Никој не рече дека насилство е оправдано, туку ме интересира како знаеш дека тоа стварно се случува? Постојат такви родители, исто како што постојат луѓе кои раскажуваат тажни приказни по форуми за да добијат внимание и сожалување. И никој не и рече да седи и трпи, напротив, советите се да најде работа и да се тргне од таму.
Малечка ти кажав и претходно посети си психолог. Јас мислам дека ти треба и дека добро ќе ти дојде. Ќе ти помогне да се ослободиш од траумите а и гледам раздразлива си а ако реално си поминувала низ сето ова што го пишуваш тоа е и нормално. Немаш ли некој друг да разговараш за ова, некој близок кој ќе те упати повеќе, роднина? Не знам колку ќе функционира но можеш да се обратиш и до некоја социјална установа ако ништо друго ќе те упатат што да правиш понатаму, дали има некоја алтернатива да земаш некои примања макар и минимални. Ти посакувам среќа!
Ондак можда и мислењата у темите за семејно насилство се лага и барање внимание, од кај да знаеме нели? Никогаш не знаеме кое мислење е вистина, кое не. Наше е да зборуваме според тоа шо го читаме па...
Па да уствари така ако гледаме, не треба никој да го веруваме тука што пишува, што бара совети, што споделува искуства, и не треба форумов ни да постои.
Да се надоврзам. Ако гледаме вака,може и проблемите во Свекрвите и снаите-проблеми се измислени или дотерани за да се привлече внимание.Свекрвите не се тука за да знаеме што е точно и што да пишеме во однос на тоа.
Не гледам причина зошто би лажела, многумина се зачленуваат овде да ги споделат проблемите, да добијат совет, мислење, подршка, насока. Всушност скоро сите теми во психологија, љубовни проблеми се поради барање совети, некој си има мака па сметаат дека од туѓинец ќе добијат подобар совет. Ако членката пишува лаги што не верувам тогаш сите овие совети би се нашле за некој друг, нели?
Кој ја читал членкава, знае дека не е измислица за внимание. И каква друга страна во ваков случај, да не случајно ќе барате оправдување за психичко малтретирање на свое дете/сестра/внука? Што мака виделе тие од неа за да се однесуваат така со неа? Според се' досега прочитано, што е посочено од нејзина страна, тие си имаат некој проблем со себе, нормален човек не се придерава, не се расправа за глупости и не зборува најлошо.
Од цел исповед на членкава вие и се фативте за четврт реченица и почнавте да ја напаѓате за тоа. А тортурата шо ја претрпува мање више, на крај според вас ќе испадне и дека "сама си го барала". Секоја чест на поединци кои и дадоа нормален совет и поддршка. Другите боље ќутете. И да лаже (а не верувам) сигурно постојат други луѓе што се во исти или слични ситуации и ве читаат. Така да припазете малце што како пишувате.
Темава е да се искажиме и да ни олесни на душата, ама вие тука чорба направивте со мислењата, човек 1000 пати да се покае шо пишал нешто. Сигурна сум дека @edna_malecka многу добро знае како да излези од таа ситуација, не сме и ние потребни да и попуваме како таа треба да е самостојна, да најди работа и да се тргни од токсичната средина. Бравос, измисливме топла вода оти поделивме два-три совети, проблемот решен. Како то да не е доволно, па и правите прихолошка анализа, па ќе попримела од нејзините дома токсичност, па била некултурна и заради нејзиниот речник нејзините се понашале така со неа, абе ужас. И надоврзани милион мислења надолу до бескрај. Размислувате малце како некој од зад екран се чусвтвува кога неговиот проблем е до детал анализиран од 100 членки кои се расправаат која е а која не е во право? Мене ми е глупаво шо читам. На вака чувствителни теми, каде некој буквално пишува само да си ја симни тежината шо ја осеќа, не коментирајте безвеза, евентуално дадете поддршка ако веќе сакате да искоментирате нешто, сочувствувајте со тој шо се дрзнал да си ги стави чувствата на изволте. Имајте обзир, едноставно е.
Имаше пример некаде од страна на ученик. 30 прашања. 29 одговара точно. 30тото намерно го греши. Професорот одма кажува за грешеното прашање. Ученикот потенцира дека намерно го греши за да докаже дека и 100 работи да направиш и да докажеш. Една работа или што да е во животот, ако згрешиш баш за неа се фаќаат сите. Тоа е тој Мкд менталитет... Трулојна. Само мала паралела.
