За што да ѝ каже браво и од која корист е на членкава во нејзината и онака тешка ситуација ние браво да ѝ речеме?
А како да се оснесува според тебе личност што буквално секој ден, од кога знае за себе принудена е да трпи таков однос, па искрено се чудам како човек може да остане норамален во таква нездрава околина. Секоја ден да трпиш навреди. И ако ја имате читано, а се гледа дека ја немате, во неколку наврати има пишувано колку сама се труди да се однесува убаво со нив, но залудно. Сериозно треба да размислите пред да давате совети и мислење.
Оххх, ајде кажи ми искрено што сакаш да слушнеш во темава што не е кажано? И разбирање и совети ти пружаме, не знам дали намерно или не ама навистина погрешно си интерпретираш и не си правиш ништо добро со тоа. Навистина и најискрено ти кажувам дека никој од тука не ти мисли лошо.
Темава е разговарајте за да ви олесни на душата. Не гледам на некој да му е полесно, битно се најдоа некои луѓе на муабет. Стварно не можам да дочитам, кој што, битно во грешен правец е темава. Ваљда не треба совети, разбирање треба, тапшање по рамо @edna_malecka ќе пораснеш бе, ќе помине се, само гледај да не напраиш грешка во чекори. Жал ми е вака да гледам деца без поддршка и правец од семејството, немаш ли некој друг возрасен од доверба и со разбирање?
Јас лично, не знам за другите, тоа за речникот го спомнав зошто тоа ќе и биде проблем надвор. Остајте приказни за себе сакам да сум културна. Ако сака да работи, ќе мора да се вклопи и ќе мора да припази каков однос гради со другите. Тоа е тешко сам да го забележиш ако доаѓаш од таква средина, зошто многу работи ти се нормални што надвор, во здравата средина не се. Ете во тој контекст беше, барем од мене, да почне свесно да се дистанцира од однесување кое може и несвесно да го поприма. А кое сигурно ќе и направи проблем надвор, особено зошто членката мора да си бара чаре надвор од тој дом. И ајде речникот ете да го оставиме на страна. Сто други работи беа пишани, ниту една во мои очи со лоша намера, многу од нив беа сфатени како личен напад. А ако не е за совети темата, ок, тогаш соодветно ќе е да се забрани реплицирање и да се тргне разговарајте од наслов. Башка во вовед стои да си даваме совети, буквално.
Колешке, процедурално, веројатно си во право за почетокот на темата, ама мислам дека никој одамна не го видел почетокот, а искрено сега го видов и многу смисла ми нема. Остајте ги луѓето нека си кажат што ги боли.
Од кај знаеш дека ќе ѝ е проблем? Не ја познаваме,можеби надвор од дома пази.И нема врска секогаш од каква средина доаѓаш. Има многу што се растени во токсична средина,во вакви семејства,ама се добри луѓе и пазат на речникот во образовна и деловна средина.Кој не научил од дома,научил во училиште или животот ќе го натера да сфати што е правилно.
Темата е за давање совети, но членките ја нападнаа како таа да е виновна за тоа што и се случува, како таа да ги провоцира со своето однесување, а вусшност сите занемаривте една работа, психолошката состојба на членката. Лошо ми беше само што прочитав, како го нападнавте некој што целиот свој живот се бори со некој терет, за кои вие појма немате како е, ама важно ја "посoветувавте" во нејзе да ја бара вината. Не малечка не е виновна што морала да се роди кај што се родила, што мора да има родители какви што има, што мора да трпи ненормално однесување ама ич немора да ги трпи па и вашите арогантни и надмени мислења и коментирања.
Аха,никој. И куп коментари за нејзиниот речник и за тоа како требало да пази надвор иако никој не ја познава,а можеби надвор од дома пази како и што зборува.
@nextredstyle Искрено да ти кажам, напорна си ми за читање и во други теми, па обично те скокам ама вечерва изгледа стварно немаш попаметна работа. Немој да ми наметнуваш глупости што не сум ги кажала, да вадиш од контекст. Нит помислив, нит напишав дека заслужила ќотек, нит дека е крива, па те молам да прекинеш да си правиш приказна. Првото мислење ми беше напишано со најчиста намера ама слободно вреѓајте се, пцујте се и јас најдов со кого да губам време. Пораснете.
Сигурно на другарки надвор или било кој не им кажува "оган да ве изгори", а ко шо прочитав, тоа го кажала "на шала" колку и да е глуп изразот, не го кажала у расправија па да заклучите дека реагира бурно. А и да реагира, на секојдневна тортура низ дома, не знам кој не би реагирал така.
Мојот коментар беше одговор на нејзиниот однос тука, не за дома, ај наврати се и прочитај дали некаде ја обвинувам за тоа што го трпи.Последното мислење на @Celltica што исто си го цитирала е скроз извадено од контекст од целото мислење. Браво како испревртувате и си читате што ви одговара, само не знам зошто уште се објаснувам непотребно.
1. Ниту една од членкиве кои ги нападнавте, па и мене не и рече леле малечка срам да ти е како се однесуваш. Туку, ок си изреагирала така како што си знаела тогаш, ама ова и ова не чини за самата себе па затоа потруди се да го поправиш. Значи, совет и насока што може и треба кај себе да поправи во иднина. Може да размисли и да увиде дека не е за напад кажано туку најдобронамерно како мислиме дека треба и како би си помогнала сама на себе. 2. Никој не го оправда насилството. Никој не ја негира нејзината психолошка состојба. Деструктивно е сама за себе да продолжи како и досега, ама што знаеме ние, тука за напад сме само, нели. И баш ме интересира од каква помош е поддрршката дека добро си прави сама на себе ако продолжи како досега.
Вие извртувате.Никој не ѝ рече браво,туку доби разбирање и поддршка. На секој му се случува јазикот да му е побрз од паметот во некои ситуации.Ние се фокусиравме да ја советуваме за проблемот што го има.Кажано ѝ е да учи и да работи за да се тргне од таму. Вие се запнавте за речникот и при тоа ја нападнавте. Одбивна ќе била,како не.Многу луѓе пцујат,колнат и вреѓаат,па не губат пријатели.Тоа што не пази дома,не значи дека не пази на речникот надвор од дома. Сте ја читале,ама ко да не сте ја читале. На личност со ваков проблем скроз погрешно е да ѝ кажеш дека и она има дел,дека драматизира и дека е незрела.Со victim-blaming ѝ штетите. Човек што сака да ѝ даде совет се фокусира на проблемот што го има и не ѝ префрла за речникот.Или ќе ја советува и за речникот,ама на фин начин. Па,уште беше спомнато дека може не е вистина.Ако гледаме така,тогаш постои можност во секоја тема за проблеми некои членки да измислуваат проблеми или да ги дотеруваат.
Како модератор мислам дека е доволно сè што се кажа околу случајот на @edna_malecka и нема потреба од меѓусебни напади кога коментирате.
Родители како родители се грижат дури и некогаш претеруваат. Живеј си онака како што тебе ти одговара, млада си ехаа има време за дечковци. Гледај тебе да ти е убо и да си исполнета, то нив дали му одговара или не е нивен проблем. Затоа што некогаш сакајќи да им удоволиш на другите си штетиш самиот себеси. Немој да си ставаш се при срце опушти се и не се грижи.