Девојки што да се прави кога работите не мрднуват од мртва точка?.Значи имам една работа започнато што е моментално најважна работа за мене,упорна сум се трудам ама никако да тргни работата,имам и мн планови за во иднина амбициозна сум све ама ништо не ми оди од рака посебно во последните неколку месеци...Пробвам да бидам позитивна да се бодрам самата бидејќи ретко кој денес искрено те подржва, еден период така потоа пак сум мн негативна,знам дека не сум ни прост ни глупа напротив но ништо не ми оди од рака,знам дека можеби ми фали и самодоверба но до толку да сум малер значи незнам...
Пронајди го проблемот кој ти ги кочи плановите и искорени го. Можеби така ќе успееш. За секоја точка има решени само треба да се најде.
Што кога на пример од убав и исполнет живот да дојдеш до точка на дното само заради некои ликови кои те повредиле? Бивш, другарки и другари, родннини па дури и самите родители? Што кога се плашеш од секој нивен следен чекор... Долго се борам со оваа ситуација, еве се вработив на убаво место само со цел да заборавам на маките, на проблемите, се дружам и се занимавам со нешто друго само да не мислам на тоа што се случува(ше) цела година? Еве излегувам и се дружам и запознавам нови фаци и се смеам, ги смеам другите а на крајот од денот ја симнувам маската и се претварам во депресивен монструм? Некои работи потполно ме променија од корен. Да бидам попрецизна ќе си кажам накратко што ме мачи.. -Мајка ми.. - женава е чудо невидено.. секогаш е таа изморена, болна, секогаш е таа во право другите не, да не кажам што се случува кога татко ми си доага од странство. Ме провоцира пред него знаејки дека можам да избувнам, да му ја наполни главата за мене а кога ќе си отиде ме сака најмногу на свет. Таа ми дава само негативна енергија. - Бившиот ... личност која најмногу ме повреди, кој го отстранив а кој се уште го сакам за моја несреќа. Го отстранив затоа што ме повредуваше... затоа што секогаш ги слушав вашите совети бидејќи бевте во право, ама еве и вака не сум среќна. Во ред, не е и толку важен, како со ситуацијата со мајка ми.Ама се плашам од неговиот следен чекор. Се плашам затоа што не можам пак да доживувам истото ко и секогаш, да лекувам скршено срце. - Другарка... Опседната со виртуелниот живот, за која секогаш сум овде а кога ќе ме испровоцира знам да бидам лоша на зборови па се вади со тоа дека јас сум таа која е лоша а кога и спомнам или побарам совет таа веднаш зборува за твитер за тоа кој и пишал и кој што твитнал. Абе лудница е. Ограничена сум со излегувања, со се... сега кога имам свои пари, кога сум независна од моите родители се случува сосема истото. Мислев дека ке се промени. За сите мои проблеми сите ми кажуваат да не се замарам или што да направам а што е најтрагично никој не ме прашува како јас всушност се чувствувам? И на крајот, не можам да сфатам како може некои девојки која низ град ја бие лош глас (муабетите не се од мене пуштени) која пие пуши ги менува дечковците секој викенд може да има повеќе среќа во љубовта од девојка како мене која е мирна повлечена искрена и верна што знае што сака во животот? Да се навратам на почеток. Од сите страни притисок од сите страни критики а од никој подршка или добронамерен совет.Мајка ми ја нема никогаш до мене кога ми е најпотребна, за мои пријателки роднини секогаш е овде. Барам поттик, подршка, љубов и внимание. А не го добивам.. барам разбирање од некого а го добивам само од фиктивни личности, not always. Во главата ми е хаос, во душата исто така. Ама најважното е што се поминува нели? А кај мене не може да помине штом ме опкрружуваат луѓе кои секојдневно бараат начин да ја уништат секоја моја надеж,
@JustFun другарка ти оддалечи ја од тебе. Не ти е потребна таква личност во животот. Не мораш да се скараш со неа, едноставно престани да и' помагаш во било што, не биди блиска со неа. Бифшиот исто така не ти е потребен, затоа биди позафатена, работи нешто, изорганизирај си го времето повеќе да обрнуваш внимание на работи кои те прават среќна, на место да седиш и да размислуваш колку си тоа несреќна, најди си твое хоби. Јас на пример, на место да размислувам за мојата несреќа, се грижам (во буквална смисла) за мојата среќа, мојот херој, моето куче. Таа ми покажа дека и најмалите работи се бесценети, ми покажа и во животот времето е сега, не утре, ни вчера. Ме извлече од толкава дупка, која што ни еден човек не би се обидел да ме извлече. Кога и да бев тажна, таа беше тука да направи глупост и да ме насмее. Затоа скоро цела година (минатата година ја земав) не сум плачела за било што. И никогаш, ама НИКОГАШ да не ја споредуваш твојата среќа со туѓата. Вака секој ќе ти изгледа дека има најубав и најлесен живот, но не знаеш низ што минува одредената личност.
