека е брутално, ама на чоек што не сака помош, не можеш да му помогнеш. Млад си, не ти треба да гледаш такви работи. Ќе те остарат пред време. Слушај ме, ко мајка те карам
Mi pobele kosata, od 20tata godina pochna... a sea 27 ce napram za mesec i pol... Porasnav so nov.. ne mi dava da gi ostam ama od druga strana prvin sam nesaka da si pomogni.. nzz
Ако. Порасна со нив, не мора да умриш за нив. Остави го. Негова си е маката, негова си е агонијата, негова си е борбата. Не е твоја. Не можеш да помогнеш, само ќе се нервираш. Не значи дека не го сакаш, ако си свесен дека не можеш ништо да смениш. Вервај ме, те молам, те премолвам
Не ме сфаќај погрешно, ама можеби е добро да се смести во установа за постари лица. Сами, тешко ќе се справите со ова , потребна му е медицинска грижа, за жал една негувателка или сестра не врши работа. Мора и психијатриска грижа и доктори за состојбата, соодветен кревет против декубитус и соодветна нега и терапија. Тешко е, знам, но двајца мои постари баба и дедо беа во дом. Мораше, некоја нега само стручни лица можат да ја дадат. Е, има приватни, доста средени, ќе го посетувате, макар што некои од нив се доста скапи. Не мора да остане таму до крај, но може да е корисно да се среди за некој период.
Не може со сила да сместиш некој во дом... @Stark Не си ставај обврски на глава што не треба да се твои, едноставно не оди повеќе и не се замарај за тоа. Има кој да го гледа, има жена, има дете нека праи што сака, не е твоја обврска дедото. Живеј си твојот живот доста се замараше со луѓево. Со месеци те читам се жалиш од нив...
@Stark Јас те разбирам, ти сакаш да му помогнеш, сепак дедо ти е (ако е татко на мајка ти што почина го сваќам и него зошто вака се понаша). Дедо ти е, ти исполнувал желби кога си бил мал, сега сакаш ти да му помогнеш. Ако можеш седни разговарај со него, кажи му дека ти е важен, дека мора да продолжи со терапијата, да не се предава поради тебе (јас ужасно се чуствувам чичо ми плачејќи ми бараше помош ама јас ништо не можев, освен последните денови да го смејам, да му ги направам убави, денес бев на гробје кај чичо и стрина, зборував со нив, но тишина без одговор..) А ако е до толку полуден (извини што зборам вака за дедо ти) известете ја матичната\матичниот лекар можеби он ќе превземе нешто. Ако тоа не успее пробајте лековите да му ги ставате во пијалок храна. Сепак мислам психички е проблемот, човрекот е скроз паднат, разговарајте со неговиот матичен лекар. Ти праќам гушки и не се нервирај,
Размислував дали да искоментирам или не, но сепак се одлучив. Според тоа што го напиша, а и предходно напишаното дедо ти е ПРЕМНОГУ СЕБИЧЕН кој мисли само на себе и најверојатно тоа го прави за ВНИМАНИЕ и ништо друго. Всушност е ТОКСИЧЕН за тебе како и сите околу него и лошо ќе ти влијае и за понатаму. Претпоставувам дека само ти му придаваш на значење и редовно го посетуваш, а останатите твои роднини не се замараат многу. Жал ми е за твојата баба, бидејќи познавам исто случај во поблиската фамилија, душа низ нос и извади на жената, незнаеше маса да постави и крени, а кога легна во постела само и наредуваше и ја критикуваше за се. Жената буквално се стопи, не личеше на човек. Се до моментот кога не ја извадивме од куќата на неколку дена, па се свести дека не е семоќен и мора да слуша а не да наредува. И да секој ден умираше па еве сеуште е жив, а богами и здрав. Верувам дека во твојата околина има институција која ќе може да го загрижи и пружи соодветна медицинска нега особено ментална. А ако не може да го однесете или пак не може да си дозволите, купувај им намирници и посетувај го како и што правиш, но не се задржувај премногу со него особено не сам, бидејќи ќе продолжи со истите разговори. Ако веќе сака да разговара, разговарајте за спорт, време, политика (старите обожаваат политика), и стајте му ТВ ќе се занимава, а нема и да ве малтретира. На дедоти му е потребна и ментална нега и разговор со стручно лице, а ако не сака да оди не мора да му кажеш каде ќе оди. Ние така за дедото правевме, качи се во кола ќе одиме до место каде што сака, кога ќе слези пред болница го пречекуваше психологот и она си преземаше. И да сака да се буни ќе се застрами пред другите. А за разговорите, претпоставувам дека се за умирања, болести, гробови, за кого чукала камбаната итн. Разговарај смирено за последен пат дека не сакаш да водиш такви разговори или игнорирај го кога ќе почне да зборува. Ако не се досети сам, тогаш ќе седиш повеќе со баба ти. И да не заборавам биди и огромна поддршка на баба ти. Верувам, а и знам дека на жената воопшто не и е лесно 24/7 да живее со него. Многу ми е жал за целокупната ситуација, ама не верувам дека он многу ќе се промени особено не сега. Помогни му колку што можеш но не на штета на сопственото здравје. И пронајди си некое хоби каде што ќе се опушташ. Ако ништо друго пишувај тука, ако разговорот ти олеснува.
Шо муабет е овај? На чоек што губи сакан, ти му кажуваш колку било тешко ко ќе умри. Тебе чичко ти ти барал помош, овај не сака помош. Не можи на сила да тераш некој да направи нешто. Ако неќи-неќи. Не значи дека е појден со умот.
@Stark потполно те сфаќам и верувам дека го сакаш дедо ти и сакаш да помогнеш но за жал колку и да сакаме некого кога не прифаќаат помош не може да им се помогне. Не можеш да помогнеш некому што самиот не сака да си помогне... Верувам дека е многу тешко но мислам дека најдобра одлука би било во случајов да побарате стручна помош. Не можеш ти на 27 години да оправаш цела фамилија и постојано да си правиш стресови.