Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Игнорирај колку што можеш.
    Пробај да им објасниш дека денес потешко се наоѓа некој што ќе те сака искрено.
    Кажи дека твоето друштво не е такво како они што мислат.

    Биди среќна што поголемиот дел од времето не си заедно со нив.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.379
    Допаѓања:
    126.364
    Пол:
    Женски
    Леле,бре,со муабетот за речникот сте бетер од старите баби. :D
    Озбилно тоа го гледате како проблем додека членката има поголем проблем? :^)
    Кој не пцуе,не вреѓа и не колне во денешно време? :rofl:
    Кога човек е нервозен,јазикот му е побрз од паметот.
    Такви ко нејзините не заслужуваат почит.
    Ако не сте слушнале некој од фамилија или некоја јавна личност да користи таков речник пред вас и/или во јавна сфера,не значи дека и пред други зборува медено и културно.
    Тоа што една малечка употребува таков речник пред семејството не значи дека ќе го употребува на факултет (доколку се реши да студира) или на работа.И не значи дека другари/другарки и други луѓе ќе бегаат од нејзе ради речникот.Колку луѓе пцујат,вреѓаат и колнат,па не остануваат сами.
    Тој што те цени и на кој му значиш,ќе те цени и ќе му значиш и во најдобро и во најлошо издание.
    @edna_malecka Не обрнувај внимание.Игнорирај ги.Учи редовно и глеј да си најдеш работа.Или студирај доколку сакаш,или студирај и работи.
    Што и да одбереш,биди храбра и терај за да можеш да се тргнеш од таму. :hug:
     
    На KittyAgnes, bicycle и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle Не се како стари баби. Мене пример 'огнот да ве изгори' ми е реченица што баба би ја кажала преземено од турска серија. Манирите, речникот и однесувањето не се за на факултет, за надвор, за во друштво туку се за самата себе. Се согласувам дека малечка мора да работи на себе и на однесувањето.

    @edna_malecka Многу ми е жал, не те осудувам, може не си знаела подобро, немало кој да те насочи. Од страна можеме само да делиме совети ама ти си знаеш како е навистина. Доволно си возрасна за да размислиш во кој правец се движиш и дека лошиот однос никогаш добро нема да ти донесе. Смени се заради себе, немој на лош збор да враќаш исто. Ќе ти остане навика и ќе стане дел од твојот карактер, нема да знаеш како поинаку да се справиш. Утре ќе имаш фамилија, деца и ќе биде твоја обврска да бидеш подобар родител од твоите родители. Мораш да останеш трезвена и да броиш до 10 пред да навредиш, да колнеш, да пцуеш. Не се полни со негативна енергија, насочи се кон целта побрзо да се осамостоиш и да живееш живот каков што сакаш. Особено па не и земај за зло на баба ти, игнорирај и ги тие реченици. Гледај да се зближите со брат ти, да имате убав однос, излезете заедно во природа, возете точаци, играјте игри. Не знаеш колку се битни браќата и сестрите од 25+. Јас сега не знам што би правела да немам близина со сестрите.
     
    На Snowgirl25, eliesaab, Hoping и 2 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.379
    Допаѓања:
    126.364
    Пол:
    Женски
    На секој му се случува да изговори такви зборови.
    Никој не е културен 24/7.
    Тоа што употребува така зборови дома,не значи дека не пази или дека нема да пази надвор од домот.
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јас искрено никаде не се изразувам така. Да, во нервоза знам да кажам сешто ама аргументирано и никогаш не навредувам додека не ескалира ситуацијата. Обично навредата ми е последниот збор и искачам од просторија ама ова се екстремни случаеви. Не колнам никогаш, тоа ептен ми е ниско и злобно.
    Има фамилии кај што пцујат како узречица од младо до старо. Истите тие пцујат и надвор. Кај нас дома никој не пцуе дури порано татко ми ме погледнуваше ако кажам 'се заебавам', а не 'зафркавам'. Па така немам такви лоши навики. Да не се правам светица значи знам да препцујам ама тоа обично не е кон друг човек туку сама со себе. Сум имала работа со такви луѓе кои муабетот го носат во лоша насока, си го кажувам своето и кога доаѓаат на ред навредите вртам грб зашто таквите луѓе само ќе го извадат најлошото од тебе, како што е случајот со една малечка.
     
    На Lunar, eliesaab, smile:) и 4 други им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Не зборувам со никој ништо.
    Незнам да зборам. Незнам ништо јас. Нечовек сум.
    Фала.

    Луѓе одат криминали прават, убиваат луѓе се шетаат слободни како ништо да не било, ама битно луѓето имале убав речник. Речникот го осликува човекот, или како и да кажавте.
    Се покаав што пишав, буквално.
    Нареден пат ќе си запишувам на лист, и после истиот ќе го запалам.
    Ќе сум наследела и јас ќе сум била токсична како нив.. нмв така нека биде.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Па вака ако драматизираш и дома, преувеличуваш и се сожалуваш малку и до тебе е проблемот. Јас не кажав ништо од тоа ти што го напиша, не видов ни друга членка да те направи нечовек ама полесно е да бидеш жртвата отколку да направиш промени за полесен живот. Може и сеуште си во пубертет, па треба време да се стабилизираш и да не ги сфаќаш работите вака драматично.

