Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Сите ми одат на нерви, не поднесувам повеќе лицемерие мислам дека ќе пукнам :@
     
    На Limpan, DarkStormm и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    13.132
    Пол:
    Женски
    @Iscrpena а дечко ти? Барем на него можеш колку-толку да се искажеш? Или воопшто не покажува интерес да те сослуша..?
     
  3. Iscrpena

    Iscrpena Нов член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Покажува и ме сослушува, но последниве месеци само за проблеми му зборувам само со такви работи му го натрупувам мозок и не сакам повеќе. И он и неговите да се живи и здрави ме гледаат како нивна ќерка ми помагаат за се и се трудат да ме расположат. Кога и да ми е тешко навикната сум да глумам пред најблиските да не покажувам и се собирам само во себе. Знам дека и тоа не чини и дека поради тие работи и стресот си создадов проблеми со срцето, затоа и земав да пишувам тука. Но во моментов сум сеуште под шок. Ретки се моментите кога се соочувам со вистината и тогаш е најтешкото најцрни мисли, а во останатото време ќе зборувам за тоа ама како за некој странец не за нејзе. Сеуште замислувам дека е тука и не го прифаќам ова и никогаш нема да го прифатам. Само сакам да одам кај неа и ништо друго. Се плаши да е сама, а и ја се плашам да сум без неа.
     
    На Осе и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Искрено сочуство, неможам ни да замислам низ што поминуваш:( Мој совет е прво да почнеш разговор со психолог/психијатар, да не ги чуваш работите во себе затоа што еден ден само ќе ескалираат. Помини ги сите фази негирање, тагување, соочување, ако ти се вришти-вришти, ако ти се плаче-плачи...но никако немој да посегнуваш кон себе. Знаеш дека твојата мајка би сакала да си среќна и да продолжиш со животот за тебе, за нејзе и за сите што те сакаат. Секогаш ќе ти фали и таа празнина никогаш и со ништо нема да можеш да ја пополниш, но ЖИВЕЈ за нејзе и за тебе, затоа што она од горе би сакала да те гледа среќна. И те молам посети стручна помош, нема да ја снема болката но они ќе ти помогнат и насочат како д живееш со неа.
     
    На Guns N` Roses, FridaodaMk и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    13.132
    Пол:
    Женски
    @Iscrpena убав совет ти даде @Сара Лав Тоа е животот, сепак имаш луѓе кои можат да ти бидат поддршка и тоа не е нешто за потценување. Не потиснувај ништо. Ако треба разговор, тука сум. Те гушкам!!!
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Се осеќам некако празно. Не знам со кои зборови да објаснам. Сакам да чутам, ама воедно и да ме разберат. Сакам некој силно да ме гушне. Ми доаѓа да се карам со сите, но не знам зошто. Се осеќам како да барам причина за расправија. Значи не го сакам тоа, сакам тишина.
     
    На Dust, Limpan, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Trigger warning ( не знам спојлер да ставам затоа вака празно место)





























    Ми почина близок роднина. Немав го видено долго време. Жал ми е што денес го видов во ковчег. Бев да запалам свеќа, а на погреб не можев бидејќи сум на работа... Најмногу ме заболе што неговата сопруга (моја тетка), не можеше да престане да плаче и 10 минути ме гушкаше и за раце се држевме..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sceptical

    Sceptical Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Жалам душо , прими сочувство.
    За жал живот не е така лесен има и среќни и не среќни работи. Во ред е да бидеш тажна и нормална човечка реакција е .
     
    Последна измена од модератор: 11 јуни 2021
    На poi, DarkStormm и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Фала ти.. Да сме живи и здрави ние..
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Добро ај вака, не мора да ми дадете совет само морав да се искажам некаде.

    Во последно време расположението ми е променливо.
    Причини илјадници - отстранив другарки затоа што беа себични, лицемерни, не знам како да објаснам, можеби токсични со еден збор.
    Прекинав врска со личност која ја сакам, затоа што морав - причината беше затоа што беше променлива личност, многу проблеми со него, не даваше да му помогнам никако, знаеше да прави гоустинг, да исчезнува сред муабет, да заспива, го разбирам некако поради тежината на проблемите и уморот од работа му е така но често избувнувам кога заминуваше без поздрав.
    Како и да е, не сме повеќе во контакт, прекинав, но ми влијае на расположението, а знам дека овој пат нема да се вратам со него, цврсто сум решена со тоа, но се чувствувам ко да ми е починат некој.
    Секад кога и да сакав да зборам со него за да ја смирам топката наидував на игнорирање и глумење жртва од негова страна.
    Трето, од мене се очекуваат многу работи, голем товар носам на плеќи и едвај имам време за себе.
    Се осеќам осамено, мизерно, никакво, со суицидни мисли.
    Колку и да се трудам да бидам позитивна нешто ќе се случи да ме повлечи надолу.
    Летово планирам да променам средина и да ги посетам родителите.
    Не знам дали ќе промени нешто тоа во моето расположение но ако не, чинам дека ќе се распукам на сите страни.
    На психолог речиси и немам време да отидам, ограничена сум со време.
    Од мал град сум па имаше само еден психолог кој моментално не е достапен, не можам да патувам во друг град за тоа, поради икс причини.

    И чаре? собирам во себе, еден ден ќе пукнам како и да е.
     
