Незнам стварно како да си помогнам сите некако како да ме искористуваат јас и немам пријатели на кого можам да им кажаам се само кога ќе им треба нешто , а и јас сум толку наивна си го дозволуваам тоа само нешто гледаат да ме искористат за совет и за се а јас кога им пишаам или немаат времее и се и кога тие излегуваат не ме викаат сакам да ги откачаам тие луѓе но не знам како
Ќе ги откачиш така што и ти нема да ги викаш да искочите. За да дојде вистинското, лажното треба да го пуштиш да си оди.
А зошто го дозволуваш тоа? Батали ги, се додека гледаш на другите да им угодиш сама себе ќе се изгубиш. Почни да гледаш да си угодиш.
јас сум нервозна веке неколку дена, една ме измами , ми продаде ѓубре од контејнер и уште мене ме обвинија јас сум ги оштетила и 300 глупости ми измислија што воопшто не се точни, ниту пак сака да ми врати парите јас радо би пријавила во полиција ама мајка ми не дава, вели остави такви идиоти сами ке се наместат ама ако до утре не ми помине мислам дека ке ги пријавам
Не ти требаат такви верувај. До пред некое време бев и јас како тебе, откачи ги самите ќе те бараат, ќе видиш. Почни гледај си за себе, батали ги.
Овие денови се чувствувам како Универзумот да има скроено план за да ме докрајчи.. секој ден по една неубава вест минимум. Не знам дали и вие се чувствувате така, велат дека оваа недела цела ќе е лоша
Се што сакам да направам, да превземам, да сменам нешто во животов, наидувам на затворени врати. Толку многу ли не знам како да се поставам, како да искомуницирам со луѓето? Отпор од сите страни. Не можам повеќе. Некои работи вложив толку труд и сега неможам да ги завршам, спремна сум да се откажам.
Имам се, ама немам ништо. Бирајте секогаш со памет и слушајте интуиција. Годините си поминуваат, не чекаат грешките да се надминат.
Дали мислите дека е нормално да се опседнати со некој кој во минатото ви направил зло а патем со кој сега не сте во контакт? Да давате се од себе за да бидете подобри од него затоа што знаете дека тоа го уништува тој човек? Од друга страна ве уништува и вас поради таа опсесија спрема него. Тоа се чувтсува кај сите кои биле повредени од некого?
Зошто толку замарање? Не, не се тоа чувства кај сите кои биле повредени од некого. На небитни луѓе не ни мислам. Ме повредиле, ми било тешко, поминало. Не се натпреварувам со никој.
Не знам. Можеби поради тоа што ми било тоа прв пат така да осетам некој што го сметав за премногу близок да ми зарие салам нож во грб а при тоа се си ставам на срце, ете карактер.
Зошто си правиш непотребно проблеми? Не вреди, колку да е клише, не го троши времето. Ако ти се збори, пиши ми пп.
Некое време се чувствувам лошо. Ќе бидам пократка колку што можам за да објаснам пошто не можам да разговарам со никој близок. Во друштво сме 4 другарки ама многу се дружиме и многу ми беше убаво со нив. Е сега последниве 4-5 месеци една од нив си фати дечко. Последниов месец а и повеќе има од месец, почнавме да се дружиме многу и со неговото друштво (односно другарите на дечко и), али мене со нив не ми е убаво. Дека почнавме да се дружиме и со нив и сега кога и да се договориме за нешто да правиме, другите сакаат и нив да ги викнеме секаде каде одиме. Значи никако не можам да се вклопам во нив и навистина се чувствувам лошо поради тоа. Еве претходната недела бевме два дена на кампот на другарка ми, таму бевме со нив и можам да кажам дека се чувстував УЖАСНО и сакав што побрзо да завршат тие два дена за да си одиме. Другите другарки си кулираа, јас се чувствував буквално како некој странец. Никој мене не ме фермаше. Во принцип изгледам многу срамежливо и можеби затоа не сакаат да ми прават муабет. Периодов ми е многу лошо и ми е многу страв да не ми се продлабочи ситуацијава и да не тргнам кон полошо...
Стандард. Иницирај кафе со други, сигурно имаш и не толку блиски другарки. Запиши се некаде на курс, исполни се, не вреди да се чувствуваш вака заради нив. Не прави нешто што не сакаш, посебно не да се прилагодуваш до степен да на другите им е удобно - а тебе не.