Јас многу се каам поради тоа што си го направив во минатото лажев дека таткоми ме зема од училиште за време на училишните часови и поради тоа прекинав да одам на училиште пота го сменив училиштето бидејќи мајками мислеше дека е вистина а јас така продолжив да лажам и изгубив една година во јануари зедов осмо вонредно и сега во јунскиот упис че се запишам средно во меѓу време го изгубив цело друштвото и никој со мене не сака да се дружи како сега да си најдам ново друштво а притоа да не ме следи минатото планирам да се запишам средно во друг град како да си го средам животов животот ми е ужас немам ни еден другар знам дека ова си го заслужив самоо си седам и си плачам без друштво а се трудам никој да не ја види тагава во мене сакам да си го средам животот но како ве молам за совет
Во овај 21 век, век на технологии и науки ,многу жалам што никој не измислил едно волшебно стапче или една гума за бришење на сите грешки , на сите проблеми , на сите непотребни луже кои ја газат земјата и повредуваат се наоколу !! За некои луѓе едноставно е голем грев да живеат !
Каде да кажам,кому да кажам клкава болката ми причинува сопствената мајка.Ми го загорчува животот,толку чудна жена е што се чудам дали е до мене или до неа некојпат. Ке почнам од почеток.Си фатив дечко како и сите нормални тинејџерки во 2год.средно.Го донесов дома им го претставив на родителите,не сакав ништо да кријам од нив.Од тогаш животот ми се преврте.Дечкото немам збор лош за да кажам за него,фин,културен,тој сакаше прво да ги запознае моите.Уште сме заедно веке 4 години.Но,мајка ми многу се измени.Стана премногу хистерична,секогаш ме притиска за ситници,ми се кара,ме вреѓа...прави сцени ако не сум направила ручек или ако не сум ја избришала прашината.Многу ме повредува,многу...Уште потешко ми е што дечко ми живее во друга држава па немам никој,ни на другарките неможам да им го кажам тоа,се срамам да им кажам што ми прави мајка ми.Пред 1 месец бев во болница,имав некои проблеми..сега се скаравме и ми вика:правам се за тебе,се.имаш 20 години а секој ден довагав во болницата да те видам.Тоа ме вади од кожа,што секоја работа ми ја вади низ нос. Луѓе кажете што да правам,како треба да се однесувам со ваква жена.Што треба да зборувам,луѓе неможам да го трпам повеке ова...
А да зборуваш со неа да и кажиш дека многу ти смета тоа однесување, дека лошо се чувстуваш поради се што ти кажува. Дека секоја мајка се грижи за своето дете колку и да му се годините. Или си и кажала ама не сваќа.
Е па има и друго чаре, крени раце и не слушај што збори. Таа нека си кажува ти терај си по свое, ни мора да се караш ни расправаш едноставно искулирај ја. И така уште некој период ќе поседиш дома и после ќе се мажиш и ќе си одиш, чувај си ги нервите ќе ти требаат.
Штом не сфаќа, батали Слично и јас имам дома со мајка ми проблемче, не до тој степен како кај тебе, но поради тоа што не и се допаѓа дечкото со кој одам (веќе 3 години) знае да хистериша за безвезни работи. Мој совет, не се замарај, терај си свој живот, оствари си го тоа што го имаш замислено, тек те чека живот, не вреди да кинеш живци за небитни работи. Плус доколку имаш подршка од дечкото, терај!
Конечно најдов место каде што ќе можам да се искажам што ми лежи на срце. Искрено, никогаш во животов се немам почувствувано толку бескорисно и непожелна а во исто време толку си ставам на срце што еднаш неделно препукнувам па си се чистам со плачење. Еве веќе 8 месеци така. Го знаете она чувство кога знаеш дека си непожелен а никој не се осмелува да ти го каже тоа во лице па те избегнува, се понаша чудно спрема тебе и кога не те смета за толку близок? Зборувам за друштво. Нова учебна година, нови дечки во клас и тоа 99% кренати у облаци, од 14 години со дечковци. За такви зборувам, татини принцези.