    На KarmaEKucka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Душо јас го поминав сето ова само за тато. 4 години поминаа од тогаш... прелетаа едноставно.
    После толку време јас сеуште не прифатив , но ме искараа дека го “задржувам “ така, дека гледајќи ме како не можам да се помирам со реалноста страда и тој. Не знам дали е можно да е така. Не знам дали постои тој задгробен живот и останатите верувања. Но решив дека морам да продолжам и продолжив ,се уште кога ќе помислам на него солзи ми навираат некогаш и плачам ,но потсетувајки се на неговите желби за мене продолжив и давам се од себа за да бидам среќна , а секако ако постои таков живот на крајот ќе бидеме заедно. Но не пред време :) Биди силна :hug::hug:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    @bicycle да ги кажам дека "ќе дојде вистинскиот кога-тогаш" ќе ти биде смешно. Али така е. Тој тебе те изгубил не ти него, не ти треба личност покрај себе што не знаеш како си го поминува денот и што прави.
    За другарките, пушти ги да си одат вистинските ќе останат.
    За да дојде вистинското треба да си оди лошото.

    И да, промени средина. Ќе ти помогне.
    Знам во основно бев малтретирана, отидов во средно каде што немаше ниту еден од основно, и буквално се П р е п о р о д и в.
     
    На Camille84 и bicycle им се допаѓа ова.
  14. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Земи еден лист и пенкало. Пишувај се' што ќе ти падне на ум. Не мора да има смисла. Нафрлај секакви погадни зборови. Испцуј го и него и се' околу тебе. Е на крај ќе земиш еден упалјач и ќе гледаш како гори листот. Немој да се навраќаш и да читаш што си напишала.
    Друг начин ти е да си купиш кутивче ќибрит и пали-гаси додека не се смириш. Мене дури и мирисот ме смирува, а плус си сконцентрирана на палењето и потоа одма да го згасниш.

    За психолог евентуално да пробаш преку разговор.мк ама на форумов читав дека не е баш ефикасно.

    Иии стандард работи (што секој би ти ги кажал): прошетај, читај книга, гледај серија, исплачи се, играј игра (можеш и Board Game Arena да спуштиш и имаш многу друштвени игри онлајн)... Воглавно, не дозволувај да ти остане вишак време за да не мислиш на настаните и да не се преопторетуваш со тоа.

    Stay strong, you can do it! :muscle::l::punch:
     
    На bicycle и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.220
    Пол:
    Женски
    Да не испадне само те тапкам по рамо, ама вакви периоди сите имаат.
    Доколку сакаш, гледам онлајн има разговор со психолог, можеш да пробаш читам не се скапи.
    За другарките ич да не се секираш, јас пред 10 тина години, не знам колку си ти некаде на 22 години останав без ниедна другарка поради причините кои ги наведе, освен една со која сме од деца ама и таа некако беше во некој период нејзин што бев без ниедна. И да ти кажам скоро цел мој живот така функционирам, знам дека изгледам како дивјак, се дружам ама онака површно, немам некоја со која ќе се изнамуабетам поради истите причини. Со тек на време ќе запознаваш и нови.
    Во врска со дечкото ако сега наидуваш на проблеми подобро сега крај отколку подоцна, за секое срце има друга половина која порано или подоцна си доага на место.
    Кога ти е тешко на форум или на лист пишувај си, за да си олесниш, во себе ништо не чувај.
    Ако ти е полесно да се исплачеш, исплачи се, јас на пример ретко плачам ама кога плачам после уште потешко ми е.
    Најди си некој издувен вентил, што ќе те крене на површина. Насочи мисли на нешто што ќе те исполни, макар за другите да не е прифатливо. Биди среќна за себе а не за другите, сакај се себе и кога никој нема околу тебе. Самите сме си најважни на себе, па дури и кога сме во калта само ние можеме да си помогнеме, друг потешко.
    Јас да сум на твое место одма би летала кај родителите. Промените многу значат. По секој лош период доага убав, колку и да е тешко мисли позитивно.
     
    На deskarada, edna_malecka, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Можеш да закажеш онлајн сеанса за психолог. Верувам дека ти е течно но подобро сега тешко отколку цел живот проблеми со такво личности околу тебе. За дечко никогаш не се тажи ќе си најдеш подобар и некој што знае навистина да те цени а се додека не најдеш таков подобро сама биди. Сум поминала низ сличен период знам како е но верувај тоа ќе те направи многу похрабра :l:. Не викам дека е убаво да се случуваат лоши работи но мене да не ми се случи тоа што ми се случи никогаш немаше да бидам волку храбра :sun:. Доколку ти треба некој за разговор можеш да ми пишеш во секое време :l:
     
    На edna_malecka и bicycle им се допаѓа ова.
  17. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Душата ме боли, во буквална смисла ме боли. Никогаш не ми било волку тешко, никогаш. Повредена сум и разочарана, изнемоштена...
     
    На Willbeokay, ушко, KarmaEKucka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.029
    Пол:
    Женски
    Isto ama bas isto :(
     
    На Limpan, ушко и KarmaEKucka им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Нели е во ред понекогаш да не се чувствуваме во ред? А тоа да трае мацку подолго?
     
    На Guns N` Roses и Limpan им се допаѓа ова.
  20. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Мене господ ме тестира очигледно колку можам да издржам.
    Абе едно нешто да се исполнеше како што треба што го имам планирано, али не мора се некако нешто да пречи мора да има сопка, се прашувам кога навистина ќе бидам среќна и ќе го живеам животот.
    Ова што го живеам не е живот ова е преживување ден за ден,дека утре може ќе биде поинаку и подобро.
    Самодоверба немам воопшто,мислам дека сум родена под несреќна ѕвезда,љубов немам осетено воопшто.
    Сепак надежта не ми е умрена,тоа ме држи.