Последно мислење на темава од мене. Пишав во мислењето дека коментирав само за последното мислење кое го напишала, за брат и, баба и и братучедка и односно за тие ситуации како да реагира со цел неа да и е полесно, да не се нервира повеќе, да не и е потешко. Пиша дека се нервирала ради братучедка и, убаво пишав јас не се нервирај за тоа туку научи како да и одговориш, бидејки не е вредно за тоа да се нервира доволно и е тешка ситуацијата дома. А верувам дека ако убаво ја заќути братучедка и нема повеќе така да се однесува затоа што ќе знае дека не може со неа така. И дека ако за брат и не и гајле како што на него не му е гајле за неа исто нема да се нервира. Ама добро. Еве според вас нека реагира бурно со сите, нека одговара без размислување и со тоа нека и е само потешко. Иако и јас поминав низ малтретирање не се дрзнав да коментирам, не затоа што не е важно или затоа што оправдувам, туку не можам да си дозволувам од мене да коментирам некому на форум за исклучително тешка ситуација. Толку од мене. Кој сфати ок, кој не пак ок.
Сте размислиле некогаш дека ако молчи за се и воопшто не враќа, дека може да стане полошо? Секакви ситуации има. Не викам дека речникот и е сјаен, ама не значи дека ако така зборува со домашните, така се и однесува и со други. Колку пати некои фрази сум ги употребувала дома, а никогаш на друго место и обратно, едноставно секој знае да го контролира речникот, а во некои ситуации се воздржува, ама кога таквите ситуации се секојдневие, водата одамна ја прелила чашата, молчењето и игнорирањето се веќе тешки, се случува лошиот речник да е издувен вентил особено на девојче од 18 години, кога бунтовноста е во крвта. Според опишаново најмал пробелм е лошиот речник, девојчево и да молчи и да зборува и да користи преубав речник, таа ќе биде малтретирана, бидејќи очигледно домашните имаат проблем.
Не си чувствителна туку твоите родители ми личат на нарциси.А луѓе со такви карактеристики се исклучително тешки. Почни да си го живееш животот онака како што ти го замислуваш, твоите родители треба да ти се поддршка а не ти да им бидеш привезок.Престани да правиш толку за нив и јасно нагласи им дека ти си своја, ти си имаш твоја личност а не си кукла што тие треба да си ја моделираат по желба.Не им дозволувај да ти ја разнишуваат самодовербата, мораш да им покажеш карактер и да си ја преземеш контролата во свои раце.Инаку, нема да прекинат и кога ќе имаш 30. Па добро толку луѓе одвоивме време да напишеме совети и на крај испадна дека сме те вреѓале? Ах бе малечка не си во право, ама ај не ти замерувам, се гледа дека не гледаш баш зрело на работите.Само штета што бараш помош а потоа не ја прифаќаш.
Па буквално ист беше советот и тука, најди било каква работа и оди си. Ако добро разбрав финансиски е зависна од нив, реалистично е дека нема да се случи утре. Муабетот за речникот излезе како совет, па членката специфично се навреди од тоа и уште многу објаснувања имаше во која насока се мисли. Меѓу другото доби уште 1000 други продуктивни совети за како да излегува, како да се дружи, како да останува покасно, да најде работа, како да избегнува кавги. А вие што и кажавте кога знаевте дека живее во нездраво семејство, пререкувај им дома, таман супер пак да ја претепаат кога лошо ќе им пререче. Па уште драми, ќе пишеш совет, ќе испадне оправдуваш насилство. Пак ќе речам, промената тргнува од себе. Јас многу добро разбирам дека првиот чекор е претежок, ама мора човек да се собере и да ги направи чекорот. Тапшање по рамо и самосожалување никому не помогнало, за жал. Може до утре совети секакви да пишуваме, ама пак на членката ќе остане да процени кои се добри за неа и да направи чекор самата.
Па добро тогаш не знам која е целта на темава. Боље да и даваме совети и измислуваме топла вода него да ја угнетуваме уште повеќе дали била реална или не приказната и како што сама викаш да и правиме психолошка анализа. Не знам иначе што би разговарала друго на темава а да не е тоа совет.
Секако дека нема утре,ради тоа е советувана да учи и да работи.За да дојде до тоа подобро и посреќно утре. Кој ѝ рече така? Рековме дека ја разбираме,дека на секој му се случува да употреби такви зборови.