Се извинувам јас не ги прочитав сите пораки поврзани со темава но и да е полнолетна од која причина не би ја оставале да излезе освен ако не сакаат да ја заштитат? Погрешно е можда не знам ..
Да се затвориме сите во кафез и да не излегуваме никаде за да не ни се случи нешто. Стварно некогаш без размислување пишувате нешто.
Абе да океј сфаќам ама неа ја оставаат да излегува ама не до касно. И шо? Одма кафез.. И мене не ме оставале до касно па и полнолетна бев 18 имав и шо? Не бев излезена? Напротив нон стоп бев и не ми менуваше ништо дали ќе сум до 12 или до 2 излезена. Едноставно построги беа моите и до некаде ги разбирам. А и од кај знаете дека стварно 18 има девојкава?
Сериозноо?? Па сите дискотеки отвараат после полноќ, сите од друштвото ќе одат да се забавуваат, таа ќе си оди дома. Помина времето кога се излегувало во 18 часот, а дома се враќале во 21. Многу одамна е поминато тоа време.
Се согласувам со @gjoker4e. @edna_malecka Мораш да поработиш на речникот. Против насилство сум особено семејно и никој кој рационално размислува не може да го оправда насилството спрема тебе од страна на твоето семејство. Ама како што тоа не е во ред, исто така и речникот и начинот на кој што разговораш со татко ти, баба ти, брат ти или кој и да е, не е во ред. Не смееш да си дозволиш така да се однесуваш. Од друга страна, помалку коментари од тебе толку помалку лошо ќе ти зборат. Со ова не сакам да кажам дека е твоја вина, далеку од тоа. Ама гледај од овој аспект. Некој кој се однесува лошо со тебе и те повредува, ти можеш да реагираш со тоа што не секогаш ќе изреагираш (бурно) и голем дел ќе спречиш. Како што напиша тука во мислењето. Скроз непотребно е така да и збориш на баба ти. Во некои случаи, игнорирај како што е случајот со баба ти. Мене ми се случило слично со баба ми. Знае да претера со некои постапки. Прво е жена од 80 години. Второ мојата култура не ми дозволува јас да и одговарам така. Ја игнорирам скроз ако нешто искоментираше, од едно уво влегува од друго излегува и со тоа не и давам шанса премногу да збори. Не лично спрема мене, ама знае да направи постапки да ме извадат од памет. За брат ти. Ете, го знаеш каков е. Зошто воопшто му зборуваш. Како што него не му е гајле за тебе така и тебе нека не ти биде гајле за него. Големи се шансите он да го смени однесувањето спрема тебе доколку увиде промена кај тебе. Па и да не го смени, сепак не зборувај со него за да не му дозволиш да ти збори лошо па да бидеш повредена. За братучедите. Наместо ти да се нервираш цел ден, научи да им одговараш иронично, преку смеа и шала. Ќе се заќутат. Исто така со другарки или било кои врсници. Не со навредување, не со муртење, не со глава надоле, не со лутење. Туку со насмевка и шали. Кога еднаш ќе им покажеш со убаво дека не смеат така да зборат со тебе, нема да продолжат. Сето ова што го напишав е врз основа на твоето последно мислење, за случката со баба ти, брат ти и братучедка ти. Верувај ми дека кога ти ќе се смениш, кога ќе го смениш погледот на работите, кога ќе го смениш начинот на однесување, многу полесно и подобро ќе ти е. За насилството од татко ти, не сум стручна ниту имам било какво познавање, не можам да си дозволам да те советувам. доколку некој од тука е стручен и знае како треба да делува, нека пише за да и помогнеме.
Епа добро океј јас не бев во такво друштво што сакавме по дискотеки да излегуваме.. ретко кога. Не помислив на дискотеки. Не знам некако само едната страна на приказната ја читаме и нешто баш и не ми штима ама што знам еве може стварно вака се дешава кај девојкава. Не разбирам зошто толкава фрустрација имаат спрема неа. Сепак родители се ако па физички ја малтретираат Едит: Сега прочитв дека физички ја малтретирале. Треба да се обратиш кај некој стручен во секој случај ќе ти помогне да ги надминеш траумите или да се справиш подобро во ситуациите. Знам дека е тешко ама пробај да најдеш работа и да се осамостоиш така мислам дека ќе ти биде подобро
Добро де, девојчево мора ли во дискотека да оди??? Природата е бесплатна!!! Па кога ќе се вработи ќе оди и по дискотеки и по кафиња и секаде. Прв и основен чекор, отскочна даска, е да се вработи и во првата можна прилика да оди под кирија. Јас поинакви родители имав па почнав да работам без да знаат додека бев на факулет и така конечно имав нормален живот дури на 18 години. Наместо да јадеме со другарките собиравме пари за кафе и диско, па некогаш некоја има повеќе некоја помалку па позајмувавме, враќавме, облека менувавме…
Дали и вие имате период кога ништо не ви се прави, ниту ви се излегува, ниту сакате да се дружите со некој ама буквално ништо само сакам да седам дома...дури и муабет не ми се прави со секого
Мислев единствена сум дури кога ќе видам дека времето не чини среќна сум што нема да ме дават за излегување, се чудам со другарките кои мислат само на излегување, забави, дискотеки , а јас толку се одвикнав од ноќниот живот и не ми се оди повеќе
Не сум знаела јас да се "изразувам", да се понашам. Покрај оваа средина понашањето ми е топ. Да не враќав ќе речевте "што ќутиш врати им". Сега им враќам минимално, пак не чинам. За друштво ич не се замарам, иам две од клас ме бараат само за тешење. Да искочиме нигде ги нема, немора ни да ги има. Си уживам во самотијава некако, незнам да објаснувам ама тоа де. Благодарам на советите. Пола од вашите совети си ги планирам одамна али треба време. Имам. Ама се навикнав и убаво ми е сама.