    Слободно пишувај си, јас нема да ти реплицирам ветувам.
     
    На Indiegurl, simona_baby, Lunar и 14 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.379
    Допаѓања:
    126.364
    Пол:
    Женски
    Пишувај и на форумов доколку сакаш.Само Реинбоу,Михајло и Фемина можат да ти забранат да пишуваш ако прекршиш правила.Ама,овде не правиш ништо погрешно.
    Не може да се цени човек по речникот што го употребува.
    Ти најдобро си се знаеш себеси.

    Какво драматизирање?
    Ја имаш ли читано воопшто?
    И со victim-blaming-от ја вреѓаш.
     
    Последна измена од модератор: 19 јуни 2021
    На theowndemon и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.489
    Допаѓања:
    97.014
    Кога ја знаеме 'вистината' од само едната страна, секогаш останува простор за сомнеж.
    Никој не може да даде точен коментар 100% за тоа што на некој му се случува зад затворени врати, ниту да пресуди кој е крив, а кој прав.
     
    На chokova93, simona_baby, Lunar и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Сеа јасно е чоеци?
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано, ја прочитав и сега и пак не разбирам зошто драмата нечовек, токсична итн. Буквално си измисли зборови кои никој не ги кажа така да, се друго напишано е дискутабилно.
     
    На smile:), Brinetka, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.033
    Допаѓања:
    36.340
    Пол:
    Женски
    ^^Двете би биле најдобри другарки.

    Пишувај ти малечка, ние нема да пишуваме. Човек што не е спремен да прифати нема никогаш да може да промени нешто.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Никој не спомнал дека ќе станам токсична.
    Оке.

    Дај боже никад да не го осетиш и прифатиш ова моево.
     
    Последна измена од модератор: 19 јуни 2021
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.685
    Допаѓања:
    79.805
    Пол:
    Женски
    Ама не мора да се лутиш и да се наоѓаш навредена, се' што е пишано е за твое добро.
     
    На cresa-jagoda, Angie1432 и Jana06 им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.489
    Пол:
    Женски
    Не се замарај, кој што сака нека си пишува. Едноставно сите немаат емоционална интелигенција, да се стават во твоја кожа и да се соживеат со твојот живот со твоите чувства, за тоа треба дарба од бога. За паметување сите ќе ти паметуваат и на крај тебе крива ќе те направат, како што веќе и ти се нафрлија без да се обидат да разберат низ што минуваш. Потполно те разбирам, апослутно проблемот не е во тебе, за жал родителите и фамилијата не можеме да ги бираме.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Сите Мајки Терези на темата нема шо.
    Од културни до културни, мед и млеко.
    Сериозно нејзиниот речник е поголем од нејзините проблеми дома?
    Сериозни сте луѓе?
    Кој ќе ја упати и насочи што е правилно а што не?
    Наместо да ја воспитуваат што е правилно што не, тие со ќотек решаваат.
    Ама затоа ако некој крене рака на вашето дете, ќе го плесне и ќе го искара или се карате со свекрвите темата снаа и свекрва кај што фрштат навреди полни се темите, цел форум на нозе кревате.

    Еве добро, не и е убав речникот, завршивме со тоа.
    Што е со тортурата од нејзините дома?
    Што ќе кажете за тоа?
    Некој совет од вас поискусните како да се снајде, кај да почне да бара работа и како да се справува?
    Зошто игнорирање не е решение, на стартот да, но ако е секојдневно нервите психички ќе ви паднат кад тад.
     
    Последна измена: 18 јуни 2021
    На KittyAgnes, SnowWhite8, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    @bicycle мене ми текнува дека ти во една друга тема, не знам дал беше за љубовни проблеми, пиша дека не ја знаеме другата страна на приказната и не треба да судиме.
    Па ме интересира чисто информативно, како овде ја знаеш другата страна?
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Добро еве, и да не ја знаеме, дали физичко насилство е оправдано?
    Постојат и други начини за решавање проблеми, не ќотек.
    И да не е вистина нејзиното пишано, не го исклучува фактот дека постојат такви родители, поточно неродители.
    У тема Дечко ми ме удри - сите совети, бегај раскини, сите се фативте за нејзе каква е а не за она што и се случува.
     
    На KittyAgnes, SnowWhite8, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.379
    Допаѓања:
    126.364
    Пол:
    Женски
    Е,штом си ја читала и ти припази на речникот кога ѝ се обраќаш.
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    16.489
    Пол:
    Женски
    Не знам што мешате други теми, мислења, со сегашново мислење, еве не ми е јасно каква поврзаност има :drunk:.
     
    На mode-kristina, Stephen Amell, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.