Непожелна се чувствував и јас, дури до мисли за самоубиство стигнав. Но, не за друштво, многу пати сум останувала сама поради тоа што често луѓето ми прават лице... Но не е битно тоа, знај дека најважно нешто ти е да бидеш вистинската ти. Остави ги ти нив што се драпаат со дечковци сега, биди пријателски настроена и никогаш никого не озборувај или не коментирај нечиј стил на живот. Живеј го својот живот додека ти се пружа шанса. За жал не сум до толку силна личност за да можам да се убедам дека сум битна, но моето куче ме убеди дека сум. За него сум Бог, таа живее со моето постоење, а дека ја сметам за верен пријател, не би сакала да заврши без мене. Во случајов, моето куче прави да се чувствувам посебно и важно.
Има ли начин да се избега од себе? Се мразам себе си, не можам веќе да издржам во своја кожа... помислив и на самоповредување, не можам веќе вака да издржам. Ве молам помогнете ми. Немам никој, немам ништо... изгубив се што сакав и се што ми значеше. Немам рамо за плачење... само болка на душава. Тешко е да изгубиш сакана личност. Но уште потешко е ти самиот да си одговорен з својата несреќа. Се мразам луѓе, не ми се живее едноставно... нема поента денот поминат, за кого да станувам наутро? За кого да се будам? Зошто по ѓаволите? Има ли цел и смисла животов мој? Проклет да е. Ништо не ми е важно повеќе.
Ја изгубив мајками поминаа години од тогаш но неможам да продолжам понатаму односно незнам како се чуствувам како да не ме сака незнам како да продолжам понатаму кога знам кој и наштети на мајками кажетеми како да се смеам од срце кога знам дека заради некого мајками повеќе ја нема а тој слободно си шета
Со таков став не постигнуваш ништо. Ако сакаш да си помогнеш себе си мора да размислуваш на поинаков начин. Ти препорачувам да побараш некоја книга од Лујза Л. Хеј. Сметам дека ќе ти помогне. Верувај дека знам како ти е. И јас поминував низ истото. И јас се чувствував сама и напуштена од сите. Книгата која мене ми помогна беше "Барај и ќе добиеш " од Естер и Џери Хикс но книгата секој ја сваќа различно затоа најпрво ти ја препорачувам горенаведенава книга а потоа ако ти се допадне побарај ја и оваа. И запомни само едно нешто. Колку и да мислиш спротивно ти си сакана, ценета и почитувана. Некаде некој ја знае твојата вредност. Верувам дека си силна личност. Затоа не се дави со тие песимистички мисли. Почни одново. Прифати се себеси. Мисли оптимистички. Надежно. Верувај. Силно верувај. Пробај да ја смениш твојата точка на гледиште. Ти советувам и да медитираш барем по 5 минути дневно. Можеби е смешно но ако навистина си во ваква ситуација како што кажуваш тогаш ќе ти помогне. Знај дека и покрај се овој свет е прекрасен. Верувај во тоа и ти ветувам дека се ќе тргне кон подобро.
Се чуствувам многу чудно хмм би рекла повредено дел од животот дел од луѓето не верував дека постојат толку злобни луѓе што ти посакуваат се најлошо во животот, а притоа ти им немаш ништо згрешено.По смртта на мајками ништо не е исто за мене. Знам голема сум па да плачам да се жалам ама едноставно оваа болка неможе да исчезне од мене колку и да се трудам таа е тука. Колку и да сакам да ја заборавам не успевам. Како барем малку да си ја намалам болката? Некој совет да ми дадете може смешно звучи се ова што го напишав ама морам да си ја искажам болката. Како да одам понатаму како да се радувам да се смеам од срце? Кога неа ја нема
Па тука е најубаво да си напишеш што те мачи и да си продолжиш после истата вечер повторно со истите. Моментално се чувствувам како да тапкам во место. Немам мои пари, затоа што студирам, а толку многу работи ми се вртат низ глава што сакам да си ги купам со мои, значи лично мои пари. Кој ли ќе чека да поминат уште кој знае колку години, за да дипломирам па да работам... Уфффф бееее Многу ми фали другарка ми што не можам да ја слушам на телефон, што не можам да ја видам. Треба да чекам да помине цело лето за тогаш да ја видам, на неколку часа. Зошто ли мора толку да се мачиме, толку да страдаме само за да се докажеме дека сме некој и нешто. Некогаш толку многу ми доаѓа да плачам и се да искршам. Како ќе издржам јас уште толку да патам, стварно не знам