Не треба да се спушташ на нивно ниво. Враќај им ама не со најдолен речник. За шетање можеш и сама. Се шета и без другарки и без пари. Тие што те бараат само за тешење не биди достапна кога ќе те побараат. Не ти треба никој. Потребна си само ти самата на себе.
Советот што ти го дадоа членките е најдобронамерен. Сите ние сме израснале со некаков речник кој едноставно не одговара на сегашното време. И важно е кога ќе почнеш да го градиш самостојно животот, дали со работа, дали со партнер, што и да е, да можеш да ја направиш таа разлика што треба да смениш кај себе, а што да задржиш. Најдобронамерно ова ти го кажувам, не дека не знаеш да се изразуваш, ама има и начин да кажеш се. Оган да те изгори е во најмала рака неприфатливо да го кажеш некаде надвор. Мора да почнеш да ја правиш таа дистинкција.
Леле бре, за речникот се имате фатено, бре бре бре. Сите знаеме да опцуеме некогаш, ама баш сите, не се правете светици дека не знаете што е тоа пцовка. Сега шо не е океј пцовка, не е, ама со нејзините блиски не знам како поинаку. Не се од тие луѓе што се разбираат од збор. Никогаш не сум решавала проблеми со пцовки ниту сум се карала употребувајќи пцовки ама у момент на афект ќе кажеш и тоа што не мислиш. Нејзините се пример како да не бидеш родител, и сега темата не е нејзиниот речник туку како тие се однесуваат со неа. Во години е кога сака да излегува, да шета, да пробува нешто ново, сега ако не се дружи кога? Ја имаат кршено од ќотек, физички и психички малтретирана. Трауми за цел живот. Решението е само да почне да бара работа и да си замине од дома, макар под кирија и да бара цимерки. Друг излез не гледам, веројатно нејзините немаат две чисти у глава и не мислаат како се однесуваат со неа.
Не ти е убаво сама. На никого не му е.Немој да викаш така затоа што и понатаму ќе останеш во позицијата во која си. Викни ги ти другарките да излезете, ако не сакаат тие, викни други со кои кои помалку се дружиш, па од каде знаеш, можеби ќе станете поблиски.До колку ти дозволуваат твоите да излегуваш?Наместо да се расправаш, неколку пати без збор излези и врати се во точно кажаното време и понатаму почни да ги известуваш - не ги прашувај, дека ќе се враќаш по 15, 20 мин, пола саат покасно.И така полека ќе видиш дали ќе ти приговараат или ќе почнат да попуштаат по малку.Плус, известувај ги точно каде и со кого идеш за да им ја намалиш недовербата.На какво место живееш?Ако си во средина каде што навечер е попусто и несигурно можеби и тоа ги спречува да те пуштаат до покасно.Затоа, осигурај ги дека ќе се вратиш со некого и нема да луташ сама по улици. Јас скроз те разбирам ама од ова што го пишуваш знам дека со такви родители не може да се излезе нормално на крај.На 18 год. веќе ни јас ниту другите од моето друштво немавме ограничување до кога ќе излегуваме, ама нашите примери не можат да одговараат на твојот затоа што си во специфична ситуација.И за другите кои коментираат, запамтете дека колку повеќе граници се поставуваат, толку повеќе расте бунтовноста. Исто така, немој да се навредиш ама мислам дека мораш да почнеш малку позрело и поодговорно да размислуваш.Многу повеќе независност ќе добиеш доколку почнеш и емоционално да растеш и доколку почнеш да ги менуваш ставовите.Наместо цел ден да поминуваш време на форум, читај книги, вежбај, најди си хоби и практикувај го.Исто така, не знам дали си одела на психолог, ама доколку не, би требало, со оглед на тоа какви работи имам читано од тебе.Никој од твоето семејство не мора да знае, закажи си преку матичен и оди.Посвети го времето на себе си и помогни си.
Во право си, сега и се годините за шетање, познавам девојки кои во тие години не излегувале, не оделе по забави, одмори и тоа сакаат да го надокнадат покасно во годините и реално како пуштени од синџири се... @edna_malecka јас мислам најдобро е да си најдиш работа и да смениш друштво, да ги живееш годините најдобро што можеш, како и другите твои врсници
Мила, баба и ја нема тепано (колку што разбрав од пишаното). Затоа сметам дека не е во ред на возрасен човек така да се одговара кога нешто лошо ќе и рече. За татко и што ја тепа не кажав ни еден збор, реков некој постручен нека каже. Затоа, сметам дека таквиот речник спрема возрасен човек не е во ред во никој случај. И јас сум се карала и сум опцула, како и сите, ама едно е да се карам со другарка или дечко а друго е да немам култура и на баба ми (жена од 80 години) така да и зборувам. На тоа мислев.
Другарка и дечко ти да ти речат "све ќе ти се врати" цели такви горди нема да те боли. Ама од баба ти ќе те боли и незнам у тој момент колку ќе размислиш што ќе кажеш.
Апсолутно си во право за се, членката мора што порано да бега од таму, како што пиша @gjoker4e. Поената е што го сфати тој дел со речникот како некаков напад, дека некој тука ја "кара" зошто така се изразува, а баш напротив, мислам дека подобро ние како странци тука на форум да и кажеме од кои навики да се одвикнува, отколку да се дистанцираат луѓе од неа во реален живот. И не е само речникот во прашање, туку едноставно да го гледа тоа нивното како непожелно однесување, зошто тешко е ја направиш разликата кога си пораснал во средина каде тоа е нормално,