Со тоа што би надополнила не ги занемарувај и старите другарки. Излегувај со нив кога момците не се во близина, одете си на гости, прошетки, момциве може и еден ден ќе испарат како што дошле.Млада си и допрва ќе шириш познанства и пријателства, а наскоро може и ти ќе си основаш врска. Инаку, воопшто не се должна сето време да го минуваш со лица што не ти се по воља.
Прескокнете, морав некаде да се искажам. Се борам со самата себе. Се борам со самоубиствени мисли. Ја загубив најсаканата личност во мојот живот, мојата мајка. Нејзе ја сакав повеќе од себе. Сеуште не го прифаќам фактот дека веќе ја нема. Се убедувам себеси дека е тука до мене и по некој работи што се случуваат се си викам она ова го прави ми помага тука е. Секој ден разговарам со неа кога и да имам нешто да и кажам иако не ја гледам зборувам. И кажав дека ќе ја чекам до 40 дена да дојде и по мене ние не можеме една без друга. Бидејќи не иде по мене, а и уште од денот кога почина низ глава ми се вртат самоубиствени мисли. Прво бев во аптека изнакупив еден куп лекарства, не ги испив. Потоа се фатив кај отровите, едвај се изборувам сама со себе а немам кој да ми помогне да се изборам со овие мисли (имам како да немам). Имам потреба од психијатриска помош. Не сакам да живеам ама знам дека не е нејзина желба да го направам ова. Пред блиските глумам колку што можам дека сум добра, оти и да им покажам како ми е секако не ги интересира. Само сакам да одам кај неа и да бидеме пак заедно. Сеуште сум под шок, на се сум свесна но мозокот не ми ги прифаќа овие работи. Зборувам за нејзината смрт ама како да кажувам за некој странец. На гробишта не можам да ја погледнам сликата не сакам да знам дека е она таму, а кога ќе погледнам умирам. Само лежам спијам и не сакам да комуницирам со никој освен останатите домашни и дечкото, мислам ако видам некој настрана од нив ќе ме соочи со вистината дека ја нема а од тоа се плашам, се плашам да ја немам. Проклето фали да е до мене да се гушкаме, бакнуваме, спиеме заедно, држиме за раче, готвиме заедно, гледаме филмови, да ја масирам, или само да ја гледам и тоа ќе ми е доволно. Проклето нека е се дојди веќе по мене мамичке, многу те сакам и многу ми фалиш....
Не сум ни за во тема Брак ни за во сингл.. Вајда баш за тука. Еве на почеток во брак сум-не среќен брак. Не знам колку тоа има влијание.. Има едно место каде што одиме постојано, покрај река и они идат постојано, значи он фамилијарно и јас исто, многу повозрасен од мене.. Да бидам појасна не сакам да бидам со него, не би си го изневерила сопругот без разлика на нашата сегашна ситуација, но кај тој човек има нешто посебно, како цел живот да го познавам, буквално само што го гледам ме смирува, како ми шара погледот и ќе се сретне со неговиот.. Одам и со душа чекам да дојде, да ми крене рака и така преубаво да ми се насмее, да ме поздрави.. Не ми излегува од мисливе, не можам да се смислам со него бидејќи е повозрасен од мене и он и јас во брак.. Ама до сега никогаш не сум се чувствувала вака..Прави работи што јас ги правам, исто би изреагирале за одредена ситуација, едностсвно ме привлекува со секоја постапка.. Овака никогаш не сум се чуствувала, не сум заљубена, не би го изневерила сопругот, а не можам да го извадам од мисли..
Gradive ke mi puknat od napnatost moite denes ke podnesat dokumenti za razvod ednostavno nemozam da se pomiram so toa. Nemozam da gi sprecam odlucile i toa e toa a jas umiram od vnatre. Kade ke odi mama? Od sto ke zivee, sto ke jade? Koj ke go gleda tato? Jas sum mazena imam svoi obvrski, ke idam ke pomagam ama kolku ke mozam vo dve kuki da stignam? Mislam deka sekoj moment ke umram od grizi
Животот ни дава само тоа што можеме да го издржиме. И ти можеш. Многу е тешко, знам, поминав низ истото. Ќе лажам ако кажам дека ден ден не ми фали. Мнооогу моменти, посебно во радосните, но знам дека тоа што сум денес се тие сплет на околности кои го моделираат човекот. Болката никогаш не поминува, само ќе научиш да живееш со неа. И така ќе биде полесно. Многу полесно. И еден ден ќе станеш, ќе се смееш, ќе се радуваш и тоа е сосема во ред. Дај шанса, природно е да го испратиме родителот, за жал некои мнооогу порано. Сонцето ќе се сврти на твоја страна и само убавите спомени ќе останат и ќе те греат, верувај.